John Tucker Must Die Интересно лесно тинејџерско филмче. Го препорачувам. Џон е главен фраер во школото и во исто време искача со повеќе девојки. Кога девојќите ќе сватат дека во исто време искача со сите нив, кројат план како да му се одмаздат.
Првенствено филмов го симнав зошто Одри Хепберн глуми во него, ама тоа нејзино појавување е само 3 секудни. Сепак вредеше да се изгледа филмчето. Трае релативно кратко околу 80 мин, и е интересно. Приказна за човек што цел свој живот е принципиелен решава во еден момент да си ја смени судбината и да украде злато, па затоа се здружува со уште неколкумина. Стварно убаво филмче, 8/10 од мене. После долго време конечно го изгледав. Мене ми е баш Тарантино стил, не знаеш дали треба да се смееш или да плачеш. Вреди да се погледне. Spoiler Што акцент му дадоа на Бред Пит, се заакав јас без субтитле да го гледам, па се мачев да сфатам што збори 8/10 Е овој ич не ми се свиѓаше. Не знам зошто ама со маки го догледав. Кирстен Данст свака и част за глумата ама освен неа и преубавите колачи во филмов ништо друго не ми се допадна. Не ми ја долови убаво поената на Марија Антоанета, буквално без врска ни беше. 2/10
Drive - одличен!!! Ryan Gosling е едноставно неверојатен во филмов, и да не беше тој сигурна сум дека филмот немаше да биде толку добар. Одлично осмислен филмски лик. Го пуштив со предубедување дека е типично машки филм, акција, крвишта, коли. Не беше. Односно и покрај сета акција и напнатост предизвикува некое убаво чуство и главниот лик не можете а да не го засакате веднаш и покрај тоа што на моменти страшно многу иритира со неговото не-зборување Но токму во тоа е убавината, затоа што можете комплетно да се препуштите на визуелното кога аудиото веќе забушава Секоја емоција ја гледате и ја чуствувате. Навистина моќно. И нешто што апсолутно најмногу ме воодушеви тоа беше музиката во филмот. Како дрога си ја пуштам постојано, преубав саунд типичен за 80те години. Ве враќа назад во времето, а и целиот филм ми беше со таков некој тон на 80те, боите, камерата, атмосферата која ја создава...еден од оние филмови кои едноставно ве пренесуваат во друго време, на друго место. Го препорачувам а саундтракот уште повеќе - особено ако сте деца на 80те години, сигурна сум дека ќе ви се допадне http://www.youtube.com/watch?v=-DSVDcw6 ... ture=share
Beauty & the briefcase Филмчето е романтична комедија,2010 год е...со една од омилените глумици мои.... Во филмот се работи за девојка која има направено список за дечко кој треба да ги има потребните работи за тој да биде принцот од бајките.... А во меѓувреме и бара работа(таа е слободен писател)работа добива во Космополитен(на тајна задача-наоѓање на љубовта на работно место)...па така се вработуба во една финансиска корпорација како асистент на генерланиот директор.... Таму флертува и манипулира со сите вработени....за да може да ја реализира својата приказна во Космоплитен......На крајот филмот има пресврт бидејќи за целиот престој во корпорацијата списокот нејзин со потточки за потенцијален принц останува празен лист, бидејќи се заљубува во генралниот директор кој нема ни една допирна точка со нејзините барња.... Всушност нели спротивностите се привлекуваат.... Освен тоа Хилари во филмот употребува тактики за манипилација на спротивниот пол кој може да се употребат поучно и забавно е да се изгледа филмчето....
Пак јас со анимираниве филмови Денеска го гледав и ич не е лош филмов.Се работи за еден човек кој ќе ја изгуби жена му,а куќата е единствено нешто што уште го држи врзан за неа,но тој се одлучува да направи една лудост Оцена 9/10
G.I. Joe: The rise of Cobra; http://www.imdb.com/title/tt1046173/ http://www.youtube.com/watch?v=MaNs64k_2xw Содржината баш и неможам да ја раскажам затоа ќе ставам трејлер, ама мене ми се свиѓаше, и беше доста интересен, а и имаше и смешни сцени. Captain America: The First Avenger; http://www.imdb.com/title/tt0458339/ Капетан Америка, на кого му го забораив името зашто ми беше досаден филмот, од мало човече го прават херој, и оди на повеќе дестинации, убива, убива .. Очекував повеќе од филмов, зашто на трејлерот не изгледаше лошо, ама кога почнав да гледам..
Reality Bites Винона Рајдер е преслатка, а за Итан Хоук во младоста немам зборови. Интересно и ненападно филмче, за самооткривање и љубов. 7/10
Вчера го гледав Панкот не е мртов! Со Тони Михајловски и Јордан Симонов. Оцена: 8/10 Многу добар филм!!
Најнова верзија и е интересен. Да не кажувам содржина, горе доле сите знаеме за што се работи ... само ова е модернизирана верзија со ефекти и има добра доза на хумор. Од мене 8.5/10
Legendary http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... 4,317_.jpg Лабаво, интересно филмче, спортска драма е... 6/10
Contagion Филм кој реално прикажува што се случува за време на светска епидемија, со познати глумци, но ниеден главен лик.
Предобар филм . Нема пари туку само време и луѓето буквално убиваат за месец или неколку дена живот. Морам да признаам дека Џастин добро ја одиграл улогата . Препорачувам
The Little Rascals Што е убаво кога ќе се потсетиш на детството Едноставно најубав и најдобар детски филм
За сите љубители на психолошки филмови, филмот е бизарен. Прикажан е животот на Бенџамин, кој е роден како старо бебе, и како што расти, тој омладува, додека сите околу него стареат. За да не го уништувам интересното, гледајте го. Мене ме воодушеви
Beauty & the Briefcase Сакав да гледам некое лесно филмче од типот си биле една девојка и еден дечко и се заљубиле и го сметнав овој филм, ама останав без коментар. Не, не, не сум без коментар. Глуп е филмот. Досаден е, веќе видено, а имаше некои сцени мислам , американски нели, без нив кај се може, па и тоа со списоци, ово оно, приказна за насловна страна, а темата права љубов. Интересно, нема што. Па трагаедијата да е поголема, двапати го симнував филмот, првиот пат сум го симнала со бугарска синхронизација. Залудно си трошев интернет . Туку оваа Хилари остај што снима ретко глупи филмови, туку ги има и најодвратните раце. Дебели бе, а она уште си ги и рекламира. И не само рацете, ами у телото е жива катастрофа, ко трупче ми е .
Mindhunters Crime | Mystery | Thriller Филмот е прејак ! Кратка содржина: Агентите вклучени во тренингот за креирање на психолошки профили во FBI, мораат знаењето да го претворат во практика. За таа цел се однесени на еден напуштен остров, кој што е база на Нејви, а исто така е и тренинг центар за агенти. На островот треба да го пронајдат злосторството (исценирано со кукли) и според некои сознанија и испитувања од местото на злосторството да го откријат убиецот. Но наместо тренинг, тоа се претвора во серија на масовни убиства, во кои непознат човек, ги користи слабостите и талентите на агентите, со цел да ги убие, а пред секое убиство им остава скршен часовник, со точно време кога некој од нив ке умре.