хехехехехе можеби ќе ви звучи смешно,но јас штотуку гледав филм со Барби да девојка на мои години,но не ми е срам да признаам...знам дека и многу постари гледаат цртани се работеше за нешто помодерно,за модата во Париз,како таа успеа повторно да ја издигне модната куќа... интересен е кој сака или му е досадно нека го погледне аххх секогаш ќе си останам дете во душата http://kinoteka.mk/?p=7557
Sleeping with the Enemy Џулија Робертс во главната улога, заглавена во несреќен брак со нејзиниот посесивен и насилен сопруг. Ќе скрои план како да се ослободи од неговото психичко и физичко малтретирање... Неизвесен до самиот крај. Ми се допадна, филмчињата од 90тите имаат многу поинаква димензија, за разлика од сегашните. 7/10 Afterwards Започнува добро, при крајот е веќе провиден и малку досаден, како да се изгубиле во идејата. Наспроти сите мои надежи да не гледам филмови со оваа тематика која ме нервира, овој не го проверив и оп - се погоди таков. Филм за најголемата мистерија на човештвото - смртта и што понатаму. 5/10 Џон Малкович е добар, и главното типче заврши одлична работа. Само не го пишале на постеров, покрај оваа грдава.
A Good Year (2006) Comedy | Drama | Romance Лесно, релаксирачко филмче. Ништо посебно не ми остави впечаток освен виноградот, целиот имот Лепота Како би живеела на онакво местенце
Midnight in Paris Топло го препорачувам филмов, еден од подобрите филмови на Вуди Ален. Лесен филм, без многу мозгање Секој од нас во некој период од својот живот смета дека се родил во погрешно време, т.е дека би сакал да биде роден во некој друг период од историјата. Колку ние можеме да живееме со реалноста и она што ни го нуди, а истовремено, желбата за одреден историски период е толку силна, што во еден момент може да се најдеме таму, во минатото.
Турист Spoiler Александар Пирс е голем криминалец кој го прогонуваат 14 држави. Човекот е доволно паметен за да ги мота сите нив. Агентите се повеќе од глупави. Феномени некои. Елис е жената која што е заљубена во Александар и прави се што тој ќе и кажи преку писма. Не знам што друго да кажам за филмов, да не откријам битни детали. Ништо посебно. Ако не беа Анџелина и Џони филмот никој немаше ни да знае дека постои. Но, погледнете го. Убаво е да се гледа Париз, Италија, преубавото лице на Анџелина и извонредниот Џони.
Многумина од вас го препорачуваа Final Destination па решив да ги изгледам сите делови. Првиот беше океј ништо посебно, но останатите се сите со иста содржина, некоја си бледа копија на првиот дел, само со различни глумци. Залудно потрошени часови од моето време, не вредеше воопшто. Не препорачувам. 3/10
A VERY HAROLD & KUMAR 3D CHRISTMAS Сакам да кажам дека не треба да се залажете од краткиот клип на јубетубе кој се дава со големи шанси да ве натера да го симнете и да го гледатеее... (онака исто како и јас) Филмов е просечен - или под просечен нема ништо од она како што беше 1виот делл ... се прашувам до кога ке е марата основа за комедии во Америките???? Lost Christmas (2011) Spoiler http://en.wikipedia.org/wiki/Lost_Christmas содржина http://www.filmskabaza.com/sa-prevodom/lost-christmas-2011-video_e2a915c27.htmlлинк од каде го гледав Искрено сум изненадена од Драмата и идеата со која е направен филмов ... од почеток до крај морам да кажам дека е одличен .... јас изкрено го засакав детуленцево и сконтав некаде пред крајот што всушност се случува ... и кој е каде е и зошто е !!! 9,5/10 - моја оценка
The Bridges Of Madison County (1995) Ликови: Мерил Стрип, Клинт Иствуд Прекрасна романтична драма во која е претставена за огромната и "забранета" љубов меѓу фотограферот Роберт Кинкаид (човек-авантурист кој патува низ светот) и домаќинката Франческа Џонсон, по само четири изминати дена заедно, додека семејството на Франческа е на пат... Особено ме воодушеви филмот. Моја оцена е 10/10. Стварно прекрасен филм кој вреди да се види. (Уште не можам да се соземам )
Gamer Седнав да го гледам само заради Логан Лерман, пошто го обожавам. Филмот сам по себе не е нешто посебно (Пукање, акција..гејмерски работи- Научна фантастика), ама не е ни пропадната инвестиција како некој од новите филмој на Џоли, и Твајлајт.... http://www.imdb.com/title/tt1034032/ Оцена 5/10 Fast Five И овај седнав да го гледам само заради Пол Вокер ...филмот МЕ ИЗНЕНАДИ ПОЗИТИВНО ! Не сум фан на акција и бум-диш-бау филмој, ама овај е нешто фантазија. Иако е 2 сати вреди да се гледа ! http://www.imdb.com/title/tt1596343/ Оцена 7/10 Bigga Than Ben Ахх филмот...шо да кажам? Го најдов тотално случајно на нет, и реков „Без трејлер без ништо...седнуваш Маро и го гледаш !“. И не ми е мака шо седнав да го гледам, кај заради то шо хотито Бен Барнс е во филмот и збора со руски акцент ( ) туку и приказната е доста солидна. Добар е, ама за препорачвање баш и не ми е...освен ако не сте ко мене па да зјапате во Бен цел филм xD http://www.imdb.com/title/tt0831275/ Оцена 4/10 The Killing Of Caroline Byrne Уште еден во низата добри Австралиски филмој за кој што имам одвоено време да ги гледам. Како голем љубител на акцентот, а и начинот на обработка на приказната мене Австралиските филмој ме фасцинират... па така и овај филм ми остај силен впечаток. Праен е според вистинска приказна, и вистински настани поврзани со смртта на Каролин во 1995, која долго време полицијата го водеше како самоубиство..... (за поќе информаци гледајте го филмот !) Исто многу ме бендиса то шо со филмот успеав да си ја дооформам сликата за фантастичната млада австралиска ѕвезда Cariba Heine. http://www.imdb.com/title/tt1465471/ Оцена 9.9/10 Сега седнувам уште 3-4 да изгледам, па ке пишам пак
FAIR GAME Идентитетот на тајниот агент на ЦИА, Валери Палме ке биде откриен намерно а од кого, како и зошто, ви препорачувам да погледате бидејки филмов е снимен по вистинска приказна 8/10
Hide and seek 101 min - Horror | Mystery | Thriller - 28 January 2005 (USA) Малку досаден, малку не ама никогаш нема да откриете кој е Чарли додека сам не ви се појави . Непредвидлив крај . Оценка 6/10 Dark water 105 min - Drama | Horror | Thriller - 8 July 2005 (USA) Овој и тој горе ми беа слични малку .Сеси ми беше преслатка, срце мало Spoiler Далиа со својата ќерка Сеси се сели во нов град и нов стан.Но над нивниот стан во 10Ф се случило нешто порано и видете што сеа ќе се случува. Оценка 7/10 Trespass 91 min - Crime | Drama | Thriller - 21 October 2011 (Bulgaria) Повеќето го знаете филмов, мене ми се допадна многу и крајот ми се допадна Оценка 9.5/10
Case 39 Го имав гледано уште пред многу многу време, ама не знаев како се вика...и сега случајно пак налетав и пак го гледав. Spoiler Една жена која е социјален работник, добива нов случај за физичко малтретирање на едно девојче.Кога оди кај нив дома се е нормално, ама со текот на времето се дознава дека родителите нејзини се обидувале повеќе пати да го убијат. Ама не е се така како шо изгледа.... Ептен ме бендиса, уште 100 пати да го гледам пак ке ми биди интересен. Оцена 10/10 The Chronicles Of Narnia: Prince Caspian Се токмев едно добри 5 месеци да го гледам филмот, ама ништо...и сега конечно се решив. Филмот ни малце не ме разочара, добар е исто како и првиот дел. Не кажвам на кратко шо се дешава оти сите знајте шо се дешава во Нарнија....Само ке кажам дека добар е за гледање Оцена 8/10 The Covenant Оригинално го глеам по трет пат, ама прв пат да не го прескокнувам заради дремката.... Доста оригинален, интересен, неизвесен и добар....А и плус актерите му се кој од кој Steven Strait, Taylor Kitsch, Chace Crawford Spoiler Четворица тинејџери (Caleb, Pogue, Tyler и Reid) се дел од еден стар договор, и делат едно старо надприродно наследство - моќ, и се принудени да се борат против петта сила која долго време се сметаше за изумрена..... Значи да се разбериме уште еднаш: Не го прескокнував (порано) заради то шо е досаден, туку заради то шо ми се спиеше ! Филмот е топ, вреди да се гледа....нема да ве разочара Оцена 9/10
Овој ми е последен од безвезните филмови, ветувам, од утре, тамн ќе бидам послободна и на ред ми се сите овогодишни номинации за оскар, за да можам конечено да гледам асални филмови и да ги прокоментирам Death at a Funeral (2010) Сра*е у боја-и тоа црна Овој е втор филм вака ултра црначки насторен, не дека имам против нив, напротив, но ми падна у очи и неможам да не искоментирам. Било римејк, сега гледам кога барав слика за да ставам тука, искрено не ме чуди, мене воопшто не ми беше смешен! Крис Рок го обожавам, но овде беше просечен, можеби бидејќи замислава на филмов е глупа и сценариово е бледо! Не му давам ни пролазна оцена, 4/10
The Dilemma Дилема дали да кажеш на најдобриот другар и колега дека жена му го изневерува. Се изненадив пријатно како е добро скоцкан филмов за ваква тема-последните 15минути може да ги премотате како и во секое лесно филмче, ама во секој случај не е лош. The Fugitive Успешен доктор е неправедно осуден за убиството на својата жена. Одличен филм Beyond Borders Филм за гладта и немирите во Етиопија, Камбоџа, но и љубовта во такви услови. Потресен филм, за време на снимањето Џоли посвоила едно од децата
Не е преработка туку комплетно ископиранји дијалози ама неможе да се спореди со англиската верзија, која е каде каде подобра. Оф тхе рекорд на тема преработки, како можеа да го номинираат холивудскиот Girl with the dragon tattoo за Оскар годинава? Оскар за што, копи - пејст?
Сега видов дека е римејк, или копи пејст на овој од 2007 британскиов. Ми киснеше во компјуер, кузнајод кога и решив да го елиминирам ми зафаќаше место И начисто се разочарав. Ама не е прв римејк вака лош, кога прават римејк не само што копираат, од првиот туку и потиње го прават. За девојката со тетоважа змај не сум го гледала, ама планирам номиниран е, веќе е на списокот, колку да видам и да споредам што срање оваа година ни пласираат како врвно филмско достигнување. Нема креативност, веќе тоа е, незнам по кој пат ќе речам абе и глупине филмови од 90 од типот на Клулес беа стоп пати подобри од многуте нови срања...барем беа креативни и различни.