Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    A Dangerous Method

    [​IMG]
    Значи прекрасен филм! Психолошки доколку сакате да погледнете и ако ве интересира овој жанр.
    Голема поврзаност со мислењата на Фројд и Јунг.
    А главната улога Keira Knightley ме изненади. Како оргинално ја одглуми својата улога, немам зборови.
    Чиста и заслужена 10ка!
     
    На vitamince и Mayyya им се допаѓа ова.
  2. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    [​IMG]

    Рretty woman
    Чиста романтика, со преубавиот Ричард Гир.
    Ох леле феминки....каков е во филмот
    оргазмично добар е :lol:
    лиги да ти потечат.
    Убаво филмче за еден милјардер кој се запознава со проституката Вивен, а таа доживува права трансформација ;)

    http://en.wikipedia.org/wiki/Pretty_Woman
     
    На mims-89 и Srekicka им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Филм за релаксација, ништо посебно, но добар е за некое досадно попладне.
    Претпоставувам веќе добро познат наслов, се работи за ќерката на д-р дулитл, која сака да студира ветерина, но 7 години и се гледа како голем периодза да чека до пружањето на својата помош на животните, па избира една варијанта за тв шоу, за кое не е свесна дека е стапица, за менаџерот да мо
    же да профитира....на крајот ќе видите што ќе се случи
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    [​IMG]

    Litlle Man

    По напуштањето на затворот, џуџето Калвин Симс се приклучува во мисијата на неговиот брат Перси да украдат голем скап дијамант. По кражбата, нив ги брка полицијата а Калвин ќе го скрие дијамантот во чантата на Ванеса Едвардс, чиј маж Дерил многу сака да имаат бебе. Тогаш Перси го убедува Калвин да се облече како бебе и да го остават пред вратата на семејството Едвардс со цел да си го поврати скриениот дијамант. Сепак работите излегуваат од контрола кога Дерил и Ванеса одлучуваат да го посвојат малото “слатко” бебе.
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    [​IMG]
    Gigantic

    Филмов решив да го гледам заради Зои Дешанел и главниот дечко кој глумеше во Детроит Рок Сити, еден од најповторуваните филмови на Тв1000. Е сега дали затоа што ми се спиеше дали можеби оглупавувам ама јас филмот не го сфатив. Ништо не ми имаше поента, смисла и логика. Ако го има уште некој гледано најсериозно го замолувам да ми го објасни бидејќи во живот не сум била позбунета.

    Приказната е за еден дечко кој сака да посвои кинезинче иако живее сам и има 28 години, ова му е живот сон бидејќи родителите му се многу стари ама витални. Има еден бездомник кој упорно го напаѓа цел филм, појма немам зошто. Се убацува и еден дебел богаташ кој сака да купи кревет, а нашиот главен лик продава кревети. Богаташот има кревет во кола (боже ми помози). Ќерката на богаташот се вљубува во главниот лик и он во неа. И не знам веќе што.

    Нема оценка за филмов.
     
  6. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Денес решив да неом на училиште...па дома пред и по ракомето си се занимавав со Final Destination филмојте, кој ги гледам по 20 пат. Морам да кажам дека дури сега забележав колку голема моќ и колку силно психички делуват шо те прат параноичен...пример сега страв ми е во ВЦ да одам, а не да земам јадење да си напрам :/
    Иначе за филмојте: Имат предобра приказна шо не станва досадна ни по 5 филмој. Актерските екипи во сите делој се топ... Според мене најдобар е третиот дел, само заради начинот на умирање на луѓето xD. Се на се вреди да се гледат, само со усул и со голема самоконтрола и присебност...иначе после ела мрдни од место да те видам !
    Оцена 10/10 (за сите дела) !
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Тhe Iron Lady
    Филм за Маргарет Тачер, позната како Челичната лејди, која била првиот женски премиер во Обединетото Кралство во 80тите години минатиот век.
    Мерил Стрип за оваа улога е номинирана и за Оскар годинава :)
     
  8. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Babysitters

    Девојката е бебиситерка ама и се допаѓа мажот од семејството во кое го чува детето. Ја губи невиноста со него и он и плаќа и она ги вовлекува и нејзините другарки и станува еден вид макро...
     

    Прикачени фајлови:

    • babysitters.jpg
      babysitters.jpg
      Големина на фајлот:
      56,8 KB
      Прегледи:
      383
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    [​IMG]

    интересна акција,ке ви откријам само н еочекуван крај и прекрасна финта со куршуми,само кој сака вакви филмови со малку фантастика ке му се допадне

    9/10
     
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Seeking Justice

    [​IMG]


    трилер во права смисла на зборот. сосема неизвесно до самиот крај. :up:


    http://www.imdb.com/title/tt1214962/
     
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Вчера гледав три по ред.
    Bridesmaids
    Филм кој никогаш не би го препорачала.
    Две најдобри другарки од нив едната се свршува, додека на другата животот и е катастрофа. Оваа што треба да се мажи има и една друга другарка, па се јавува љубомора меѓу другарките на невестата. И така филмот се влечка безпотребно два саати. Ви го троши времето.
    Убавицата и ѕверот
    Двата дела. Цртаните филмови од 1991 и 1997 година. Првиот далеку подобар од вториот.
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    [​IMG]
    Amelie
    Одамна го немав гледано. Го симнувам вчера и брат ми ми вика, Кај ти текна на филмов, па 100 пати го имаме гледано. И стварно како мали овој и Матилда редовно ги земавме од видеотека. Јас упорно и ден денес јадам малини како Амелија. :D

    Еден од најубавите и најисполнувачките филмовите. Толку фантазија, толку бои, толку надеж. Кој го гледал знае, кој не го гледал нека се искорегира.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    The Blade Trilogy
    [​IMG]
    Сите кои сакаат адаптација на стрипови и sci-fi ќе им се допадне.
    Филмот е со брзо дејство, што мене лично секогаш ми се допаѓа, мразам, бавност и развлекување.
    Весли Снајпс е скроен за улогата, вистински го доловува ликот на Блејд.
    Како и во секоја трилогија, првиот дел е најдобар, вториот е исклучително грозен за гледање (што не е ни чудно, откако видов дека го режирал Гиљермо дел Торо), а третиот е најкомерцијален.
    Сепак уживав во сите три делови, предобри акциони сцени.
    Вкупна оценка за сите: 7/10

    The Fountain
    [​IMG]
    1. Дарен Аронофски е изопачено човече
    2. Хју Џекмен ми е ол тајм феворит, а се' уште не гледам грам убавина во Рејчел Вајс
    3. Фино ја сфатив поентата, барем мислам дека ја сфатив, ама преку таквото од вакви длабоко филозофски филмови. Не ме расположи, не ме усреќи, просто ме растажи. Ме натера да размислувам дали е навистина лесно да се помирите со смртта на саканите, што има после смртта, а мразам кога размислувам на таа тема. Се полнам со тага и депресија. Не би го гледала пак.
    4. Наспроти тагата која ми ја предизвика филмот, наместо утеха, од друга страна пак изобилува со смирени тонови , прекрасни кадри и фина атмосфера.
    6/10

    Party girl
    [​IMG]
    Ова е типично филмче од деведесеттите, чукнато, будалесто и шармантно.
    Онака, лесно за забава, ништо over the top.
    Паркер Пози ми е една од најфините фаци во Холивуд. Глуми со невидена леснотија.
    Приказна за девојка која обожава забави, се до моментот кога ќе започне да размислува - што понатаму со животот?
    5/10

    The Man in the Iron Mask
    [​IMG]
    Филмот има дрим тим актери.
    Сите врвни и сите до еден уверливи и достојни за улогите.
    Приказната нормално е далеку од оригиналот на Дима, но е многу интересен, нема ни да почувствувате кога поминале два часа.
    Дијалозите се супер, костимите прекрасни, филмот е просто квалитетно потрошено време.
    Не ја сфаќам толку ниската оценка.
    8/10 од мене.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    [​IMG]

    Го гледав денес и овој филм, мислев дека ќе има некој интересен расплет или ќе има нешто поучно, но освен секс на старци со малолетнички не успеав да видам ништо друго. Глумата на девојката може да се изедначи со мизерија, всушност и ликот кој го глумеше ми беше одбивен.

    My rating: 2/10

    IMDb review
    PirateBay Torrent
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Zoolander (2001)
    Супер филмче, само морам да признаам, очекував маалце повеќе, со оглед тоа тоа, дека кога ќе се спојат овие двајца, се знае што се добива. :rofl: Но, сепак не сум разочарана. Не би знаела како да го прераскажам, но би го препорачала. :)
    [​IMG]
     
  16. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Abduction = Киднапирање
    Трилер, центриран на младо момче (Нејтн) кое тргнува да ја открие вистината за својот живот откако се пронаѓа себе си како мал на веб-сајт за исчезнати деца.
    [​IMG]
     
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  18. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    red
    interesen film malce smesen malce akcija ama mislamod tolku dobri akteri ovojpat ne odglumija nesto mnogu dobro
     
  19. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Последен филм што го гледав е "Twilight". Има 4 дела, преубав е, ме остави без зборови,вреди да се погледа :)
     
    На caki.83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    New Year's Eve.
    Незнам зошто доби лоши критики, мене ми се допаѓаше. Имаше по малку здодевни моменти, но љубовните приказни беа интересни. Добри беа паровите, освен Мишел Фајфер и Зек Ефрон. :D Но сепак ваму, таму, слатки беа.
    7/10