A Cruel World Хорор филм од 2005, кој за жал можи само на јутуб (на делој) да се гледа. Го имам гледано едно 30 пати, кога го даваја на Supermovies, пред 3-4 години. И сега случајно го најдов на нет и го гледав пак. Доста интересен, забавен и грозен. Кратка содржина: Spoiler По губењето во реално шоу, психички пореметен чоек ги убива водителите. А куќата во која беше шоуто ја користи за снимање на негово реално шоу, во кое учествуваат неколку натпреварувачи. Тие се натпреварувват во различни игри, а губитникот од секоја игра е „испратен дома“. Мене премногу ме бендисва....и ви го препорачвам да го гледате ! Оцена: 10/10
Happythankyoumoreplease Па онака. Во принцип многу сакам вакви филмови, каде има приказни за повеќе луѓе не само за Стојанче и Трпана кои си играат на ти го, дај ми го 90 минути. Имам гледано и подобри филмови од овој тип но и овој не беше лош. Џош Рандор ме изненади ама не баш во позитивна смисла. Дали затоа што од How I met your mother се имам навикнато на него и тука ми ја имаше истата изгубена фацка цело време. Но затоа девојката која ја глумеше Ани, секоја чест. Во други филмови ми била ужасно антипатична, досадна и мутава ама тука супер си ја изигра улогата. А детенцето, срцка. Мислам дека ќе има добри филмови понатаму. 6/10
Tangled Добро цртано филмче, интересно, со хепи енд се разбира , супер за релаксација! Препорачувам 10/10
Captain America: The First Avenger Дека сум фан на вакви филмој со „херои“- не сум. Ама филмот се решив да го гледам заради Chris Evans, и цел филм само него го гледав...очите ми истекоја . А и филмо не е лош, онака просечно.... Оцена: 6/10
И јас овој го гледав синоќа со сестра ми. Spoiler Останавме запрепастени и со подотворена уста кога Ејми ја удри камион А баш и реков на сестра ми - осеќам дека нешто лошо ќе се случи, таква е музиката. И наеднаш - бам! Интересна приказна за како едно долгогодишно пријателство прераснува во љубов, а завршува трагично. Ен Хатевеј е како створена за вакви улоги. Прекрасна ми е.
Crime, Drama, Romance 103 минути Очекував убав филм од овие двајцава, ама само се разочарав - па дури и не го догледав. Ретко дека нешто поврзано се случуваше во филмов.
Remember me Го имам филмов повеќе пати гледано, али првиот пат кога го гледав просто се изненадив на крајот Многу убава романтична драма, само глумецов ми е грд али јбг
Вил е 38 - годишен татко кој на својата ќерка (по нејзино барање со цел да ја разбере причината за разводот на своите родители) и' го раскажува својот љубовен живот пред нејзината мајка, но девојките не ги претставува со нивните вистински имиња така да на крај Маја сфаќа дека навистина ситуацијата кај возрасните е комплицирана. Ќе се снајде ли Маја со мистериозната љубовна приказна? Ќе открие ли која од трите девојки е нејзината мајка? Дали тоа е вистинската љубов на нејзиниот татко? За ова и повеќе во Definitely Maybe
The Collector се супер, ама крајот заебува работа. http://www.imdb.com/title/tt0844479/ и на Алфа го даваа го фатив од пола еден од моите омилени хорори на кој му ги знам сите реплики на памет : House on Haunted Hill :up: :up: :up: http://www.imdb.com/title/tt0185371/
Животот на средовечен маж драматично се менува кога неговата жена ќе му побара развод. Сега тој е во потрага по неговата мажественост со помошта на новиот пријател Џејкоб, кој го учи како да собира женски во по барови…
THE GIRL WITH THE DRAGON TATTOO Конечно испадна филмов за гледање. Интересно филмче. На почетокот неожев ништо да сватам. Но, потоа ми се засвиѓа приказната и го излгедав до крај. Филмче за мислење. Оценка 8/10
Grown ups Станува збор за 5 момци кои во далечната '78ма освоиле титула во кошаркарски шампионат, додека имале 12 години. Нормално, патиштата им се разидуваат, но повторно се спојуваат на мисата по повод смртта на нивниот тренер. Тука доаѓаат заедно со нивните семејства, и решаваат да поминат еден викенд во место X, и им се случуваат интересни работи. Не е некоја урнебесна комедија, со која на секоја 2ра случка се смееш, но добро филмче во ској случај. Од IMdB оценка: 5.8 А од мене „јакиот стручњак“: 6.8
Four rooms Апсолутно генијално! Не знам како ми пролизгал низ прсти до сега, ама филмов според мене е феноменален. Се случува за време на Нова година, во еден хотел каде белбојот (вака е на македонски нели ) е дел од 4 различни приказни. Интересно е тоа што секоја приказна е режирана од различен режисер и тоа на многу оргинален начин. Освен втората, која не ми беше нешто посебно, другите три беа одлични. Смешно и брутално реално. 8/10
A Dangerous Method Интересно, но не премногу впечатливо. Ми фалеше возбуда и малку разиграност во филмот, премногу ми е статичен и сувопарен. И нема некоја посебна завршница, сепак е само мало делче кое го отсликува односот помеѓу Фројд и Јунг и зародишот на психоанализата. Филмот сепак го прави одличната глума на Кеира Најтли. 6/10
Breakfast at Tiffany's Секому познат, залудно ќе е да повторувам. Класика. Холи слатка разгаленица, а Пол секси пакет.
Морав да го гледам филмов по сите коментари. И иако знаев како ќе заврши, благодарение на сите кои крајот не го ставиле во спојлер или спомнале каков е , Spoiler сепак кога ја удри камионот и мене ме мавна шок. Многу ми беше жал за него, што конечно по толку години беа заедно, така да завршат. Љубовна приказна која дефинитивно треба да се погледне.
The.Time.Travelers.Wife.2009 И не е нешто посебно филмот...не го ни догледав.....тој е патува низ времето...мене лично не ми се бендиса така да не го препорачувам 5/10
The Hangover [2009] Закон филм Marley & Me [2008] Аххх колку убав филм, многу добри поуки има и не останав рамнодушна додека го гледав...
Семејна комедија, Холи и Месер не се поднесуваат, но по несреката на нивните заеднички пријатели тие се прогласени за заеднички старатели на нивното дете. Предвидлива приказно со уште по пред видлив крај, но како и да е вреди да се погледне. Исто така детенцето е многу слатко.