Chalet Girl Убавата Ким Метјуз е бивш шампион во скејтборд. Исправена пред предизвикот да му помогне на татко ѝ со хипотеката таа ќе замине на работа во Австрија каде што.... Погледнете сами http://kinoteka.mk/?p=3356
The Human Centipede II (Full Sequence) (2011) 88 min - Drama | Horror болен филм. http://www.imdb.com/title/tt1530509/
Conviction Се работи за една жена која ќе се запише на правен факултет само за да го спаси својот невин брат од доживотна казна. Базиран на вистинска приказна, одличен е, обавезно да го погледнете.
И јас го дела истото мислење за филмов и плус додавам ако ТАКЕН ми бесхе филм на 2008ма овој ми е филм на 2011 10/10 има од мене
Flypaper Видов дека го препорачувате, па го симнав. Навистина ме изненади. Пријатно и тоа. Интересен е, одличен, би рекла многу добар филм. Од новите филмови кои излегоа, овој е еден од најдобрите. Ем ќе гледате добар филм, ем ќе се насмеете, ем на крај ќе се изненадите. Комбинација за добар филм. Препорачувам и јас! Оценка 8/10.
PUSH http://www.imdb.com/title/tt0465580/ За сите љубители на научно-фантастични трилери, ова е филм скроен за вас. Приказната е многу добра, и филмот започнува веднаш. Од првата минутка, нема значи трте-мрте, единствено на крајот во некои сцени малку се развлекува, но ништо страшно. Треба да се гледа со целосна концентрација, и нема ниту минутка досада (барем така беше за мене). Снимен е одлично, има прекрасни кадри и интересно музиче. А и глумците се супер, сите до еден. Препорачувам, со мерак. 8/10
Вчера се навратив многу години назад и гледав филм од 1995 г. што како дете многу го сакав... Jumanji Многу убав филм, авантура, фантастика, драма ... сите што го немате гледано обавезно да го гледате, а ако го имате гледано да го гледате пак !
Јас книгата ја имам , преубава е. Филмот ми е симнат за денеска за гледање. Да одморам мозок од Турски серии
^^ И филмот е убав. Ок 7.5/10 ... Типичен трилер со хорор моменти. Самохрана мајка со две ќерки се вселува во нова куќа ... но ѕидовите кријат тајна, која и каква по гледајте го филмот.
I saw the devil Го видов ѓаволот. Крвава корејска трагедија. Spoiler Крволочно е убиена вереницата на еден разузнавачки агент. Решава да се одмазди по секоја цена. Особено настаните се разгоруваат откако дознава дека носела негово бебе. Буквално го измачува убиецот, кој воедно е желен за младо женско мевце врз кое се изживува пред да го убие. Вереникот не сака да го убие додека не ја виде целата мака на која биле изложени неговите жртви. И покрај сите болни моменти, искрено ми се допадна. Многу темелна приказна за една голема љубов и верност и после смртта.
Les Visiteurs (1993) http://www.imdb.com/title/tt0108500/ Spoiler одамна го имам гледано филмов но денес пак ги гледав првиот и вториот дел.. одамна вака не сум се насмеала.. на некои сцени од на стол ќе паднев од мене 8/10 Spoiler Приказната започнува во 11-тиот век. Грофот Готфруа (Жан Рено) случајно го убива таткото на неговата сакана. Единствен начин да ја исправи грешката е да се врати во минатото. Но, сенилното старче кое ја подготвува волшебната напивка ќе ги одведе во уште поголема катастрофа. Па, така, грофот и неговиот помошник, (Кристијан Клавиер) одеднаш ќе се најдат во 20-тиот век..
По препорака на Лудото, едно чукнато и бизарно филмче MOTHER'S DAY Ми се допадна, ама толку, за едно гледање. Инаку, мајката глумеше одлично, а некои од другите ликови беа утнати, ама нема везе, приказната не беше лоша. Добро филмче. 7/10
незнам како се вметнува слика ... станува збор за филмот Monte Carlo главна актерка е Селена Гомез... добра глума веке позната содржина мислам дека имам гледано и друг филм таков ... релаксирачки лежерен филм оцена 7/10
http://www.kat.ph/one-day-2011-brrip-xv ... 84141.html The Duchess (2008) 110 min - Biography | Drama | History ремек-дело http://www.imdb.com/title/tt0864761/