Along came Polly - го имав гледано филмот, ама ми стоеше во пц, и сега пак го изгледав. Обожавам филмови со Анистон, одлична глумица е, секогаш се смеам на нејзината глума. За Бен да не правам муабет
TOWER HEIST Класична приказна за организирање грабеж и спроведување на истиот на дело, кога нешто тргнува наопаку итн. Акција / комедија по стариот холивудски терк во современо издание, со одлични глумци. Филмчево ме опушти максимално, 8/10.
Up Интересно анимирано филмче. Животната желба на старецот му е да ги види рајските водопади заедно со неговата жена. Но таа умира. Во меѓувреме тој ќе се запознае со малото дете и започнуваат авантурите. Топло ви го препорачувам.
The Ides of March Политички трилер, кој фрла поглед на кампањата која е во тек и претставува можност за кандидатура за претседател на САД. Сплетки, интриги, заплет, многу интелигентна приказна, динамична, очекувате едно - се случува друго, со еден збор - возбудливо и непредвидливо. Целата актерска екипа - врв, Рајан Гослинг, Џорџ Клуни, Филип Сејмур Хофман, Иван Рејчел Вуд, Мариса Томеи, а никој не надглумува никого, сакам кога постои рамноправност и солидна изведба од сите актери. Многу добар филм, ама многу и крајот остава простор за размислување. Политиката е една валкана игра. 9/10
Changing Lanes (2002) (каков превод му дале на канал5, немам зборови немаше ни еден збор од насловов одвај го најдов ) Неможам да кажам дека е спектакуларен но ми се допадна. Mи го задржа вниманието до крај, само крајот не ми беше по мерак баш, но од друга страна па ако го отупеа со дооолг крај, немаше да се разликува од лигавине и патетичнине. Судбината некогаш ти поставува сопки кои ги сметаш за невозможни, грешни лоши, но од друга страна пак ти ги отвараат очите и менуваат мислењето. За глумата за Самјуел Л. Јексон нема потреба да коментирам, но Бен Афлек не беше лош, за промена. Убав филм, доволно длабок да ве натера малку да се подзамислите, за некои работи околу себе. Моќта и парите заслепуваат понекогаш и чесните и добрите луѓе а пороците го уништуваат и најпримерниот човек. Но сепак суштината на крајот на денот е да излезеш човек, да му помогнеш и на непознатиот од кој можеби и животот ќе ти зависи, но сепак ќе му дадеш рака од срце, без корист и со разум. 7/10
Мојот овонеделен филмски маратон носи наслов ,,Филмска треска со Ryan Gosling" 1. The Notebook (2004) Изгледан многу одамна, не одвоив нови 123 минути, пуштив неколку делови, баш да го видам напредокот на Рајан. Младич бре, се гледа неговото неискуство, кое кога прв пат го гледав филмот не го воочував, дури тогаш прв пат го видов актеров иако има мали почетоци од 1995година. А филм како филм или го сакаш или мразиш такви патетики. Јас на моменти сакам и ми се допадна оваа сторија базирана на Николас Спаркс, може навидум невистинита, но сепак верувам дека постојат примери за таква љубов, а секоја жена бар еднаш во животот би сакала да погледне таков романтичен филм, проблем е дали ќе се погоди теринот на гледање. За мене еден од најубавите романтични филмови евер а воедно и една од најдобрите љубовни актерски двојки 9/10 2. Fracture (2007) Фантастичен трилер, 9ка дури мислев и 10че, иако преретко ја давам таа оценка. Рајан е одличен правник поточно јавен тужител, иако водечката улога во филмот ја има фантастичниот Антони Хопкинс кој изглуми за чиста 10ка. Одличен трилер, вреди да се одвојат 110 минути за него. 9/10 3. Lars and the Real Girl (2007) Кој шлакнат филм јој Не ми се верува дека направиле ваков филм. Филмов е лудило во буквална смисла, не ми се допадна ништо посебно, многу многу многу е шизофреничен, но Рајан ја одигра улогата перфектно. Алал да му е за глумата во ваков ретардиран филм 4/10 4. Blue Valentine (2010) Не ми остави впечаток, интересна приказна која се движи напред назад, предаденот максимална на едниот партнер кон семејството поточно на сопругот во случајов кој Рајан го одигра фантастично, а од друга страна лажна љубов на сопругата и Мишел Вилијам во уште една одлично одиграна улога. Нетипичен филм морам да признам, сурова вистина, но и тажна, доказ дека колку и да се љуби секогаш се потребни двајца! 5/10 5. All Good Things (2010) Уф добра добра драма, каков пресврт во филмов, каква неправда би рекла. А Рајан фантастичен, преобразбите му се одлични, совршена улога за него. И Кирстен фино изигра, целата тематика е направена по вистински настани и приказни и сето тоа одлично склопено. 9/10 6. Drive (2011) Многу тешка улога, 10 реченици дал кажа Филмов али ич ич не ми се допадна, дури неможев да го догледам, го вртев набрзинка. Ефекти се ок, се воочи по глави исечени, крвови, вилушки во очи за некој кој мрази хорор како мене не е интересно. Чуден филм, читав за него или го величат или ич не го сакаат. Јас за жал во вторите сум. 2/10 7. Crazy, Stupid, Love. (2011) Топ релаксирачко филмче, Рајан фантастично се снајде во улогата на шармер и женкар. Се лигавев додека гледав и богами и јас ќе бев во онаа група на девојки кои би му рекле да носиме ме дома кај тебе Ми се допадна целата приказна за љубов и семејни проблеми. 9/10 8. The Ides of March (2011) Веќе го пофалив филмот поназад во темава еве пак. Всушност со овој филм го почнав мојот маратон и овој филм ме инспирира да ја отворам цела биографија на Рајан и да ги изгледам неговите филмови во последниве 8 години. Инаку не очекував ваков филм, ваков расплет на настаните, можеби очекував и поинаков крај, но целата испреплетеност на приказната ме воодушеви, а воедно тече едно дејствие кое веројатно е карактеристично за сите политички кампањи, едно кажуваат, а позади кампањата што уште не се крие. Рајан совршен е за улогава, ова е можеби најдобрата негова улога до сега. 9/10 За крај после 8 филмови ќе кажам дека момаков е едно прекрасно актерско талентирано човече, плус боже колку е секси Таков шарм, специфична глума, тип кој ми е на првите места за омилени актери. Кога ќе се насмевне под брк што би рекле со поткрената веѓа и штом прозбори паѓам од стол Продолжи така, видов дека 3 години правел пауза нема филмче од 2007 до 2010. А за оваа година 2012 најавени се 3 нови филмови. Одвај чекам да ја продолжам листава. Рајан те сакам. Ожени се за мене!
A Very Harold & Kumar 3D Christmas (2011) Прочитав лоши коментари, и баш затоа го симнав. Мене искрено ми се допадна. Како и во првите два, така и овој дел, двајца другари, запаѓаат во еден куп невољи. Од една во друга. Јас би го препорачала, добар е за губење време, и за смеење.
Божем комедија, ама мене не ми беше интересен искрено. Се работи за богато семејство, мајка која многу многу не се вртка дома цело време е по шопинг, 2 ќерќи кои живеат во свој свет и добиваат се што ќе посакаат, татко им кој ја брка својата политичка кариера(кој се кандидирал за претседател на Панама), има имаат и едно мало синче, кое само сака да си се игра-претставен како позитивен лик. Во нивната голема куќа работат две слугинки, на кои не им е исплатена платата за последните 6 недели, пари од кои едната го школува син и, и и се премногу итни до понеделник да ги испратела,за да може син и да се школува. Упорно си ги бараат парите од газдите, но се добиваат некое образложение за подоцна, утре,....и слично. Но еден викенд газдите се спремаат за на одмор во Мајами, тргнувајќи на пат, на самата врата слугинките успеваат да ги заробат, и сега почнуваат уцени, откривање на тајни за семејството....и многу други работи ,се со цел за да си ги добијат парите. Што се случува понатаму, погледнете и самите.
Rise of the Planet of the Apes Џејмс Франко игра научник кој работи во една компанија за биотехнологија. Тестирајќи нов вид на терапија врз шимпанза, се обидува да пронајде лек за Алцајмерова болест од која боледува неговиот татко. Откако настанува хаос во лабораторијата и една од женските шимпанза станува премногу агресивна, директорот на компанијата наредува да се успијат сите шимпанза и да престане тестирањето. Неможејќи да го успие малечкото шимпанзо кое е старо само неколку дена, Џејмс Франко го носи дома за да го чува. Веднаш сфаќа дека шимпанзото е премногу ителегентно и одлично напредува затоа што од неговата мајка го наследило ефектот на новиот лек. Одличен филм го препорачувам на сите, особено на љубителите на животни. Ја доловува правата слика за шинтерите во кои животните се измачувани и со кои се скратува нивната слобода. На некои сцени голтав кнедли и малку фалеше да се расплакам... Последната сцена ми остави најголем впечаток Spoiler Имено, лекот за Алцхајмеровата болест не делува исто на животните и на луѓето. Па, откако еден од научниците ќе се зарази, ќе го пренесе вирусот кој за луѓето е смртоносен. Вирусот за брзо време ќе се прошири, ќе дојде до изумирање на човековиот вид, и повторно ќе се вратиме на она првобитното - ера на мајмуните. 9/10
The Guitar (200 Интресна приказна за како треба да живеш до макимум некогаш во животот за да ти се случат промени за 360 степени. Малку неверојатно, но сепак можеби и возможно дека со промена на животот ќе ви се промени и среќата. Me изнанади крајот, но ми делуваше како недовршен очекував барем уште една-две сцени. 6/10
No reservations (2007) 7/10 Spoiler Драма, совршена за неделно попладне, претпладне, вечер... Филмче за релаксирање, без тупење и со убава музика. Станува збор за претерано амбициозна готвачка, која ја добива внука си на чување откако сестра и ќе почине. На моменти се препознавав во ликот на Кејт, о, колку многу се препознавав. Сета таа амбициозност, некои правила, претерана употреба на секогаш/никогаш, емоционална незрелост. И моментот со шалот - Yоu are leaning on my scarf - звучи како нешто што мене би ми се случило. Боже, јас сум, да. Мислам дека треба да си најдам некој психијатар како нејзиниот. Како и да е, интересно е филмчето, крајот е нели, очекуван, но тоа нема да ве спречи да го изгледате филмот.
The Help Филмов е за 60те,кога црнците биле дискриминирани од страна на белите,за тоа како слугинките доживуваат секакви работи и една девојка Eугенија пишува книга за тоа,многу ми се допадна филмов 9\10 Horrible Bosses Hа тројца пријатели им е смачено од нивните шефови,од нивното однесување....тотално од се,па решаваат да ги убијат 5\10
Fur: An Imaginary Portrait of Diane Arbus и покрај тоа што ја обожавам Никол, филмов е пречуден за мој вкус. http://www.imdb.com/title/tt0422295/
The Countess Го гледав синоќа. Ми се допадна, интересен и несекојдневен филм. Spoiler Се работи за унгарската горфица Ерџебет Батори. Нејзиното семејство е најбогато во околината, дури и кралот позајмувал пари од нив. По смртта на мажот и почнува врска со еден млад благородник. Поради одредени околности тој неможе да дојде кај неа дента кога требаше да избегаат и таа мисли дека ја оставил затоа што е стара (39). Станала нервозна и налудничава од помислата дека старее и има брчки. Од нервоза удира една од младите слугинки која и ја чешлаше косата и крвта од слугинката и прсна по лицето. Од зраците на сонцето, а и од „болеста“ и се причинува дека од крвта нејзиното лице станува помладо. Така започнува нејзиното ужасно владеење. На сите девици од дворецот им ја истискува крвта и со нивната крв се мачка по лицето. Потоа продолжува и со младите девици од селото, околината, се додека младиот благородник не се врати да ја открие нејзнината тајна...
The Princess diaries Го имав веќе гледано од дамна но сакав повторно да го погледнам Еден од поомилените филмови, лесна лимонатка. Happy Feet 2 Толку сладок анимиран филм, прекрасен е. Го препорачувам
Man on a ledge Dobar. 8/10 Eks policaec pod obvinenie ke izbega od zatvor. Simulirajki navoden obid za samoubistvo od zgrada so parelelen plan i akcija za zemanje na skapocen dijamant saka da ja dokaze svojata nevinost. Na koj nacin se ke se odviva gledajte go filmot. Spoiler Izvinete za lat netot ne mi e dobar momentalno
најомилен филм ми е титаник дефенитивно секогаш сакам да го гледам и никогаш нема да ми здосади а крајот секогаш ме расплакува но и ме потсека колку може да биде голема љубовта.а последен филм што го гледав беше twilight и искрено воодушевена сум од филмот а највеке од врколакот jacob ауууу каков е....ми останува да го гледам уште 4 дел breaking down