Го симнав од замунда истиот ден откако го ставија, а сега гледам го нема веќе тој торент. Пробај на rarbg.com или на thepiratebay.se имаш повеќе кино снимки
Under The Tuscan Sun Симпатична приказна за жена која се обидува да го преживее разводот на нејзиниот долгогодишен брак во кој била изневерена. Заминува на патување во Италија каде непланирано купува куќа стара 3 века во едно мало италијанско градче. Со нејзините последни сили и поддршка од пријателите, ќе се обиде да ја реновира куќата и нејзиниот живот. Филмот изобилува со прекрасни италијански пејсажи и не учи како да ги преживееме тешките периоди од животот.
How To Lose A Guy in 10 Days Толку пати го имам гледано филмот што веќе го научив напамет.Но никогаш нема да ми стане досаден,најдобра романтична комедија според мене.Кејт Хадсон и Метју Меконахи perfect match .
Пред да одам за Париз, го гледав: http://www.youtube.com/watch?v=H7e07c52VWg Многу мил, трилерски, смешен и доста поучен француски цртан филм. Мачката, секако има главна улога. Препорачувам.
Like Crazy неверојатен филм, реален. За тоа дали и колку може да опстои врска на далеќина. Гледајте го нема да зажалите.
Го изгледав вчера вечер.. Британи Марфи (Моли) е ќерка на познат рокер, и се однесува, така малку детски, и во еден момент ги губи сите пари што ги има и почнува да работи како дадилка на Дакота Фенинг (Реј) која па се однесува како возрасна. Има лесна приказна филмов, онака за тепање време, јас се поврзав ептен со ликовите, и како што сум емотивна, пустата јас, си го исплакав пола филм Оценка 6/10
^BlackSwan и јас исто. How to loose a guy in 10 days Филмов благоречено 30тина пати го имам гледано. Ама само благоречено. Еден од подобрите филмови на Кејт, и Метју Меконахи во пар со нејзе. Репликите на памет се знаат, брат ми се напна, ми рече 500 пати си го гледала и 500 пати ќе го гледаш и пак нема да ти биде досаден ... Зашто, поима немам. Има нешто во Кејт што го сакам многу. КОЈ НЕ ГО ГЛЕДАЛ, ВИКЕНДОВ НЕКА СИ ГО ГЛЕДА!
^^И јас го гледав синоќа овој филм по не знам кој пат. Ама се сеќавам убаво кога бев уште во основно, со другарките се собравме и го гледавме заедно. Секогаш кога го гледам се смеам ко нездрава Одлично филмче
Donner Pass (2012) Филмов е направен како продолжение на настан кој се одиграл во минатото (реален, но во филмот малку повеќе изветоперен) и имав преголеми очекувања кога решив да го симнам и гледам. И како што следи, се разочарав од очајната актерска екипа, од бедните дијалози, од предвидливоста... од сé. Добра замисла, лоша реализација. За местото "Donner Pass" (Од Википедија) My rating: 2/10 IMDb review Zamunda torrent
Или на Extra torrent исто кино снимка ама добра е. Јас синојка го загледав и сега ќе го догледам. Онака романтична драма лајт за релаксирање. Не е лош
Puss In Boots Интересна верзија на Мачорот во чизми каде гласовите ги позајмуваат Антонио Бандерас и Салма Хајек. Не е козјане што, ама како за опуштање го бива
За време на пауза мегу Оговорачките решив и јас да го гледам ВОВ Spoiler и да кажам дека некако по ништо не ми се раликува од тхе Нотебоок .. иста глумица скоро иста соодржина(нели пак болно) пак типот се убива за да ја има, пак нејзините имаат против тоа , пак постои друг тип !! и секако на Крај се пак заедно хехехе од мене доволна е една 4ка
И јас го гледав, да кажам де интересно филмче засега последно шо го видов интересен беше кога возеше мотор, кога ја бркаше ми текна и на тој дел од филмот со Џенифер Лопез кога глумеше, истата сцена со моторот на тие двајцата, со тој другар му, пријател де, кога пишуваше „ штотуку венчани“ Инаку убаво е филмчево, троа авантуристичко
DAS LEBEN DER ANDEREN Дејствието е сместено во Берлин, каде познати писател и актерка се во долгогодишна врска. При театарска представа, Министерот за Култура ке се заинтересира за актерката и ке издаде наредба двојката да биде пратена и прислушкувана од тајната полиција на Источна Германија. Аииииии филмчевоооооо Драма која има добиено Оскар во 2007ма година за филм од неанглиско говорно подрачје, уште 64 други награди и 22 номинации. Работава е што филмот ја прикажува вистинската состојба во Источна Германија пред падот на Берлинскиот ѕид. Уште многу би пишала за филмот но ке оставам да го погледнете, доживеете на сопствен начин и извлечете поука, посебно помладите генерации 10/10
Spoiler Бенџамин Бери е маркентиншки менаџер кој за да добие голема кампања,се обложува дека може да направи некоја девојка да се вљуби во него за 10 дена.Енди Андерсон работи на рубриката"како да"за списанието "Компоужр" и има задача да напише статија "Како да го изгубите дечкото за 10 дена".
MEMENTO Ми се погоди денов со добри филмови! Уште еден постар одличен филм кој некако сум го пропуштила до сега. Млад човек има проблеми со помнењето кои настанале кога непознат човек упаднал во неговиот дом, ја убил неговата сопруга а нему му нанел удари во главата. Филмот се случувања прикажани преку краткотрајната меморија на момчето, кое правејки фотографии и запишувајки си пораки се обидува да го најде убиецот на својата сопруга. Која е вистината? Одлична драма, 10/10 ЕДИТ: Дури сега видов дека Фемина90 и Старфиш веке го препорачале во темава, незнам како не сум го забележала
Подолго немам ништо пишано на темава па се собраа повеќе филмови One day Многу добар филм. Предобар. Али немам желба да го гледам повторно. Еднаш беше доволно. Актеров е предобар, многу трансформации имаше, а исто и Хатавеј. Супер ми се ко пар. Сите го знаете филмов, нема потреба да пишувам за што се работи. Не ми се допаѓаат вакви филмови, сепак, сакам да гледам среќни краеви, а овој не само што ме растажи туку и ме замисли малце за мојава ситуација, која што е донекаде слична 10/10 A time to kill Прво фала на девојките што ми дадоа линкови од филмов, али јас сепак си го симнав на крај Уште еден препредобар филм, иако трае 2 ипол саати, вреди да се погледне. Плачење првите пола саат, па последните 20 минути, па еднаш или двапати измеѓу ... Црнец е обвинет за убиство на двајца ретардирани морони што му ја силуваат 10-годишната ќерка и ја претепуваат. Доста потресна драма, одличен кастинг. 10/10 Taken Му дојде време и на Taken . Стварно добра акција, најдобра од последните гледани. НА Лиам Нисон му ја киднапираат ќерката трговци на бело робје и овој бидејќи е поранешен таен агент, тргнува да ја бара ... Но, после филмов се прашував само - Што со девојките кои имаат иста судбина ко ќерката негова, а немаат агент за татко? Ќе бидат ли тие спасени? Hell NO! И имаше премногу гадни сцени за мој вкус, кои очигледно не се за мене да ги гледам Ради сцените, 9/10 The notebook И којзнае по кој пат ... The notebook Мислам не мора да се зборува за филмов .... 11/10
Uptown girls - слабо. Во последно време тешко да загледам некој добар филм, па макар и некоја романтична комедија. Не ми се допадна. Џабе потрошено време.
Дејв е женет човек со две деца и жена, а Мич е еден човек кој е владее со својот сексуален живот. Една судбоносна ноќ, додека Мич и Дејв се мочкаат во фонтаната, ќе удри гром и тие ќе си ги сменат тела. па интересен е али не е нешто воодушевувачко.