Spoiler Маријана е убава и 25 годишна девојка.На 16 години нејзината кратка љубовна афера со шефот на татко и се претворила во траума.Татко и на Маријана не направил ништо за да ја заштити...за молчењето ке добие од својот шеф прилика за брзо напредување и учествување во скапи илегални абортуси.Маријана ке го запознае Вања,скулптор од предградието...ке се заљуби во него... му давам 10 ...добар филм
The Love Guru ~http://en.wikipedia.org/wiki/The_Love_Guru Филм со содржина за опуштање. Па комедија и каква може да биде освен да те насмее.
Гледав еден филм на тв но не видов како се вика.Содржината му беше како копија од 300, интересен беше беше како сплет на старо и ново време со тенологија интернеет американски идол и наместо борба тие практикувааборба во движење и слични такви комичнис итуации,ако знае некој како се вика нека ми каже
Ratatouille Го немав гледано, а добра анимација не се пропушта. Оригинална приказна, типично Дизни со супер соработка со Пиксар. Очекував повеќе храна да има и малку повеќе музика, ми фалеше тоа некако. Многу смешни сцени, дома не им беше јасно што гледам. За неделно попладне совршено одговара, после ручек. 7/10
Heat Постар филм за една криминална група која полицијата долго време се труди да ја фати, но и како работата може да влијае на приватниот живот. Глуми и Натали Портман, во филмов е девојченце, 15годишна The Double Веќе е пишувано за филмов, моја единствена замерка е што некои работи прерано се откриваат, ама сепак и на крајот не сме останати без ништо
Happythankyoumoreplease Дејството се врти околу различни млади луѓе, пријатели, сите со различна перцепција за љубовта и среќата, сите во потрага по истата. Мене ми се допадна страшно многу, интересни карактери, млади актери, убави моменти и одличен развој на настаните. Некако многу реален, со приказни што допираат до гледачот. Од друга страна на дечко ми му беше досаден, така што , веројатно е тоа кој колку внимателно ќе гледа и ќе се внесе во приказната. Јас препорачувам. 8/10
Bridget Jones The Edge of Reason Што да се каже, шарматна, помалку откачена, во свој стил исто како и во првиот дел. Една и едниствена, Бртиџит Џонс.
Election (1999) Добро и доста интересно филмче! Добра актерска екипа, Витеерспун ми е најсрцка секаде и секогаш, Бродерик никогаш не ми паднал посебно во око, но тука беше одличен! Филм за борбеноста и амбициозноста на една млада средношколка, која ги крши правилата уз пат до својот успех и еден збунет професор кој обидувајќи се да ја поправи и исправи неправравдата, самиот прави глупави грешки. -мало ама техничарче Само некако не ми се допадна крајот, или јас барем не очекував така да заврши. 6/10
Stop! Or My Mom Will Shoot! Прекрасен филм.Акција,комедија и љубов Spoiler Се зборува за еден полицаец.Неговата мајка доаѓа на посета и од тука почнува целиот хаос Таа му помага за неговата девојка,но тој не сака.Потоа за поклон му купува пиштол(илегален). Се бараат тие што продаават илегална роба...Ептен интересен филм Според мене има 10-ка
The Sweetest Thing ~http://en.wikipedia.org/wiki/The_Sweetest_Thing Смешен и поучен за љубовта. Како и секоја друга љубовна комедија има лесна содржина, релаксирачка и опуштувачка и happy ending. Вреди да се погледне.
Coyote Ugly Многу интересен филм според мене, интересна приказна, многу згоден дечко глуми и добри песни се вртат во филмов She's the Man Малку да се потсетам на тинејџерските денови морав. Али глумецов Channing Tatum ауу срцка ми е
Tangled Уште еден феноменален цртан на Дизни. Spoiler Се работи за принцеза која ќе биди украдена од нејзиното семејство поради нејзината коса, која свети кога ќе запее, но има и моќ да лекува, да подмладува...Лошата старица што сака да остани вечно млада ќе ја укради принцезата и ќе ја затвори. 18 години принцезата нема излезено од таа напуштена кула, но еден ден желбата да го види светот и лампионите кои се вивнуваат кон небото на нејзиниот роденден ќе надвладее и ќе ја напушти кулата...што се случува понатаму гледајте за да дознаете Мене многу ми се допадна и му давам 10/10 Препорачувам :up:
1.Limitless 105 min - Mystery | Sci-Fi | Thriller Многу моќна најавна шпица, мислев дека филмот ќе е УАУ.. Кога почна ме симна на земја - ништо посебно, за после некое време да ми го привлече ептен вниманието и да ми стане интересен. Се работи за писател кој немајќи инспирација ќе зема еден нов вид на дрога за да си ја зголеми продуктивноста.. btw каква работа би ми завршила таа дрога да ја имам.. Оцена: 8/10. 2.Priest 87 min - Action | Horror | Sci-Fi Филм за борба помеѓу свештеници и вампири. Некакво чудно вклопување на стар век, sci-fi и хорор се' на едно место. Ама ми се допадна. Крајот само како да не беше крај. Мислам дека е голема веројатноста да има продолжение. Оцена: 7/10. 3.Mr.Popper's Penguins 94 min - Comedy | Family Што да кажам, Џим Кери и се знае дека ќе биде комедија која ќе ве опушти и насмее. Многу ми годеше, ми се гледаше баш ваков филм и многу ми се допадна. Пингвините се ептен слатки. Сакам пингвин за домашно милениче. Оцена: 8/10. 4.A Serbian Film 104 min - Crime | Drama | Horror Ужас. На почетокот кажуваат дека ќе биде прикажано општеството преку овој филм. Мене толку ми се згади филмов што не сакам да размислувам за неговата порака. Некои сцени едвај ги изгледав. Многу експлицитност, бруталност, кршење на табуа и преминување на сите можни граници. Оцена: 1/10.
Seeking Justice 105 min - Action | Drama | Thriller За сите љубители на трилери,неизвесни до самиот крај, им го препорачувам филмов. Главната улога му припаѓа на Nicolas Cage. Кога неговата сопруга ќе биде нападната, еден човек му приоѓа и му нуди "исплатлива" освета,која ќе биде почеток на неговото вовлекување во матните игри на таа група на луѓе. Дали правдата ќе биде пронајдена оценете сами... Расплетот го очекував некако повозбудлив и малку ме разочара. Како и да е му давам оцена 8/10.
Spoiler Hugo Ух два саати, ни одличен ни просечен ... но сепак има некаква приказна. Од мене 7/10 Spoiler Малиот Хуго останува без татко му како единствена потпора ... па вујко ми кој патем е пијаница го зема со себе да живеат каде што работи, во внатрешноста на големиот часовник на железничката станица. Е прикажани се доживувањата на Хуго ... А симболиката со металното човече е проткаена низ филмот. Да не раскажувам ако имате нерви 2 саати да гледате филм, може слободно
Благодарение на некои феминки шо го препорачаја филмот...го гледав...можам да кажам дека е одличен...но за тие шо се плачки како мене не е уште плачам филмот е доказ како некогаш судбината знае да си поигра со нас... Remember.Me 9/10