Spoiler И конечно го изгледав филмов. Значи, благо разочарана сум. И пак се докажува дека не можат толку страници, таков опис и такво изградување на лик да ставиш на платно. Не. Ликот на Лизбет воопшто не ми се допадна како беше прикажан, се беше некако набутано, нејасно. Зошто она беше таква, што ја направило таква, нејзината интелигенција, нејзините емоции, нејзината кревкост и ранливост во исто време, сето тоа некако ми фалеше. Па врската на Кале со Ерика, или аферата со Сесилија... Затоа ги сакам книгите, многу повеќе емоции, детали, толку подлабоко се навлегува во ликовите. Сепак, не беше до толку лош, кастингот ми се допадна, поготово Руни Мара.
White Oleander (2002) 109 min - Drama Убавина од драма. Препорачувам. Актерките, Боже мој, лепота, глумата одлична! http://www.imdb.com/title/tt0283139/
Појава на голема конкуренција помеѓу главната деверуша и останатите, како и расправии за тоа која од нив е најдобра другарка на невестата… Рајден Малби е дипломирана студентка. Таа е принудена да се врати назад во куќата на нејзиниото ексцентрично семејство, додека се обидува да најде работа, вистинскa љубов…. Социјална работничка се бори за да спаси едно девојче од нејзините луди родители кои сакаат да ја убијат. Таа ќе добие и привремено старателство, но подоцна ќе сфати дека ситуацијата е многу поинаква и дека можеби родителите не биле луди како што мислела, туку девојчето … бидејќи студирам за социјален работник после ова малку ќе подразмислам и уште еден хорор...претерав нели
Father of Invention 7,5/10 Драма Улоги: Kevin Spacey, Camilla Belle и Heather Graham Интересно но не wow. Spoiler По 8 годи поминати во затвор, Роберт Аксел познатиот пронаоѓач се враќа да си го поврати неговоо име и неговата милијардерска империја иткако еден од неговите пронајдоци ќе му уништи се и поради тоа ќе заврши во затвор. Тој исто така ќе се обиде да си ја поврати неговата отуѓена керка која била единстента личност која од секогаш верувала во него.
Misery Познат писател доживува сообраќајна несреќа во која е спасен од негова опседната обожавателка која е вљубена во лик од неговите книги. Таа го носи во својата куќа и го лекува, притоа држејќи го во заложништво. Откако открива дека нејзиниот омилен лик во последниот роман ќе умре, му поставува задача на писателот - да напише продолжение во кое ќе го оживее. Малку постар, но одличен трилер. 8/10
1.TRON: Legacy (2010) 125 min - Action | Adventure | Sci-Fi Филмов е ептен sci-fi. Свет на компјутерски игри, програми и корисници, луѓе заглавени во игра.. Како што можев да видам, ова е продолжение. Има филм Трон од 1982година, кој го немам гледано. А судејќи според овој, нема ни да го гледам. Што знам, немам ништо против sci-fi, ама ова беше премногу. Плус некако ептен е монотон, предвидлив и на моменти дури досаден. Може само мене таков ми се виде. На љубителите на компјутерски игри можеби ќе им се допадне. Наспроти сето ова, има супер ефекти. Најубав дел од филмов ми беа тие. 4/10 2.The Girl with the Dragon Tattoo (2011) 158 min - Crime | Drama | Mystery Го гледав двапати. Првиот пат без превод па акценти, ово-оно ми останаа некои работи нејасни. Па го погледнав уште еднаш целиот со превод(btw преводот на Movie.mk има грешки и е на дијалект ).. Многу галама се крена за филмов, а не гледам посебна причина за тоа. Добар е, да.. ама не до толку сите да го зборат. Ја немам читано книгата, па не знам како е адаптирана. Претпоставувам дека како и сите други филмови според книги, книгата е многу подобра, што е и нормално. Кастингот е одличен, глумата исто така. Посебно ме фасцинираше Rooney Mara. Прекрасна е. Многу случки и личности има па треба внимание цело време и поврзување на нештата кој, што, како.. Ме згрозија понекои сцени, заслужено филмов е над 18. 8/10 3.Sleeping Beauty (2011) 101 min - Drama Само мрчам на филмови во последно време. Ич не ми се допадна.. Се' едно те исто цело време, многу е бавен и досаден. Глумата е просечна. Emily Browning е преслатка. Ми се згади од сцените со старците.. Не препорачувам. 2/10 4.Pineapple Express (200 111 min - Action | Comedy | Crime Акција, комедија и драма демек се' во едно. На прсти ги изброив сцените кои ме насмеаја. И тоа на едната рака само.. Приглупо филмче. Едвај чекав да заврши. 3/10 5.Skinning (2010) - Шишање Средношколци, математички гении тргнуваат по лош пат. Бунт против општеството и режимот на полицијата. Многу ми е нереална сликата за скинхедсите. Не верувам дека до толку биле активни во Србија, можеби грешам не знам. Многу насилство, хулиганство и расизам. Носи порака сепак. 4/10
Гледајте ја оргиналната триологија - гарантирам дека ке ВЕ остави без текст!! да не сум оффф Le Premier Cercle 2009 Пак Француски Ќе додадам само дека Семејството е некогаш се но кога семејните одлуки не се добри секогаш има жртви ... Преубава Крими- драма - со голема доза на акција .... Семејство и секако мафија ... Рено е перфектен во улога на Босси ... 9.5/10 врвна оценка Spoiler го гледав на ОБН во саботата
Rise of the Planet of the Apes Многу ми се допадна. Интересен и возбудлив, без непотребни моменти, без тупење и те тера да се замислиш. Добри ефекти, многу добра приказна и одлично одбрани улоги. Џејмс Франко, Фрида Пинто и Џон Литгоу се супер. Филм за релаксација и лежерно размислување. 8/10
Buried http://www.moviescut.com/wp-content/uploads/2010/04/Buried.jpg Ауу.Филмов ме остави без здив.Стварно многу добра смисла,едно добро трилерче,кое ќе ве натера да размислите околу вредноста на еден човек.Дефинитивно го препорачувам да го гледате. Оцена:10/10 Spoiler Всушност се се работи за Пол Конрој,кој е возач на камион заминат в Ирак.Одеднач се буди во ковчек затворен,во кои има само една запалка,сијалици,и мобилен.Инаку мобилниот е на ирски,тој се јавува на секакви броеви,на полиција,на што не,но никој не презема вцушност вистински мерки.Киднаперите бараат милион долари за откуп.Многу жален филм,кој ќе заврши премногу неочекувано!
Desert Flower Прекрасен филм, нешто поразлично од ефтините хепи енд стори филмчиња. Навистина ме потресе целата приказна, посебно делот каде го обрежуваа малото девојче, плачев додека гледав. Оцена: 10/10
Супер филм,не е класичен хорор со крвишта,чуда,врагои пре би рекла трилер,вреди да се погледне у секој случај....мене ми идеше у монитор да влезам да ги убијам говедана уффффф
The Girl With The Dragon Tattoo [2011] Голем фан сум на „Милениум“. Ја имам прочитано трилогијата, и ги имам гледано Шведските филмој. Ама овај го чекав со големо нетрпение, уште од ко слушнав дека ке вадат Америчка верзија, а особено кога дознав дека Руни Мара ке биди Лизабет . Мое мислење во 4-5 точки: 1. Иако и двате се според книга, се делува тотално исто како во шведскиот (без ни мала измена, без ни малку оригиналност !). 2. Упорно цело време, се трудат да го зборат тој некој англиски со шведски нагласок. Шо е поентата да прајш римејк на европски филм, во Америчка верзија, и пак да го снимаш со шведско-англиски нагласок ? 3. Ликојте се катастрофално донесени (по изглед а и карактер) ! Актерската екипа е топ (добри талентирани актери..) , ама брат ако се решаваш да снимаш филм по книга земи прочитаја и држи се до неа... ти се молам ! 4. Одвивањето на настаните- 90% збунувачко. Мислам...Убо ги копиравте швеѓаните во се, можевте и за ова да ги ископирате - барем ке заличеше филмот на нешто. 5. Од шокантната приказна на Лизабет треба да ти се јавуваат морници...а не изгледот ! (макар шо е таква како шо е) Ова е Лизабет Саландер : а ова е срање (или јас шо би рекла: ПЛАШАМ ДЕЦА !): Моја препорака: Филмот и приказната вреди да се гледат. Ама ако се решите да ја гледате, за ваше добро гледајте ја Шведската верзија. Оти ова Америчкото, е стварно срање во боја !
The 40 year old virgin.Типична американска комедија,ништо посебно лимонатка.Трае 2 часа некако ми се виде предолг,неморале толку да го влечат.Сепак има добри интересни сцени,гледајте го ако сакате да се посмеете малце но не очекувајте премногу.
Lolita Мислам дека повеќето знаете за што станува збор. Филмот е добар, глумата одлична. Имам само да кажам дека филм никогаш не можи да биди толку добар како книга. Затоа, ви препорачувам да не го гледате филмот ако ја немате прочитано книгата претходно или пак ако го гледате филмот прво, задолжително после тоа прочитајте ја и книгата. Ќе му дадам 9/10.
Bad education (La mala educación) Добивам општ впечаток дека филмовите на Алмодовар се колоритни, живописни, лелеави, а приказните се ем неверојатни, ем многу веројатни, факт што мене многу ми се допаѓа. Овој конкретно, приказната ми беше комси-комса, сигурна сум дека има и подобри негови филмови, но останува - дека е оригинален и си има свој сопствен печат. Просто има детали, како декорот, нарацијата, хуморот и мелодрамата што го вриштат името на режисерот. И си има човекот омилени глумци и си ги фура низ филмовите, почнувајќи од Пенелопе и некои други типци кои му се повторуваат. Фино, многу лојално во секој случај. 6/10 The Descendants Их, их, их... Академијата по којзнае кој пат си го загубила разумот. Ова е просечен, можеби и добар филм, ама номиниран за оскар? Оф леле, далеку било. Џорџ Клуни, подостарен, но се' уште шармер го вади целиот филм. Првата половина е малку очајна, потоа се поправа за влакно. Има убави пејзажни кадри од Хаваи, а ако тоа е малку да заборавите дека дејствието се одвива таму, хавајското музиче и цветните кошулки на Клуни ќе ве потсетат. Малото детиште е антипатично, остатокот од улогите просечни, и во кастинг, и во реализација и суштина. Има интересни моменти, драма-комедија значи, мене ми измами насмевка на одредени делови, и крајот е bittersweet, што исто ми се допадна, ама далеку од тоа да речам дека ова е сјаен филм. Само е... просечен. 6/10
CASE 39 одличен филм, му давам 9/10 предобар е, оддамна му се спремав, и не ми е јасно како до сега не сум го гледала држи вода, за разлика од другите хорори! Mалце е предвидлив, ама и така е напнат до самиот крај препорачувам
Прекрасни филмови за пуштање на мозокот на пасење па и со бугарско аудо, ммм едноставно ги гледав со толку голема заинтересираност ко мало дете. Пре пре убави се и двата, иако првиот повеќе ми се допадна за тоа како кралот и кралицата умреле и нивната ќерка е оставена пред прагот на некоја жена која ќе ја исчува, за потоа случајно да биде изберена во академијата за принцези и таму како и обично сите ја мразат накрај сите ја сакаат го наоѓа принцот и хепи енд. Во другата се раскажува за тоа како Барби ќе спаси една модна куќа од нејзино затварање, фустаните кои ги има се неверојатни. 10/10 и за двата