Сликите не ги превземам од имдб ... нај нормално на Гугл имиџис ... Тоа што се потрефила од таму да е ... Мене сликата ми ја покажува не знам зашто кај вас не Еве ќе кажам насловот на филмот е The Lover
Textuality (2011) Глуп туп и нупотреблив. НЕ ми се верува дека потрошив 1 ипол саат на вакво ср*е, извинете ми на збор! Можеби ја претставува реалноста во глупана Америка, но дефинитвно треба да се срамат да снимаат вакви филмови. Мислам дека отупев после филмов. Не само што не ви го препорачувам филмов, туку и ве замолувам да не го гледате! 0/10
Good Luck Chuck (2007) Доста интересно филмче, и смешно. Највеќе го гледав, затоа што се пронајдов во ликот на Џесика Алба. Нормално не во изгледот, него во тоа колку е несмасна. Spoiler Се работи, за момче, коешто на него е фрлена клетва. Откако ќе спие со некоја девојка, таа после тоа да се омажи со некој друг, после него. Но, тој ќе се обидува да ја отфрли клетвата, и да биде со својата сакана, односно да не се омажи среќно со некој друг. х)
White Oleander Драма Ја немам читано книгата, а тие што ја читале коментираат дека книгата е далеку подобра. Не е лимонатка иако тоа си го помислив кога го видов прв пат постерот. Ликовите и приказната се комплексни и со длабочина. Мешил Фајфер уште една ме воодушеви. Во филмов се зборува за една тинејџерка и нејзината судбина од едно семејство во друго семејство, откако нејзината мајка извршува убиство и оди во затвор.
SPEAK Филмов е преубав ви го препорачувам на сите што го немате глдано ... Се зборува за случка што и се случува на Мелинда во текот на летото,потоа на училиште посакува да не зборува и онака никој не ја забележува...Така во борбата со другарките,фамилијата и училиштето таа ќе реши да ја кажи тајната што цело време ја убива ... Глупо раскажувам не ми замерувајте Еве ви и линк http://www.imdb.com/title/tt0378793/
The game plan(2007) Смешно ми е многу кога некој од овие типични акциони актери-ѕверови, одлично се снаоѓаат во улоги на бебситери, наставници, татковици! Инспирацијата сигурно од Kindergarten Cop па и од The Pacifier не исто но слични филмови, мене ми се многу слатки и смешни. Добар филм за релаксација и "пуштање мозок на пасење" Малово ѕверче ме изнасмеа 6/10
Ноќеска го гледав и мнооооогу ми се допадна, се работи за дете (полу бог,мајka човек татко бог Посејдон-брат на Зевс) Чичко му Зевс, сака да го пронајде внукот бидејќи се сомнева дека тој му ја украл молњата, и се зарекнува дека ако до 22,06, 00:00h не му биде вратена молњата, ќе има војна.И ќе страдаат и луѓето на земјата. Погледнето го филмот прекрасен е http://www.youtube.com/watch?v=xko1Mx5w4tg
Season of the Witch (2011) Обично не ни пуштам вакви филмови, ама денес му дадов шанса на овој. Просечен, ништо посебно. Оценка: 6/10. Spoiler Филмов е со Николас Кејџ во главна улога. Дејството се одвива во 14ти век. По наредба на црквата многу луѓе се убиваат под обвинение дека се од страната на злото. Една девојка за која се сомневаат дека е вештерка ја испраќаат во еден манастир, за да и се пресуди таму. Всушност таа е опседната со демон кој сака да украде света книга и да ја искористи за зло..
Black swan ОУ-МАЈ-ГАД, ОУ-МАЈ-ГАД, ОУ-МАЈ-ГАД!! Прекрасен филм, ме остави со отворена уста. Ајм спичлес. После толку думање решив да му дадам шанса. Воопшто не се каам за „потрошеното“ време, со оглед на тоа дека не сум по филмовите. 10/10
Beastly Можеби е преработка на Убавицата и Ѕверот, но е добра преработка за разлика од A Cinderella story... Ми се допадна. Убава приказна за љубовта која е можеби слепа за надворешниот изглед, но ите како гледа во внатрешноста... И морам да кажам дека Кендра ми е преубава...
Love & Basketball http://www.imdb.com/title/tt0199725/ Интересно филмче, кое сепак трае предолго (2 часа), па кон крајот неминовно го затупеа, Spoiler а заврши со типично американски хепи енд. Сепак, не толку лошо. Моника и Квинси се другари уште од детството и соседи, секој од нив со големи планови во врска со кошарката. Филм за нивното созревање, љубов, желби и патот со успехот. 6/10
Shutter Island Филмов е дефинитивно поразличен од тие што досега сум ги гледала. Многу е добар, со супер ефекти и убаво организирана содржина. За жал од почеток знаев дека всушност (за оние кои планираат да го гледаат нека не го отвараат спојлерот) Spoiler е лудак ама добро, пак ме држеше во неизвесност. 10/10 П.С. уште ме боли срце кога ја пукна жена му ( од памет се извадив, не за друго )
The Switch Фино филмче,ми се допадна со оглед на тоа што и многу ја сакам актеркава е + http://www.imdb.com/title/tt0889573/
Obsessed (2009) Го изгледав конечно после долго време дремење во компјутер. Не ме воодушеви, бидејќи е предвидлив. Улогите исто така, просечни. Најинтересно од се беше само крајот, последните 10-15 минути од филмот, безмислосна женска борба за да го задржи тоа што и припаѓа. Бијонсе, океј глума, но нека се држи до пеењето, тоа фаноменално и оди, глумењето не. Неможе сите за се да не бива 6/10 ептен заради тепачкава на крај инаку другиот дел ми беше доста наивен и блед.
Grandma's Boy (2006) Се работи за 35-то годишен маж, којшто живее со цимер. Но, поради не-праќање кирија, ќе бидат избркани. И тој ќе се пресели кај баба му, со нејзините 2 цимерки. Работи во некоја фирма за игри, нешто. Па ќе се случуваат некои работи. И тако даље.. Како и да е, интересно филмче, на моменти со смешни случки. За тепање време.
Dream House Цело време имав чуство дека му фали нешто на филмот. Недостасуваше нешто. Приказната е во ред, идејата и сето тоа, ама не е добро реализирана. Филмот некаде до средината е одличен ама крајот е без идеја, блед и глупав. Очекував дека нешто ќе се случи, ама ништо. Просечен филм, некоја средна оценка од мене. Не ме воодушеви воопшто. За едно гледање и толку.
Made for each other Комедија. Забавно филмче за опуштање. Не ме импресионира нешто него кул си е онака 7/10 Spoiler Двојка во брак, немаат секс 3 месеци поради тоа што жената ставила пирс на вагината. Мажот едвај издржува. Еден ден сестрата на неговата жена го силува а потоа тој со другарите смислува план за да и најде дечко на неговата жена со кој би го изневерила па би биле еднакви. Immortals За љубителите на драма акционите филмови. Мене многу ми се допадна пред се приказната на филмот, солидна глума и ефекти. Базиран на грчка митологија. 10/10 Spoiler Херион крал на Хераклијците револтиран од боговите и алчен за моќ тргнува во војна, негова цел е девствената пророчница која може да му каже каде се наоѓа лакот на Емир со кој би можел да ги ослободи титаните. На неговиот пат ќе застане Тазиј... I spit on your grave Ставен под хорори но филмот не е страшен, језив е и многу драматичен. Јас сум уште под ипресии, допира филмот посебно до жените. Има 2-3 гадни сцени но неверојатна приказна. Главната актерка е бомба 10/10 Spoiler Џенифер е писателка и оди на планина за да пишува приказна. Во шумата нема ништо во близина на нејзината куќичка. Наоколу се моткаат манијаци кои ќе ја измеркаат уште на бензиската. Ќе ја силуваат и ќе ја малтретираат, потоа ќе мислат дека е мртва но ќе се врати со својата брутална одмазда.