Лесно филмче, обично празнично .... но со убаво пораки 7/10 Мутав филм, да не може човек да го разбере. Очекував повеќе ама не ми се допадна 4/10
The Ides of March Стивен е млад советник во политиката и активно вклучен во актуелната кампања за избори, кој ќе направи се што може за да ја задржи позицијата. Долго го чекав, си мислев дека ќе е поинаков, но и вака ми се допадна. Ми се свиѓа што дејството не е развлечено, туку убаво спакувано во саат ипол.
филмот е лудница! Се изнасмеав, се раскажува за типични тинејџери кои бараат забава, девојки и сл и решаваат да одат на еден фестивал, карневал или незнам . Таму се случуваат многу работи, едниот дознава дека девојка му го лажела, другиот се запознава со Кармен Електра... и .. да не откривам понатаму, изгледајте го нема да зажалете.
Tomorrow, when the war began Филмот искрено седнав да го гледам само заради Phoebe Tonkin и очекував се друго освен неа да е катастрофа, ама испадна дека филмот е еден од најдобрите шо некогаш сум ги гледала. Австралјански филм е, праен е според романите со истото име, кои беа бестселери. Ја следи приказната на 7 различни карактери, кои се познаваат а не се добри другари се дури не заминат на кампување во природа, а по враќањето ги очекува вистински пекол.....Актерската екипа е предобра, приказзната исто така, има предобри ефекти и покрај напнатоста и неизвесноста има неколку пресмешни сцени. Го препорачвам на сите шо сакат да гледат убав филм. Ако ме послушате и го гледате вервајте нема да згрешите ! Оцена од мене има 10/10.
http://www.youtube.com/watch?v=mqR98NBmYI4 Останав без зборови и без солзи од филмот. Толку прекрасна приказна за искрена љубов што иако е тешка, тие не се откажуваат. Прекрасно нешто. 10/10 Да има како ќе дадам 1000000/10 !
Ремек дело Одамна сакав да го гледам но никако немав можност. Жалам што не го гледав порано. Spoiler Приказна за тажната судбина на една атрактивна жена која е посакувана од сите мажи, а омразена од жените на еден град.
Noel 10/10 Ноел е прекрасна празнична сторија. Пет нујорчани се во потрага по чудо на Бадник. Приказна со многу топлина и сентименталност.
Последен филм што го гледав е Killers. Оцена 7\10 Млада девојка го запознава идеалниот маж додека е на одмор. По нивната љубов на прв поглед тие се венчаат. Три години девојката му приредува изенадна родендеска забава на својот сопруг, кој крие тајна од неа целите три години. Но таа тајна ќе излезе на виделина и таа ќе мора да одлучи дали ќе успее да живее со знаењето дека нејзиниот сопруг е.....
Камениот сојуз, со Моника Белучи, интересен, на почетокот кога го загледав си помислив нешто досаден ќе е филмов, но грешка сум била Spoiler Се работи за една жена,која посвојува дете кое потекнува од едно монголско племе, некои чудни работи им се случуваат и на двајцата, а тие работи се поврзани всушност со детето, кое било поглаварот на тоа племе,кој се појавувал после неколку години, како „одбраниот“... толку сеа да не кажувам се и во детали
Трилер и ок за гледање. 7.5/10 Неколку души тргнуваат со јахта на пат ... но одеднаш ќе ги изненади невреме. Откако ќе се спасат налетуваат на патнички брод на кој ќе побараат помош ... Што се случува понатаму гледајте го. Само ќе ве збуни доста. Сепак крајот може да ви разјасни се или можеби не.
Monte Carlo. Паа, просечен американски филм. Добар е, ама искрено, очекував повеќе. Во главната улога е Том Круз, а и Пенелопе Круз и Камерон Дијаз. Претежно фантастичен филм, ама се соживеав. На добар и креативен начин е претставена имагинацијата на човечкиот ум. И се’ е речиси збркано се’ до самиот крај - кога се откриваат работите. Па, би го препорачала за оние кои сакаат психолошки трилери.
Twenty bucks Љубам вакви филмови, типично деведесетски. Приказна која ја следи приказната на една банкнота од 20 долари, како истата сменила неколку човечки животи, кому на подобро кому на полошо. Мене ми беше ептен интересен. 7/10 Плус Брендон Фрејзер младичок, Кристофер Лојд мртов ладен, како на тоа да останеш рамнодушен.
No Strings Attached Интересно филмче,ми се допадна иако приказната е веќе видена,не е лошо. Кратка содржина http://www.imdb.com/title/tt1411238/
Crazy, Stupid, Love. Саботна филмска треска со домашно кино и пуканки. Интересно филмче, згодни актери и убава музика.
Hostel: Part III (2011) 88 min - Horror | Mystery | Thriller Jac како голем љубител на Хостел филмовите тврдам дека овој е најдобар дел до сега. http://www.imdb.com/title/tt1255916/
3/5 Искрено ме разочара филмов,можеби и затоа што чекав долго да излезе добра снимка. Очекував поинтересен и повозбудлив да биде. Повеќе животни приказни кои се поврзани со заразава. Приказниве на луѓево беа како недовршени, а ликовите беа досадни. Бидејќи имаше доста познати актери затоа давам 3ка за филмов (Мет Дејмон, Кејт Винслет, Лоренс Фишбурн, Џуд Ло, Гвинет Патроу...)