1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]
    Perfect sense

    Тука ко да сретнав препораки за филмов добри ... Не ми се допадна. Бизарен и заплеткан. Што знам ... да, има суштина која тешко кој ќе ја сфати, ама вака мене не ме воодушеви. 4/10
     
  2. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    1.Requiem for a Dream
    [​IMG]
    Не знам како го немам гледано филмов досега.. :^)
    Прекрасен е во целост. Супер кастинг, одлична глума, прекрасна музика.. Приказна за четворица зависници од дрога и паралелно прикажување на нивната зависност и уништување на сопствените животи. Многу длабоко допира филмов, потресува дури на некој начин. На неколку сцени се расплакав, посебно при крајот. Кој не го гледал да го погледне, посебно препорачливо за тинејџери.
    Оцена: 9.5/10


    2. 12 Rounds (2009)
    [​IMG]
    108 min - Action | Crime | Thriller
    Акција од типот еден човек го спасува денот. Еден детектив дознава дека девојка му е киднапирана од страна на криминалец кој тој го сместил во затвор. Ќе мора да игра игра која ја диктира киднаперот и е составена од 12 рунди за да си ја спаси девојката. Многу случки, напнати моменти и премногу акција, барем за мој вкус. На моменти ми беше тешко да го следам пребрзото менување на кадри. Целиот филм е многу динамичен.
    Оцена: 6/10


    3.Ticking Clock
    [​IMG]
    101 min - Action | Crime | Mystery
    Не ми се допадна многу. Предвидлива приказна, лоша реализација и не толку добар кастинг..
    Човек измислува временска машина и се враќа назад во минатото со цел да си го смени животот на подобро.
    Оцена: 5/10


    4. Drive Angry (2011)
    [​IMG]
    104 min - Action | Crime | Fantasy
    Не ме фасцинираше приказната воопшто. Еден татко (Николас Кејџ) ги брка луѓето кои ја убиле ќерка му и ја киднапирале внука му.. На почетокот мислев дека ќе биде интересен, ама после се разочарав. Пукање само цело време. Тоа па тоа. И Николас Кејџ ми беше одвратен во улогава. Не ми го задржа целосно вниманието, го премотував на моменти.. |-)
    Оцена: 3/10


    5. Water for Elephants (2011)
    [​IMG]
    120 min - Drama | Romance
    Несекојдневна и интересна приказна. Откако ќе ги изгуби двајцата родители во сообраќајна несреќа, млад студент по ветерина ги напушта студиите и станува дел од еден циркус..
    Кастингот е скоро одличен. Изненадена сум од глумата на Роберт Патинсон - одлично си ја одглуми улогата. Рис Витерспун не до толку. Не ми е некако за вакви филмови, повеќе ми е за лимонатки.
    Во секој случај одличен филм, кој го привлече моето внимание во целост. Препорачувам!
    Оцена: 7.5/10
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Nanny Diaries
    [​IMG]

    Ми се допадна филмов, убава приказна за една девојка која ќе стане дадилка. :)
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    [​IMG]
    Интересна британска комедија околу врската на Бриџит со Марк.Започнува среќно потоа започнуваат заплетките.
    7/10
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Само што го гледав и сакав да го препорачам :)
    П.С. Песната на крајот е прееееееееееубава

    И уште некои филмови што би ги препорачала:
    Just go with it
    Young adult
    The frozen
    Leap year
    И секако мојот засекогаш најомилен :l: The notebook :l: не верувам дека има многу што не го гледале ама ако ги има ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Е ;)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Just wright
    Леле, многу добар филм, можеби затоа што се пронаоѓам во него, не е некој тежок филм да не знаеш како ќе заврши ама може да се извлече некоја убава поука ... како и да е препорачувам :)
    [​IMG]
     
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    3.132
    Bowfinger


    Не е првпат да го гледам филмов, али пак ми е интересен :D. Стив Мартин е извонреден комичар, какви што за жал веќе ретко се наоѓаат во Холивуд.
    Еден поостарен режисер, кој нема ни пари за да сними филм, но има брилијантно сценарио :!:, решава да го сними филмот без знаење на главниот актер :D

    9/10



    The green mile



    Луѓеее :o
    Ова е најдобриот филм што сум го гледала во последно време, и еден од најдобрите воопшто :x
    Том Хенкс е фантастичен, актерите се сите погодени, едноставно преубав филм. Кој не го гледал одма да го погледне. Мора!
    Том Хенкс работи во затвор и во неговиот блок се наоѓаат затвореници кои се осудени на смртна казна. Еден ден пристигнува и еден огромен црнец, кој е фатен на местото на злосторството како ги држи двете девојчиња, кои биле брутално силувани и убиени. Со самото тоа, тој е осуден и пратен во затвор. Но, иако е енормно голем и изгледа страшен, тој постојано плаче, се плаши од темница и со секој негов потег воопшто не наликува на чудовиштето за кое сите го мислат дека е. Тој има посебна моќ да ги лекува и да им помага на луѓето ... Уште сум запрепастена од филмов :clap:

    11/10


    Horrible bosses



    Ах мори Америко, кај ти отиде тој добриот хумор?!? Ако ова е филм што треба да ме насмее ... :yawn:
    Цело време го вртев, гледав уште колку има ... Катастрофа голема! Еден од најлошите филмови што сум ги гледала некогаш! Едноставно, од овие новиве таканаречени комедијанти во САД, и од овој нивниов лош, лигав, ептен проѕирен хумор ми се повраќа :puke:. А скоро сите нови филмови кои демек треба да бидат комедии се вакви. Срање во боја!
    Тројца напатени работници, по многуте тортури преживеани од нивните шефови, решаваат да ги убијат!

    Препорака - НЕ ГО ГЛЕДАЈТЕ!

    1/10



    Just wright



    Добра приказна, предвидлива, но сепак добра. Квин Латифа е супер секогаш, феноменална е, али овој главниот актер се гледа од авион дека нема ни Г од глума. Тој ми беше само промашај во филмов, иначе се друго беше извонредно.
    Физиотерапевт се заљубува во НБА кошаркар. Но, нејзината прва и разгалена братучетка, која е екстремно убава и згодна, го придобива и наскоро планираат свадба ... Но, кошаркаров се повредува, па влетува физиотерапевтов да му помогне повторно да се врати на теренот, итн ... :D

    8/10
     

    Прикачени фајлови:

  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Quarantine 2: Terminal (2011)
    [​IMG]
    Авион е присилно слетан заради насилно однесување на патник за кој се претпоставува дека е заразен. Филмов е поврзан (односно е продолжение, и за оние кои не го гледале првиот дел предлагам првин тој да се погледне - Quarantine (2008) или евентуално [Rec] (2007)) со претходниот дел и ми е драго што подеднакво е добар. Морам да забележам дека имаше неколку гафови и само заради тоа давам пониско од 10.

    My rating: 8/10

    IMDb review
    Zamunda torrent
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дневникот на Бриџит Џонс

    Срцкасто буце тоа. :D
    Што да кажам, се фатив на многу места како се смеам, Рене ме изнасмеа со нејзините реплики меѓу кои: „Им наредувам на тебе и на твоите пеглани гаќи да исчезнат од мојот живот“ и „Тежина:2000 кг“. :rofl:
    Овој е epic филм, а јас за жал прв пат целосно го гледав вчера.



    П.С: Јас сум го гледала вториот дел, а не првиот!
     

    Прикачени фајлови:

    • 269701_det.jpg
      269701_det.jpg
      Големина на фајлот:
      14 KB
      Прегледи:
      308
    На Dpokahontas, Oxymoron, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Drive
    [​IMG]
    Искрено, стварно не знам зошто филмов има 8ца на imdb. Јас би му дала едвај 6ка, колку за положување. Го гледав само заради Рајан, ептен ми е шеќерче :wasntme:
    Филмов многу ме потсети на Транспортер, ама Рајан не би го ставила за таква улога, некако не му лежи. Смени само две фацки во текот на цел филм.
    А и сценариото некако ми беше тапа... :|
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Монте Карло Добар филм...можеби не е која знае што но за тепање време добар.
    Тие сестри (не прави сестри ќе видите во текот на филмот) едната е матуранка..па во чест на матурата родителите имат платено пат да одат трите во Париз (од ова не се воодушевени затоашто не се поднесуваат ама ќе заминат)...но патот ќе биди преполн со авантури интересен е
    7/10
     

    Прикачени фајлови:

  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    9½ Weeks
    [​IMG]
    Филмов немав поим дека е еротика. Ми го препорача другарка на една другарка, заедно почнавме да го гледаме, но не го догледавме. Го догледав денес. Nevertheless, во филмот се зборува...
    ...за една разведена девојка која работи во уметничка галерија (Елизабет) и случајно се сретнува со еден богат бизнисмен (Џон). Започнуваат да се гледаат и имаат многу бурна, напати насилна врска. Имаат секс на различни места, оваа му игра стриптиз, но Џон претерува и понекогаш дури ја злоупотребува Елизабет. По 9 ипол недели Елизабет го напушта зошто овој сакаше да имаат секс у тројка, едноставно кажано :D
    Се на се, филмов вреди да се изгледа. Актерите се прекрасни, музиката е убава, интересно е да се види колку слободно и безгрижно се живеело во осумдесетите. Жал ми е што филмот заврши како што заврши, но барем беше реален.
    7/10
     
    На no.name6, Neytiri, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    ^^ Ухх, филмов е култен ...


    [​IMG]

    The perfect student

    Трилер ... 7/10

    Се работи за убиство на студентка ... при тоа осомничена е нејзината цимерка. Професорката е главниот лик и го истражува случајот со цел да помогне на осомничената ... Што ќе се дозне и како ќе се одвива истрагата погледнете го филмот
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Senior Trip
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Леле филмов најзакон. Колку само бев happy кога го најдов по толку долго време, иако од тогаш (пред 4 месеци го најдов) до денес го имам изгледано едно 5-6 пати. Доста интересен хумор, интересни средношколски лудории. :D
     
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    One day

    Интересен филм за двајца млади луге кои на одредена дата се срекаваат секоја година, и тој ден за нив има посебно значење.

    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    The Rum Diary

    [​IMG]

    Еден новинар оди во Пуерто Рико, да работи за еден локален весник, а во меѓувреме пробува да се навикне на животот на островот и да најде баланс меѓу румот, љубовта и работата.

    Немам апсолутно ништо против Џони Деп, напротив. Ама филмов се влечкаше многу. Дејствијата се одвиваат бавно, нема заплет во првите триесет минути.
    Меѓутоа има доста интерсни моменти и смешни сцени, а и сите тие шарени слики и пејсажи се доволно убави да ви го задржат вниманието.

    7/10
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    The Double
    [​IMG]
    Првата половина од филмот ветува многу.
    Пријатно се изненадив, иако сметам дека некои детали се открија прерано.
    Но општиот впечаток е дека филмот е добар, полн со неочекувани пресврти и фино изненадување за овој жанр, некако во последно време налетувам на прилично шупачки филмови на оваа тематика.
    Глумата е солидна, идејата е добра, само што во еден момент имаше недостаток од информации, па настанува мала забуна, барем јас така почувствував.
    Сепак, генерално добар.
    7/10
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На m2m2m2, LilBaby и tweety26 им се допаѓа ова.
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Жена на одмор го запознава нејзиниот идеален маж што доведува до брз брак. Сепак нивниот живот и не е толку идеален кога дознаваат дека нивните соседи се можни убијци, а тие се нивната мета…
    убав филм...а и актерите :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На AnaKarenina и Srekicka им се допаѓа ова.