Life as we know it Го гледав најмногу заради Кетрин, многу ми е симпатична. Што се однесува до филмов - предвидлива, просечна приказна. Не ме воодушеви нешто посебно, ама добар е за опуштање и тепање два саати пред телевизор. 6/10
The Parade (Serbian: Parada) Spoiler . http://www.youtube.com/watch?v=GziTmQJ0CtM Вчера го гледав во кино Милениум Убаво ме насмеа но и растажи на крајот. Го препорачувам. Комедија во режија на Срѓан Драгојевиќ, во кој главните улоги ги толкуваат Никола Којо, Милош Самолов, Христина Поповиќ, Тони Михајловски, Горан Јефтиќ, Горан Навојец, Дејан Ачимовиќ, Наташа Марковиќ. Хомофобичен поранешен криминалец и воен ветеран (Лимун) се наоѓа во ситуација да соработува со геј активистите и да ја обезбедува првата Парадата на Гордоста во својата држава. „Парада“ е филм кој на траги-комичен начин раскажува приказна за постојаниот судир помеѓу двата света во денешно време на овие простори, помеѓу традиционалното и хомофобично мнозинство, наспроти либералното и модерно малцинство. Претставувајќи го невозможното пријателство меѓу Радмило и Лимун – Хомосексуалец и Хомофобик, a истовремено прикажувајќи го како метафора за возможна комуникација и разбирање помеѓу луѓето без разлика на нивната сексуална, верска и национална припадност. На парадата доаѓаат во конфликт и започнуваат борба од една страна хулиганите, каде е синот на Лимун, и од друга страна бранителите на геј парадата каде се наоѓа Лимун.
Trendafilke, мора да те обвинам за „крадење“ на истите зборови кој ги имав и јас за ФИЛМОФ Среамота невидена од глупа прича и секако Николас со она неговоно ништо не ми можете мисламмм , алоо дедоооо одмори малку !!!
Shutter Island. Те обожавам човекуууууууу те обожавам жими се. Леонардо ДиКаприо нема промашај во филм дефинитивно, како сум можела да не го гледам овој филм порано?
Killing me softly Мене ми се допадна. Неизвесност. Љубов. Секс. Опсесија. Неверство. Мистерија. Љубомора. Страст. Го препорачувам.
Сенки од Милчо Манчевски Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува; и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа. По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои наизглед умираат повеќе пати, и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати. Би додала и еден од најдобрите негови филмови кој сигурно би се допаднал на љубителите на хорор/мистерија филмските жанрови, како и еден, според мене, од најдобрите балкански филмски остварувања.
Remember me (2010) Романтична драма за двајца заљубени: Тајлер, со родители разделени после самоубиството на неговиот брат, и Али која живее секој ден во потполност како сведок на убиството на мајка си. Режисер: Allen Coulter Улоги: Robert Pattinson, Emilie de Ravin и Caitlyn Rund Преубав филм со многу тажен крај Моја оцена 9/10
Amélie И по незнам кој пат го изгледав филмов. И секогаш ми е интересен. Интересна приказна за љубовта па и за секојдневието гледано од една необична девојка која ќе им помага на луѓето околу неа во најразлични ситуации, но и кога ќе ја пронајде љубовта на својот живот.
Многууу сакам да го гледам филмов ама не бев во МК кога одеше во кино и сега незнам како да го најдам. Ами чаре?
College (200 Најискрено.. поприлично ступиден филм. На моменти ми се гадеше. И воопшто не ми се допадна, не го ни догледав. Само скокнав до крајот, и нешто ѕирнав. За џабе потрошени 50 минути од животот.
Жанр: Комедија. Се работи за една девојка по име Рајден која завршува со факултетот и е принудена да се всели со нејзиното ексцентрично семејство,трудејќи се да ја најде правата работа и вистинската љубов.
The change up чиста десетка.. филмче за релаксирање и трошење на времето, но сепак добро осмислен и со убава содржина, комични моменти.. да, крајот е предвидлив, но сепак филмот те опушта.. едноставно, одличен е Spoiler се работи за двајца другари, едниот оженет и вработен, посветен на работата и вљубен во семејството, а другиот е ерген, кој го живее својот живот до максимум- се дрогира, постојано излегува со различни жени. видете што ќе се случи кога двајцата ќе посакаат да го живеат животот на другиот
Орелот со Доналд Сатерленд, интересно филмче, троа историски, го препорачувам Spoiler Се работи за еден римски војник, легионер, кој ќе ја предводи римската војска, истовремено ќе биде во потрага по орелот ( златна статуетка) која тој ја наследил од татко му...
The King's Speech http://www.imdb.com/title/tt1504320/ Веќе неколку месеци го имав спуштено во компјутер, но никако да седнам да го гледам. Пред 2 дена се решив и се изненадив .. ова дефинитивно е еден од најдобрите кои ги имам гледано. Актерите, приказната, глумата, музиката .. се‘ беше на место. Приказната ми остави најголем впечаток .. веројатно поради тоа што и мене ме засега истиот проблем. Ете ми ја причината поради која 4-5 пати во текот на филмот се расплакав. Инаку, се работи за кралот на Велика Британија Џорџ VI кој има говорна маана - пелтечи. По предлог на неговата жена, тој оди на терапија кај лекар кој му помага при пребродувањето на проблемот. Прекрасен филм, кој од мене сосема заслужено добива рејтинг 10/10.