Tomorrow When The War Began Актери: Caitlin Stasey, Rachel Hurd-Wood (Венди од Петар Пан), Lincoln Lewis , Deniz Akdeniz, Phoebe Tonkin Овај ми е еден од омилените Австралиски филмој, и тотално се изненадив кога пред еде сат го начекав на OSN Cinema. Накратко: Spoiler Приказната ги следи животите Ели, Фиона, Кори, Кевин, Хомер, Робин, Крис и Ли кој по случајност остануваат едни од ретките жители на Wirrawee, кои не се заложници на странските војски кои ја окупираат Австралија...како и нивните храбри обиди да му се спротистават на окупаторите. И покрај акцијата има доста доста смешни (не смешни, пресмешни) сцени.... Од критичарите има висока 7, а то дека е доста добар покажват и 10 награди кои ги освоија на 3 фестивали. Ви препорачвам, ако го немате гледано, да го гледате обавезно зато шо ставрно вреди ! Моја оцена: 9/10 Плус She's so fucking adorable !
10/10 ! Преубав филм (драма+романса) Многу убава глума, хумор, порака, сцени... и не е приказната клише. Spoiler Се прикажува животот на пријател и пријателка во период од 20 години. Се прикажува Лондон во 80тите до сега. Тие се сретнуваат секојa година на 15ти јули. На тој ден си кажуваат до каде се во животите. Понекогаш двајцата се со други партнери, некогаш тие двајцата се заедно, а некогаш едниот има партнер а другиот не.
Од Спаркс ги заредив. The Notebook Сите го знаеме филмот. Прекрасен е. Рајан е неодолив, многу згоден. Рејчел е многу убава, и лежи улогата. А заедно - пар од соништата. Иако се караат, пак се сакаат. Љубовта не познава години, места, статуси .. Не бираш ти во кој да се заљубиш, неможеш. Доказ за една искрена љубов, обестрана, поддржана со многу почитување,искреност, верување... Се што треба за добра врска. Просто го обожавам. По 100 пати да го гледам повторно ќе ми биде интересен. Најсцена: Ное и втрелешката и сцената со патките или шатките. Незнам ги мешам. Втор од Спаркс. A Walk to Remember Знаеме кој е. Незнам што е со филмовиве. Во секој филм секси глумец, да неможеш да се одлучиш. Лендон - одлична глума, мислам дека тело не му видовме. Устата му е многу убава. А Џејми, срцка. Кога им рече ,, Тенкју ,, цела се наежив. Нежен глас, а и таа е нежна. Тоа па шишките како и одговараат. Неможам да поверувам како го смени Лендон. Прекрасни се. Најсцена: Сцената со Тенкју и кога му кажуваше дека е болна. Трет од Спаркс. Dear John Го знаеме и овој. Глумецов ми се допадна уште во Таа е машко. Многу добро граден беше. Да неможеш да му одолееш. Тука е некако постар. Поинаков е. Пак го сакам. Добро глуми. Ми се допаѓа баш. А оваа Аманда, на почетокот многу ме нервираше. Многу ми беше лигава, или такви и беа улогите. Незнам. Но во Ин Тајм, докажа дека ја бива за нешто. Тука има добра улога. Ама они како пар не ми одат мене. Незнам. Чудни ми се. Овој крупен, оваа не. Најсцена: Типот кога се изгоре и кога се скокоткаа. Spoiler Боиве на филмовиве се од нешто специјално од нив. Првиот е од тоа езерцето, вториот е од џемперот, и третиот од паричките.
Мислам дека нема кој не го гледал,филмов го имам гледано мнооогу пати. Во кратки црти,се работи за 2 сестри со спротивни ставуви и нивниот школски живот.
Deconstructing Harry од 97ма https://encrypted-tbn3.google.com/image ... Hh6JeZkJnH очекував малку повеќе од Вуди...можеби и навистина имал писателска блокада додека го правел проектов филм за писател кој почнува да ја губи креативноста и се сеќава на своите дела и како вистинските случки и ликови од неговиот живот ѓи модифицирал и преточил во бестселери
Bridesmaids http://www.imdb.com/title/tt1478338/ Најдобрата другарка од невестата ќе биде одбрана за кума, на што газдарицата од зетот ќе љубомори и ќе прави секакви напори за да ги скара другарките проба на фустани, патувања, изненадувања! интересен многу, вреди да се гледа
Inglourious bastards Многу ми се допадна филмов, многу е добро осмислен, ехх стварно да имал Хитлер таков крај ... Втора светска војна, Хитлер ги пркоси евреиите, една девојка успева да се спаси, подоцна ќе им се одмазди. Неславни копилиња е група на американски евреи кои убиваат германски војници. Бред Пит во главната улога, вреди да се погледне филмов. 10/10
Го гледав заради Лејтон, но не е лош филмот. Не е нешто ново, позната приказна овие се 3 провинционални девојки кои одат да го посетат Париз, на почетокот се е лошо се додека Грејс (Серена) не ја заменат со Клаудија (истата актерка само божем оваа богата и позната фаца) и на таму знаете, почнуваат да живеат како богаташки, секој си наоѓа сродна душа, се додека не ги откријат. Но потоа остануваа со љубовниците и како ништо да не било.
http://www.imdb.com/title/tt0245844/ Добар филм, ми се допадна. Го препорачувам. Приказна за „пријателство“ базирано врз корист и личен интерес, предавство на блиските, одмазда , добивање на заслуженото и потсетување дека вистината секогаш излегува на виделина.
All Good Things Дејвид, кој потекнува од богато семејство од Њујорк, се запознава и започнува живот со млада убава девојка, која не е воопшто запознаена со неговото минато и психолошката траума која ја поминал при самоубиството на неговата мајка. Пресвртот се случува кога девојката наеднаш изчезнува... Солиден. Интересна приказна, фина актерска екипа и добар развој на настани. Рајан е одличен, а Кирстен по дифолт не можам да ја сварам. 8/10
Tomorrow, When the War Began Тука го видов на темава, па го изгледав ноќеска. Не е лошо филмчето, тинејџерско, ама не и глупаво. Има добра идеја, да се замисли човек што ако навистина би се случило такво нешто. Во секој случај, за ваков жанр е добар, многу подобар од Твајлајт и слични глупости. И девојката која е главен лик и наратор во приказната е многу погодена во кастингот.
Head of State - со Крис Рок, се згазив од смеење. Интересна комедија, ја даваа синоќа на Канал 5 мислам. Препорачувам на секој кој сака да си направи стомачни од смеење
The Proposal и Definitely, maybe. Рајан Рејнолдс ми беше многу антипатично човече и одбивав да гледам филмови со него, го гледав Крејзи, ступид лов и не ми се допадна Рајан, но другарка ми ми го донесе The Proposal и морав да го гледам за да не ја навредам. Ми се допадна филмот многу и Рајан е одличен. 7/10. Препорачувам. Spoiler Се започнува кога шефицата треба да биди депортирана во Канада и со тоа е спречена да си ја работи работата која ја обожава, но ќе најди начин да остани во државата. Ќе го запроси својот асистент, кој како и останатите во компанијата не ја обожава баш многу. Што ќе се случува понатаму, гледајте...Крајот е многу предвидлив, но има сцени кои се интересни и кои ќе ве опуштат и насмеат. Definitely, maybe не е толку добар како првиот, но не е ни лош. 6/10. Spoiler Кога едно мало девојче во школо ќе има предавање за сексуални односи ќе се заинтересира за љубовниот живот на нејзиниот татко, кој се разведува од мајка и. Ќе одлучат да биди цела вистина кажана, но имињата на девојките да бидат променети, така што малата Маја треба да погоди која од тие девојки е нејзината мајка. Филмчињата се за пушташе мозокот на пасење, значи ништо посебно, но за филмови од овој жанр се океј.
Лелееее стално ги грешам овие два филмови, оти ги гледав едно по друго. Мислев на The change up, а не Crazy, stupid love . Инаку сеуште не сум до толку изветреана, да ги згрешам Рајан Рејнолдс и Рајан Гослинг. Вториот ми е меѓу омилените актери. Каша фала што ми укажа на грешката.
Tower Heist Група вработени, откако остануваат измамени од газдата, смислуваат план да го ограбат. Потешкотиите доаѓаат кога ќе сфатат дека богатството е всушност колата-антиквитет во неговиот апартман на 59 -от спрат, за која ќе мора да најдат начин да ја изнесат од зградата. Не би рекла дека е изузетно смешна комедија, ама има интересни и смешни моменти. Еди Марфи го спасил филмов од пропаст, тоа дефинитивно. Бен Стилер е стандард во секој комичен филм. За слободно попладне е супер, забавен за гледање. 7/10
The End of the Affair Љубов за време на војна, изневерување, љубомора...филмов ме натажи. Days of Heaven Филм од `78 Дечкото ќе ја натера својата девојка да се омажи за богатиот газда каде што работат за да живеат од неговите пари. Не е лош, ама сепак сум за понови филмови