Добар трилер хорор. Има добра и необична содржина. 9/10 Препорачувам Кифер Сатерленд ја игра главната улога ... Суспендиран полицаец бара работа и ја наоѓа како чувар во напуштена зграда која била стоковна куќа и изгорела во пожар од кој настрадале доста луѓе. Но во неа огледалата се целосни и необични, језиви. Тоа го открива Кифер (во филмов е Бен) и одлучува да ја реши мистеријата која крие многу страшни работи. Што поточно, откријте сами ако го погледнете филмов
Enemy at the gates Прекрасен филм за една од најголемите борби во Втората свтска војна, борбата кај Сталинград. Иако фимот спаѓа во групата на воени филмови, сепак не е типчен воен филм. Најголем акцент е ставен на двајца снајперисти, едниот нацистички, другиот руски. Џуд Ло е извореден во улогата на рускиот снајперист Василиј Зајцев... Го препорачувам и му давам оцена 10/10. Beyond Borders со Angelina Jolie и Clive Owen Бев воодушевена од филмот, па затоа ме зачуди оцената на имдб од 6.2. Според мене филмот заслужува многу повеќе. Имено станува збор за љубовна приказна која започнува за време на хуманитарна акција во Етиопија., Камбоџа и Чеченија... Филмот е прекраснен, кој не го гледал нека го погледне, крајот е малку тажен, ама баш крајот му даде некој посебен шмек на филмот. Од мене оцена 9/10 Eight Below Многу ме погаѓаат филмови со кучиња, па целиот филм си го изгледав плачејќи, иако овој филм имаше среќен крај Го препорачувам на сите љубители на животни, па и на оние кои не се љубители, не верувам дека филмот може да остави некого рамнодушен. Оцена чиста 10ка!
Вчера ми текна повторно да го гледам Неславни копилиња. Колку е брилијантен филмот кажав во другата тема која ја направив за овој филм,па нема смисла да се повторувам. 10/10 кој го нема гледано,обавезно да го гледа.
Triple Dog :up: Драма | Трилер Го препорачувам. . Прво започнува како уште една тинјеџерска лимонатка ама набрзо ќе сватите дека не е. Би го карактеризирала како интересен тинејџерски филм кој вреди да се погледне. Се започнува на прослава на 16 роденден кога група на другарки ќе почнат да ја играат играта Предизвик.
The change up. Иако е типичко американско филмче,клише и веќе видено слатко си се изнасмеав на некои сцени. Веќе претпоставувате за што се работи така да нема да го раскажувам, оцена 5/10 од мене.
Se7en Двајца детективи се во потрага по еден сериски убиец, кој има испланирано цело сценарио и листа од седум жртви. Седум жртви за секој смртен грев по една… http://kinoteka.mk/?p=3332 Постар филм, од 1995, но феноменална приказна и секоја чест за глумците Morgan Freeman, Brad Pitt и Kevin Spacey
Сите ја знаеме содржината на филмот, па да не должам. Го ставам во категоријата „филм кој никогаш нема да ми биде досаден“. Едноставна содржина, романтична комедија. Кај мене постигна ефект кој книгите не го постигнаа. Супер е за опуштање и за смеење на глас.
А кој филм е ова?, ниту се гледа сликата, а ниту име на филмот имаш пишано. Добронамерен совет бидејќи се случува да не се гледаат сликите обавезно пишете го името на филмот.
Добар но можело да биде и подобар. Како и да, е се гледа. Заради Ентони Хопкинс кој како и секогаш е неприкосновен. Од мене 8/10 Се работи за егзорцизмот. Млад свештеник го испраќаат во Рим за да го научи начинот на овој црковен обред ... Иако не верувајќи во постоењето на лошата сила Демонот, запознавајќи се со Ентони кој е свештеник и самиот и го применува егзорцизмот, тој ќе поверува и самиот ќе успее да го примени успешно овој обред ... Од кого ,како и што се случува во филмот, погледнете го.
Splendor In The Grass 1961 За филмов нема да напишам кратка рецензија бидејќи би било жалосно да ви раскажам што ќе се случува,а да не го изгледате.Ќе ви ги напишам само најбитните реченици од цел филм. Though nothing can bring back the hour, Of splendor in the grass, of glory in the flower. We will grieve not, but rather find, Strength in what remains behind.
The 6th sense (1999) Класика бре! Како мала го гледав со мама, ама дете како дете, што ке разбереш. Веќе познато на повеќето ама станува збор за реномиран психолог/психијатар кој презема случај на 9 годишно дете кое тврди дека гледа мртовци. Поради тој случај нема доволно време да посвети на жена си која пак цело време се однесува чудно спрема него. Или барем тој мисли дека другите се чудни. Крајот остава со подотворена уста и те тера сам себе да се пцуеш. Барем кај мене беше така. 10/10 дефинитивно Си го изгледав и Bringing down the house (2003) Комедиичка со Стив Мартин и Квин Латифа. Онака баш за опуштање и смеење. Се запознаваат на чет. Стив, свежо разведен, очекува русокоса адвокатка од четот, а на врата му се појавува црна девојка од гето која ја гонат за грабежи. На почетокот неможе да ја поднесува, но подоцна открива дека не е онаква каква што мислел и решава да и помогне да докаже дека не е виновна. Јасно, наидуваат на различни сплетки како во секој типичен филм на Стив. И веќе познато, на крајот се` завршува среќно и Стив се помирува со бившата жена и тако то. Оцена: 7/10 Немаше некои моменти што ме накезија од 6ка до 6ка ама интересен е за гледање.
Grave encounters (2011) Ако сте љубител на хорор филмче што добро ќе ве наежи, го препорачувам филмов. Мене ми направи мерак и убаво ме извади од памет. Сакам кога страв ми е да одам во кревет после филм. Инди хорор филм, се работи за група луѓе што снимаат телевизиско шоу за паранормални работи. Филмот е уствари материјалот од последната епизода што ја снимиле. Малку пострашно од Паранормална активност, барем за мене. Оцена: 8/10.
Crazy, Stupid, Love. (2011) http://www.youtube.com/watch?v=eK68Y3oMEk8 Супер филмче Слободно можам да кажам најдобрата комедија за 2011 за мене Се работи за маж на кој жена му му бара развод и тој запаѓа во депресија. Пијанчејќи се во бар, се запознава со друг маж кој му предлага да му помогне да си ја поврати машкоста! И понатаму филмот е се подобар и подобар... Од мене високи 8/10 Кој не го гледал обавезно да го погледне
When in Rome Прекрасен љубовен филм Погледнете го трилерот: http://www.youtube.com/watch?v=gsb8U014Hs0
Marmaduke Просечно филмче, кое има среќа што сум љубител на кучиња па може да помине. Онака, колку да утепате час и половина . Има и подобри филмови за кучињата, овој може да добие само пролазна оценка .
Desert flower Што да кажам за филмов. Никогаш до сега ме нема потресено филм до срж колку овој филм. Го препорачувам на сите девојки и жени да го гледаат. Потресен, реален. И кога ќе ми текне дека е вистинска приказна, уште повеќе ми се плаче. ОД мене 10/10.
11.11.11 Интересен филм повеќе е трилер него хорор, немаше некои страшни сцени за да може да биде хорор. Се работи за вечната борба помеѓу доброто и злото, некаде на средина на филмот станува јасно која страна ќе победи ама сепак вреди да се гледа до крај. 4/10
Вчера нешто као маратон си имав....3 филма пред сколија, 3 филма после сколија убајна xD 1. The House Bunny- се цепнав од смеа, толку добро осмислена и различна приказна...хумор на сите страни. Иначе приказната е за Плејбој зајачица која е избркана од Плејбој Вилата, и како бездомник бара работа. Случајно оди во студентската населба, каде станува „мајка“ на друштвото ЗЕТА, најзапуштената куќа во која живеат најголемите лузери од Универзитетот.... 2. April Showers- вистинска приказна за масакрот во средното училиште во Колумбиа, Повеќе е базиран на чувствата и сеќавањата на преживеаните ученици...и e вметната љубовна приказна...се на се предобар умрев од плачење 3. Speak- со Кристен Стјуарт (Бела од Твајлајт) е, ама за разлика од Твајлајт тука е малку помала, и има доста доста добра глума...Филмот е со доста тажна тематика: ликот на Кристен е девојче кое на крајот на 8 одделение на забавата е силувано, но на никој нема кажано за тоа, и е доста повлечена во себе. Секој ден се соочува со дискриминација, потценвање од страна на учениците и професорите.....Мене ме расплачи, а то значи дека филмот е стварно добар. 4. Grind- предобар, и со доста поучна идеа- „ Вложи труд и не откажувај се..само така можиш да го оствариш и нај неостварливиот сон“. Иначе филмот е со скејтери =) 5. Paper Man- предобар филм, го гледав за прв пат и доста ми го привлече вниманието. Многу интересна приказна, ако се раскажва не е интересно- треба да се гледа ! 6. Untraceable- префаца филм, со FBI и компјутерска форензика. Филмот се врти околу еден убиец, кој има направено веб страна, и на неа има лајв стрим на кој се гледа како тој убива некој човек. А колку повеќе луѓе се приклучуваат на страната, толку побрзо жртвата умира. денес ке гледам уште 6, така да ке ве подновам утре со информаци уште за 6 филмчиња