Интересен филм и глумците се супер Очекував многу повеке од комчар како Бин Филмот е акција но не е многу смешен (многу малку)... лесно филмче за тепање време
Ramona And Beezus Мало девојче кое сакајќи да помогне, прави безброј глупости.Истовремено се разочарува дека сестра и е феноменална, а она небила(но таа тоа така го сваќа).Семејно и убаво филмче за релаксација. http://www.youtube.com/watch?v=gsspoW7rSR4
The Number 23 (2007) Прв пат, се решавам да гледам ваков тип на филм. И во овој случај, не се разочарав воопшто, баш спротивно воодушевена сум. Вистина е дека, на моменти ми фуфкаше, но сепак не е многу страшен. Дефинитивно на Џим, му лежат и вакви типови на филмови. Трае околу час и 40тина минути, но ни во еден момент, не станува досаден. Неизвесно беше се до крајот, не ни очекував таков крај всушност. Сепак не би сакала да откривам многу работи, само ќе кажам почетокот.. Би го препорачала, затоа е што е одличен. Spoiler Се работи на човек, којшто за својот роденден, добива книга, како подарок од неговата сопруга. Меѓутоа, станува опседнат со книгата, и со бројот 23.
I Now Pronounce You Chuck & Larry (2007) A јас ве прогласувам за тупаци на годината, слободно можете да се фрлите од прозор, амин Адам Сендлер почнува да ме разочарува, како да го губи стариот сјај, но сепак и идеата на филмот е многу глупа, барем мене ми беше Јесика Бил како вишок да ми беше, или пак капаче на глупавоста. Незнам немам нинакви импресии од филмов, подобро да го скокнете, нема ништо да пропуштите. Не препорачувам. 2/10
Истиот впечаток го добив и јас за овој филм.Го гледав до средина,и се одлучив дека е доволно според дотогашната содржина на филмот.Стварно не ја сватиф поентата.
Tangled Дизни не прави промашај, а ова дефинитивно е еден од нивните најдобри анимирани филмови. Интересна, невообичаена приказна зачинета со многу хумор, но и емотивни моменти. Ви го препорачувам Spoiler
Going the distance Мислев нешто малку од малку занимливо ќе биде ама ништо од бизнисот. Релативно глуп филм со без врска приказна за две постојано напалени створења кои си играат нати го, дај ми го. Единствено се порадував на Џастин Лонг и неговиот задник. 1/10
The Holiday Тек сега го гледав филмов. Многу ми се допадна. Има преубава приказна.Би го гледала пак. Накратко: Две девојки ги заменуваат куќите за Божиќ но тоа ќе ги промени нивните животи. За тие што го гледале Spoiler Пуштив солза кога поминуваше стариот писател Артур и сите кога му ракоплескаа. Не очекуваше дека ќе има толку луѓе што се воодушевуваат од него,душиче Омилен дел ми беше со Ајрис кога конечно го отараси од животот Џаспер.
The Core Многу ги сакам ваквите филмови па затоа ми се допадна многу , според мене е преубав 10/10 Сличен е на филмовите поврзани со Марс и месечиата , дел од екипажот умира , 2 остануваат живи , се појуваваат компликации но сепак ја постигнуваат целта...
Обично не преферирам фимови за кои се дига многу галама но дека овој шпански и ми беше еден вид предизвик да го гледам без никаков превод Добар филм баш ми се допадна.Глумицата не ми се допадна многу но не е лоша, за разлика од глумецоткој е коска... Spoiler Дека шпански и не очекував таков крај обично сите шпански серии и филмови се со хепи енд.Но овојј
Сидни Вајт Убава лимонатка за опуштање. Spoiler Ќерка на водоводџија се запишува на колеџ и сака да влезе во истото сестринство во кое членувала нејзината почината мајка. Но.... еве ова и‘ наидува на патот. Стандард американски филм каде едната девојка е богата, уфилмана, немилосрдна и сите се палат на неа (и плавуша е ). Другата е тотална спротивност, па сепак главниот машки лик во неа се заљубува. Арен беше за пред спиење. И + ми се допадна презимето на оваа на сликата, ептен метафорички, како во Victorian fiction.
A beautiful mind Филм кој долго време ми беше на листата за гледање и конечно пред некој ден го фатив на тв. Се работи за биографска приказна за математичарот Џон Неш, неговата работа и борбата со неговата болест-шизофренија. Мене многу ми се допадна - приказната, глумата, музиката. Spoiler И малку си заплакав на крај
Shrek сите 4 во комплет Spoiler http://www.imdb.com/title/tt0126029/ http://www.imdb.com/title/tt0298148/ http://www.imdb.com/title/tt0413267/ http://www.imdb.com/title/tt0892791/ Се пресмеав, вака добро долго се намав смеено Првите два ми беа предобри, па и третитот. Четвртот не ми беше баш по мерка, но сепак и тој беше добар! Најомилен лик донки, се превртев а ова мачорчево неверојатно Се на се комедија на ниво, загарантрано ќе умрете од смеење, во првот со донки и шрек, ама во вторта и третата донки и пус Дестака им давам, умешност е да насмееш деца од по 7-8 години и 21годишни-деца
My fake fiance Го гледав откако го видов на темава. Интересна романтична комедија, супер ми се актериве, стварно ми се добри ко пар, си одговараат . Иако е лимонатка сепак мене ми е најдобра лимонатка што сум ја гледала во последно време, ми остави впечаток. 9/10