Пред малку се вратив од кино, го гледав IMMORTALS. Преубав филм, кој е за сплет од акција, драма и фантазија слободно нека иде да го гледа. 10/10
ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ Благо ужасната сум од тоа колку е филмот лош. Абдалски глупав. Алепирам до соодветните институции и Мин. за култура да не се фрлаат пари за вакви будалаштини. Едвај заврши владеењето на сестрите Лабина и Теона на глупави филмови, сега не' дочекува ова. Приказната, реализацијата... немам зборови, просто се срамам од филмов што е наш, македонски. Единствено за пофалба беше глумата на одредени актери. Но, не и таа на Дани. Јасна ми е оценката на ИМДВ, само македончиња гласале, ама не кревајте рејтинг на нешто толку простачко 1/10
Great Expectations Се започнува кога едно мало дете ќе му помогне на избеган затвореник, а потоа се вљубува во внука на малку луда богаташка. Manuale d'am3re Многу ми е криво што немаше докрај асални преводи за филмов, па не можев да го догледам Италијански филм во кој е прикажана љубовта низ три генерации-младост, зрелост и старост
Drive (2011) Ова тапа филм бил ептен, не си го трошете времето, освен ако не ви останал ништо друго за гледање.
само 22 минутки е за штрумфчињата филмче нивните згоди и незгоди, ново е http://www.novamov.com/video/fs9fkfuuj96qt добра снимка
Не сум љубител на филмови, така да она што мене ми се допаѓа, значи навистина вреди. Final Destination 5 Веќе сите ја знаеме тематиката на филмовиве. Ама филмчето е неверојатно, очекуваш едно, се случува друго. Прекрасни ефекти и се она што не сте имале можност да го видите по други филмови( сечење глави, половина човек, крв во изобилие) те ви го тука. 10/10
Прекрасна комедија.Секој во филмов си има тајна. Дјук ја сака Оливија, која што го сака Себастијан, кој всушност е Вајола, чијшто брат излегува со Моник,која што ја мрази Оливија која што е со Дјук само за да го направи Себастијан љубоморен, кој што всушност е Вајола која е заљубена во Дјук, кој што мисли дека таа е момче. Свативте нешто? Претпоставувам НЕ. За да сватите изгледајте го. Оценка 10/10.
GreenFingers Интересно филмче, го фатив на телевизија. Clive Owen игра улога на затвореник кој поради доброто однесување е преместен во затвор од отворен тип. Тој е повлечен и со никого не разговара, но негов цимер е секогаш позитивниот старец кој ќе им го промени животот на затворениците. http://www.imdb.com/title/tt0203540/
Вчера го гледав. Џенифер (Меган Фокс) е популарна мажоретка која после една ноќ помината со рок бенд станува многу чудна. Доаѓа цела со крв кај нејзината другарка од детството, Анита. Џенифер заведува фудбалски капитен, емо момче и сите ги убива за да се храни. Кога Џенифер го убива момчето на Анита, таа сака да се одмазди и ја убива Џенифер.
Го изгледав сеа филмов и морам да кажам дека е прекрасен, не ми ни падна на памет што се може да се случи, просто сум пријатно изненадена чиста 10
"Water for elephants". Не дека ретко се случува филм да ме трогни, ама овој навистина прекрасен.. Ауу па и овај Патинсон да ти бил згоден типац (кога не е вампир, да се разбериме ). Веројатно на повеќето му е гледан филмов, а доколку не - топло го препорачувам. Spoiler Студент по ветерина, го напушта неговиот дом и студиите откако родителите ќе му загинат во сообраќајна несреќа. Случајно станува дел од патувачки циркус и го започнува „возењето на својот живот“
Ноќеска го гледав Basic Instinct 2 и ми се допадна, цело време бев во исчекување. Убав филм. Оценка 9/10.
"The girl who played with fire" Првиот дел е далеку подобар, овој воопшто не ми се допадна. 4/10 За оние што го гледале првиот: Spoiler Девојкава долг период ја нема во државата. Баш кога се враќа се извршуваат 3 убиства за кои таа е осомничена. Новинарот кој и’ е стар пријател ги истражува убиствата и истовремено е пристрастен. Тврди дека таа не ги извршила, што е и во право. На крајот излегува дека нејзиниот татко, кој Лизбет го запали жив кога беше мала, е жив и е сторител на сите убиства. Ја пронаоѓа и неа и сака да ја убие. Трудејќи се да избега, татко и’ ја погодува со три куршума и потоа ја закопуваат. Неверојатно после цела ноќ таа се откопува и целата раскрвавена и повредена се одмаздува на татко и’. Новинарот saved the day со тоа што ја пронаоѓа...
Сакам некогаш да си го пуштам мозокот на пасење, а филмчево е супер за тоа. Нема лигава, глупава, тинејџ тема. 6/10
Го гледав Friends with Benefits..знам дека повеќето имаа негативни критики мене искрено ми се допадна Се смеев, се растажив и тоа е најбитно сите емоции ми се разбудија
Cape Fear Затвореник после одлежана 14 годишна казна се одмаздува на адвокатот и неговото семејство зашто не го бранел добро.
Straw Dogs (2011) 110 min - Thriller еден од подобрите филмови излезени во последно време. :up: http://www.imdb.com/title/tt0999913/