1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Немам зборови за за филмов, дури ме расплака.
    [​IMG]
    Нема да ви го прераскажувам,зошто ова навистина треба да се гледа, освен што ќе ви кажам, дека човеков е премногу поврзан со кучињава,тие еднашка ќе ги спасат луѓето, а потоа тие мораат да заминат, но немаат место да ги понесат кучињата, што ќе се случи,дали ќе се спасат...и се дуго погледнете сами! :inlove:
     
    На Andemona, BoaVista и Hipica им се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Го гледав филмов вчера, многу ми беше интересен, не сакам да споделувам детали, има посебна тема за филмов, само едно ќе кажам - во филмов девојкава има многу КУЛ родители, ептен!!
    И уште едно, I love Emma Stone и сакам да го изгледам секој филм со неа!!! :) :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Easy-A.jpg
      Easy-A.jpg
      Големина на фајлот:
      133,5 KB
      Прегледи:
      234
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Darkest Hour 3D
    [​IMG]
    Филмов е нешто во стил на 2012, за пропаст на светот. Со тоа што, овде како причина за тоа се јавува некој вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи. Една ноќ, целиот свет останува без електрична енергија и настанува хаос. Дејствието се случува во Москва каде група млади Американци успеваат да се скријат и да ги преживеат нападите. По неколку дена кога ќе излезат од нивното засолниште, откриваат пуст град во која мали се шансите некој друг да преживеал. Опасноста сеуште ги демне, а тие ќе се обидат да ја откријат слабата страна на оваа сила, за да можат да и се спротистават и да преживеат.
    Филмот како филм не е толку лош, ама 3D ефектите се слаби.
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    [​IMG]

    The notebook

    Воодушевена сум од филмов, од ремек делото на Спаркс. Никој филм не допрел толку до мене, :clap: и за глумата, Рајан и Рејчел се совршена спојка.

    10/10
     
    На AnaKarenina и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Harry Potter and the Sorcerer's Stone
    Првиот дел. Какви се само, цуцки.
    Многу ми се слатки. Хермиона поготово. Во последна сцена кога викаше Never Better. Ај, ми идеше да ја изедам. Одлични се.
    Хари е супер. Каква фацичка направи кога не ги знаеше одговорите на прашањата на Снејп.
    Рон до тоа гумените и жабите. Ненајадено дете е. А гревче кога Малфој му викаше нешто.
    Хермиона, мојата омилена, најдобра, најубава, се знае. Кога незнаше дека овој Николас во која книга се наоѓа.
    Најсцена: Кога викаше Never Better и на Дадли кога му направија опавче.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :clap:
     
    На Hipica и Doozy им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Како што ви испричав, последно што гледав е:

    My best friend's girl




    Нормално, филмот го симнав ради Кејт. Искрено овој папчово од American Pie ми е соооооу боринг. |(
    Роден е за улоги каде е тотален jerk.
    Приказната е следна:
    Момакот во средина (Тенк) има едно хоби: дечковците кога ќе раскинат со девојките го бараат него за да ги намами нивните девојки да одат на состанок со него каде овој Тенк ќе се понаша како тотален дебил, и овие женскиве демек разочарани од состанокот решаваат да им се вратат на поранешните, кои нормално го ангажирале момаков. :D
    Нешто како Hitch во видоизменета приказна. Така се случува и приказната кога идиотот Дастин не може да ја фати срцкава за женцка, па го најмува Тенк. Но Тенк иако сака да испадне морон се заљубува во Алексис (Кејт). Понатака не ви кажувам. ;)

    ИМДБ оценка: 5.8
    Од мене: 7.9 :P

    Притоа ќе се насмеете добро со овој Тенк, барем мене ме насмеа со штосните и навидум идиотски шеги.
     

    Прикачени фајлови:

  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Одлично филмче, не сакам да ви раскажувам, мора да го погледнете, посебно оние кои обожават романтични филмчиња. :)

    http://en.wikipedia.org/wiki/Waiting_for_Forever

    Го препорачувам :)

    Оценка 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • 4725.jpg
      4725.jpg
      Големина на фајлот:
      19,3 KB
      Прегледи:
      116
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Секој ден гледам по некој од филмовите кои се номинирани за оскар ама кога сите ќе ги изгледам ќе ги искоментирам.
    Онака измеѓу нив го изгледав чисто за релаксација
    Monte Carlo (2011)
    [​IMG]
    Не планирам многу да го коментирам знаете за што се работи во филмов.
    Само ќе додадам дека не вреди за ништо освен добро да си исплакнете очи со убавини.
    Во Париз не сум била, ама затоа Монте Карло(Монако) е прекрасно и ми наврати само прекрасни спомени.
    Филмов е предетски, нема никаква поента, барем мене ми нема и ми е малку веројатен.
    Веројатно кај помладите веројатно повеќе поминува.
    Кај мене не.
    Moжеле подобра глумица да најдат од Селена Гомез па и од таа плавата.
    Етен слаба 3-4/10
     
  9. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Живот каков што го знаеме , пре ама пре прекрасен филм , го ставам на листата за најдобри филмови :nod:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Beautiful-Princess и LilBaby им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Harry Potter and the Chamber of secrets
    Мора да го знаете овој. Прекрасен е и предобар. Сите се срцкасти, најубавки.
    Колку е само себична фамилијава на Хари. Оваа тетка му Петунија, како се однесува за гостиве, декем богови им идат. Не ми се верува дека за роденденов го спасија. Дури сега приметувам.
    Мајка му на Рон е срцка жена. Како им писна. Where have you been ?
    А пак овој новиов, со книгиве, ух, незнам што е со жениве во филмов. Збудалуваат.
    Се изнасмеав кога му ја пратија таа пораката што зборува на Рон, фацичката му беше срцкаста. Абре сите се срцкасти.
    Хермиона колку ми беше јака со тоа нејзиното She is a little sensitive. За Муни Мартл. А Хари најсрцка во последниот момент кај гушката.
    Најсцена : Со Муни Мартл и со пајаците. Ух, сега ми е повеќе страв од пајаци од било кога.
    [​IMG]
    Каква му е косичката, залижанка секогаш. :emo:

    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    And Soon the Darkness

    Колку фалење му удират на филмот, а за ништо не вреди.
    Ми го фалеа, фалеа глата тапан ми ја напраја со то „колку добар е филмот“, и решивме со еден другар да го гледаме. Многу е ефтин, глуп и без добра глума...Ич не ме бендиса.
    Од ко го догледавме заклучивме дека „Џабе си потрошивме сат и пол од денот...“ !

    Не препорачвам.

    Оцена 2/10
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Norbit (2007)
    Го гледав на канал пет плус. Само не го фатив од почеток.
    Нема што да се коментира. Филмов е многу добар, смеење на кило. Ако сакате да се расположите, слободно гледајте го. :)
    [​IMG]
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Филмот е многу лоша копија на
    Raising Helen (2004)
    [​IMG]
    Има страшна сличност а според мене овој е каде каде подбар од горниов.
    Никаква оригналност мразам бледи копии.
    Го препорачувам овој сепак Кејт Хандсон мене не ми се споредува со Кетрин Хејгл па и John Corbett не се споредува со Думел во глума барем.
    Овој е каде каде посимпатичен и поинтересен, мене другиот ич не ми се допадна можеби зашто го имам гледано прво Raising Helen и тоа одамна и можеби затоа другов ми беше слабо жалосно.
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Trendafilka, благодарам за филмчево, ептен ми се погоди.
    Мистерија / Фантазија / Драма, по тој редослед според мене. Три приказни со збунувачки дејствија, испреплетени на моменти, за да на крај се склопат коцките.
    Од мене 9/10
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Dead Poet Society

    [​IMG]
    [​IMG]

    Малку постар, но одличен филм!
    Филм кој зборува за тоа како поезијата може да ве промени, и како треба секогаш да ги следите своите желби во животот, безразлика на отпорот на кој наидувате.

    Ви го препорачувам на сите.
    10/10
     
    На teddi, IvanaIvanchica, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Долго време не сум гледала така некое филмче.

    Casanova
    Многу убавина има во филмовите во кои дејствието се одвива во постар период,уживам кога ги гледам.Преубаво филмче за заводникот Казанова и неговото вљубување во малку поинаквата девојка во тој период Франческа Бруни.Хит Леџер е многу шармантен актер а Сиена Милер беше одлична во улогата,не знам стварно зошто толку ја потценуваат како актерка.Го препорачувам филмот 10/10
    [​IMG]
     
    На tigerlady и Mayyya им се допаѓа ова.
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Jane Eyre (2011)

    [​IMG]

    Уште една екранизација на познатото дело на Шарлот Бронте. Џејн Ејр е една од моите омилени книги од средношколските денови, кога ја препрочитав неколку пати. И можам да кажам дека ова е успешна екранизација, ми се допадна Mia Wasikowska во улога на Џејн, ја има таа некоја смирена убавина која и одговара на улогата, а и Michael Fassbender е одличен во улогата на Рочестер.
    Добар филм за едно убаво саботно попладне.

    http://www.imdb.com/title/tt1229822/
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    The Hangover (2009)
    Треба да се гледа, треба да се слуша, и нема потреба да се зборува! :!:
    Предобар филм. Немам коментар, стварно. Незнам што сум чекала до сега, зашто не сум го гледала. Сега трч, и ќе го гледам вториот дел.
    Стварно, многу добра комедија, а и убави глумци. :wasntme: Го препорачувам, ама онака ептен. :nod: :up:
    Се работи за 4 најдобри другари што ќе одат на момачка вечер во Вегас, како и да се вика. И после таа вечер, не се сеќаваат воопшто на ништо.
    За тие што го гледале..
    Патем, кога веќе ги собраа парите, веќе претпоставив дека тоа не е Даг. :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    [​IMG]

    La vita è bella (Life is Beautiful)

    10/10

    Каква приказна, каква реалност! Цело време си се смешкав на приказните и на однесувањето на Guido Orefice, но при крајот не можев да се совземам од плачење.

    A Jewish man has a wonderful romance with the help of his humour, but must use that same quality to protect his son in a Nazi death camp.
     
    На sesilija, JuLleE, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Torresica

    Torresica Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    http://www.imdb.com/title/tt0945513/
    Само што го гледав филмов, па сега чуствувам дека на сите трба да им кажам за тоа колку е прекрасен :D , со малку повеќе мислење , успеав да го сватам :D , па ви го препорачувам особено за љубителите на трилери би му дала 100ка да можам
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.