1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Date Night
    [​IMG]
    Брачен пар ќе одат на вечера во ексклузивен ресторан и поради тоа што нема да имаат резервирано, ќе земат туѓа резервација. Резервација која ќе им донесе мнооооогу проблеми.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    Го сместувам во комедии затоа што на добар број сцени здраво си се изнасмеав ( :!: а многу ретко се смеам ако гледам филм сама :D ). Приказната е добро закашкана, за да не биде филмов уште една најобична комедија со трапави луѓе.
    Препорачувам :up:

    П.С. Актеркава ми личи на библиотекарката во англиска библиотека на Филолошки :D
     
    На IvanaIvanchica, ceca-1, BlackSwan5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Extremely Loud & Incredibly Close



    Тhomas Schell ке погине во несреќата на 11 септември. Неговиот син Оскар, кој боледува од лесна форма на аутизам ке пронајде клуч во плакарот на татко си. Момчето ке се обиде да ја пронајде бравата на која и припаѓа клучот, надевајки се дека татко му оставил нешто, а се со цел да ги задржи сеќавањата на таткото подолго.
    Прекрасна драма за справувањето на дете со тагата по смртта на родителот.
    Tom Hanks и Sandra Bullock имаат споредни улоги фо филмот, додека Thomas Horn блеснува во улогата на момчето. Прекрасен филм со длабока приказна, незнам зошто има 6.5 на имбд, јас го оценувам со 9/10.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Bride Wars (2009)

    [​IMG]

    Комедија за две пријателки кои се тотално преокупирани со нивната свадба.
    Не е нешто особено, но добар е за тепање време.

    Две најдобри пријателки сакаат да направат свадба во јуни, но на различен датум. Поради некои причини нема два слободни датуми за во јуни. Има еден слободен датум за во јуни, а другиот за во сосема друг месец. Па поради тоа која да го избере тој во јуни, тие ќе се скараат и двете ќе закажат да се венчаат на ист ден. Додека течат подготовките за свадбата тие ќе си прават невољи една на друга се додека на денот на нивната свадба не се смират.

    Најмногу од се`, ме воодушеви невестинскиот фустан на Кејт. Совршенство! :inlove:

    [​IMG]
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    The woman in black

    Мене ми фати око ... 8/10.
    Љубители на драма/трилери со елементи од хорор, погледнете го слободно.

    Млад правник на кој сопругата му е почината и го има само синот ... заминува во мало место службено. Но таму се среќава со необични ситуации и уште по необични појави ... Какви и што всушност се случува, гледајте го.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Женски
    The Тhree Мusketeers (2011)
    [​IMG]

    Ептен ми се допадна.
    Мила Јовович - ја обожавам. А и мускетариве во овој филм се ептен згодни,посебно Арамис. :wasntme:
    Добри,квалитетни ефекти.
    Приказната ја знаете сите.

    10/10.
     
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  7. PinkpankaceM

    PinkpankaceM Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Posleden film so go gledav ama ne go dogledav e 'Die Fetten" ( the educators) germanski e i e mn ubav, a pred toa go gledav montevideo- bog te video i isto taka e mn ubav filmot
    1. Die Fetten 9/10 (deka ne razbrav se sto zboruvaat)
    2. Montevideo bog te video 8/10 :)
     
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Jack and Jill



    ОМГ, ОМГ и 100 пати ОМГ!!! Жени, незнам ни самата колку филмови имам погледано во животов ама промашај ко филмчево немам видено. Адам Сендлер живее во Холивуд а има сестра близначка, која исто така ја глуми тој, која му доаѓа на гости па Ал Пачино се вљубува во неа. Ви се молам :puke:

    Вакви приказни беа типични за средината на 80тите години од минатиот век ама времињата беа такви а филмов е снимен пред неколку месеци :x Екипа со Adam Sandler, Al Pacino, Katie Holmes, Tim Meadows, David Spade, Norm MacDonald, Nick Swardson, Dana Carvey и други и да направи ваков филм, немам коментар.
     

    Прикачени фајлови:

    • jack and jill.jpg
      jack and jill.jpg
      Големина на фајлот:
      20,1 KB
      Прегледи:
      399
    На glamour-lady, bittersweet и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Final Destination 2
    Многумина ми го препорачаа и си ги купив сите делови а овој прв го гледав. Ништо посебно, монотона приказна, незнам ни зошто очекував многу :?:
    Оценка: 4/10
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    The silence of the lambs- Ова е филмиште. 100 пати гледан и уште 100 нема да биде доволно. 10/10
    [​IMG]
     
    На Dpokahontas и Mayyya им се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    The descendants - нема ама баш никаква приказна, никакво случување, ништо! :!: Ама, глумата на Клуни е :x и не знам, иако немаше зошто да ми се допадне, поглупав филм нема! ама ете не ми беше толку лош
    Оценка: 6/10

    П.с и не знам од каде филмов беше номиниран за Оскар :^)
     
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Последен филм што го гледав е What happens in Vegas.Едноставно прекрасен филм кој вреди да се погледне :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Friends with Benefits
    [​IMG]
    Само едно нешто ми се допадна во филмов, доказ дека убави и згодни момче и девојче неможе да бидат само пријатели со бенефиции, тоа е нешто што никогаш не успева.
    Инаку филмов досаден, апла досаден, одвај чекав да заврши, очекував порелаксирачно интересно младалачко филмче со фин хумор ама од тоа многу слабо. Дури и Џастин подобро ми ја одигра улогата од Мила која многу ми се шмизлосуваше. 3/10

    Hugo
    [​IMG]
    Како прво да кажам дека ми се увртело дека филмов се вика Хипо, да под Хипо пребарував превод, кажав по дома дека има топ филм Хипо :D
    Друго жалам, ама стварно жалам што немам можност во 3Д да го гледам филмов, но и без 3Д ме фасцинираше. Изборот на глумци е фантастичен, тематиката е фантастична, Париз е одлично претставен, сценографијата е 10+. Одличен одличен филм 9/10
    Максимална сигурно ќе добиеше да го гледав со очила во некоја кино сала ;)
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    This means war

    :D Откачено филмче. Акција, романса, комедија ... 8/10

    Двајца нај другари и колеги агенти ќе запознаат иста девојка ... И тука почнува борбата за освојување, со обостран договор.
    Главните глумци се хот, само Риси Витерспун квари просек.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Jumper

    [​IMG]

    Момче од 15тина години открива дека има неверојатна способност да се телепортира.
    За брзо време учи како да ја искористи оваа негова дарба, па со помош на тоа ограбува банки и патува низ целиот свет.
    Но, сфаќа дека не е единствениот кој ја поседува оваа моќ, а набрзо се соочува со оние кои сакаат да ги истребат сите како него.

    Просечно филмче, ништо посебно.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Camille

    [​IMG]

    Топол, прекрасен, совршен.
    Дефинитивно влага во моја листа на омилени љубовни филмови.
    :up:

    http://www.imdb.com/title/tt0462219/
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    The Messengers 2: The Scarecrow

    Приказната слична како во кецот, ама со разлчна актерска екипа. Уште од кога го изгледав првиот дел (Единствен филм со Kristen Stewart освен Speak и Panic Room да ми е убав), се заљубив во филмот и кога разбрав дека има и втор дел и то дека вториот дел е со Claire Holt одма го слегов за гледање.
    Филмот е добар, тука негде со првиот дел се газат (во некој сегменти едниот е подобар, во некој другиот)... Глумата е топ, особено на Клер која шо се има доста потрудено и фантастично го збора америчкиот акцент.

    Оцена 7/10

    Camp Hell

    Филмот го имав слезено заради Connor Paolo, ама никако не се решив да го гледам...се до завчера кога по наговарање на другарми седнавме да го гледаме. Верувале или не, од сат и 30 мин (колку шо е филмот) сат и 28 минути во муабет ги поминавме. Глупа приказна, глупа реализација, глупа глума...единствено арно во филмот Конор беше :inlove:

    Оцена 0/10
     
  18. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Never back down ... ( 2008) Подобар филм ни сум гледала ни ке гледам ..

    Кога се сака се се може ...
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Butterfly on a wheel (Познат и како Shattered) [2007]

    [​IMG]

    Интересен филм за тоа до кај може да оди одмаздата.
    Или барем се чини како одмазда. Всушност, доста поучен филм дека секоја лага кога-тогаш се открива и дека треба да се ценат оние најголеми вредности кои ги поседуваме, а не сме ги купиле со пари.
    Може не ми беше дотолку бидејќи однапред го знаев пресвртот, но вреди да се погледне. 7.5/10
     
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    DEAR FRANKIE


    Филмчево го видов тука на форумот и немаше позитивна рецензија но сепак го симнав поради дечко ми Gerard Butler. Можам да ви кажам дека заедно со Extremely Loud & Incredibly Close ме убија у поим :(
    За мене, прекрасна драма за самохрана мајка, која бега со години да го заштити синот од насилниот татко. Истовремено, одговарана на писмата кое детето ги пишува на татко си мислејки дека е морнар, се со цел да не му ја уништи надежта. Самиот факт дека филмот не е холивудска продукција туку шкотски му дава уште повеке реалистична нота. Ако не сте најдобри со акцентите, побарајте си превод. Од мене филмчево 9/10.
     

    Прикачени фајлови:

    • DEAR FRANKIE.jpg
      DEAR FRANKIE.jpg
      Големина на фајлот:
      19,6 KB
      Прегледи:
      329
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.