Hall Pass (2011) Искрено очекував повеќе. Си помислив чим е со Овен Вилсон како и да се чита сигурно е добар. Ама малце сум се подлажала. Сепак, не е некоја комедија, но може да се извлече добра поука од филмов. Spoiler Жените на двајцата пријатели, им даваат недела дена, на нивните мажии, надвор од бракот. Односно, да прават што сакаат недела дена, со цел за да им се вратат, односно да сватат, што изгубиле.. И така, им поминува ден по ден, секој ден се загреваат за наредниот ден.. И нема баш да ја искористат таа недела.. Добро некои од нив.. За на крај да сватат, дека ги сакаат своите жени, и не сакаат да ги изневерат.
Abduction Филмот мене искрено ми беше многу досаден, многу работи само како да беа нафрлени без никакво внимание на нив да се обрне.. И главните актери ми беа ужас. Не препорачувам. I spit on your grave Филмот не е страшен, ама мене приказната ми беше интересна.. Што мислам дека ипак се должи на одличната изведба на главната актерка.. Значи буквално како да бев таму со неа и да го чувствував истото што и она што кога не би било така, филмот и би немал некое значење. Девојката беше феноменална. 10/10
Филмчево "е во моја режија" Се работи за девојка која е опседната со шоооооопинннннг, но во еден момент ја губи својата работа, но настанува проблемот што има голем заостанат долг.Потоа наоѓа нова работа,но се случува и нешто со нејзиниот шеф.....понатаму гледајте сами http://www.youtube.com/watch?v=npFBRp716Qw
Duplex Spoiler Млад брачен пар живее во нивниот дом од соништата и кога конечно мислат дека се најсреќни, се појавува голем проблем-нивната соседка која не ги остава на мира. Се изнасмеав со бабава... 8/10
Water for Elephants (2011) Интересен филм, со различна приказна од веќе шаблонизираиве, и досадни романтични драми. Љубовта во еден патувачки циркуз, и сите проблеми кој тој го носи со себе.... Ме изненади Патисон, одлична глума! Витерсупн како и обично одлична, премила и преслатка ми е, какви и улога да има! Имаше доста ташни сцени, на почетоткот со коњот, со слонот и сцената кога ги најде Џејкоб пријателите на шините Јас искрено не верував дека ќе има хепи едн, нешто така ме влечеше приказната. Но сепак, филм вреден да се погледне, ако ништо друго барем ќе ве разнежни за миг. 7/10
Не е лошо филмче. Онака лесна драма ... 7/10 Тинејџерка која има илузија дека е од познато семејство и со амбиција да стане писателка ... наоѓа работа кај познат новелист и спонтано влегува во неговиот живот и животот на неговото семејство ...
Don't be afraid of the dark 99 min - Fantasy | Horror | Thriller - 26 August 2011 (USA) Фантазии воопшто неќам, ама добро е не беше некоја голема . Морам да кажам дека и крајот неможев да го предвидам. Интересен сепак Spoiler Сали доаѓа од ЛА да живее со својот татко и неговата жена, во нова куќа штотуку купена во која се крие мрачна тајна .. Оценка 8/10 The caller 92 min - Horror | Mystery | Thriller Искрено филмов не го сфатив Spoiler Мери откако ќе се разведе со маж и ќе се пресели во нов стан.Еден ден ќе и се јави некој на телефон, но кој е тоа и што е ? Оценка не му давам не го сфатив
Sorority Wars Расположена бев за лесно филмче и се одлучив за овој.Интересна лимонатка, ништо сложено, веќе видено.Воглавно интересен филм, за тоа колку можеме сурови да бидеме ние девојките 6/10
Филмов го гледав сношти на телевизија и искрено очекував или среќен или барем тажен крај. Цел филм е со тројца актери. Појдени се на патување и мажот предлага едниот ден да одат на некоја река да ловат риби. Кога ќе заминат крокодил му го превртува чамецот. Се спасуваат и се качуваат на едно дрво и смислуваат начин да се спасат т.е. како да си заминат. Мажот се одлучува да слези по чамецот да го преврти и да си заминат, но тогаш крокосилот го напаѓа и умира и остануваат уште двете жени. Се решаваат тие да слезат по чамецот и крокодилот ги напаѓа пак. Едната е повредена и искрварува и умира, а другата ќе најде пиштол и ќе го убие крокодилот. И конечно го зема чамецот и ја зема во него пријателката и заминува по реката да се спаси. И така филот завршува. Не дава ни дали се спасиле ни дали умреле. Оцена 7/10
The change Up Се работи за двајца пријатели од кои едниот, Дејв, има многу среден живот, добра рбота и три деца, преубава куќа и уште поубава жена. Другиот Митч, живее ергенски живот, јаде џанк фуд, пуши трева, секој ден со жени и бла-бла. Една вечер тие двајца излегуваат заедно и посакуваат за момент да си ги заменат животите и мочајќи се во фонтаната разговараат за тоа како Дејв сака да живее како Митч и обратно. Наеднаш згаснува струја низ цел град и тоа и се слуува, се заменуваа со животите т.е. Митч влегува во телото на Дејв и Дејв влегува во телото на Митч. Остатокот гледајте го... Интересно филмче. 9/10
Monte Carlo Интересно лесно филмче ... 5/10 Bride wars Две другарки на коишто им се поклопуваат соништата и понатака насловот кажува се 6/10 и за на крај да си се изнаплачам, си го гледав пак The Notebook ... епа ова е според мене една од најдобрите драми 10/10
Miracle on 34th Street Се работи за едно девојче на 6 години, чија мајка му ја кажала вистината: Дедо Мраз не постои. Тоа верува со зборовите на мајка и се додека еден ден не го сретне Крис Крингл или Дедо Мраз... Интересна семејна драма која зборува за тоа дека ако нешто навистина го посакуваш ќе ти оствари. И секако, чуда се случуваат, можеби навистина Дедо Мраз постои.
Harold & Kumar Escape from Guantanamo Bay (200 Јако филмче. Дефинитивно филмче за кикотење. Се работи за двајца, што сакаат да ја уништат венчавката на девојката на едниот. Меѓутоа, запаѓаат од една глупост, во друга, па во трета, четврта.. и така натака.. И секако на крајот расплеткувањето. Но сепак, мислам дека вреди да се гледа.
Hangman's Curse Случајно налетав на филмот, и за чудо решив да го гледам. Цело време очекував да е нешто еби ветар, ама филмот ми го докажа спротивното и позитивно ме изненади. Приказната НЕ Е она америчко „веќе видено“ и е тотално непредвидлива, и цело време те води во спротивна насока со заклучоците...which is a good thing зато шо неможиш да го предвидиш крајот. Spoiler Приказната се врти околу натприродниот случај во едно средно училиште, превземен од фамилија обучени истражувачи кои се дел од „the Veritas Project“. По многу години од самоубиството на Абел Фреј, (кој постојано бил малтретиран од страна на играчите од училишниот фудбалски (амерички фудбал) тим), играчите од фудбалскиот тим на училиштето, еден по еден, почнуваат од неоправдани причини да губат свест и завршуваат во болница, откога ,како што тврдат тие, ке го видат духот на Абел Феј.......То се само првите 2 минути за поќе информаци гледајте го филмот ! Оцена 9/10 , само заради шо имам фобија од пајаци и шо вечер тешко дека ке заспијам...
American Beauty Пак го фатив од средина.Инаку извонреден филм и на некаков циничен начин прикажува едно наизглед нормално американско семејство.Колку е реален и колку важна порака носи филмот мислам дека не е потребно да зборувам,мора да се изгледа за да се сфати.Инаку се сеќавам дека еднаш кога бев мала го гледав филмот и си велев колку е глупав и досаден овој филм.Но нормално малечка сум била,не сум ја разбирала суштината.Еден од подобрите филмови 10/10. Fatal Attraction На оние филмските канали на кабелска го гледав повеќе пати и вчера го затекнав повторно на канал5.Одличен трилер за болната опсесија на една жена по оженетиот маж со кој ќе помине една вечер.Единствено лошо во филмот е тоа што не можеш да стекнеш симпатија за ниту еден од главните ликови.А глумата е одлична.7/10
Stardust Филмче лудница. Патетично забавен, вреднат со познати ликови, измислен, налик анимиран филм. Spoiler Тристан е дете на еден патник кој го преминал Зидот и ќерката на кралот. До 18-та година живее со татко си, непознавајќи ја мајка си, за во потрага по доказот за љубовта кон Викторија ја сретне и мајка си и својата вистинска љубов. Ивејн е паѓачката звезда која е доказот за неговата љубов, како и сопственичката на срцето потребно на трите вештерки за одржување на нивната младоликост, воедно и чувар на каменот потребен за власт на кралството, за кое се борат 7-те синови на кралот, вујковци на Тристан. Тристан и Ивејн се заљубуваат, а по смртта на 7-те браќа, единствен наследник на кралството станува Тристан со својата сопруга.
Последен филм што го гледав е The Heartbreak Kid Филмот е многу интересен. Ви го препорачувам на сите што го немате гледано. Не ви откривам ништо но еве ви линк за да ѕирните ако сакате http://www.imdb.com/title/tt0408839/