The change up Иако приказната е добро позната (Hot Chick, Freaky Friday, 17 again, 13 going on 30...) размена на личности, сепак е интересна и допадлива. И глумата не е лоша, само што некои сцени се навистина вишок, непотребни и попусто губење време, па филмот трае неверојатни два часа Што за ваков тип на филм е премногу. Сепак, интересен за тепање мрзеливо попладне. 6/10
An Invisible sign. Последен филм што го гледав и навистина е прекрасен. Се зборува за една девојка која уште од мала поради нејзиниот професор по математика ја засакува математиката. Но, татко и се разболува и нејзиното детство завршува. Потоа станува професорка по математика и тогаш и почнува животот. Филмот е многу убав.
The Fountain Аронофски, човекот кој нема утка со филмовите. Вчера го гледав Реквием за еден сон, денес редот му дојде на Фонтана. Ми остана уште Пи. Што да кажам, освен дека филмот е совршен. Џекмен и Рејчел глумат извонредно. Музиката е одлична. Филмот и после завршувањето те тера да размислуваш, те остава со прашања, бара од тебе да анализираш. Предобар филм! Оценка 10. За ваков филм малку е и таа.
The Other Woman (2009) Love and Other Impossible Pursuits (original title) 119 min - Drama убав. многу. Натали Портман лепотица, како секогаш. http://www.imdb.com/title/tt1032825/
Rabbit Hole Животот на едно семејство се превртува наопаку кога нивниот син ќе умре. Филм кој зборува за справување со депресијата, самотијата, простувањето и како да продолжи да се функционира после ваква семејна траума. За едно гледање не е лош, иако како да остана нешто недоречено. 6/10
http://en.wikipedia.org/wiki/Flypaper_(2011_film) Flypaper (2011 film) Значи и јас да дадам една 10ка(без кромид) Одличен филм нешто кое од дамна ми требало!!! Смеа, интрига и неизвесност до крај .... добар филмски пар Spoiler Го симнав од Замунда прекрасен квалитет/а на Титлови има превод и на хрватски
Blue Valentine Ryan Gosling, Michelle Williams во главните улоги. Добар. Солидно добро филмче. Не очекувајте холивудски глупости ниту класичен филм. Очекувајте реалност и реален поглед на тоа што значи љубовта помеѓу двајца, колку е истата предуслов за успешен брак, што значи успешен брак и на што се заснова истиот во едно типично американско општество. Филмов е моќен, благо депресивен, и ништо не е онака како што би очекувале дека треба да биде. Една работа е да сонуваме за принцови на бели коњи, а друга работа е да осознаеме подоцна дека дури ни Валентајн не мора да биде црвен. И не е. Одлична глума од страна на Gosling и Williams. Ми се допаѓа необичното сиже кое следи повеќе временски линии и со секоја сцена сте во друго време. Со цел – да дознаете што по ѓаволите се случило меѓу двајцата главни протагонисти. Приказната едноставна, но филмот изобилува со силни емоции и постојани длабоки размислувања – или пак истите ги предизвикува кај гледачот. Го препорачувам, но во поубаво расположение. Мава на блага депресија токму затоа што е за жал – реален. Сурово реален. И независен – не очекувајте класичен холивудски филм и нема да бидете разочарани. 8/10 од мене.
ТHOR 2011 Го гледав ... и повеке би го класирала во комедија и во веч видено одколку во нешто ново Ми се допадна она „I need a horse!!“ хехехехех 7/10 мојата оценка
Препрепреубав филм. Француски филм со многу интересна приказна. Славен диригент се присетува на своето детство поминато во училиште за немирни деца каде тие се малтретирани. Но се појавува еден нов учител кој ги инспирира, им влева надеж и им дава поддршка. Не можам да ви опишам какви импресии имам од филмов, вчера како шлакната се церекав. Глумците ти влегуваат под кожата, дечињата а посебно Пиер и Пепинот сакав само да ги изгушкам. А овој новиов учител е душичка. 10/10 Мора да се гледа. Филмов го гледам по втор пат и се повеќе си го сакам. И глумата на Зои и Џозеф е одлична и приказната многу, многу добра. Not a cliche. Fav.quote: There's only two kinds of people in the world. There's women, and there's men
Malibu's Most Wanted (2003) Филмов ми е гледан и од порано, ама сега случајно сум го лоадирала па си го изгледав сабајле при сета таа насоница. Станува збор за син на кандидатот за гувернер, кој живее во филм дека е од гето и сака да стане најдобриот рапер што некогаш постоел. Единствена маана што го спречува да го оствари сонот, е тоа што е глуп, незнае две реченици да склопи и лесно се глави насекаде. За да го тргне од тие мисли и да го заплаши, таткото плаќа огромна сума пари на црнци за да му го покажат вистинскиот живот во гето на малиот. И супер би било ако црнците навистина беа од гето а не ванаби актери кои се подеднакво плашливи како нашиов ванаби Еминем. Крајот сепак завршува на одличен начин. Ама да цркне човек од смеење е. Don't be hatin'! Десетка дефиитивно.
American Beauty (1999) 122 min - Drama Нема потреба од рецензија, Кој го нема уште гледано, нека му биде следен на репертоарот. http://www.imdb.com/title/tt0169547/
Harry Potter and the Deathly Hallows - part 1&2 Јас и не сум некој голем обожавател на Хари Потер и ги немам изгледано баш сите (мислам дека ми фалат IV и V дел), но сакав да видам како завршува и пријатно сум изненадена. Хари Потер како филм навистина еволуирал од стартот па се до крајот, има супер ефекти и приказната е добра. Повеќе не личи на типичен детски филм, може да се вброи во оние бајки за возрасни. Возбудливо, интересно, вистинска авантура. Потскокнав на некои делови и навистина до самиот крај немав поим што ќе се случи. Го препорачувам. 8/10
The Count of Monte Cristo Преубав филм кој ќе ви го исполни срцето! Колку и пати да го гледам, нема да ми здосади. Рецензија мислам дека не потребна, сите знаат кој е Грофот од Монте Кристо Оценка 10/10. Ми се погодија филмовите деновиве, сал 10-ки давам . И среќна сум, си гледам убави филмчиња .
Everybody's Fine Френк (De Niro) живее сам по смртта на сопругата. Откако децата (возрасни луѓе) ке ја откажат договорената средба, таткото иако болен, ке појде да ги посети. Прекрасен емотивен филм со Robert De Niro, кој и во филмов покажува дека е совршен актер без разлика на улогата. Сум била во ситуација да ја заобиколувам вистината за да ја заштитам сопствената мајка, од друга страна и јас сум родител... Поради приказната која лично ме погоди и поради De Niro, од мене филмов има 10/10.
An Invisible Sign http://en.wikipedia.org/wiki/An_Invisible_Sign Изгледа очекував премнгу од Филмов мене лично не ми се допадна воопшто и се чудам како се согласила да глуми во ?вакво нешто Досадно и монотоно !! 2/9
Филм на Дизни. Да знаев дека е на Дизни немаше да почнам да го гледам. Чат-пат така знам да си симнам некој тинејџ лигле филм. За под 15 е супер филмчево! Приказната е за пистелка, чија книга ќе биде пронајдена во иднината, па еден човек од иднината ќе с еврати во денешницата за да го дознае значењето на некои работи од книгата. Можеле многу подобро да го реализираат. На моменти е досаден. 4/10 И последен Обожавател сум на хорори. Филмов, како секој хорор, приказна за паранормални работи. Е сега, имаше моменти кои малку ме извлекоа од целата приказна, апсолутно непотребни. Требале да се држат до паранормалните работи, зошто со убацените моменти што не ми се допаѓаа ептен се чита филмот. Плус, после Blair witch project сите вакви филмови ми се копии. Изгледа рецептот за добар хорор е во филмот да има камерман, па да глеаме филм во филм.
Mindhunters (2004) Ми тргна со јакиве филмови, за мерак. Седум ФБИ агенти се испратени на тренинг на напуштен остров, каде што треба уште повеќе да ги истренираат своите способности за откривање убиства по пат на креирање психолошки профили за убиецот. Набрзо се појавуваат мртви тела на животни и луѓе со часовници, кои го означуваат времето кога ке умре некоја наредна жртва т.е. некој од агентите. Освен што се во трка со времето и генијалноста на убиецот кој ги „средува“ на бизарни начини, агентите откриваат дека токму еден од нив е убиецот и тука настанува недоверба и уште поголема тензија. Би дала 9.5 бидејќи малку беше предвидливо кој е убиецот, ама сепак, филмот нема здодевен момент од самиот почеток, до самиот крај.