Ви посакувам да уживате во глетката на глумецот. Фала на вниманието ... http://www.imdb.com/title/tt0489099/
Секси Рајан Малце изненади со крвавите сцени, затоа што дејствието се одвиваше така некако тивко и полека, што мислам дека баш тоа му даде шмек на филмчево. Мене лично баш ми се допадна. Оцена 8/10
Love actually - поглуп филм, здравје! Бадијала утепав 2 саати и повеќе. Воопшто не ми се допадна. Ок, ја сфатив поентата за љубовта насекаде, но многу ликови, измешани приказни.
Приказна инспирирана од вистински настан за една девојка-номад од Сомалија која станува познат топ модел. Таа побегнува од дома и се труди да преживее во една за неа непозната земја. Поради обичајот во Сомалија, жените да бидат обрежувани, таа се справува со теши физичи и психички болки, но затоа кога ќе успее таа ќе се потруди да ги смени овие обичаи и да им помогне на жените таму НАЈУБАВИОТ ФИЛМ ШТО ГО ИМАМ ГЛЕДАНО НЕКОГАШ... оценка 10/10
Chalet Girl Барав лесен филм, за опуштање, со кој ќе се одморам. Овој е баш таков, лимонатка . Нема што да се коментира, филмот не нуди ништо, може само да ве релаксира и да уживате во прекрасните пејсажи од снег. Единствена забелешка имам за актерката. Страшно антипатична и нешармантна девојка. Можеле подобра да најдат .
Monte Carlo Интересен филм... млада дама, нејзината сестра и нејзиниот најдобар пријател ги користат нивните заштеди за долгоочекуваното патување од соништата до Париз, кое се претвора во огромно разочарување. Кога решаваат да се одморат од нивната лузерска турнеја и да влезат во лобито на луксузен хотел, една од нив е помешана за разгалената Британска кралска наследничка. Пред да добијат шанса да го откријат нивниот вистински идентитет се наоѓаат замотани во погрешни авантури за време на нивниот одмор во Монте Карло…
Tommy Boy (1995) Сум кажала сто пати, и ќе се повторам, ОБОЖАВАМ стари филмови од сите жанрови, просто ми се незаменливи, стопати пооригнални по смешни! Искрено се сомневам дека ќе се најде човек кој не го гледал филмов, па минимум 5 пати, јас го имам гледано 100,и денес 101 Бог да го прости Chris Farley, ама нема побудала и посмешен од него, срцка буцската Како може да не ти биде симпатично вакво лудо мече Давид Спејд не ми е нешто омилен во последно време, но порано бил позвер Ви препорачувам пак да си го гледате, а за оние кој не го гледале незнаат што пропуштаат 8/10
Dream House 7 / 10 Spoiler Peter Ward е ментален пациент кој неодамна замина во психијатриска болница. Пет години порано, неговата сопруга Елизабет и ќерките Беатрис и Кетрин беа убиени во нивниот дом.За време на нападот, Петар бил застрелан во главата и така тој нема сеќавање за убиствата. Значи тој го има заборавено сето тоа што се случило и создава свој свет во кој неговото семејство е во ред и се среќни.Во тој свет, е успешен издавач на книга по име Will Atenton, Елизабет е Libby Atenton, Беатрис е Trish Atenton, и Кетрин е Dee Dee Atenton. Ова е местото каде што филмот ќе почне, а вие ќе бидите наведени да верувате дека Atenton и неговото семејство се реални.
The Italian Job Оригиналната верзија од 1969 год. со Мајкл Кејн и Бени Хил во главните улоги. Ми се допадна, но не колку римејкот со Марк Валберг и Шарлиз Терон. Многу малку филмови од овие времиња ми фаќаат окце, јас сум повеќе за модерното време. Овој има интересни моменти, британски хумор и мини морисите се преслатки. 5/10
Awake Ау. Не очекував вакво нешто Филм кој дефенитивно ќе ве замисли за вашето здравје, сигурноста во докторите и вербата во личноста до вас Накратко: Spoiler Станува збор за младиот Клеј кој има проблеми со срцето и неопходна му е трансплантација. Живее со својата мајка и има скришна врска со нејзината асистентка Сем. Една вечер решава да се венча со својата девојка и веќе наредниот ден добива повик од болницата дека најдено е срце за трансплантација.
Sophie's choice По толку изгледани филмови не мислев дека филм може да ме потресе толку како овој. Трае прилично долго, 2 и пол саати и после првиот пола саат некако и ми стана досаден. Но после, о после. Филмов е приказна поттикната од Втората Светска војна, поточно соочувањето со минатото по војната. Прво бев збунета што е всушност изборот на Софи и на крај кога сфатив, во 3 и пол ваква бев . Немам зборови за да го опишам филмот. Мерил Стрип, Кевин Клајн, Питер МекНикол ви влегуваат под кожа. Искрено не би можела пак да го гледам филмов, бар не во блиска иднина од тоа колку ми удри на психа. Кој сака филмови со содржина, без циле-миле драматургии нека го гледа. Висока 10,
Two weeks notice Интересно филмче за опуштање. Cold prey Обожавам вакви филмови !! Spoiler 4ца пријатели ќе одат на зимување,еден од нив ќе ја скрши ногата и ќе мораат да одат до најблиското место каде ќе може да легне и така го наоѓаат Хотелот на злото кој е напуштен уште пред многу години.. Но дали е сосема напуштен? Оценка 10/10 Final destination 2 Уште првиот дел од мојот омилен филм ми остана Сите сте гледале барем еден дел и знаете за што се работи, нема потреба да објаснувам. Оценка 10/10
Toast Базирано врз вистински настан, доловува дел од детството на познатиот британски шеф Најџел Слејтер. Интересно филмче, устата ќе ви заклокоти од сите убави јадења. Фино и лесно. 6/10
во друга тема пишав дека ќе постирам само филмови што ми се допаднале, па така... Паранормална активност 3 сите ги имам гледано и за разлика од првиот дел кај што имаше само една страшна сцена, во вториот ниедна, е ова е веќе нешто друго. цели 90 минути си напнат и во исчекување. дефинитино добар!
The Dolphin Hotel invites you to stay in any of its stunning rooms. Except one. 1408 (2007) хорор/трилер со Џон Кјузак, Семјуел Л. Џексон и Мери МекКормак Ниту убаво, ниту многу страшно искуство. Spoiler Сценариото е напишано врз основа на еден краток расказ од Стивен Кинг. Се работи за еден реномиран писател на хорор-романи, Мајк Енслин (Џон Кјузак), кој верува само во она што ќе го види со свои очи. После низа на бестселери преку кои ги дискредитира паранормалните појави во најозлогласените опседнати куќи и гробишта во светот, тој се исмева со концептот за живот после смртта. По многуте долги и осамени ноќи на Енслин во кои не успеал да детектира ниту едно фантомско привидение, животот засекогаш ќе му се промени откако ќе се смести во соба 1408 во озлогласениот хотел Делфин поради неговиот најнов проект, Десет ноќи во проколнати хотелски соби. Не слушајќи ги предупредувањата на хотелскиот менаџер г. Олин (Семјуел Л. Џексон), авторот е првата личност која после многу години ќе престојува во собата за која се зборува дека е проколната. Are you ready to checkout? Ок е филмов, солиден, добра приказна има, добра хорорска тематика. Страшен баш и не беше, иако признавам дека кога потоа одев во вц (сама бев во станов), трчав со брзина на светлината до најблискиот електричен прекинувач Го препорачувам. Башка, паѓам на Џон Кјузак и на неговата налудничава глума.