Shutter Island Сите го опишуваа како којзнае каков mindfuck комплициран филм, ама јас успеав уште во 58 минута да си ги поврзам работите така да не ми беше крајот нешто многу возбудлив.. Мада и ја пропуштив некои елементи па на крајот се убаво се поклопи како што треба. Kако и да е, интересно филмче, прилично интересна приказна и мислам дека сепак за тие што нема уште на почетокот да го сфатат филмот крајот изненадува. Препорачувам
Биографски филм за нобеловецот Џон Неш. Филмот почнува од студирањето на Џон на Принстон, па женење и семеен живот и проблемите кои му се случуваат поради шизофренијата, па се до старост и како успева да стане нобеловец. Прекрасна драма, вреди да се погледне.
Inglorious bastards Филм на Квентин Тарантино. И нема потреба да се дополни повеќе. Јас ги обожавам неговите филмови и со ова дело уште еднаш се докажа колку е добар во тоа што го работи. Поврзувања на настаните на специфичен за него начин, доза на бизарност која е препознатлива за неговиот стил, едноставно мене ми е маестрален. Добро бегање од секојдневните глупости што ни ги сервира американската продукција. Топло препорачувам.
Exorcismus (2010) La posesión de Emma Evans (original title) 98 min - Horror солидно. http://www.imdb.com/title/tt1322306/
Abduction Акција/Драма/Мистерија Моја оценка 7/10 Млад човек ја дознава вистината за својот живот, откако на веб страна за исчезнати личности ја пронаоѓа својата фотографија како дете.
Flliped Искрено, не знам зошто толку долго ми требаше да дојде на ред овој филм и сега се каам како не сум го погледнала порано. Прекрасен филм, посебно го препорачувам за празниците. Има топла и весела атмосфера, преубава приказна, прекрасна нарација, глумата и кастингот, се' е на место. Одамна не сум изгледала толку интересен, нежен и искрен филм, просто не сакате да заврши, одмор за мозокот, во секоја смисла на зборот. Лекција како тркалото се врти, искажана преку една детска и искрена љубов. 10/10 (и не давам 10ки воопшто лесно )
Си изгледав денес два филма. When a Stranger Calls Типичен хорор.Мене ми беше добар и малку страшен 5/10. Awake Предобар и непредвидлив трилер.Нешто подобро што имам гледано во последно време,ве држи во неизвесност до самиот крај.Го препорачувам на сите кои го немаат гледано 10/10.
Pirates Of The Caribbean: On Stranger Tides 2011 , одличен филм http://www.movie.mk/avantura-filmovi/pi ... ki-prevod/
Kaboom Само шо го догледав филмов. Можам комотно да кажам дека е доста тежок за разбирање, и со доста измешана приказна (нешто слично како Donnie Darko). Ама покрај фактот дека практично и нема некоја посебна приказна, филмот е ТОП....има толку секси актери, и толку многу добри секс сцени шо незнам. Препорачвам гледање ама не во друштво или кога имаш некој дома, туку онака сама чисто за душа...... Spoiler Кратко шо се дешава: Смит е 18 годишен фраер, со неопределена сексуалност, кој оди на колеџ со другарка му од средно. Од кога стигнува во колеџот почнува да има чудни соништа со луѓе кои ги знај, штотоку ги запозна или воопшто не ги познава и тие му испраќаат некаква порака. Се шо се дешава е сон, и секој сон е прекратен на сред секс *нефер*. Се на се е за млади со неодредена сексуалност и пробват со секој, геј, би, стрејт...со еден збор цел филм е СЕКС ! Оцена: 4/10 (само заради актерите и сцените...)
Традиционално, на 1ви јануари се гледа некој божиќен филм. Па така, ги извадив цедињата и по еци пеци пец, го избрав овој. The Family Stone Позната приказна, големо семејство кое се собира за Божиќ. 6/10
Santa Baby 1 Убаво новогодишно филмче. Spoiler Мери е успешна бизнис жена и е ќерка на Дедо Мраз. Откако нејзиниот татко ќе се разболи таа се враќа на северниот пол за да ја преземе работата на таткои.
THOR (2011) Акција | Авантура | Фантазија (115 минути) Ликови во филмот: Крис Хемсворт, Ентони Хопкинс и Натали Портман Моќниот, но арогантен воин Тор е истеран од фантастичното царство Асгард и е испратен да живее меѓу луѓето на Земјата, каде наскоро станува еден од нивните најдобри бранители. Мене лично ми се допадна филмот и мојата оценка е 9/10
21 Crime | Drama 21- предобар филм, со доста несекојдневна приказна. Прекрасна актерска екипа, предобра глума...и за чудо не е ни малку сличен со другите амерички фимови со студенти. Кратка содржина: Spoiler Филмот е базиран на вистински факти и тактики кој се користат во Покерот (Блекџекот). 6 студенти на MIT со извонредна математичка способност и логичко мислење, се тренираат да станат експерти за броење на картите во Блекџек, со што би му се овозможило 100% добивка за секој влог. Како истренирана група, редовно, ги постевуаат казината во Вегас и добиваат милиони.... Филмот е толку добар, што од кога ке го изгледаш те тера да размислиш за сите постапки кои до сега си ги направил, за постапките кои мислиш да ги направиш во врска со одредени можности кои ти се пружаат моментално во животот и како би постапил во иднина. Исто така те тера да размислиш на кои вредности му даваш важност, како се однесуваш кон блиските и колку всушност ја цениш секоја минута од животот. Мене премногу ме воодушеви, го препорачувам на сите. Верувајте вреди да се гледа ! Оцена 10/10 !
THE SITTER Студент кој живее со мајка си случајно ке се најде во улогата на беби ситер за деца на познаници. Децата се посебни секое на свој начин. Обичната вечер ке се претвои во ноќна мора.... 5/10 THE TERMINAL Филмов го имам гледано неколку пати и не ми е здосаден Виктор Наворски од Кракозија оди во посета на Њујорк. Додека е во авион, во неговата држава се случува државен удар па при слетување неговата виза не е валидна. Ке биде приморан да остане на аеродромот до реазрешувањето на политичката ситуација. 9/10 ALL GOOD THINGS Давид Маркс е син на богат агент за недвижности. Ке се ожени за сиромашна девојка но после неколку години ке се појават проблеми во бракот поради тајни од минатото на Давид. Екранизација на вистинита приказна. Додека вистинскиот случај никогаш не е разрешен, во филмот се прикажани нови моменти од приказната. 7/10 CARNAGE (Колење) Родители на две деца, од кои едното повредено во меѓусебна тепачка, се среќаваат со цел да се разреши ситуацијата. Едноставна средба се претвора во меѓусебна расправија, при што на виделина излегуваат карактерни особини, лични проблеми и фрустрации. Филм на Роман Полански, снимен во една просторија со четири прекрасни глумци. Драма која се состои единствено од дијалози помеѓу четирите ликови. 9/10
Терминал (Канал5) http://www.imdb.com/title/tt0362227/ Причата ви е погоре објаснета, да не додавам повеќе. Јас би 6/10 и во моментов Mr. & Ms. Smith (Сител) http://www.imdb.com/title/tt0356910/ Тука може 7/10. Епа доста познати филмчиња, штета да се подобјаснувам.
Мемоарите на една гејша си го сакам филмот, си ја сакам Сајури, си ја сакам Мамеха а највејќе од се си ја сакам книгата и сигурно за брзо пак ќе си ја прочитам http://www.imdb.com/title/tt0397535/ интересна приказна за Сајури која е во "борба" со Хацумомо да стани најпознатата гејша
Good Luck Charlie, It's Christmas Spoiler Чим Disney прават филм секако дека е лош. Од што беше досаден не го ни догледав. Не ви го препорачувам
Cyberbully Нешто ново и посовремено. Девојката е малтретирана од многу луѓе на интернет откако се придружува на еден сајт направен од страна на нејзиното школо. Луѓето ќе измислуваат лаги за неа, другарките ќе ја изневерат и ќе проба да се самоубие. Филм базиран на вистинска приказна, која спротивно од филмот, завшува со вистинско самоубивство. 8/10