The First of May (1999) Како што сум не баш расположена, филмчево само ми дополнително ми ја раснежни душата, и малку навлажни очите. Нема многу да го тупам, детско, невино филмче, кое со сигурност ќе ме растажи и раснежни. Гледајте го, ќе ве дирне сигурно. срценце мало 7/10
10/10, филмов е нешто што мора да се гледа, задолжително, друго мислам дека се е веќе кажано. Џенифер е прекрасна. Spoiler
Spoiler The Curious Case of Benjamin Button Не знам што ми текна да го гледам филмов. Некаде на средината почна досада да ме фаќа, ама како се наближуваше крајот... Spoiler Уф, многу ми беше жал кога ја остави, кога сосема им се разидоа патиштата, си пуштив некоја солза. Па кога умре како бебето кое требаше такво да се роди се изнаплакав. Интересен филм, само предолг некако. Иако сигурно не би било лесно да се раскаже цел живот од наопачки во саат ипол.
Albert Nobbs Потресна и тажна приказна, за криењето на сопствениот идентитет, за слугувањето, за еден неостварен сон и љубов. Филмот е солиден, можеби не совршен, но затоа глумата на Глен Клоуз... без зборови. Фантастична. 8/10
Ауууу, извини Tigerlady, ама ако некој филм не ми се свиѓа ВООПШТО -тоа е БАШ овој! Незнам зошто, многу идиотски ми е некако... и јас имам чуден вкус, по драми и трилери најмногу сум, ама ова е.. стар, прастар филм, незнам... Тарантино- ФРИК! Овој у ист кош го ставам со SCREAM! ИДИОТСКИ ми се.. имаат по некоја таква сцена. Без навреда, само мое мислење, што не значи дека треба да се согласите сите со мене
И последен од филмскиот маратон за денес Многу трогателна приказна за Варис Дири, нејзиното животно патешествие од пустината до славата. Кога ја обрежуваа срцето ми се скамени. Прекрасна жена која никогаш не заборави од каде доаѓа, не го заборави својот народ и маките кои жените ги претрпуваат. Филмов вреди да се погледне.
Ghost rider Си го обожавам Николас Кејџ, нема промашен филм (освен еден ). Многу ми се допадна филмов. Ако сте љубители на акции. Џони склучува пакт со ѓаволот заради здравјето на неговиот татко. За возврат тој ќе треба да му служи на ѓаволот.Еден ден тој ќе го повика да се соочи избрканите демони од подземјето. 8/10 The three musketeers Сличен е како стариот дел, приказната за мускетарите е таа. Посебни импресии немам, супер е филмчето има што да се види 8/10 Ninja assassin Ме трогна приказната за тоа како ги третнираат нинџите и низ што се минуваат тие додека да се обучат, практично немаат свој живот, живеат само за кланот. Многу ми се секси нинџите Службеничка открива убиство на агент и од неговите документи открива постоење на кланови за нинџи и за нивните брутални обуки преку кои тие стануваат најопасните убици, сето тоа е финансирано од владите или мултимилијардерите, а нинџите ги вршат убиствата за нив. Еден дечко е излезен од кланот и ќе проба да ја заштити службеничката и воедно да го уништи кланот. Погледнете, малку е крвав ама не е страшно. 10/10
The Change up Двајца пријатели посакуваат да си ги заменат животите,едниот е женат и има деца,а другиот е сингл и живее за забава и жени...желбата им се исполнува па гледајте како се снаогаат во новите животи 7\10
Девојката со тетоважа на змеј Претходно го имав прочитано истоимениот роман на Larsson и навистина верував дека режисерот Fincher направил успешна филмска адаптација. Очекувањата во поголем дел ми се остварија. Дејството на романот е одлично преточено во 150 минути филм. Тензија, мрачната атмосфера надополнета со соодветен soundtrack и секако феноменална глума. Е сега, она што ми беше too much и во романот и овде - гнасните сцени, сексуалната бруталност, инцест...премногу, премногу за мојот желудник. Во секој случај го препорачувам. Од мене една деветка и тоа најмногу заради глумата. А впечатокот ќе ми биде покомплетен кога ќе ја изгледам и шведската верзија.
Sydney White Одамна го немав гледано, лесно и интересно филмче нешто како римејк на Снежана и седумте џуџиња Flypaper Ми се допадна филмов. Интересен е, многу добра и луда комедија која раскажува за грабеж во банка.
Broken Embraces Колку убаво ми легна ова филмче, насмевка, драма, тага, се' спакувано со прекрасни кадри и многу солидна глума. Интересна и возбудлива приказна, просто сакам кога се одвива на две паралелни нивоа, а потоа се сплотува во едно. Пенелопе Круз, една од моите најантипатични глумици на времето, уште од Ванила Скај ми премина во најомилените и најрафинираните актерски ликови. Има толку допадливо лице и прекасни црти, можам да ја зјапам со часови. И да се разбереме - ретко која девојка може толку добро да спроведе шишка ала Одри Хепберн. Сметам дека Алмодовар е сјаен режисер. Го имам изгледано само Volver и овој, но во план сум да погледнам уште неколку негови филмови. Интересно ми беше од прва до последна минутка, единствен филм последниве месеци што не го ставив на пауза додека гледав. 8/10
Chalet Girl со Ed Westwick Spoiler Типична романтика.. не би го внесла во категорија на мои омилени филмови. Единствено што вреди во цел филм е Ed. Иако улогата во Gossip Girl повеќе му одговара и го прави посекси.
Вчера го гледав I little bit of haven и се изнаплакав.Многу е тажен на крајот, иако глумицата е препознатлива по комедии.И овој пат правеше се да изгледа на шала но на крајот не издржав и се изнаплакав : Ви го препорачувам но и ве предупредувам да си земете палома до вас!
La vita è bella/Life is beautiful Прекрасен култен филм со прекрасниот лик на Роберто Бенини. Како мала филмов ми остави впечаток по познатата реплика на Гвидо: Buon giorno, Principessa! Прекрасна улига на Гвидо, пожртвуван татко и сопруг, но имал една маана во тоа време за Германците, тоа што бил Евреин. Тогаш нивниот убав живот се претвора во ужас, го праќаат него и неговиот син во логор. Но и неговата соруга решава доброволно да се качи во тие возови, само за да биде поблиску до нејизното семесјтво. Од IMDB оценка: 8.5 Од мене: 10+
Барав нешто лесно за релакс па вниманието ми го привлече Mrs.Cuper со FLYPAPER. Во банка истовремено влегуваат две различни банди за да ја ограбат. Трип (Patrick Dempsey) ке се обиде да ги искоординира. Интересно филмче до самиот крај, ала Херкул Поаро, кој, каде, зошто и со кого Spoiler Откако видов кој е број 3 на листата на барани криминалци, знаев за кого станува збор. Сепак Агата Кристи ми беше омилена за читање у млади дани
The Rum Diary Деп глуми новинар, обожавател на рум, кој се преселува во Порто Рико. Има сцени што ќе ве изнасмеат како оваа Spoiler но филмов можел да биде многу, многу подобар. Final Analysis Психијатар се заљубува во мажената сестра на своја пациентка. Интересен филм.