Crazy, stupid, love Искрено, ми се допадна. Повеќе заради смешните ситуации, а најмногу поради Ryan Gosling. Типот е мрррњаауууу (смајли што гребе со ноктиња ). Со мажето заедно го гледавме и не му пречеше што се лигавам како ротвајлер на секоја сцена со гореспомнатиот дотичен актер кој и тоа како знае да глуми. Е сега, што се однесува до филмот - разведен тип кој се враќа во шема со помош на друг, помлад тип кој решил да му помогне затоа што овој првиов му е досаден со жалопојките. И на крај пак сите си живееја среќно до крајот на животот. Добар начин да поминете зимска вечер дома, покрај камин со пуканки и вино (или пиво, кој како си сака )
Monte Carlo Роматична љубовна комедија и која баш ми се допадна Spoiler Грејс(Селена Гомез)заедно со својата пријателка штедат за после матурата на Грејс да отидат во Париз. Но,мајката на Грејс и нејзиниот очув решаваат и полусестрата на Грејс да оди со неа.Кога стигаат во Париз имаат неповолни услови во хотелот и се со една група на туристи и со нив патуваат со автобус низ Париз.Еден ден додека се на Ајфеловата Кула автобусот им заминуваа и додека талкаат низ Париз почнуваа силно да врни и влегуваат во еден луксузен хотел каде Грејс ќе ја помешаат со една богаташка. Другиот ден преправајќи се декаа е таа богаташкатаа ,заминуваат со приватен авион во Монте Карло и таму започнуваа нивната авантура.
The Little Rascals Ништо подобро од добар филм да те потсети на детството. Го немав гледано 15 години, и конечно решив да го гледам. Тотално „шимпатично“ и слатко.... Оцена 8/10 бтв Дали го знај некој името на филмот со едно девојче и две момчиња, од кои едното му е брат на девојчето...и во филмот се дешава ова: Децата слушат гласина дека во градот нивен живеј долго изгубената принцеза, и сомневајки се дека едно богато плаво девојче, кое постојано ги игнорира и потценва, е принцезата прават се за да ја разоткријат - една од работите е ставањето зрно грашок под душекот кај шо спие.... Постар е филмот од кај 90-та наваму, мислам ама мислам дека има 2 дела...и на Телма го имат давано поќе пати. Ако знај некој ве молам кажете се умрев од барање ! :/
Confessions of a shopaholic Уште од насловот се дознава што уствари се работи. Инаку, интересно филмче, глумецот е - . Баш релаксира, иако е типичен американси т.е. филм со среќен крај. 8/10
Dinner for Schmucks (2010) Мене многу ми се допадна и ми беше доста интересен и смешен Стив Карел, ретко кога разочарува. Ми изгледаше искрено дебилен на прв поглед, но сепак изненади, далеку од дебилен! За разлика од многуте безпоимни комедии кои имаат само една цел, добро да ве насмеат, овој има е една поука: aко некој е различен од вас и го сметате за чудак, не си земајте за право да го исмејувате или навредувате, не сте ништо подобар или повреден од него. Колку треба да си болен ум за да приредиш натпревар на луѓе кои ги сметаш за фрикови само со цел за издигување на своето дебилно его Америка, дефинитно земја на дебилите ископлексирани милионери 7/10
A walk to remember По не знам кој пат го гледав сношти, ама дефинитивно е филм кој никогаш нема да ми биде досаден. Особено ми се допаѓа што е приказна за несекојдневна тинејџерска љубов! Секогаш завршувам со солзи во очи.
Baby on Board own: Комедија Кога видов дека во филмов има улога John Corbett, мислев дека ќе биде некој добар филм, ама не испадна така. Глупости на квадрат. Филмов е навредување на човекова интелегенција.
Paranormal Activity 3 За разлика од претходните делови овој ми беше најитересен. Spoiler Инаку во овој дел се открива што точно се случува.Овој пат дејството е во 1988 кога сестрите се уште малечки. Не е лош,ако малце сакате да подрипнете од столчето. 7/10
Исто така мојот последен гледан филм, да не се повторувам со рецензијата,само ќе речам: на моменти многу ми паѓаше жал за човеков, колку повеќе се труди, толку повеќе му одеа работите наопаку и несакајќи му наштетуваше на својот пријател.Но на крај ми се направи меракот кога излезе попаметен од сите. П.С. глувчињата ги правел од љубов за жена му
Пингвините на г. Попер Spoiler Г. Попер (Џим Кери) чува 6 пингвини во неговиот стан во Њујорк. Филмот е адаптација на книгата „Пингвините на г. Попер“ од Ричард Етвотер. Како и сите други филмови со Џим Кери, и во овој имаше мнооогу смешни сцени. И затоа што синоќа бев малце уморна и го гледав полубудна, вечерва има да го гледам пак. И да се смеам.
Bring It On: All or Nothing Мјузикли обожавам, многу се релаксирачки. Добар избор на актери и актерки. Hayden секогаш ми била одлична. Тука исто така. Нејзе и лежат вакви интересни улоги. А Камил, многу ми е убава. Девојката има стас, и став. Не ми се допадна Џеси, . Грд ми е за Hayden. Другите се супер.
Повеќе филмови изгледав овие денови. Еве кратки рецензии. Оф. Очекував повеќе од овој филм. Незнам, повеќе драматични моменти. Не ми се допадна глумата на Anne Hathaway. Мислам дека не и' легна улогата. Просечно филмче. 5/10 Одличен почеток, заплет, но просечен крај. Леле во последно време се што прочитам или гледам ми има просечен крај. Сакам подраматични моменти. Нешто да ме раздрма на крај. Треба да го сменам изборот на филмови. Но, поради прекрасните глумци и солидна глума ќе му дадам 8/10 Оуу не да ме релаксираше.. Ми се допадна многу. Можеби е попросечен од овие два, но мене ми беше прекрасен. Мила Кунис одлично се снајде, Џастинчо солиден, а двајцата како пар..10ка! Многу интересна приказна. Ме насмеа филмов. 9/10
Post Grad (2009) Лабаво и слатко филмче за една девојка што после дипломирањето се враќа во домот на нејзините, пробува да најде работа и љубов. Има хепи енд, нормално. Ако имате време да тепање, може да се погледне. 6/10
Awake (2007) Не го гледам прв пат, чепкав во компјутер и случајно го најдов во нај рандом фолдер на свет! И морав да го гледам пак, пре, пре предобар! Постар е малку да но сепак не сум гледала до сега филм со слична содржина! И обожавам различни филмови, со нешто НЕ веќе видено! Алба ко алба, глумата нејзина никогаш не била посебна, ниту пак имаше некоја тешка улога, бар според мене! Од друга страна Хајден секси мен-ептен Spoiler никогаш не мислев дека ќе се спаси, но и сега навива да се разбуди! Филмов ме трогна и тогаш и сега, а уште повеќе дека тоа е виситнска случка, т.е такви случки се имаат случувано на пациенти и тоа не еднаш. Но мајчинската љубов секогаш е најсилна! 8/10
1. 50/50 (2011) 100 min - Comedy | Drama Филмов е базиран на вистинска сторија. Не е лош, добра приказна. Само мене не ми се допадна глумата и актерската екипа. Да беше со други актери мислам дека ќе беше многу подобар. Оцена: 6/10 заради глумата иначе ќе имаше повеќе. 2. Fired Up! (2009) Го пуштив, ама после 15тина минути го исклучив. Тинејџерска комедија. Ама ептен тинејџерска, не можев ни да ја гледам. За средношколци - може! 3. A Lonely Place to Die (2011) 99 min - Adventure | Crime | Thriller Одамна некој филм ме нема раздрмано како овој. Интересна приказна, добра глума, прекрасна природа и многу, многу возбуда. Многу ситуации ме оставија без здив и буквално потскокнував од место. Посебно добар беше почетокот. Конечно добар филм! Топло препорачувам за љубителите на ваков жанр на филмови! :up: Оцена: 8.5/10
The Ides of March Политичка драма во која приказната се врти околу влаканите игри во кампањата и патот до фотељата. Американците и нивната кампања околу претседтателските избори од секогаш е била валкана, но не само таа, туку и секоја друга кампања. Колку работи се сокриваат, колку договори се склучени и се што се дава за да се дојде до глас повеќе. Во секој случај, одличен филм, глумата е солидна, Рајан Гослинг успешно се реализира во повеќето улоги, пред се во добро одбрани филмчиња. Џорџ Клуни добар како и секогаш. Морам да кажам дека покрај добриот филм, ќе се нагледате и на најзгодните (најсекси) мажи моментално во светот . Рајан и Клуни, комбинација од соништата Од секој агол вреди филмот . Оценка 7/10
Распустов место за учење, го искористив за гледање филмови. Ама ако. Ке се напише домашното. Гледав 4: Black Swan - јака драма, Натали Портман совршено ја совладала улогата. Се зборува за совршенството. 9,9/10 Just Wright - нот бед флимче, се работи за вистинска љубов, и како еден познат кошаркар ја наоѓа. 6/10 Step Up - најјакиот филм со танцување до сега, а плус и имаше нешто и за мојата романтична страна. 9/10 A Walk To Remember - се расплакав 6 пати за време на филмот. И сега штом го спомнав, пак ке плачам. :') ♥ 15/10