Добар. Напет ама содржина добра ... 9/10 Татко на кого синот му го убиваат во грабеж, се откажува од судење и ја зема правдата во свои раце ... Што се случува погледнете
The Last Station Одличен филм. Соглед на тоа дека сега ја читам Ана Каренина баш фино ми се вклопи. Приказната е за последниот период од животот на Толстој, различните ставови со неговата сопруга но и огромната љубов помеѓу нив. Дополнително се појавува и ликот на едно момче кое се смета дека е вистински Толстоевец но набрзо сфаќа што всушност значи тоа. Мене Толстој ми е во душа, па така и филмот многу ми се допадна. Глумата е на ненормално високо ниво, секој актер е подобар од претходниот од Хелен Милер (секоја чест ) до Џејмс Мек Ејвор (иако е млад се вклопува во секоја улога). А да и музиката не е за потценување. За тие што го сакаат Толстој Must see. 9/10
Thick as Thieves Одличен филм, млку акција, малку смешни моменти...впрочем каков може да биде со Антонио Бандерас и Морган Фриман. Spoiler Постар лопов наоѓа помлад од него за да му помогне да си го отплати дологот кон Руската мафија. Интересни моменти следуваат 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1112782/
Филмов ме трогна. Прекрасна приказна за едно младо момче по име Сојер кое случајно наоѓа повреден делфин исфрлен на обалата од океанот.Но поради голема пвреда делфинот останува без својата опашка. Не сакам да откривам повеќе изгледајте го и видете што ќе се случи понатаму.Инаку филмов е вистинска приказна и делфинот од филмов навистина постои. Оцена 10/10.
Letters to Juliet Еден од моите омилени филмови, убава романтична приказна со порака дека вистинската љубов никогаш не се заборава. Многу се слатки главните актери, глумецот посебно со неговиот секси англиски акцент True Lies Еден од легендарните филмови на Arnold Schwarzenegger кој нема кој не го гледал И да можам да кажам дека го имам гледано едно 1000 пати и секогаш ми е најинтересен
The human stain Приказна за професор кој откако ќе остане вдовец почнува да се гледа со жена многу помлада од него, која има несреќно минато, но и тој самиот крие тајна долго време.
Интересно Christmas филмче ,малку љубов , малку комичност и многу добри глумци ...Едно многу добро доловено секојдневие кај луѓето, поточно во една предновогодишна атмосфера
Lars and the Real Girl (2007) 106 min - Comedy | Drama ми се допадна, и покрај чудната тематика, и уште почудната смисла за хумор. http://www.imdb.com/title/tt0805564/
A Man Apart (2003) Action | Crime | Drama Со чичко Вин Дизел На самиот почеток на филмот му ја убиваат жената и тогаш настапува акцијата, им покажува батката кој е кој Не е лошо ама ништо посебно сепак.
оффтопик џуси а од каде го симна јас не го најдов на изохант. онтопик аладин- сите ја знаете приказната за аладин и принцезата јасмин прекрасна приказна за неделно утро и кафенце препорачувам
Еве ти торент од филмот само стисни download torrent http://www.torrentdownloads.net/torrent ... ng%5D+aXXo
Everyone's Hero Смешно, интересно и поучно цртанче. Идејата е како треба да ги следиш своите соништа, безразлика дали изгледаат реални или не. Исто така има големо значење и семејството. На моменти се пресмеав. Вреди да се погледне. :up:
Mary and Max Да ви кажам баш со мерак си го изгледав филмчево, па дури и солзичка сум пуштила (очигледно само на анимирани филмови рикам, овој и Up во срце ме погодија) Во секој случај, приказна за пријателство преку писма на едно осамено девојче од Австралија и еден 40 годишен уште пооосамен маж од Америка. Необична приказна, со прекрасни мисли и цитати. Посебно ми се допадна тоа што мислите за сфаќањата на светот треба да бидат баш како што се прикажани во филмчето а не се. Е зошто де зошто? 9/10 Плус мене ептен ми се допаднаа боите во филмот, иако се малку мрачни баш фино се вклопуваат.
Прееска заборавив да ти кажам ако сакаш го има филмов и online да го гледаш со српски превод па еве ти линк ако не си го симнала веќе. Ајде чекаме впечатоци. Позз http://www.filmovizija.com/sa-prevodom- ... 7e558.html Инаку филмов ми е дефинитивно еден од најомилените новогодишно-божиќни филмови. Кој го нема гледано обавезно да го гледа.
Многу убава драма. Spoiler Дејствието се одвива во 60тите години во Лондон. Една девојка, препаметна и убава, учи многу за да се запише на универзитетот во Оксфорд. Многу желби и се потиснати од страна на татко и бидејќи ја форсира во учењето. Се појавува еден маж, скоро дупло постар од неа (таа има 16, тој 30) започнуваат љубовна врска, пред неа се отвора нов свет на забава и уживање во животот... Тој ја запросува, кога таа дознава дека тој е женет. И е една од многуте такви. Пред тоа веќе се откажува од испитите и така останува ни ваму ни таму... но продолжува понатаму без него, учи учи и на крај ја примаат во Оксфорд. Има многу убави романтични сцени плус ми се допаѓа тоа што е од 60тите И плуууус - британски акцент оу јеа