The girl with the dragon tattoo Го гледам повуци потегни ... напорен ми е и бизарен на делови. Не знам зошто толку фалење, мене искрено ми е просечен и испод тоа. Ај нека е 6/10. Многу се два саати и кусур за оваа приказна ... можело да се скрати и да се направи да биде по динамичен и по приемчив. Се на се и не ми се допадна, освен Даниел Крег кој е солиден како секогаш
Snow Flower and the Secret Fan 9/10 Драма | Историја Не е најдобриот фил кој сум го гледала, но ми се допадна, има убава приказна и пристојна глума. Единствено што не ми се допадна е хоринзонталноста на филмот, бавното градење на приказната, некако фалеше повеќе динамика. За да го сватите филмов ќе ви треба апсолутна концентрација бидејќи филмот е прикажан како приказна во приказна, т.е. режисерот направил скокови назад низ времето, со оглед на настаните кои се случуваат во паралела меѓу двата лика. Приказна во 19 век во Кина и доживотно пријателство помеѓу две девојки Нина и Софија во сегашноста и Снежниот Цвет и Лили во минатото кои уште од мали со потпишување на laotong договор се обрзуваат дека засекогаш ќе бидат сестри. Откако двете девојки ќе се омажат тие тајно комуницираат преку пишување на лепези. За да ви ја доловам суштината на приказната ви ја напишав оваа реплика од Нина. "Светот секогаш ќе се менува. Секој ден се менува. Се во животот се менува. Мораме да погледнеме внатре во себе и да го пронајдеме она што останува секогаш исто...како што е верноста, нашите заеднички спомени, љубовта еден спрема друг. Во нив, вистината од минатото останува да живее и понатаму. Целиот живот копнеев по љубов. Мислев дека ја разбирам, но сега гледам со срам и тага дека не сум знаела што е вистинска љубов. Љубов помеѓу сестри." http://www.youtube.com/watch?v=DuF_w-mADxY
Life is beautiful Сакав да кажам дека е прекрасна драма која го опфаќа животот на еден евреин за време на холокаустот, но се сетив на тоа колку таа драма е тажна... Приказна за еден евреин со ведар дух кого ни сета таа несреќа не успева да го собори и наоѓа сила во себе за на својот син тоа логорување да му го претстави како детска игра. Моќна, трогателна приказна за татковската љубов...
последен филм што го гледав, всушноост цела вечер гледав филмови па ... BTW во два дела ми е ... 1.Abduction Филмов е преубав,и не е заради тоа што сум напалена тинејџерка. Можи да се гледа и во друштво (особено женски) Се зборува за момче кое ќе си го открија својот идентитет на интернет ...* еве линк за љубопитните http://www.imdb.com/title/tt1600195/ 2.Altitude Филмов не е страшен како што изгледа.Многу е интересен ... Се зборува за девојка која ја изгуби мајка и пилот во мистериозна авионска несреќа ... * еве линк http://www.imdb.com/title/tt1600195/ 3.Disturbia Ахх ... Филмов ми е омилен ... Нема да зажалите ни за еден KB што че потрошите, сигурна сум. После смрта на неговиот татко,момчето ќе биди во домашен притвор поради тепачката со професорот. Од досада ќе почни да го набљудува соседството и тогаш започнуваат забавите ...* еве линк http://www.imdb.com/title/tt0486822/ 4.I Am Legend Сите филмови со Will Smith се интересни, но овај е посебен ... Не е страшен, но има страшни делчина мислам ме разбирате Преживеан од Њу Јорк се бори да пронајди решение за останатото човештво ...* еве ви и линк http://www.imdb.com/title/tt0480249/
втор дел ... 5.Prom Night Оххх... филмов е најпреубав и за машки и за женски, со друштво и без... Сличен е на Такеn ако го знаете.(ако не го знаете време е да го запознаете еве ви линк http://www.imdb.com/title/tt0936501/ ) После убиството на нејзините родители и брат, старателството врз Дона го преземаат нејзините чичко и тетка.Забавите започнуваат после три години кога нејзиниот професор психопат ќе избега од затвор за да ја посети на нејзината матурска ... * еве ви линк http://www.imdb.com/title/tt0926129/ 6.The Stepfather Освен дека филмов е нешто пренајубо на светот ништо друго не ви откривам! еве линк за љубопитните http://www.imdb.com/title/tt0814335/ 7.When a Stranger Calls Филмов е страшен ама не онака ... како да се искажам ... не онака на ниво како пила,злобата ... Ако не го гледате ќе ми биди жал навистина ваков филм не се пропушта Се зборува за еден психопат кој ќе и се јавува со чудни звуци на една тинејџерка која ќе ги чува како бебиситерка децата во куќа оддалечена од градот...* еве линк http://www.imdb.com/title/tt0455857/ *-Ѕвездичкава значи дека не ми е се раскажано... се надевам дека му помогнав на некој да ја победи досадата
21 Искрено не верувам дека има некој кој го нема гледано филмов, но сепак јас морам да си го рецензирам Ми се допаѓa филмов, добра приказна и добра актерска екипа. Добра приказна за тоа како парите и моќта на коцката не знае за доста, го поматува и најбистирот ум и најцврстиот карактер. Млад дечко кој со желба да се запише на Харвад Медицински факултет, но во недостиг на многу пари за остварување на сонот станува дел од група професионални бројачи на карти на блек џек, предводени од својот професор ја започнува својата авантура и открива друг начин на живот кој станува негов нов сон, но сепак не е се така розово и безбедно! Добар филм 8/10
Tower Heist Во почетокот не ми изгледаше на некоја интересна комедија.Понатаму е посмешен и поинтересен но сепак не е којзнае што.Јас разбирам многу работи да се како на филм но ова што го изведуваа во филмот,ни на филм не ми е возможно.Но,за едно релаксирање ќе помине.
Крв и чоколада Spoiler Група човечки суштества кои се претвораат во волци. Една од нив ќе се сплетка со „нормален“ човек. Врти сучи, ќе се напнат од петни жили да останат заедно. Искрено, пола филм го преспав.
Into the Wild (2007) Прекрасна авантура-драма. Дечко кој го напушта семејството и оди во патешествија, и се учи како да преживее во дивината. Ви го препорачувам сериозно 10/10.
Ми се допадна. Драма полна со страст и емоции. 8/10 Приказната е за едно младо девојче на возраст од 11 год. како рано од љубопитство почнува со сексуален живот и општо ги разоткрива тајните на интимноста со маж постар од неа. Врската е забранета меѓу нив но ... За да дознаете што всушност се случува погледнете го.
Ништо посебно. Очекував да биде подобар. Моја оценка: 6/10. Мислам дека повеќето веќе го имате гледано, ама ете на кратко: Spoiler Рајан(Џорџ Клуни) има работа да отпушта луѓе и постојано патува од едно место на друго. На едно од патувањата сретнува жена - Алекс - слична на него и почнуваат врска. Ги усогласуваат распоредите за да се гледаат повремено. Неговата компанија воведува новини во работата и ќе му ги укине патувањата, но кога ќе видат дека не е успешно ќе го вратат пак во воздух. Ќе реши да ја посети Алекс, но тогаш ќе види дека таа всушност има семејство..
извинете што сум оф-топик, ама ако може glow и julie77 да ги напишете и имињата на филмовите, затоа што сликите не ми се отвораат..
Девојки, неколку пати е кажано низ темата дека сликите преземени од IMDB не се прикажуваат. Потрудете се сликите да не бидат од таа страна. И насловот на филмот да се пишува.
Не можам да видам за што се работи, пишувајте го барем насловот, зошто неколку феминки наназад ставаат само слики не можам да видам за што се работи..
REAL STEEL Многу добро филмче. Пред да се одлучам да го гледам милев дека е за машки, но филмов е за сите возрасти. Добра приказна за врската помеѓу татко и син. Нема да ви кажувам ништо за да ви биде интересен кога ќе го гледате. Задолжително го препорачувам и чекам критики 10/10