Did You Hear About the Morgans? (2009) Филмов е слаба копија на еден филм кога маж и жена се скрија во едно село кај амиши(не ми текнува на името ич, ама многу сличн е) И нема ништо посебно да ве насмее, ниту да ве замисли, ниту да ве заинтригира... Џабе се потрожиле, многу смотан и досаден филм. 2/10 бидејќи е копија буквално на постар и каде,каде поодбар филм.
Bring It On: In It to Win It Во обратен редослед одам. Најпрво третиот дел, сега вториот, па првиот. Филмот е со Ешли, Хана, од Убави Мали Лажливки. Заради неа го гледав. Се изјаснив за ваквите мјузикли дека ми се допаѓаат, да не се повторувам. Не мислев дека ќе се здружат. Не ни помислив, ме изненади. Глумецов Пен, е добар. Подобар од третиот дел. Бар овој има тело и лице, и добра фризура. 10/10
The uninvited 10/10 Ептен ми се допадна филмот, за прв пат да гледам хорор и да почувствувам малце страв, т.е. можам да кажам дека ми беше премногу морничав, повеќе морничав одошто страшен. Можам да ви кажам само дека на крајот ќе се изненадите од тоа како ќе заврши филмот и ќе биди сосем спротивното од тоа што ќе го очекувате. Јас го гледав со овие глумици што се на сликата, а гледам дека има и други верзии, ама ви ја препорачувам оваа.
Superbad (2007) Дефинитивно е тинејџерско филмче, кое умее да ве насмее. И мислам дека држи приказна. Мене барем ми се допадна и хуморот. Spoiler Се работи за тројца другари, што не излегуваат на забави, но сами приредуваат за нив тројца. Се ближи нивната матура, и се организира забава кај една симпатија од тројцата. Бидејќи забранет е алкохол под 21 година, видете на што се се спремни да направат, за забавата и за нивните симпатии. И секако што се ќе ги снајде.
The last song Врската помеѓу татко и ќерка,летна романса која се претвора во голема љубов,грешки од минатот,смрт, испреплетнеи чуства,музика.... Милам дека не треба да го раскажвам филмот бидејќи повеќето го имаат гледано а тие што го немаат имаат слушнато за него и дефинитивно требаа да го гледаат Spoiler
Final destination 4 Spoiler 82 min - Horror | Thriller - 28 August 2009 (USA) Ми се допадна ! Темата е иста како и 5иот дел.Ама ми е гајле мене дали се слични или исти сите делови ќеги изгледам ептен ми е интересен ! Оценка 10/10 Final destination 3 Spoiler 93 min - Horror | Thriller - 10 February 2006 (USA) Почнав од последниот дел да ги гледам,обратно Единствено што не ми се допадна беше крајот не докажаа баш што ќе се случи . Оценка 9/10
Post Grad Во овој филм се зборува за една девојка која после дипломирање има закажано интервју за работата од нејзините соништа но нема да ја добие.Таа има најдобрат пријател кој е заљубев во неа.Една вечер таа беше договорена со него но таа имаше привремена работа и со колегата кој и е всушност комшија заедно отидоа на плажа и се вратија доцна навечер.Нејзиниот најдобар другар ја чекаше и на некој начин го преќина пријателството со неа.Помина извесен период таа ја доби посакуваната работа,но во меѓувреме тој се спремаше на пат во NY.Понатаму не ви кажувам... Spoiler
Mr.Poppers penguins Лесно филмче за релаксација и за смеење Кој е љубител на слатки фаци на животинчиња нека го погледне Spoiler Леле кореографијава Закон!!!
SHERLOCK, The Reichenbach Fall Третиот филм од втората сезона - magnificent :up: http://www.imdb.com/title/tt1942614/
Филмов е преработка на францускиот Le dîner de cons од 1998 година, кој според мене е мноооогу подобар од холивудската верзија: http://www.imdb.com/title/tt0119038/
What's Your Number? 7/10 Комедија | Романса Очекував малку повеќе...али добар е. Некако баш ми е онака чик филмче. И за разлика од многу филмови кои се декларирани како комедија, а немаат ни к од комедија, овој филм навистина е тоа. Ана фарис ми е слатка и мила како и секогаш. http://www.youtube.com/watch?v=j9stplJF1ek
Ќе го гледам, штом е твоја препорака Инаку, новата доза денес ја примив преку : In Her Shoes (2005) Не го замислував ваков, искрено, се надевав дека ќе биде барем за нијанса подобар. Просечен. Две сестри кои тотално се разликуваат, живеат различни животи, но сепак ги спојува семејството на еден или на друг начин. Нема некоја значајност па ни поврзаност насловот, освен што едната на другата буквално и ги сака и и ги носи штикливе а другата пак не ги ни сака ниту носи. 5/10
Carlitos Се работи за дете оф фом, кој сонува да стане фудбалер.Но директорот на домот тоа не го дозволува.Сепак благодарение на негов професор тој успева да му се спротивстави на директорот,....што се случува и дали ќе успее погледнете и самите
American Beauty (1999) Само што го изгледав.. затоа што видов, дека го фалите.. Немам зборови, уште сум под влијание на филмот, незнам ни јас. Некако, дефинитивно невообичаен американски филм. Толку реален, а толку чуден. Некако тие 2 часа, ми поминаа толку брзо, ни во еден момент, не ни помислив да го исклучам. Незнам како да го опишам, малце како да влијае на психата. Незнам. Но, сепак би рекла дека е добро, невообичаено, чудно, реално, филмче..
I Spit on Your Grave (2010) 108 min - Crime | Horror | Thriller Интересен филм, само некако многу експлицитни и брутални сцени има. Главната актерка е прекрасна, одлично одглуми. Во секој случај, добро смислена и спроведена одмазда. Секој си го доби заслуженото. Spoiler Ме интересира само што се случи со ќерката на шерифот на крајот. Оценка: 7.5/10.
Meet the Robinsons Не е најдобриот цртан на Дизни, но е интересен и прилично шарен. Мислам дека ќе им се допадне најмногу на најмалечките, сите сакаат да се ѕверат во шарени работи на екранот. 6.5/10
Го немам гледано филмов, но од што имам читано критики по нет мислам дека насловот е баш погоден затоа што со оглед на тоа што двеве сестри се потполно различни, единственото нешто заедничко им е бројот на чевли. Back to business, синоќа си го догледав Пингвините на г. Попер. Убаво се изнасмеав со налудничаво излудувачки смешната глума на Џим Кери. Кои фацијални експресии ги има, створен е за комедија човекот! Убава комедија, без многу глупирања. Spoiler Мислам, човеков чуваше 6 пингвини во стан. Поголемо глупирање од тоа - АМИН! Замрзнати (2010) Драма, повеќе накај трилер со Ед Акермен, Педер Мелхјуз, Кејн Ходер, Шон Ешмор, Кевин Зегерс, Рајли Вандербилт и Ема Бел. Режисер: Адам Грин. Љубопитноста ме натера да го гледам. Мислев дека ќе биде некој си таков морничав и здрмувачки хорор-филм кој ќе ја задоволи мојата потреба за хорор. Spoiler Двајца момци и девојка ќе заглават на жичара среде ноќ во недела навечер. Луѓето кои работат тука нема да дојдат дури до петок. Среде планина се, па мора сами да се снаоѓаат некако за да се спасат. Blah blah blah blah... Очекував добри и ненадејни страшни сцени, а добив само добро обогатени со крв сцени. Гаден ми беше на моменти, кој не може да гледа крв и слични работи, нека не го гледа. Нит ми беше страшен, нит напнат. На моменти ми беше досаден, ми доаѓаше да го исклучам и од што ми беше досадно сама си правев сценарио и си се смеев. Дефинитивно сум очекувала премногу.