Момчето на девојка ми (My girlfriends boyfriend) Spoiler Џеси е енергична и интелигентна жена која во Итан го наоѓа „совршениот“. Тоа води до ново, романтично поглавје во нејзиниот живот... со една голема компликација. Неколку мига откако го сретна „вистинскиот“, таа го среќава „совршениот“...Џеси (Алиса Милано) е енергична, интелигентна жена која го наоѓа „вистинскиот“ во Итан (Кристофер Горам), писател кој очајува откако издавачите му одбиваат уште еден роман. За Џеси, средбата нуди повеќе од шанса повторно да го инспирира уметникот во Итан. Таа отвора и ново, романтично поглавје во нејзиниот живот... со една голема компликација. По неколку мига откако го сретнува „вистинскиот“, Џеси го сретнува „совршениот“. Тоа е Трој (Мајкл Ландс), самоуверен и успешен директор за маркетинг кој речиси секој момент го прави елегантен и романтичен. Наскоро, Џеси се наоѓа пред најголемиот романтичен парадокс: што да прави девојка која го сретнува „совршениот“, а пред тоа го сретнала „вистинскиот“?
Последен филм што го гледав е In Time. Ме изненади оваа Аманда, на која никогаш нема да и го научам презимето. Секогаш ми била лигава и одвратна, но сега ми покажа дека има нешто во неа. Одлична и е улогата, мрачна и темна. А Џастин, прекрасен е. Како пејач и како глумец. Колку само страшен поглед му удри на типот во борба со раката. Филмов сум го гледала во 4 наутро, и цели час и половина со отворена уста стојам. Многу ми се допадна. 10/10
The Descendants Драма со Џорџ Клуни ... Не е лоша. 6.5, 7/ 10 Наводно сопругата на Мет ( Џорџ ) доживува несреќа и запаѓа во кома ... Мет е и татко на две девојчиња, целиот терет останува на него, како ќе се справува сам и што се ќе му се случи погледнете ... Се случува на хавајските острва, барем ќе гледате убавина
поглупав филм здравје содржина има ама без никакво решение ви го препорачувам заради убавите глум ци,но нема никаков крај
No Strings Attached Spoiler 15 години после летниот камп, на Адам и Ема им се вкрстуваат патиштата. Кога тој открива дека бивша девојка живее со неговиот татко, тој се опива, се јавува на секоја жена која ја има во телефонот и завршува онесвестен во дневната соба на една од нив. До сега таа е медицински жител на Л.А. а тој пробува да биде писател за една ТВ серија. Таа ги чува нејзините емоции (погребот на татко ѝ го вика “нештото”), па после брз пресврт на настаните во моментот кога таа треба да ја напушти болницата го прашува дали сака врска без обврски, само секс, без романса и компликации.
Four Rooms Филмов е незнам чудесии. Го имам гледано и како мала али што сум гледала и зошто тогаш ми бил интересен незнам Ајде добри глумци има во филмов не велам не, башка Quentin Tarantino е еден од режисерите, али тоа е не е за секого филмов.
само што го изгледав ... Се уште сум под емоционално расположение... Филмот е едноставен на почетокот, но крајот како и секогаш го прави делото ... ... но не и за мене ... ЕДЕН ОД МОИТЕ ОМИЛЕНИ ! http://www.imdb.com/title/tt1205489/
One day Spoiler Ема и Декстер се пријатели кои се среќаваат секоја година на ист ден откако се запознале. Новните патишта после долги години се вкрстуваат, но филмот завршува со неочекуван трагичен крај. 8/10
Meet the Fockers Го гледав повторно пред еден ден и се изнасмеав за сите пари.Од сите три дела овој ми е дефинитивно најдобар и најсмешен.Повеќето веројатно го имате гледано па знаете за што се работи.10/10 Liar Liar Уште една одлична и легендарна комедија си затекнав на ТВ и по којзнае кој пат го гледав.Многу ми е смешен Џим Кери,за мене најдобар комедичар.10/10.
1. Food, Inc. (200 Многу поучен и корисен филм. Што е спремен човек да направи за профит? Очигледно се', не грижејќи се за здравјето и животот на останатите.. Искрено го препорачувам! 2. Clash of the Titans (2010) Ми се допадна. Многу! Одлична приказна, супер ефекти и добра глума. Сега гледам дека ова е продолжение. Го немам гледано првиот дел.
In time Ама уживам во вакви филмчиња . Џастин ми е просто невероватно омилен. А и женската е баш пичица. Одлично, му давам 10че
The Lincoln Lawyer (2011) Crime | Drama | Thriller Прво, го обожавам Метју Меконахи, мноооогу е секси Второ, секогаш му лежат вакви улоги на Типац И трето, јак филм
Интересно романтично филмче. Spoiler Во филмов се зборува за дечко и девојка (не се пар) и двајцата се пред брак. Се сретнуваат во хотел во лифт и се случува љубов на прв поглед. Потоа му се случуваат уште неколку случајни средби и ќе се здружат и заедно ќе одат да купуваат потребни ствари за своите венчавки. Со тек на време дечково ќе сфати се всушност е заљубен во неа и последниот ден ќе ја покани да се возат во кочија низ градот и ќе проба да ја бакне, но таа се предолмислува во последен момент и предлага да се вратат во хотелот. Се разделуваат и по 1 година во училиштето каде што работи девојкава колешка нејзина чита книга и и ја прераскажува всушност случката нејзина од пред 1 година во хотелот. Девојкава сфаќа дека Чарли дечкото од хотелот ја откажал својата венчавка и напошал книга за неа. На крај таа ќе го најде и ќе се венчаат. Spoiler Додека тие беа во хотелот нивните свршеници беа на слубени патувања во Европа. Исто така не се кажува дали и Ана девојкава ја откажала својата венчавка. 8/10
"Sherlock" The Reichenbach Fall (TV episode 2012) Најдобар од сите епизоди досега, возбудлив, неизвесен, совршен! Нема изненадување само на крајот, туку низ целото дејство на филмот. Фантастичен глумец, приказна и режија. Ова е убедливо најдоброто нешто што излегло досега, врзано за ликот на Шерлок Холмс. 11/10 Како после ова јас треба да го гледам Роберт Дауни Џуниор во улогата на Шерлок, како, како? (тука драматично забегав). И како да се дочека новата сезона со само 3 епизоди како и оваа, дури во 2013?
Bring It On All Or Nothing Специфичен тин филм за чирлидерките и чирлидерството во Америка и колку се ценети таквите групи таму... Оценка 9/10
го гледав No Strings Attached, поради сета фама што се крена околу филмот.. и на моменти ми се допадна, на моменти не.. има многу добри цитати и сцени, ама има и делови кои ми беа досадни.. мислам дека филмот со иста тема- Friends with benefits- беше далеку подобар.. и секако завршува типично- со среќен крај... сепак му давам 7/10 токму поради некои сцени и некои зборови кои актерите ги кажаа, има моменти од филмот кои нема да ги заборавам, а секако и "Adam" ми беше неодолив
Во последно време станав зависна од филмови, само симнувам The human centipede II 88 min - Horror Ооо боже не ми е јасно зашто го гледав. Прво многу БОЛЕН филм, второ ГНАСЕН !!! Не ви го препорачувам,прегаден филм !!!! А овој трупов колку е гнасен тој па .. Spoiler Тоа дебелото човече од горната слика е многу болно и според првиот дел од филмот тој ќе се обиде да направи човечка стоногалка од 12 луѓе!! Дали ќе успее, шо и како не ве интересира баш Оценка -10/10 Siren 86 min - Horror Да, како што гледате ми тргна со лоши филмчиња Глуп филм, нема никакви дејства онака да рипнеш од столче додека го гледаш .. Не препорачувам Spoiler Тројца пријатели со јахта ќе пловат, ќе стигнат до еден остров и ќе најдат сирена, ама секако тие незнаат дека е сирена мислат дека е некоја девојка која барала помош некое време ...И после.. Оценка 2/10 Raising Helen 119 min - Comedy | Drama | Romance - 28 May 2004 (USA) Е ова е веќе филм, за разлика од првите два Spoiler Се работи за три сестри од кои едната умира и своите деца ги предава на најмалата сестра којашто незнае ништо за чување деца но ќе се навикне. Оценка 8/10 Are we done yet? 92 min - Comedy | Drama | Family - 4 April 2007 (USA) Интересно филмче за опуштање Имаше сцени на кои се смеев, тоа Е ДОБРО Spoiler Ник со семејството се преселува во нова куќа, која на изглед е прекрасна но има нешто што не чини.. Оценка 7.5/10