Anonymous Предобар, сјаен филм. Никогаш два часа и 5 минутки не ми поминале побрзо и поинтересно. Прекрасна приказна, глума, интриги, возбуда, овој филм е најдоброто што излегло во последниве години, топло го препорачувам. Останав без здив, толку многу ми се допадна. На почетокот можеби делува малку конфузно, но потоа полека се разјаснува... и ве остава замислени. 9/10
Sherlock (TV series) "The Reichenbach Fall" Конечно стигнав да го изгледам и да пишам. Последниот дел од втората сезона. Не знам каква рецензија да дадам, приказната за Шерлок кој горе-доле сите го знаеме. Го препорачувам. Секоја епизода е подобра од претходната. Брилијантно сценарио. Глумецот е бонбона и не само тоа, глуми совршено. Крајот ме изненади. Кој ќе чека сега до следната година.. Оцена - 10/10. Spoiler Серијава повеќе ми се свиѓа од овој http://www.imdb.com/title/tt0988045/
The Rum Diary (2011) Comedy | Drama | Romance До пола успеав да го изгледам и го исклучив од тооооолку што ми беше досаден А очекував многу повеќе од филм со Џони Деп Не го препорачувам воопшто, барем според она што го видов
Во тек сум со филмовите, но сакам и црно-бели. По повод 200 години од раѓањето на Дикенс го гледав „Great expectations“. Филмот е од 1946 година. Законите на сиромашните и богатите и еднострана љубов. Многу добра приказна, па, во стилот на Дикенс. За сите љубители на постари филмови: топло препорачувам.
Colombiana (2011) 108 min - Action | Crime | Drama Добар е. Типична акција, но со бед ес женска. Мене ми се допадна без разлика што крајот беше очигледен, дејствијата се брзи, глумата и актерите баш на место, погодени. http://www.imdb.com/title/tt1657507/
Тоталка се согласувам со Трендафилка јас дури и помала оценка би му дала искрено некако мислам дека во филмов немаше живот- немаше нешто да те покрене и да го гледаш со внимание... Melancholia (2011 film) јас филмов ама на трчање го гледав и мислам дека незнам зошто ама ми делуваше како филм на Софија Копола Spoiler ма не ми е верно колку имаше сличности во филмов и нејзините филмови Kirsten Dunst, беше одлична во глумењето на улогата ама дејствието во филмов за мене беше доста досадно 3/10 за Kirsten Dunst.има 10ка за глумата а гледам дека и КАН ја наградил.. последен за вчера Supercharge Me! Филмов е за еден жена која сака за забавата која ке ја прави да облече костум -во кој сега не изгледа така добро .... Филмов е за една популрна УСА Диета т.н. РАВ. од мене 5/10 јас незнам дали би можела да се ставам на таква диета - може би применила нешто од сето тоа кое го кажа но искрено не би одела до толку крајности ... затоа јас овие филмови ги имам насловено како филм кој го гледаш додека се занимавеш со некоја плус работа
Along Came Polly Убава романтична комедија, Бен Стилер многу добар глумец ми е Интересен е и го имам веќе гледано едно 5 пати
Ноќеска го гледав, хехех слатко си се изнасмеав. Во оваа комедија започнува така што овие двајца се на закажан состанок од страна на нивните најдобир пријатели, нејзина другарка и негов другар кои се во брак. Односно кумови. Тие двајца одма се спречкуваат уште на самото тргање во ресторан и не одат на состанок,секој се враќа дома.Потоа на кратко е прекикажано нивната дружба со нивните пријатели кои добиваат ќерка, но за жал во сообраќајка умираат. А ќерката ја оставаат на нив двајца....понатаму гледајте и смејте се
The Devil Within (2010) Седнав да го гледам само заради Grey Damon - Филмот не е лош, ама мене не ме бендиса...единствено сцените со Греј, на кој си плакнеф очи. Кратко шо се дешава: Spoiler Ноќ на секс, дрога и забава во Холивуд Хил е совршена за прославување на 18-тиот роденден на Серина...се додека забавата не трне наопаку, кога непоканет гостин започнува да ги убива сите... Утеха е то шо, и колку да е глуп, сепак има подобра приказна од Twilight. Не препорачвам ! Оцена 3/10 Prom Night (200 За разлика од првиот овај претерано многу ме бендиса. Ептен интересна приказна, актерската екипа многу погодена (актерите кој од кој поубаф...). Kратко шо се дешава: Spoiler Матурската вечер на Дона би требало да биди најдобрата ноќ во нејзиниот живот, но садистичкиот убиец од нејзиното минато има поинакви планови за неа и за нејзините пријатели... Оцена 8/10
The last song Додека траеше филмот цело време се прашував, зошто Мајли побогу? 6/10 Bridesmaids Голема конкуренција се појавува меѓу деверушите за свадбата на нивната најдобра другарка. Добра комедија. :up: 8/10 Ghosts of the girlfriends past На еден женкар што не верува во љубовта, му се појавуваат духови од девојките во минатото и го потестуваат како лошо се однесувал со нив. 8/10
The Three Musketeers 2011 Римејк на познатиот филм од 1993 година. Лесен, интересен, забавен, со малку матрикс ефекти , но сепак препорачлив за релаксација. Ми се допадна, дејствието е брзо и возбудливо. 8/10 Beautiful Boy Тажен и потресен филм, сурова драма во вистинска смисла на зборот. Откако нивниот син ќе изврши вооружен напад врз неговите колеги од факултетот, ќе се самоубие. Приказна за тоа како продолжува животот понатаму, кој е виновникот за ваквата ситуација и како да се најде смислата за опстанок. Марија Бело ја портретира улогата на мајката мошне уверливо. Ми се допадна, но е тежок филм, не е за секого, ниту за секој ден и не можам да дадам оценка.
Footloose (2011) Spoiler Страшно и невозможно глупав. Не ми се верува што гледав. Римејк на познатиот филм од 80тите, кој и така имаше глупава приказна, но ми будеше убави спомени барем. А што барале да го доотапуваат не знам. Глумата очајна. 0/10. Ќе ги тужам за нервозата и изгубеното време.
And Soon The Darkness 91 минута трае, за 50 минути го изгледав,наравно со скокање до 60 минута споро се одвиваше дејството. се работи за 2 другарки што ќе одат на одмор во Мексико и едната ќе биде киднапирана. Не препорачувам 3/10 поради малата акција во последните минути
Colombiana Kателеја ги губи родителите на 8 години,се убиени од еден мафијаш,па таа патува и останува да живее со чичко и,па по 15 години станува ладнокрвен убиец,и прави се за да го убие убиецот на нејзините родители... Mене лично и не ми се допадна многу 6\10
Anonymous2011 http://en.wikipedia.org/wiki/Anonymous_(film) Инфо и соодржина на филмот Мене ми се допадна ... интересна филозофија и секако возможно е да е вистинито... Ratings: 6.9/10 рејтинг со кој и јас се сложувам Spoiler сепак за мене не е во листата на WOOOOW filmovi
Sex and the city http://www.youtube.com/watch?v=CDzGgaugb2s Можеби малку поткаснувам јас со филмовиве, дур сега го гледам првиот дел... Инаку прилично ми се допадна, не беше она што очекував (фала богу). Очекував секс сцена на секои 2 секунди, ама овојпат повеќе се работеше за љубовта отколку сексот. Ми се допадна и едвај чекам да го гледам вториот дел.
Just Wright (2010) Comedy | Romance Симпатично но многу позната приказна, од сам почеток знаеш како ќе тече филмот. 5/10