1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Girl, Interrupted

    [​IMG]

    Одлично! Еден од подобрите филмови кои ги имам гледано.
    Уште еднаш се докажа глумата на Анџелина, па богами и Виона. Вакви улоги според мене највеќе и прилегаат на Анџелина.

    Мислев дека Лиса беше една од најпаметните и најразумните девојки таму. Дека таа ќе биде една од оние кои на крајот излегува.
    Сепак лудоста и начинот на кој го живееше животот го правеше поинтересен.

    Чиста 10ка од мене.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    [​IMG]

    Леле какво цртанче ... UP се вика... мора да го погледнете ....

    [​IMG]
    :clap: :clap: :clap:
     
    На CoverGirl10, Shana и Srekicka им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Pearl Harbor

    [​IMG]
    Многу добра драма. Секогаш ми е тажен филмов кога го гледам и секогаш на крајот пуштам по некоја солза. Песните за филмов што се се исто така многу добри посебно таа Tennessee, ах се соживувам со филмов :$ :D
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    "The skin I live in" со Антонио Бандерас кој е во улога на хирург.Добар е филмот ама има и сцени што не се препорачуваат за малолетните хехе. :D
     

    Прикачени фајлови:

  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Easy A- Филмчево пријатно ме изненади. Навистина отскокнува од останатите филмови од овој жанр (teen комедија).
    Изобилува со духовити и интелигентни дијалози, добра глума.

    Најсимпатични ми беа необичните родители на Олив, иако во реалноста тешко дека постојат такви.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      11,4 KB
      Прегледи:
      217
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    The Girl with the Dragon Tattoo
    [​IMG]

    Во природата на човекот е секогаш да има посвежо и пооригинално сеќавање од првото нешто кое го видел (во случајов кај мене шведската верзија на овој филм), меѓутоа се трудев да бидам колку што е можно пообјективна и за жал, американската верзија fails on so many levels.
    Очекував дури да е подобар од шведскиот - поголем буџет = подобра продукција, познати ѕвезди, Финчер под режисерската палка, и иако сум негов огромен фан, ова е благо разочарувачко.

    Трае предолго, 2 часа и 37 минути, чир ќе фатите додека зјапате.
    Немаше апсолутна никаква хемија, ниту поврзаност помеѓу главните актери.
    Премногу непотребни сцени, никаков жар, никаков живот во филмот, освен неколку добри кадри.
    Развлечен, бавен, дури и малку досаден.

    Шведската верзија, иако со послаба продукција има:
    подобар кастинг,
    подобра реализација на приказната,
    и што е најважно - ПОДОБРА главна женска улога.

    За мене - ова е Лизбет Саландер
    [​IMG]

    А ова е само истрижано девојченце кое се тетеравеше низ целата улога, со мака.
    Ужасно.
    [​IMG]

    Оваа верзија 5/10
    Шведската верзија 8.5/10 (погледнете ја).

    Во главните сцени со Лизбет, првичната верзија е толку потресна, сурова, реална, тука е само бледа копија, без никаква идеја.
    Расплетот е толку интригантен, неизвесен, совршен, ќе се залепите до екранот од возбуда, тука е... сиромашен.
     
    На Annath, Shana и 1209 им се допаѓа ова.
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Заводник. Една од комедиите со Бен Стилер. Интересен филм. Дечково на меден месец запознава девојка се заљубува во неа, но кога ќе дознае таа за жена му го остава. После тој се разведува па девојкава се мажи. На крај по 18 месеци пак ќе се сретнат на истото место и ќе договорат состанок. Тогаш Бен Стилер е женет и е пак на меден месец. :) Препорачувам. 8/10
     

    Прикачени фајлови:

  8. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    [​IMG]

    Casanova

    Филм за најголемиот љубовник на сите времиња. Шармерот Казанова после толку љубовници, интриги, бегање од бесилки, конечно се заљубува во убавата Франческа.

    7/10
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    [​IMG]
    Box Office 3D 2011
    Пародија невидена на неколку филма - од сликава може да видите нешто но сепак ИТАЛИЈАНЦИВЕ го фатиле шметот... посебно ми беше смешен делот со Ќкодот на давинчиЌ колку добај спој и секако на Мафијата ,.... мооо гледам сите ке ги изредам ...
    Преводот е на Англиски а го има на замунда
    навистина заспав :rofl:
    8/10

    Kokowääh
    [​IMG]
    Девојченцево е „ѕвер“... Германски забавен филм кој што секако ме воодушеви и секако морам да го препорачам дека е ОДЛИЧЕН ...
    http://www.youtube.com/watch?v=QNtJABsF ... re=related
    10/10
    значи стандардна приказна - љубов- работа- очекувања- „семејство“ - разочарување - и договор за сооооовршенство !!


    [​IMG]
    The Maiden and the Wolves (2008)
    или на француски La Jeune Fille et les Loups
    [​IMG]
    At the end of World War I, 20 year-old Angle is determined to become the first woman veterinarian. Her life is an adventurous one and she becomes the object of ruthless rivalry between the man she is supposed to marry, a visionary but unscrupulous industrialist and a simple man who has withdrawn to the mountains to live among wolves, away from the madness of humans. Angle exploits this rivalry to attain her real goal: saving the wolves
    9/10

    La Flaqueza Del Bolchevique
    (The Weakness Of The Bolshevik) (2003)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Мислам дека девојчево (María Valverde)има страшен потенцијал за Глума и за она кое секако е уникална
    и ова е уште еден доказ дека уште некад на времето била екстра .... María Valverde ју роцк :lol:
    На моменти си велев дека ова е само типичен педофилски филм но со текот на времето и секако како настануваа случките во филмов сите мои претпоставки паднаа во вода...а крајот ме остави без текст. :x
    7,5/10
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    [​IMG]

    Midnight in Paris

    Многу ми се допадна филмов за младиот писател. Одлична глума и ретко добра содржина. Дефинитивно заслужува Оскар.

    10/10

    [​IMG]

    The Help

    Во филмов е опишан расизмот и дискриминацијата на црните жени, од страна на богатите луѓе во Америка, во 60те години. Филмов навистина ме допре.

    10/10
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Sleeper
    Дејството е сместено во 1981, во едно сестринство. Лудак, без причина, убива една по една од девојките.

    Залудно потрошено време.
    Изузетно слабо и без поента. 3/10
     
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The Darkest Hour


    [​IMG]



    го гледав во кино. и ептен ми се бендиса, дали дека 3D па ефекти ептен, мислам дека дома да го гледав немаше толку да се воодушевам што е и нормално нели.
    и се супер само кај нас мора нешто да се заебе... преводот или каснеше или одеше порано за едно 30 секунди. чудо како ниту еднаш точен не се погоди. а кога оди порано ептен тапа е пошто нема никакво изненадување, однапред знаеш што ќе се случи.
    инаку филмов супер идеја, еднаш филм за крајот на светот да се сними надвор од Америка. :up:



    http://www.imdb.com/title/tt1093357/
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Butterfly on a wheel
    Crime | Drama | Thriller

    [​IMG]

    Напнатост, неизвесност, брзо движење на настаните и извонреден заплет, неочекуван расплет!
    :bow:

    http://www.imdb.com/title/tt0489664/
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    A Very Long Engagement
    (Un long dimanche de fiançailles)

    http://www.imdb.com/title/tt0344510/
    [​IMG]

    Па да се потресе човек.
    Прекрасен филм, најсилно препорачувам.
    Приказна за една многу оригинална, силна љубов, грозотиите на војната и до каде се' може да се оди за да се стигне до љубениот, т.е. колкава може да биде упорноста на една жена.
    Целата атмосфера во филмот е преубава, преовладува златно-жолта нијанса, пренежни сцени, многу интересен ентериер, да се вљуби човек во 20тите години на минатиот век (минус војната, нормално).

    Амели (Одри Тату) - полн погодок за улогата на Матилде.
    Нејзиното харизматично семејство, симпатичниот вереник кому нема да му се знае судбината после завршувањето на војната и упорноста на Матилде да ја пронајде вистината ќе ве натераат да го засакате овој филм.

    Можеби има неколку сцени одвишок, и за мој вкус трае предолго (2 часа), но ова несомнено е квалитетна кинематографија и добар филм.
    Нема да се разочарате ако сте вљубеник во европскиот, односно францускиот филм, но и уметноста воопшто.

    И на моменти (во кои верувам СЕКОЈА девојка ќе се препознае) Матилде е неодолива.
    А кој не го правел тоа како помал?
    :lol:
    8.5/10
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Alfie
    Го имам гледано ама го фатив на телевизија и повторно го гледав.Некој вид на комедија/драма за еден женскар што не сака да се обврзува и ги искористува жените.Интересен и доста реален филм,го препорачувам.Џад Ло е совршен за улогата :inlove: .Исто и саундтракот на филмот е многу добар.

    [​IMG]
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Insomnia
    Вил и неговиот партнер се испратени на Аљаска да го откријат убиецот на едно младо девојче. Но, проблем настанува кога Вил по грешка ќе го убие својот партнер и истото ќе го прикрие, но убиецот знае и го уценува.

    [​IMG]
    A Different Loyalty
    Филм базиран на вистинска приказна за тоа како руски шпион поради кариерата е спремен да ги напушти своите деца и жената која неизмерно ја сака.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Женски
    The ugly truth - романтична комедија. Најмногу ја гледав заради актерката во главна улога. Просечен филм, веќе обработена тема-дали постои вистинска љубов или не.
     

    Прикачени фајлови:

    • 10887401_det.jpg
      10887401_det.jpg
      Големина на фајлот:
      30 KB
      Прегледи:
      336
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    New year's eve
    [​IMG]
    Дејството се одвива за време на новогодишната ноќ во Њујорк и ги следи приказните на повеќе луѓе и тоа како тие ќе ја дочекаат новата година.
    Лесно филмче, ништо посебно...без голема филозофија, за опуштање. Приказната можеби не е баш највозбудлива, ама дефинитивно има што да се види - Ashton Kutcher, Zac Efron, Bon Jovi...и уште десетина познати актери. Одамна немав гледано филм со Мишел Фајфер и се изненадив колку остарела :x
    Ако сте го гледале Valentine's Day и ви се допаднал, ќе ви се допадне и овој.

    Love in the time of cholera
    [​IMG]

    Прекрасна љубовна приказна, работена по книгата на Маркез. Ме воодушево тоа колку време може човек да чека и да се надева за вистинската љубов.
    Мене ми се допадна, иако имам читано критики дека филмот е слаб во споредба со книгата. Книгата ми е на листата за читање, па ќе видиме :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mи е срам да кажам,но верувајте јас дури сега го гледав филмов :$
    Breakfast at Tiffanys
    [​IMG]

    Hе сакам ништо да коментирам,освен дека приказната е одлична и морате да го гледате :)
    10\10
     
    На 1209 и Trendafilka им се допаѓа ова.