1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Desert flower.
    Одличен филм! Немам коментар ..
    Станува збор за една девојка од Африка која ќе сакат да ја омажат на 15 години. Таа ќе избега од дома и ќе отиде кај баба и во друг град. Но баба и од таму ќе ја прати во Лондон. Е сега овде почнуваат да се случуваат интересни случки. Вреди да се изгледа. :)
    100/10 :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Кој сака филмови со оружје,војска...и сл.
    [​IMG]
    Еден тим „Морнарички фоки“ е во бегство кога е наместен за саботирање на едни колумбиски мировни преговори.Колумбија е во хаос, заробена во војна помеѓу владата и бунтовните герилци. Еден тим „Морнарички фоки“ на САД е испратен во тајна мисија да ја набљудува средбата помеѓу страните и да осигури дека резултатот ќе биде мир. Но, кога има напад на средбата и водачите на двете страни се убиени, „Фоките“ се обвинети за нападот. Напуштена од својата влада и заробена зад непријателските редови, групата мора да преживее доволно долго за да најде докази за својата невиност и да спречи бруталната војна да се прелее преку границата.
    Не е Нешто којзнае што special но е интересен за тие што ги интересирљат вакви филмови.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Tower heist
    [​IMG]
    Ни предобар, ниту прелош.
    Бен Стилер и Еди Марфи во главните улоги.
    Бен Стилер е управител на една станбена зграда за богаташи, а откако сопственикот на истата ќе биде уапсен поради проневера на заштедите на сите негови вработени, ќе скројат план - да го украдат остатокот што им припаѓа ним.
    Има интересни моменти.
    За тепање време е сосем ок.
    6/10
     
  4. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    V for Vendetta
    Дејството во филмот е сместено некаде во иднината, кога е сосем логично дека би можеле да очекуваме тоа навистина да се случи, но сепак не толку далечна иднина колку што нам ни изгледа поради тоа што се уште живееме во една идилично рурално-пасторална средина.
    Подетално:
    по катастрофата од една нуклеарна војна, од која речиси половина свет бидува уништен, тоталитаристички режим го запоседнува светот, бидејќи многу нешта се неповратно излезени од контрола, голем дел од човештвото е изумрено, но во Англија има воспоставено нов општествен поредок, каде луѓето се натерани да мислат дека теророт што го наметнува владата е благослов за единствено можно остојување на видот. Тој поредок е нешто налик на (ќе ве вратам малку назад) ”1984” на Џорџ Орвел или слично на онa што го има опишано неговиот претходник Замјатин во легендарното дистописко дело “НИЕ” (нормално, тешко е да се измисли нешто ново и оригинално, недопрено од двеилјади годишната еволуција). И што е уште понормално и пологично, секаде каде што има строги општествени норми, таму има и повеќе желба (и потреба) истите да бидат прекршени. Во случајов човекот кој застанува контра системот, себеси се нарекува само со една буква “V” (Hugo Weaving). Единствениот преживеан во таканаречениот “камп на смртта” каде се водат медицински експерименти на луѓе е “V”, а оттаму, на големо изненадување на оние кои очекувале дека експериментите ќе му наштетат, произлегуваат и неговите исклучителни особини во поседување на воени вештини.
    10/10 :up:
    Прилично старо филмче,но многу добро!
    Премногу ми се допадна,не сум миленик воопшто на вакви филмови,не го ни разбрав во почетокот што сака да каже,но со малце објаснување од дечко ми,сфатив :D
    И дефинитивно,филмов те тера да размислуваш малце поразлично.
    Препорачувам! :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Harry Potter and the Prisoner of Azkaban
    Познат филм. Хари го запознава биолошкиот татко. Предобар филм, во кој се спасуваат повеќе животи.
    Се подобри и подобри стануваат глумциве. Тука се посозреани, по возрасно размислуваат, али сепак се слатки. Рон и Хемиона вечно се расправаат со миленициве. Се чудам како не го изеде глушецов мачкава. :lol: Ама смешак имаше кога ги гледаше како се расправаат. Многу добра сцена имаше со тоа Бакбик. Интересно суштество. Арно им даде на Малфој.
    Хемиона каков бокс му удри, мх,мх, за мерак. Да не ја допре повеќе.
    А Рон со тоа глушецот, уф, почнува да ме нервира. Нека оди, остај го. Судено му е да бега.
    Најсцена: Снејп, застанува заштитнички спрема нив и сцената со Бакбик.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Hipica и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Мачорот во чизми
    Можеби очекував малку повеќе, но добро е филмчето за релаксација. Мачињата се преслатки. Еве ги сцените на кои се изнасмеав најмногу :) Оооуу мачето. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=uQVQEgvQ ... re=related
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Случајно го начекав на ТВ, интересно филмче, многу сакам да ги гледам заедно Kate и Мatthew, срцки ми се. :) Има интересни сцени ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=_UaX5xRM ... re=related :D
     

    Прикачени фајлови:

    • foolsgold2d.jpg
      foolsgold2d.jpg
      Големина на фајлот:
      206,6 KB
      Прегледи:
      168
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    со дечко ми правевме филмска Сабота .е..е е..е со интересни и помалку интересни филмови
    1. underworld awakening
    [​IMG]
    [​IMG]
    Браос за новиот вампир мислам изборов е мффф мффф мффф лепотааа
    изненадена сум од глумата на девојќенцево,
    [​IMG]
    тематиката ми е супер искрено борбата за семејството и колку се добри направени сцените ...
    од мене има Добра 8ца

    2.A Dangerous Method
    [​IMG]
    http://en.wikipedia.org/wiki/A_Dangerous_Method
    од моја гледна точка да кажам дека Keira Knightley или Sabina Spielrein ја одигра перфектно нејзината улога! Мислам браво за тоа колку добро глумеше и секако мислам дека заслужува некоја предобра награда за оваа улога.
    според она кое си го преставував јас во главата како изгледаат овие психолози, мн сум имала исто со режисеров... :wasntme:

    3.kama sutra
    Гледавме некоја верзија која ја симнавме од замундата - 30 мин филм со покажуванје на околу 20 пози ... хехеххехе
    Катастрофа од филм - документрац или што и да е ...3ка за црната водителка

    4.102 Sex Positions
    едвај изгледавме 15 мин од филмов- некоја германска продукција
    мислам ние секоја поза и ситуација која ја правеа главниве карактери ја анализиравме
    за тоа дали ке може да се изведе или не пошто некако беше мнн утнато тоа што беше прикажаноедвам 2ка давам на тие 15 мин
     
  9. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    390
    [​IMG]

    Интересна комедија за двајцана близнаци :) Љубители на комедии доколку не сте го погледнале, ви препорачувам да го погледните ;)
     
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Uptown girls
    [​IMG]

    Одличен е, секогаш кога си го гледам пуштам по некоја солза.Вреди да се погледне! :)
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    The woman in black (2012)

    Филм...е**го.. |(

    [​IMG]

    Конечно му дочекав HD снимка. Ко демек јак трејлер, а пола филм е спор до пм и назад.
    Ама пуст Викторијански изглед ми задржа внимание.
    Е откако ќе се развие приказната што и како, станува поинтересно.
    Имено, станува збор за една отепана чие дете се дави во кал и после оваа ко демек се беси, ама духот нејзин во знак на одмазда оди по селото и „собира души“ на други деца ко демек за одмазда за нејзиното. На крајот ми се по*ра цел филм, мораше де така да заврши. К**ва неблагодарна. |(
    Малку Редклиф ептен од тинејџерска улога се префрлил на пресериозна, ама не одглуми лошо.
    Се` на се`...6.5/10, можеше цел филм да е поактивен, не само крајот.

    р.ѕ. Само јас го гледам ова „И кратка рецензија“? :?:
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    http://www.youtube.com/watch?v=IhaEWCVY ... detailpage
    Малку постар филм, воена драма...

    ...Полковник Вилијам Мекнамара е притвоерен и испратен во брутален германски камп за воени затвореници. Меѓу Американците во кампот има највисок ранг па ја превзема командата над нив обидувајќи се да ја одржува честа на место каде чест е лесно да биде погазена, иако го демне опасност зашто е постојано следен од будното око на германскиот Полковник Вернер Висер. Никогаш не откажувајќи се од борбата да се добие војната Мекнамара не ги за заборава своите воени обврски и тивко, полека но сигурнио прави планови чекајќи го вистинскиот момент да се погоди непријателот.
    Убиството во кампот му дава шанса да започне со реализирање на зацртаното...
    Младиот потполковник Томи Харт никогаш не мислеше дека ќе биде вовлечен во процесот...

    Одвлекувајќи го вниманието со помош на воениот суд, Полковник Мекнамара прави шема за ризично бегство и уништување на оружјето во близина со неволна помош од Томи Харт.
    Софистицирана игра на време каде Мекнамара ќе мора да користи херојска решителност при извршување на мисијата, во крајна линија принуден да ја процени вредноста на својот живот наспроти благосостојбата на својот народ и татковина.
    "Хартовата војна" е пример за чест, пожртвуваност, храброст и лојалност.

    Лично ми се допадна, а негативните критики ќе ѓи занемариме зашто сакам вакви жанрови. :wasntme:
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Desert Flower (2009)
    [​IMG]
    Конечно вечера го изгледавме заедно со мадер.
    И двете вака останавме :o
    Беспрекорен филм :clap:
    Што сабајале првото нешто што ми ги кажа кога станав, уф леле вчера филмот многу ме потресе, прекрасен филм, значи капа му симнувам :bow:
    Одамна немам гледано толку добар и потресен филм.
    Уште попотресен е што е вистинска случка и се случува во овој момент, сега, денес утре, заутре.
    Со часови и часово размислував и размислувам на оваа тематика.
    Во секој случај препорачувам да го гледате,ако има воошто такви кои него гледале, еден од најдобрите филмови кои сум ги гледала.
     
    На Chocoholic и Mayyya им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Carnage
    [​IMG]

    1час и 16 минутки.
    Толку трае овој филм на Полански, во кој два пара родители (прикажани на постерот) се среќаваат во станот на едните, со цел цивилизирано да го решат проблемот околу тепачката на нивните деца.
    Низ разговор и неколку непријатни ситуации и сцени, почнуваат да се откриваат нивните маски, комплекси и фрустрации.
    Мене ми беше исклучително забавен и смешен.
    Би го погледнала пак.
    Дијалогот е жив, а глумата извонредна.
    Џоди Фостер е неверојатно квалитетна глумица, исто и Кејт Винслет.
    И... се' се случува во една соба. Во две де.
    :D
    8/10
     
    На Shana, Mayyya и crazylady им се допаѓа ова.
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Доказ до кај може да оде човековата злоба па и глупост, си поплакав како дете низ тоа сцените ,вреди да се погледа би дала 8
     

    Прикачени фајлови:

  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Прекрасен филм :) не очекував толку многу да ми се допадне..
    очекував дека ке биде некој грли просечно добар филм, но многу неочекувано, искочи дека е прекрасен филм :) дури и ме расплаче :$

    Го препорачувам..
    Оценка 9/10
     

    Прикачени фајлови:

  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Under the Tuscan Sun
    [​IMG]
    Морав повторно да го гледам филмов, за момент да се препуштам на рајов што е во филмов :) Многу добар релаксирачки филм што колку пати и да го гледам никогаш нема да ми е досаден :$ :D
     
    На Unica, Hipica, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  18. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    и јас го гледав истиов филм вчера вечер иако многу ми се спиеше сепак го догледав до крај.Стварно многу многу добар филм :)
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Kaко дете сум го гледала онака дел, без да се сеќавам, и уште летоска прашував кој беше филмот во Париз или Рим, каде што ја сликаат девојката со запалка :wasntme: ?
    Татко ми ми кажа дека е Рим, не е Париз, а Душе ми го кажа насловот на филмот :) [​IMG]

    Го гледав дури после неколку месеци откако го симнав, и ми се допадна.
    Ми требаше некој таков филм за релаксација, малку романтика да ми ги одвлече мислите.

    Дејството се случува во Рим, каде што една принцеза после едноличните обврски и златниот кафез во кој се наоѓа, решава да избега на час или два од него, но заборава дека пред да избега прими инекција за спиење, па додека ги истражува римските улици и животот во нив, ја напаѓа силна дремка и заспива на една улица.
    Тоа го гледа еден новинар, кој што постојано е во долгови и во потрага по добра приказна која ќе го извлече од нив.
    Девојката му го привлекува вниманието, решава да ја префрли до дома, но бидејќи таа заспива во таксито, мора да ја однесе во неговиот стан.
    Утредента кога пристига на работа, каснејќи и испуштајќи го интервјуто со принцезата која пристигнала во Рим, тој сфаќа гледајќи слика од неа во весник, дека таа всушност спие во неговиот дом.
    Така тој, заедно со неговиот пријател, фотограф, решаваат да поминат цел ден со неа и да добијат ексклузивно интервју поткрепено со слики.
    Но, дали излегува се` по планот?
    Погледнете го филмот кој што е филм со кој што Одри Хепберн „се пробила“ на холивудското небо и за кој што добила Оскар.
    Морам да кажам дека е едно прекрасно, нежно суштество без кое филмот не би го имал тој драж.

    И да, филмот не е во боја, да не се разочарате :) :)

    Го препорачувам за оние кои сакаат да гледаат лесен филм, благо романтичен, со преубавата Одри.
    Не очекувајте трилери и слични заплети, само мене крајот не ми се допадна, не беше баш пепелашки :( , очекував друго :angel: .
     
    На rossonerka, Mrs.Cuper, LivingGlam и 7 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.700
    Пол:
    Женски
    Викеднов се фрлив на филмови номинирани за оскар. Најмногу ми остави впечаток:

    The Iron Lady

    [​IMG]

    Пре пре преубава глума на Мерил Стрип. Филмот е прекрасно направен, топло го препорачувам нема да зажалите ако го гледате.

    The Decendants

    [​IMG]

    Што да кажам ќе биде пристрасно зашто го обожавам Џорџ Клуни.

    The moneyball

    [​IMG]

    Прекрасен филм. Обожавам филмови базирани на вистински настани. Бред Пит иако не ми е омилен глумец сметам дека даде многу добра глума. Заслужува Оскар.