Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sarkazam

    sarkazam Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    Последен филм што го имам гледано е

    Rules of Engagement


    [​IMG]

    Филмот беше многу убав.Се зборува за бранењето на еден офицер на судењето за давање наредба на војниците за пукање на цивили откако тие ќе упаднат во американската амбасада во третата земја во светот ...

    http://www.imdb.com/title/tt0160797/
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Shallow Hal
    [​IMG]
    Младич опседнат со надворешната убавина кај жените, ќе се вљуби во неочекувана личност, која дефинитивно не ја замислувал како девојка од неговите соништа.
    Постаро филмче, по малку детско и будалесто, но сепак доловува добра поента.
    Џек Блек е сјаен во улогата.
    6/10

    Imagine Me & You
    [​IMG]
    Веднаш после нејзината венчавка со долгогодишниот партнер, Рејчел за првпат во животот се вљубува.
    Во друга личност.
    Многу слатко прикажано, интересно и неочекувано.
    7/10
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG]
    Сношти го гледав на канал 5.
    Комедично филмче, а мене Бен Стилер со самата негова појава ми е смешен.
    Ма, не е нешто посебно, онака за релаксација.
    Глумата ми беше солидна, ама приказната - просечна.
    Како што реков, го препорачувам доколку сакате релаксација. :)
    6/10
    [​IMG]
    Главните улоги се добри - Селма Хаек и Пенелопе Круз. Вестерн комедија, интересно филмче.
    Ми се допадна. Филмов треба да се погледне.
    8/10 :)
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Couples retreat
    Лесно, интересно и едноставно филмче. Неколку парови ќе отидат на еден егзотичен остров со цел да си ги поправат врските. Добро е за тепање време и релаксација кога не сте во расположение да мозгате зошто уште кога ќе почне филмот веќе знаете како ќе заврши :lol:
    [​IMG]
     
  5. sarkazam

    sarkazam Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    Сега само што изгледав еден филм ...
    Се вика Before Sunset.
    http://www.imdb.com/title/tt0381681/

    [​IMG]

    Вака сега...
    Филмов има интересна сторија, но за жал на некои ќе му биди најглуп филм што можи да излези ...
    Зошто?
    Затоа што цело време камерата е во тие двајца глумци,цело време некаде шетат и зборуваат,нема никакви возбудувања,се е толку едноставно и на некој начин ... досадно :?:

    Од друго гледиште

    Филмот е многу убав и ве тера да замислите за работи што ви се случиле во животот ...
    Изгледа како поучен филм кој можи да ви ги растргни дилемите во љубовнит живот ... :^)
    Можи да им помогне на оние кои имаат проблеми во комуникација ... мое мислење :!:
    Да ги потсети на нешто :inlove:

    НАЈВАЖНО

    МОЖЕ ДА ВЕ ЗАСПИЈА БЕЗ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ |-)

    Фала на вниманието ...
     
    На Hipica, L0ve и Hipster им се допаѓа ова.
  6. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    The Human Centipede

    [​IMG]

    Болен филм. :x Не знам како им текнуваат вакви болни сценарија жими се'.. :puke:
    Со гадење едвај го догледав. Го пишува како драма, хорор, трилер..а јас ништо не видов од тоа.
    На овој докторов ептен му е погодена улогата на психопат.
    Не препорачувам! :shake:
    Видов дека имало и второ продолжение, ама не би го гледала. Едвај го сварив овој.. :sweat:
     
  7. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    [​IMG]
    Primal fear.Сношти го загледав на канал 5.Се работи за адвокатот Марти кој брани едно момче обвинето за убиство,кое страда од лудило..или сепак не :) Просечен филм добар за едно гледање.
    [​IMG]
    27 dresses.Лимонатка,ништо посебно 5/10.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Senseless (1998)
    [​IMG]
    Незнам колку пати само сум го гледала, но сакав пак да се потсетам :)
    Што се нема да направи студент за денар повеќе, и за својата кариера...
    Но некогаш работите излегуваат од колосек баш кога најмногу ви е потребна хармонија.
    Лесно филмче кое загарантирано ќе ве насмеа, и ќе ве врати во времето кога комедиите не беа досадни, шаблонизирани и глупави.
    [​IMG]
    Каков човек каква фаца, не ми се верува :lol:
    [​IMG] :lol:
    6/10
     
    На caki.83, Hipica и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Изгледа сум последната што го изгледа
    Inglorious bastеrds 2009
    [​IMG]

    Содржината верувам сите ја знаат, да не разглабам јас сега
    http://www.imdb.com/title/tt0361748/

    ОК е, иако ce на се too much fiction. Не се воодушевив многу-многу, зашто кога гледам филмови поврзани со историја претпочитам пореални, подраматични или пак пороманескни случувања а не млатење и колење, ама како за еден љубител на црн хумор е солиден. :up:
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    The Accidental Husband (2008)
    [​IMG]
    Дали е само до тоа што Ума Турман мене ми е одваратна, но филмов ми беше досаден, глуп и прерипав доста сцени!
    Значи убедена сум дека само во Америка ќе донесеш одлука за твојот љубовен живот врз основа не некој смотан тест и уште посмотано радио шоу! |(
    А уште помалку ќе се намачам да и вратам на таа што ми го ''скувала'' тоа, и баш со тоа што ќе лажирам брак :!:
    Смешно, т.е патетично!
    Колин Флирт не само што е вишок во филмов, туку и ова му е една од најглупите улоги во кариера, далеку поглупа дури и од Дневниците на Бриџит Џоунс. :x
    Жални се денешниве романтични комедии.
    3/10
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.388
    Disturbia
    Фино филмче.
    Ми се допадна.
    Главниот лик е доста симпатичен, а другар му е комедија :lol: .
    Порака од филмот: Внимавајте на комшиите :!: ^_^
    Оценка...еве една 7-ца ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • Disturbia.jpg
      Disturbia.jpg
      Големина на фајлот:
      15,3 KB
      Прегледи:
      296
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Just Go with It (2011)
    Ова филмче, дефинитивно ми се допадна. :) На почеток досадно, но потоа станува многу интересен. Лесно филмче, убава комедија. :rofl:
    Незнам како да го објаснам, но јасно е, чим е со Анистон, а поготово со Сендлер, нема утка. :rofl:
    [​IMG]
     
    На Rozich, kristii, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вчера го изгледав филмчево, конечно исападна на добра снимка. Добро беше, некако повеќе работи како да се слулуваа во овој дел, повеќе ноќи. Само не очекував таков крај, пошто ... Ај за малце ќе кажев

    Оценка 7/10
     
  14. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    The Sisterhood Of The Traveling Pants 1
    Го немав гледано од 2005, па реков да седнам да го гледам пак...Па горе-долу не е лош филмот, само многу ме изнервира шо е околу 2 сати а практично нема приказна за да треба да трај толку долго. Актерската екипа е супер, одвивањето на настаните ТОП, приказната доста интересна...ама на моменти станва досадно „шта да ти причам..“.
    Оцена 5/10

    The Sisterhood Of The Traveling Pants 2
    За разлика од првиот дел, овај е многу, многу подобар - гледано од секој аспект. Иако е скоро 2 сати (сејм како првиот) овај дел е доста поисполнет, и времето е поопфатено со случувања. Јас воопшто не се покајав шо си потрошив 2 сати за да го гледам, стварно вреди...Кај емотивни луѓе (како мене) буди емоции, и на неколку места во филмот те тера да плачиш како мало дете (особено кога се открива приказната на Бриџит (шо ја игра Блејк Лајвли)...) =(
    Актерската екипа е иста како од првиот само плус е Луси Хејл (Ариа од Прекрасни Мали Лажливки)...
    Оцена 8/10

    Monte Carlo
    Кога се решив да го гледам филмот знаев само дека е со Селена Гомез, и ништо поќе. Кога го пуштив тотално се изненадив од актерската екипа, воопшто не очекував да ги видам Кејти Кесиди и Лејтон Мистер... Приказната иста ко во сите амерички (глупи) филмој, но најслична со „Лизи МекГваер“. Лесен и интересен за гледање, ама не е нешто посебно- се е веќе видено !
    Оцена 4/10 само заради фантастичната глума на Кејти Кесиди и Лејтон Мистер !
     
  15. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Dr. Dolittle 5
    детски филм,немам некое големо мислење.Онака да го изгледаш за ако ти е досадно да попуниш време. :D
    5/10
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Dark Knight
    Не знам зошто до сега го немав гледано. Мислам дека нема потреба да објаснувам за што се работи.
    Предобар е. Вредат тие 2 ипол часа гледање.

    9/10
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Американска пита 1
    Со малото бебе ни текна да го гледаме во 1 по полноќ и ми се чини дека цела куќа на нозе ја кренавме од смеење. Дечкиве се ненормални :D
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    * која сцена човече :D :D :D
    Иако е мрсничок, го препорачувам на сите што сакаат да се смеат до солзи. Бев скептик за филмов, мислев дека се крева огромна фама за некои си голотии и глупости, ама дефинитивно ми се смена мислењето.
     
    На Dpokahontas, Doozy, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.325
    Пол:
    Женски
    Вчера ги изгледав првите три дела од Final Destination по кој знае кој пат.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Да не коментирам за секој посебно, содржината на повеќето мислам ви е позната.Се случува пресврт на судбината, и неколку души се спасуваат од сигурна смрт, но од смртта не се бега, you can't cheat death.
    Оценката ми е 6/10.Иако е жанрот хорор/трилер, мене не ми беа толку страшни, иако има неколку гадни сцени.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Jumping the Broom (2011)
    По сабајлечки едно лесно филмче.
    [​IMG]
    Не очекував многу, претпоставува дека ќе биде просечен, и малку е сличен на The mother in-law.
    Најјак момент ми беше тетката и нејзината песна, хахха луда е малце :lol:
    Многу црнци на едно место ми се видоа, и тоа многу различни.
    Но љубовта ги минува сите граници и недоразбирања :)
    5/10
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Овој период гледав повеке филмови некои заслужија внимание и потрошено време други не заслужија да ги симнам како торент. Еве некои

    1. Disturbia
    [​IMG]
    Предобар филм кој не е во ниеден момент досаден, се зборува за едно момче во домашен притвор кој по цели денови бидејки нема што да прави ги посматра соседите и открива нешто многу интересно за еден од нив. 10/10
    2. Made for each other
    [​IMG]
    Нискобуџетен филм кој беше крајно досаден на моменти. Маж ке ја изневери својата сопруга, и за да не се чувствува многу виновен плаќа актер да ја заведе за да бидат 50-50. 5/10
    3. Snow flower and the secret fan
    [​IMG]
    Многу убав филм за тоа што значи вистинското пријателство. Го ставам во ист кош со Мемоарите на една Гејша. 10/10
    4. Speak
    [​IMG]
    Добар филм за една тинејџерка која ке биде силувана и исмејувана во училиште. Вреди да се погледне иако е со актерката Бела од Твајлајт. 7/10
    5. Exam
    [​IMG]
    Вака треба да изгледа добар филм. Група од 8 луге повикани на интервју за работа наместо интервју добиваат тест кој се состои од едно прашање, но кое е прашањето? 10/10