Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011) Е срварно ја обожавам глумата на Џони Деп, најмногу заради него ги гледам пиративе, тој му дава шмек на филмов.
Say anything Ми се чини филмот беше по препорака на една форумџика, имаше добра оценка а воопшто не ми се допадна. Како прво дечкото многу добро знаеше дека девојката ќе иде на факултет во друга држава и дека нивното ќе заврши и кога дојде време не можеше да се помири со тоа . После некаде на крај му текна дека не требало да и стои на патот. И мразам девојки у стил на оваа бубалица што запоставува се` и се посветува само на учењето, и татковци како овој нејниот што сака на ќерката да и пружи се` и прави големи грешки. Глуп бе глуп. Не го препорачувам.
Mary and Max Необично, несекојдневно и интересно. На моменти смешно, на моменти потресно, отсликано едно необично пријателство. Препорачувам. 9/10
The curious case of benjamin button Одличен филм. Бенџамин се раѓа како старец и е одгледан во еден старечки дом. Тој е различен од сите други, неговиот живот оди наназад. 10/10
The Talented Mr. Ripley Имаше моменти што не ми се допаднаа, но сепак не е лош. Освен тоа, цел филм е сниман во Италија, што значи уживање. И да не заборавам Дејмон ќе го видите во вакво издание Spoiler Sea of Love Постар филм. Убиени се тројца мажи кои дале поетски оглас во весник, полицијата го прави истото за да ја пронајде жената-убиецот.
Де бе луѓе пишувајте барем по 2-3 реченици за содржината на филмовите, не само да набилдате мислење со наслов, сликиче и дека ви бил (не)убав. Затоа и се бара рецензија, да мотивира некого да го гледа, а фала Богу голем дел постови се како што напоменав горе, па дури и сликичките на некои не се гледаат. Не да мрчам и солам памет, ама има некои привлечни постери, па да видиме што приказна се крие зад нив. Туку сори за оф топик. Хир ај гоу... Spiderman 3 (2007) Првиот дел го имав само изгледано пошто Тоби ми е грдичок, а и Кристен не заостанува. Ама приказната во третиов дел е одлична. Конечно Спајди го добива оној bad ass шмек да се спротивстави правилно, а не само да биде добар за да го газат. Се разоткриваат сите вистини и наместо да се среди како што треба, филмот завршува со смртта на Хари. Шмрц. Не го свиџав крајот. Ама и поучен е, премногу време трошиме на лутење на оние што ги сакаме за безпотребни работи, а не сме свесни дека било кој момент може да ги изгубиме. И црниот костим ми е врв, дефинитивно подобар од оној смешнион шарен. 9/10 поради крајот
Многу ми се допадна . Неколку играчки мислат дека нивниот сопственик не ги сака , се борат заедно да останат и остануваат Исто ми се допадна , имаше повеќе интересни моменти
Некако сум во Рајан Кослинг фаза, па ги гледав И двата филма се многу добри, и ќе ве остават да мислите за нив и по гледањето- Spoiler првиот сеуште ми остави прашалници дали жената навистина умре, или само исчезна, па се мислам дали пак да го гледам. Инаку се работи за дете кое ја видело мајка му како се самоубива, и таа траума му се рефлектира низ понатамошниот живот. Се заљубува, се оженува со прекрасната Кејт, ама потоа кога таа посакува деца тој почнува да се менува, постепено им се ладат односите за потоа неговото однесување да кулуминира. Остатокот погледнете го сами, па можеме да дискутираме околу моите дилеми за крајот на филмот. Во вториот Рајан (во филмот Дин) прекрасно игра грижлив татко и заљубен маж ( му лежат улогите на смртно заљубен, дефинитивно) во жена чии чувства се менуваат после 6те години поминати во брак. Бракот посебно им се расклатува кога таа ќе го сретне во супермерткет на кратко после 6 години своето поранешно момче кое ја оставило бремена, а таа тогаш во тој период го запознава Дин кој многу се заљубува во неа, па кога Синди одлучува да не го абортира детето, тој решава да ја ожени и да го прифати детето како негово. Таа блиц средба со бившиот не продолжи, но беше акцелератор на одлуката на Синди да го прекине бракот со Дин. Таа веќе не го сака толку мажот, сака да напредува, работи како медицинска сестра, а Дин се задоволува да работи како молер, но нему тоа не му е важно, сака само да поминува време со неговото семејство. На крај филмот завршува со една кавга, каде што Синди сака развод, а Дин ја моли да се смират и крајот останува непознат, дали тие ќе се смират или не останува на нашата фантазија (барем јас така мислам, и се надевав дека ќе се смират, реткост е да се најде толку заљубен маж и штета е да се напушти, не? ) Во секој случај вреди да се погледнат филмовите, па после можеме да дискутираме за нивните краеви, дали е така или не ?
The art of getting by. Кога ја видов екипата на глумци одма очекував добар филм, и искрено не сум згрешила.Нешто поразлично, пореално, не е лејм ниту пак веќе видено.Препорачувам. Spoiler Џорџ е тинејџер кој што живее според мотото дека луѓето живеат сами и умираат сами, а се останато е само илузија.Осамен е, нема пријатели и никогаш не се има заљубено.Но доаѓа до пресврт, а што ќе се случи погледнете.
Four Christmases 88 min - Comedy | Drama | Romance - 26 November 2008 (USA) Интересен филм, имаше некои смешки..Добар е ако ви е досадно Оценка 8/10