A Dennis the Menace Christmas Денис е мало слатко дете кое живее во соседство каде што неговите врсници не го многу сакаат. Сепак тоа не му го руши Божиќното расположение кое по секоја цена сака да го пренесе и на неговиот многу постар сосед, господинот Вилсон.... супер филм
Претходник на My Blueberry nights кој е тотална гола вода во споредба со Chungking Express од 1994та година во смисла на тематиката обработена во приказната - естетиката не до тооолку. http://www.tarantino.info/wiki/index.ph ... ng_Express еве и Quentin Таrantino го сака филмов .
She's Out of My League (2010) Паа, што да кажам. Искрено малце така досаден, на моменти ми одеше да го исклучам. Но, го догледав, и малце ми стана интересен. И би, и не би го препорачала. Би го препорачала, само ако сакате да ја одтргнете досадата, ама и тоа незнам колку би ви помогнало. Во секој случај, филм ко филм, со предвидлив крај, но сепак океј.
Филмов има чиста 10 ка од мене . Кетрин со својата женственост и мирољубивост уште еднаш ме освои.. Тој што ќе се реши да го погледне филмчево обавезно до себе да си има нешто за грицкање бидејќи жената во филмов во ресторан работи Уште еден пример дека среќата секогаш ни е пред носот
Little Ashes Филм кој ја прикажува врската помеѓу Салвадор Дали и Лорка, во перидот кога биле млади и на почетокот на својата слава. Искрено мене ми се допадна филмот, но би го сменила Роберт Патисон. Дали затоа што имам трауми од Твајлајт не знам, ама воопшто не ми се вклопи во улогата имав чувство дека цело време се напрега и е вештачки. Интересен филм, но пред се за оние што се запознаени и со Дали и со Лорка, затоа што инаку мислам дека ќе се изгубат во филмот и нема да им се допадне. солидна 8/10
The Fountain Барав филм кој ќе ме натера малку да го активирам мојот затупен мозок од американскине романтични комедии, и овојпат се одлучив за The Fointain. Не трепнав додека го гледав. Одличен избор на актери и музика, и совршено склопена приказна прикажана во неколку димензии. Навистина не знам зошто претходно не сум слушнала за филмов. Лимонатките од типот на Friends with benefits се толку многу експонирани, што ваквите ремек дела остануваат во сенка Би им го препорачала на сите, освен на оние кои сакаат филм за опуштање на нервните клетки при чие гледање се' ќе им биде сервирано на тацна. 10/10
Brothers (2009) 105 min - Drama | Thriller | War не може да не ве раздрма. http://www.imdb.com/title/tt0765010/
Midnight in Paris Вуду си навлегол во фантазијата, не однесе до ренесансата и си покажа како луѓето секогаш се незадоволни од сегашноста а копнеат по минатото. Чиста вистина. Филмов те тера да копнееш по Париз, прекрасно е претставен градот и сега и во минатото. Мене Овен Вилсон ми е фантастичен актер, посебно е одличен за комедии но сосема солидно се претстави во филмов. Иако јас сакам филмови чисто црно на бело, така да би сакала малку пообјаснето тоа минато, но од друга страна и очекував таков едноставен крај 6/10 Parada Фасцинирана сум! Не сум толкав југоносталгичар и да збеснувам по секој српски филм, но ова е едно одлично филмско остварување со уште подобра филмска екипа. Одлична тема, уште подобра поука. Смеа, тага, возбуда се во едно. Едно големо браво. Воедно достапноста на филмовите не сместува во креветите дома да ги гледаме сите нови филмчиња, па забораваме колку е добар филингот на гледање на еден филм во кино. Треба почесто да практикувам 10/10 The Ides of March Не очекував ваков филм, ваков расплет на настаните, можеби очекував и поинаков крај, но целата испреплетеност на приказната ме воодушеви, а воедно тече едно дејствие кое веројатно е карактеристично за сите политички кампањи, едно кажуваат, а позади кампањата што уште не се крие. Рајан веќе одамна ми е на листата фејворит актери, а се повеќе се искачува на таа листа, одлична улога. Ах боже колку е секси Филмот хммм 8че силно накај 9. Вреди да се погледне.
Зборовите ми ги зема од уста. Не очекував дека може толку добар филм да се направи на југословенски простори! 10/10 и од мене има.
Machete На сите љубители на акциони филмови и многу пукање им го препорачувам филмов, прилично е возбудлив и непредвидлив. Со Роберт Де Ниро, Џесика Алба, Стивен Сегал и други познати ѕвезди Стивен е нарко бос кој го убива семејството на човекот мит кого го викаат мачета, после некое време го најмуваат да заврши некоја работа за нив и тој открива голема завера во политички избори како би се затворила наводно американско мексиканската граница, емигрантите ќе кренат бунт и.... Cairo Time Да не бидам вулгарна ама филмов е с*а*е Предвидлива и досадна романтична драма. Главната улога е една од оние жени кои се толку смирени и принципиелни или да кажам оние испод мира триста вира, што мене ужасно ме иритираат. Таа заминува во Египед за да се сретне со својот сопруг кој работи за ОН, него го задржуваат во логор подолго време од очекуваното па му ја доверува својата сопруга на својот египетски пријател во кого таа ќе се заљуби. Percy Jackson and the olympians the lightning thief Авантура со грчка митологија, мојот омилен жанр. Ги обожавам ко мало дете оваквите филмчиња Од режисерот на Хари Потер. Перси е син на бог и обична смртничка од земјата но тој не го знае тоа. Некој ја краде молњата на Зевс и тој го обвинува Перси за тоа кој всушност е син на неговиот брат Посејдон. Тогаш Перси дознава дека е полубог и започнува да го бара вистинскиот крадец на молњата. Law abiding citizen Филм што ме остави без зборови. Трилер во главна улога со Жерард Батлер. Се случува грабеж во неговата семејна куќа и брутално пред негови очи се убиени неговата жена и дете. Следува процес на судење на сторителите, надевајќи се дека и убиецот ќе ја добие заслужената смртна казна а неговиот соучесник доживотен затвор доаѓа до голема неправда при што јавниот обвинител прави спогодба да едниот од нив т.е. соучесникот добие смртна казна, а убиецот 10 години затвор. Поминуваат 10 години, а Жерард започнува со одмаздата против правниот систем во САД. Филм кој вреди да се погледне, неверојатен заплет и неизвесен до самиот крај.
Кум. Немам зборови, се знае класика си е класика, првите два дела фсеноменално добри, третиот малце лош, ама сепак 10/10. Кој не го гледал обавезно да го гледа .
Spy Kids All the Time in the World in 4D 6/10 Ги сакам Кармен и Џуди назад како главни улоги во филмов, а не како споредни. Тие го направија филмов популарен и успешен, а не Алба.
Good luck chuck Интересно фимче. Ми се допадна. :up: Со цел да ја задржи жената од своите соништа, да не падне во рацете на уште еден дечко, Чарли Логан мора да го скрши проклетството, коешто го направи многу популарен кај слободните жени: Спиј еднаш со Чарли и следниот маж што ќе го запознаеш ќе биде твојата вистинска љубов.
Red riding hood Па не е нешто посебно филмот, ама добар е за тепање време. Додека го гледав цело време ме потсетуваше на Твајлајт, за да на крај видам дека е режиран од истиот режисер Оцена 6,5 What's your number И овој филм е ок за тепање на време и убивање на досада. Малку е подолг, ама ок е. оцена 6
Просечен филм, онака за опуштање.Има смешни сцени, интересна приказна одиграна од страна на две прекрасни актерки.Се работи за две девојки кои се здружуваат за да ги одмаздат татковците со тоа што ги ограбуваат сите банки во Мексико кои ги поседува личноста виновна за смрта на таткото на едната девојка и за лошиот живот на граѓаните на Мексико.Смешни се овие две но воедно се и прекрасни, посебно Салма.Јас би му дала 7/10.
The September issue 2009 Нешто како документарец за Ана Винтор и спремањето на септемвриското издание на Вог 2007. Интересен е, посебно за тие што се заинтересирани за мода. 7/10
The Notebook Денес видов една симпатична слика од филмов, и си реков: ќе го гледам. Па како во хор со Ноа и Али си ги кажував моите омилени фрази, голтајќи гнедли на тажните сцени...