THE SKIN I LIVE IN Доктор после загуба на сопруга и керка, има пациент на кого ке врши експерименти. Уште еден филм во стилот на Алмодовар кој нема да ги разочара неговите фанови. Ја почитувам неговата работа и уврнатиот начин на кои ги проектира чуствата на филмското платно. Како и за сите негови филмови, од мене 10/10.
Bigga Than Ben Spoiler Приказната е за двајца симпатични, но своевилни млади Руски туристи кои доаѓаат во Лондон со цел лесно да се збогатат. Но набрзо сваќаат дека легално, нема шанси долго да издржат. Водени од Арташ, учат како да крадат и уништуваат мобилни телефони...со цел да опстојат Филмот е добар, не е лош ама па не е и нешто посебно. Интересна приказна, добра актерска екипа.... И за време на цел филм очите ми истекоја од зјапање во Бен Барнс . А и тотално се стопиф на англиско-рускиот акцент Оцена 6/10
1. The Next Three Days (2010) 133 min - Crime | Drama | Romance Не беше лош. Животот на едно семејство целосно ќе се смени кога мајката ќе биде обвинета за убиство.. Вистината се открива дури при самиот крај. На моменти по малку и досаден, ама сепак интересна приказна и успешна реализација. Расел Кроу е прекрасен. 6/10 2. Edge of Darkness (2010) 117 min - Crime | Drama | Mystery Приказната е добра, ама не успеа да ми го задржи вниманието.. Го премотував цело време.. Можеби само не бев расположена за ваков филм, не знам.. Татко детектив го истражува убиството на својата ќерка и ќе открие многу работи позади него.. 3/10 3. Zookeeper (2011) 102 min - Comedy | Family | Romance Веќе видена и предвидлива љубовна приказна. Се знаеше уште на почетокот како ќе заврши. Единствена светла точка во филмот беа животните. Кој сака животни сигурно ќе му се допадне. Имаше неколку интересни реплики од нив. Актерите не ме воодушевија баш.. 4/10 4. Melancholia (2011) 136 min - Drama | Sci-Fi Филмов предолго трае, многу непотребни сцени има - а од друга страна, многу работи се необјаснети.. Меланхоличен е ептен. Колку и да си расположен, ќе те онерасположи.. Првиот дел е особено бавен и досаден. Цело време тапка во место, а ништо посебно не се случува. Дури при крајот на вториот дел почна малку да се раздвижува. Неколку од последните сцени ептен ме растажија. Одлична глума од страна на Кирстен Данст. 3.5/10
Next Door (2005) Naboer (original title) 75 min - Horror | Mystery | Thriller норвешки. налудничаво-психолошки. http://www.imdb.com/title/tt0453383/
Killers Ова е една од подебилните романтични комедии коишто сум ги гледала. Приказната е глупава и нереална, глумата е очајна, врескањето на Кетрин Хејгел е неподносливо и ретардирано, а и опасно за ушните тапанчиња. Се' уште не ја гледам поентата како некој фрлил пари да се сними ваков филм. Очаен. Не го препорачувам, навредлив е за интелигенцијата.
Safe House Мислев дека со оглед на одличните глумци во филмот, ќе биде добар филмот ама се разочарав. Неинвентивен филм, расплетот го знаев уште во првите 5 мин, остатите 110 мин беа waste of time. Ни Дензел Вашингтон не може да го извади филмот, ептен безвезе филм. 2/10 own:
Despicable me Одлично анимирано филмче, баш ме расположи. Малите човечиња се преслатки, а Агнес ја обожавам! Дефинитивно го препорачувам! :up:
Puss in Boots - би му дала 7. Интересно, весело, и малку поучно. За тепање досада топ. Инаку морам да кажам, Меланхонија му дадов втора шанса го изгледав само поради фотографијата.. тешка депресија ми е филмов.. една 3 од мене.
X Нешто просечно. Освен што ќе видите по некоја еротска сцена, и две убави дами, друго тапа. Без некоја посебна тематика.
Lady and the Tramp Колку се најубави класичните цртани на Дизни, деновиве сите ќе ги изгледам повторно. Овој ми е еден од омилените, а оваа сцена една од најромантичните. Па кога го гурка последното мевце накај Лејди, чиста класика. Препорачувам, дечињата посебно ќе го сакаат. Во контекст на Дизни, и вакви работи ќе прочиташ. Глупости
New Year's Eve Се надевам дека при рекламирање на филмов сликиве на глумциве била поголема, бидејки освен со актерската екипа на друг начин филмов не може да придобие гледачи. Само појавувањето на Бон Џови доведе кај мене насмевка и толку. Досадно поминати 118 минути. Да не беа актериве филмов немаше да има ни 0,1% од сегашнава гледаност. Не ми е јасно како сите прифатиле да глумат во вака досаден филм. Додуше знам, пари Првично се чудев како на IMDb има оценка 5,2 а има така добра екипа и фино изгледаше приказната за филмот, испреплетени приказни на луѓето пред нова година. А освен говорот на Хилари Свонг кој навистина вредеше, другите приказни беа ужасно досадни. Сеа се чудам дури и од кај толку висока оценка има, оти 5,2 е многу. Не трошете драгоцени 2 часа од животот на овој филм, има милиони поинтересни и попоучни филмови. Дури жалам за 1,3 Гб што истрошив од драгоцениот интернет на ова
Sarah's Key (2010) Препотресен филм за животот на едно девојче еврејка од Париз, за нејзината пожтрвуваност за сопствениот брат, и дел од приказната за протерувањето на евреите од Париз и самиот чин на нивното психичко и физичко малтретирање. Само оние најхрабрите и најсреќните го преживеле или успеале да побегнат од тој ужас. Целата оваа приказна ќе ја пронајде една новинарка која живее во станот на протераното семејство. Целата приказна е прекрасна но воедно и една од најтажните и најпотресните. Прекрасен филм, дефинитивно го препорачувам да го гледате. Силна 8
Sex and the city I Позната сум по тоа дека нешто што ќе ми се допадне го гледам по многу, многу пати. Тоа сум јас. Филмов не знам по кој пат го гледам, уживам во него, во Кери, уживам во емоциите што ги има филмов (бар јас ги почувствував), и како фан на SATC секогаш ќе ги носам спомените од овој култен филм. Кери и Биг - нешто извонредно. Уште еднаш љубовта на Кери и Биг на тест, еден од милионите. Но овој е најзначајниот.
The Nines http://www.imdb.com/title/tt0810988/ Оригинален, чукнат и малку конфузен филм, но дефинитивно поттикнува размислување и анализа. Ми се допадна, би го изгледала пак, можеби ќе му најдам и поинакво значење, не знам. Рајан Рејнолдс одлично се снајде во улогите, ова е просто добар филм. 7/10 (just beacuse I'm seven)
Pride and Prejudice 1995 -мини серија од 6 епизоди која јас ја гледав како голем филм од 6 часа- Не знам како досега ги немав гледано, ми иде да си мавнам шамар. Си седнав вчера, од 9 вечерта до кај 3 сабајле, ама последната епизода морав сега да ја догледам, едноставно ту мач ми беше, трпки имав во нозите. Прекрасна реализација на истоимената книга од Џејн Остен, со Колин Фирт мислам, излишно е да се коментира. Доволно да не ме тргне од пред компјутер и да не мрднам, гасам, паузирам и слично. Музика, актери, сцени, убавини. И Колин Фирт, ако е стар, ај лав хим. Кој нема гледано, клоцата и да седне да гледа, само тоа ќе кажам. 10/10 Spoiler