X-Men Вчера ми текна на филмов да го гледам. Сите дела од X-Men ми се интересни секој на свој начин. И колку пати да ги гледам никогаш не ми се здодевни.
No Strings Attached типичен филм, ама искрено ми се допадна... Дури и успеа да ме расплака го препорачувам Оценка 8/10
Battle Los Angeles ептен лоши критики се изнаслушав за филмов, а што знам мене ми е океј. http://www.imdb.com/title/tt1217613/
My name is Khan Hе знам како не сум го гледала до сега филмов срам да ми е Pизван има некаков синдром од мал и не знае како да контактира со лугето,има помал брат кој заминува во Aмерика да студира,а Pизван останува со мајка му,по нејзината смрт,тој исто така заминува во Aмерика,таму се залубува во Mаринда која има син и е разведена,и е Xинду,се залубуваат и се венчаат,потоа почнуваат проблемите мислам војните Oсман...е тука застанувам морате да го гледате 10\10
The women on the 6th floor Француски филм кој го даваа и во кино кај нас ама не стигнав да отидам да го гледам. Супер филмче. Од една страната те релаксира, од друга страна не е како америчките пивтии. Бучни Шпанци и воздржани Французи, како може да не биде смешно. Приказната е за разликите и животот на слугинките и богаташите кои живеат во една зграда. Стварно ми е глупаво да ви раскажувам има и на Imdb. За опуштање, топло препорачувам. 6/10
Exam Одлично филмче, напнато и до последни 2 минути не знаете што е финтата. Добар филм за да сватите колку значат деталите, добар филм за да знаете дека постојат секакви луѓе на светот, добар филм за да сватите дека има такви што би прегазиле се за да стигнат до својата цел, ќе ве прегазат и вас сеедно што дури сте им го спасите животот, а има такви и што ќе се откажат и предадат, такви кои за друг ќе го остапат местот, брзоплети, такви кои со труд до крај ќе стигнат. Поучен филм, ако го гледате површно ништо нема да ви значи, но ако ги сватите зборовите, речениците, деталите, ќе се пронајдете во нив. Одлично 8/10 One Day Joj ме шлакна од земја филмов. Абе кога сакам да гледам романтичен љубовен филм сакам романтики, коа сакам акција сакам све да испокршат и да испоубијат, кога сакам хорор сакам да се покакам од страв, а ова не знам да си ги објаснам емоциите. Лута сум бре на режисерот, ама многу. Со кој памет прават вакви филмови, наместо да се радувам за нивната љубов мене ми доаѓаше да плачам! Филмот ко филм во однос на избор на глумци, тематика абре све е 10ка, ама крајот ме утепа. Не бре после Remember me не сакам да гледам вакви филмови, еве пак. Овој ме дотолчи, ама од друга страна па тоа е животот, ебан живот за жал А и ќе видите какво тркало е животот, тркало буквално! Филмов видов на темава премалку е спомнат, заслужува внимание, ќе ве дрмне 9/10 Со тоа што да ви кажам вљубена сум, имам нов актер на листа на најшармантни створења! Jim Sturgess мајке ми совршен си со сите трансформации во филмот
Seeking Justice (2011) Животот на еден мирен и заљубен брачен пар наеднаш ќе се промени откако жената ќе биде нападната, а сопругот на несоодветен начин, без размислување, ќе ја одмазди за што ќе остане должник на погрешно место. Извонредна глума и акција која на моменти губи од својот интензитет. My rating: 7/10 IMDb review PirateBay torrent I Am Number Four (2011) Тинејџ, научно-фантастичен трилер во кој главната улога е средношколец кој е дојден од друга планета и се крие од други вонземјани кои се дојдени за да го убијат. Интересна тематика, но овие средношколските филмови ми се така одбивни, а глумата е очајна, и кај мене овој филм дефинитивно нема пролазна оцена. Единствено заради милото кученце во филмот давам 4ка. My rating: 4/10 IMDb review PirateBay torrent
One day И потполно се согласувам со Росонерка. Џим ме остави без зборови. Колку трансформации претрпи во филмот. Каква глума. Каков шарм. Секоја чест. Одличен е. Еве ми и мене уште еден на листата омилени. Ен исто така совршена ми е за улогата. Јас ја сакам Ен, не знам зошто повеќето не ја сакаат. Мене ми е преслатка и конкретно за оваа улога совршена. Филмот треба да се погледне. Јас ќе му дадам 10/10 и покрај тажниот крај. Затоа што за промена понекогаш сакам филмови со тажен крај. Не мора секогаш да биде хепи енд. Само морам да признам Spoiler И покрај тоа што знаев дека Ема ќе умри на крајот, нејзината смрт ме изненади. Очекував да умри од болест, а не на таков начин. Многу наеднаш...Јас останав со подзината уста и го стопирав филмот.
The Proposal -Интересна романтична комедија во која шефицата (Сандра Булок) го принудува нејзиниот помошник да се ожени со неа со цел да може да остане во Амерка бидејќи визата и истекува. Погледнете што ќе се случи понатаму нама да зажалите...
Само што го изгледав и навистина и јас не знам како до сега не сум го ставила на листа за гледање Значи одлична приказна уште по одлични глумци и музика. Емотивно моќен филм со доза хумор .... И многу пораки 10/10 Препорачувам да го гледате
Wall-e. Мислам секој коментар е сувишен. Трет пат го гледам и препорачувам. Нема срце до кое оваа мала душа од роботче не може да допре
She's The Man Абе се пресмејф, се помочаф....хаххаха Нема потреба да се кажва ништо за филмо, освен: Ако ти се смеј ептен ГЛЕДАЈ ГО ! Ах бе царски филм ! Оцена 14/10 (9gagers know why ) Easy A Уште еден урнебесно смешен филм со Ема Стоун и Аманда Бајнс, фулл со сарказам ! Па нема сцена, на која не се смееф... Оцена 10/10
само што го изгледав прекрасен е ... http://hookedonhouses.net/wp-content/uploads/2010/07/The-Proposal-DVD-cover.jpg Се работи за еден човек кој постојано работи и ужасно ја мрази својата шефица... но работите тргаат наопаку и тој треба да и направи огромна услуга земајки ја за жена ... што се случува понатаму во филмот ке видите
http://www.youtube.com/watch?v=WDhFzewN ... r_embedded Документарен филм за животот во Северна Кореја, можете да го погледнете на јутјуб. Јас отсекогаш сум била фасцинирана со земјава, и мислев дека речиси никој нема влезено и снимано, ама еве баш Хрватите ги пуштиле. Новинарот кажа дека тоа е само заради Тито, инаку имале минимални шанси. Земја која го нагласува колективот, ги игнорира сите можни човечки права, а го величи цело време Владетелот. (Веќе починат Ким Јонг Ил мислам беше, сега син му владее). Нема продавници, нема ресторани, нема ништо. Струјата се гасне во 10 часот навечер, единствениот телевизиски канал исто во тоа време. Децата од 2 години се земени и шест дена неделно поминуваат во градинки, каде што, ако смеам да речам, им го перат мозокот. Откако се дозволени приватните автомобили, само 11 биле примени од странство, во земја од 25 милиони. Прилично интересно, буквално се согласувам со новинарот од Франција дека не знаеш дали е се претходно изрежирано и осмислено од владата, за да се претстави земјата во најдобро светло во филмот. Прегорди на својата историја, на Владетелот, на добрата организираност, а ги занемаруваат основните човечки потреби, како сопствена волја, право на избор и слобода на умот. Ако би требало некој ден да живеам овде, веројатно попрво би извршила самоубиство пред да полудам. Но, како што рече новинарот, никогаш нема да дознаеме колку се среќни тие луѓе таму, затоа што, едноставно, не знаат за подобро. Погледнете обавезно!
Killer Elite Дани Браис поранешен елитен наемник, откажувајќи се од крвавиот си занает и водечки мирен живот во австралиската провинција е принуден да се врати во бизнисот, кога неговиот ментор и колега Хантер (Роберт Де Ниро) е киднапиран од Оманскиот шеик со цел да принуди Дани да изврши уште неколку влажни набавки. Целите се поранешни елитните командоси од британските специјални сили САС,кои ги убиле синовите на шеикот. За тоа разбираат и The Feather Men, тајна организација, ги заштитува поранешни членови на САС, која праќа еден од своите (Клаив Овен) да го истражува случајот ...
Dying Young Someone like You Ме фати манија за филмчиња од 90тите. Првиот е малку посериозен, вториот лимонадест, но се интересни. Џулија Робертс е прекрасна со таа нијанса на црвена коса, а Ешли Џад е неодолива. Хју Џекмен и како младич бил секси, минус фризот во овој филм. Кај првиот ми се допадна што крајот е недефиниран и можете сами да си замислите што следува понатаму. Вториот е како што кажав полежерен и за релаксација, чисто женско филмче. Во секој случај се ок и двата.
Blood and bone Акционен филм проследен со организирање улични борби кои се патот до исполнување на ветувањето дадено кон пријателот кој е убиен во затвор. 8/10 - го препорачувам за оние кои сакаат малку акција
Double Jeopardy Интересен трилер,вчера го гледав на Канал 5.Малку е од постарите,ама нема везе 7/10 Spoiler Инаку се работи за жена која е обвинета за убиството за својот маж кој всушност ја лажирал својата смрт.