Toast Мислам дека го имаше уште некој пишано пред некој ден, а мене ми стоеше во компјутер па викам ај да го изгледам. Интересно и невообичаено. Вакви филмови со готвење многу ме инспирираат да готвам, па сега барам рецепт за Lemon meringue pie. На моменти ми беше доста бавен, некако како ништо посебно да не се случуваше. Фреди Хајмор е дефинитивно еден од најквалитетните актери на оваа генерација, сепак има снимено два филма со Џони Деп нешто и од него превзема. Хелена Бохнам Картер ми е идол. Жив пример дека можеш да успееш во Холивуд и ако не си Барбика и да одбираш навистина добри филмови. солидна 7/10
Tinker Tailor Soldier Spy Дејствието се одвива во седумдесетите години. Главниот на британската разузнавачка служба МИ6 ке поднесе оставка по една неуспешна операција и ке испрати во пензија еден од агентите. Агентот George Smiley (Gary Oldman) ке биде вратен во служба од владин представник кој ке му даде задача да го пронајде шпиунот во редовите на МИ6. Крими драма / трилер. Прекрасни глумци! Gary Oldman одлично го игра ликот на агент кој целиот век го поминал во тајните служби. Доволно е само неговото присаство во празна просторија да почуствувате интензивна ситуација. Во неколку случаи има дијалози кои не се јасни бидејки нема никаков увод во муабетот но тоа е поентата - тајна служба и спукс Ми се допадна, 9/10.
The Last Song (2010) Drama | Romance Добра приказна-слаба реализација. И толку немало никоја друга актерка па морале Мајли Сајрус да ја земат? Ич не знае да глуми и жими мама погрда нигогаш во животов не била, и не само на изглед туку и такво некое машкуданско безвезно понашање и став има, чудоо е Одвратна ми беше! Додека пак братчето нејзино, срце
Се работи за девојка која упорно бара работа, а истовремено и има мини проблеми со својата љубов.Убаво филмче. Еве го и трилерот: http://www.youtube.com/watch?v=iFR4SgfqAFc
A Good Old Fashioned Orgy Во кој било од останатите денови би ми бил благо ретардиран. Но вчера расположението ми беше чукнато, па така некако ми се допадна. Забавен и на моменти дури и смешен. Ама останува фактот дека има нешто ретардирано во филмот. Но ок е, сум гледала и бетер комедии. 6/10
Како почна првите 10тина минути си реков промашај ... но како продолжи дејствието ме заинтригира. Добар филм. Од мене 8/10 Детектив ќе открива/истражува убиство ... но на каков начин погледнете го филмот
Trespass (2011) Одличен трилер на Џоел Шумахер во кој играат Никол Кидман и Николас Кејџ. Станува збор за една богата фамилија која живее во екслузивна куќа лоцирана некаде во шумичка затскриена со висока порта и аларм со шифра. Таткото е богат бизнисмен брокер на дијаманти а мајката веројатно домаќинка. Тие имаат ќерка тинејџерка која се обидува да побегне од дома и да се прикради на журка кога четворица униформирани лица со маски влегуваат во куќата и бараат се што има во сефот. Понатаму се разоткриваат личностите и дејствието тече неочекувано, во смисла: When terror is at your door, you can run, or you can fight.
Последно нешто што гледав е вториот дел од Sherlock Holmes: A game of shadows. И како и од првиот и од овој дел сум прилично одушевена, нормално најмногу од глумата на Роберт Дауни Џуниор. Сметам дека прекрасно го игра главниот лик. Интересен е, секогаш комичен, па кој ги сака авантурите на Холмс, верувам дека ќе му се допадне. Нема да откривам за што се работи, само ќе кажам дека моја оценка е 10/10
The next three days! Среќно семејство кое се уништува кога еден ден на вратата ќе затропат полицајците со докази против сопругата и мајката во куќата, дека таа ја убила својата газдарица. Како ќе реагира нејзиниот маж на тоа и колку ќе го жртвува својот живот за својата жена, видете сами. 8/10 :up:
Real Steel Интересно, по малку детско, би рекла сепак семејно филмче. Хју Џекмен е страшно секси. Ми лајк хим. Иако по малку со предвидлив развој на настаните, уживав во скоро 2 часа колку што траеше овој филм. Дури и солзиче пуштив, а не сум ни во ПМС, дем ит! 7/10
Во овој трилер станува збор за девојка која е сведок на убиство на своите родители во Богота,но со текот на своето растење станува ладнокрвен убиец,таа работи како атентатор за својот вујко,но во слободното време убива и се осветува на поврзанта мафија која го распарчи нејзинотот семејство а целта и е да го најде гангстерот на мафијата...што ќе се случува понатаму откриете сами....во секој случај вреден е за гледање.... Во него глуми згодната Zoe Saldana убавицата од Доминиканската република..... Кратко за него: http://www.youtube.com/watch?v=fLmNMWwW ... r_embedded
Crazy, Stupid Life, Да се разбереме..не го догледав Сериозно, ќе се деси ли нешто интересно, или дефинитивно да не го догледувам. Стигнав до моментот кога тој и признава на жена му дека спиел со 9 жени цело време сум со една мисла: ќе се случи ли уствари нешто во филмот???, вреди ли да се догледа?
Daybreakers Незнам шо ми се дешава, ама последно време само австралјански филмој гледам (изгледа зато шо сум нестрплива за Bait и Tomorrow When The War Began 2)....И конечно заклучив „Абе каков црн амерички, од австралјански филм подобар нема !!“. Филмов е од 2009 и е хорор/саенс фикшн, и иако е со вампири е предобар. Толку многу ме бендиса шо незнам.... Накратко ова се дешава во филмот: Spoiler Во 2019 поради појава на брзо пренеслив вирус, голем број од луѓето се претвораат во вампири. Поради нивната потреба за крв, тие станват доминантна раса над луѓето...а во меѓувреме научник врши истражување како да ги спаси луѓето. Оцена 10/10 !
The Double (2011) Пензиониран ЦИА агент е повторно активиран за да го пронајде убиецот на сенаторот и заедно со наметнатиот помлад ФБИ агент се во потрага по осомничените. Не би сакала да го откривам ништо повеќе и покрај тоа што рецензијата е премногу кратка, но филмов дефинитивно е нешто што вреди да се гледа. Одлична глума, акција без непотребни ефекти и возбудливо поминати 90 минути. My rating: 9/10 IMDb review Zamunda torrent Rogue (2007) Група туристи тргнуваат на крстарење во дивината кога налетуваат на разлутен крокодил и се приморани да се соочат со него. Искрено на почетокот не сакав да го гледам филмот зошто мислев дека ќе биде крвови, но среќа не испадна така. Не многу напнат филм, малку предвидлив и изненадувачки добар со оглед на тоа дека станува збор за филм за крокодили. My rating: 7/10 IMDb review Zamunda torrent
A little bit of heaven! Стварно ме бендиса филмот се зборува за девојка која има рак, дадени се последните месеци од нејзиниот живот. Не е како осатнатите филмови од овај тип бреди да се гледа
The Godfather I, II, III Конечно и јас да ги изгледам филмовите и досега не сум сретнала филм што трае 3ипол саати, а ниту за момент да не е досаден The Descendants Бре што нога има овој Клуни Се јавува во улога на татко кој додека жена му е во кома мора да се справи со двете ќерки, но истовремено открива и некои тајни што уште повеќе ја комплицираат ситуацијата. City by the sea Детектив работи на убиство за кое се открива дека го извршил неговиот син.
Чекај ме, ја сигурно нећу доћи - Или, Чекај ме, јас сигурно нема да дојдам. Српска приказна за депресивната љубовна хаварија и четириаголник од релации меѓу возрасни мажи и жени. Не ми остави посебен впечаток, иако има добра поента, дека црвливото општество денес ги разорува и најсилните љубови, семејства, пријателства.
A Good Year Улоги: Расел Кроу, Марион Котилард Многу ми бендиса филмов. Интересен, полн со саркастичен хумор пред сместено во Франција, и успут и виното. Spoiler Се работи за Британски брокер, кој после смртта на неговиот чичко ја наследува винаријата во Прованс каде всушност и го поминал своето детство. Најпрвин сака да ја продаде и да се врати кон стариот живот во Лондон, али постепено ја засакува работата. Успут се запознава со керка му на неговиот чичко за која напрвин мисли дека е тука да му ја земе винаријата, како и една девојка Фани, која ке се заљуби. Оценка 10/10 A Little Bit of Heaven Улоги: Кејт Хадсон, Гаел Гарсија Бернал Не очекував дека Кејт напрво ке се вклопи во ваква улога, некако не мислев дека доволно ке го долови ликот од страна на факто што е болна од рак, ваљда дека навикна на гледање филмови со неа кои се само романтични комедии, а не во овој случај романтична комедија со рак. Сепак малку е језиво за мене, некој толку оптимист до крај, иако знае што го чека, али ајде сепак е филм. Spoiler Накратко, се работи за девојка, која живее за моментот, за животот се додека еден ден не открие дека има рак. Не верува во љубов, а успут при нејзиното лечење го запознава човекот во кој се вљубува. Низ цел филм се бори се болесна, да остане позитивна, насмеана али факт е дека знае дека тоа нема да трае вечно. Оценка 7/10 Beowulf Улоги: Анџелина Џоли, Ентони Хопкинс, Џон Малкович, Реј Винстоун Позната нордиска приказна за Беовулф. Гледам ми беше филмот, ама кога го даваа на ТВ, го гледав пак, пошто ама баш ич не ми текнуваше крајот. Spoiler Беовулф, херој кој доаѓа во Данска да го убие суштеството по име Грендал, трол со супер слух кој ја напаѓа салата за прослава, или mead hall правилно секогаш кога Данците имаат прослава. При доаѓањето веднаш го привлекува жената на кралот. Тој го убива суштеството Грендал, и веднаш станува херој меѓу луѓето, меѓутоа пред него стои уште една тешка задача. Убивањето на неговата мајка, Грендаловата мајка. Беовулф подоцна ја има можноста пред него да ја убие, меѓутоа се наоѓа магепсан од неговата убавина и ветувања дека тој еден ден ке биде крал и се што треба да направи е да и подари син. Беовулф потпаѓа под нејзините верувања, се враќа во кралството и тврди дека ја убил мајката, меѓутоа кралот Хротдар кој поминал низ истата ситуација, знае дека не ја убива, но ослободен од неговиот товар (како татко на Грендал суштеството, каде признава дека и тој се нашол во иста ситуација со мајката) се убива, а притоа јавно ја дава круната на Беовулф. Подоцна низ годините Беовулф, го проширува своето кралство се додека еден ден неговиот син/змеј од (вештерката) или мајката доаѓа во кралството да ги убие сите. Беовулф во убива, и на крајот од филмот е прикажано како неговиот најдобар другар ја наследува круната, и тој заедно со неговата кралица и љубовницата на неговиот погреб го гледаат Беовулф на бродот полн со злато, не се запалува и постепено гори. Пред умирање Беовулф пробува да му признае на неговиот другар дека никогаш не ја убил мајката и дека цело време лажел но тој одбива да поверува се до последната сцена каде тој гледа додека гори бродот мајката како приоѓа до телото на Беовулф, го бакнува и неколку минути подоцна бара од него да и се придружи. Оценка 10/10 50/50 Улоги: Џосеф Гордон Левит, Сет Роген Не ми е јасно како филмот има толку голема оценка на IMDb. Ми беше досаден, нема ми да се мачам да го објаснувам. И другарму претера со пцовките и легнувањето. Оценка 2/10
Forget me not Spoiler Трилер ... типична приказна но ок е. Може да се гледа.7.5/10 Наводно при една игра меѓу тинејџери се случува нешто на едно од девојчињата, кое покасно како сениште се враќа и еден по еден ги брише од живи ... Погледнете го ако ве интересира што всушност е приказната.
The patriot.Глуп филм.Дали дека го гледавме цела стаја и имаше многу галама па неможев да се внесам во филмот,дали дека мене не ми се свиѓаат вакви историски филмови сепак не го препорачувам.