The Woman in Black (2012) Филмот е римејк на The Woman in Black од 1989 година (кој го немам гледано), но овој е ремек дело. Одамна немам гледано класичен хорор кој ќе ме извади од кожа и ете конечно да фатам нешто квалитетно. Станува збор за млад адвокат кој оди во едно село за кое дознава дека е тероризирано од дух... Понатаму не би откривала ништо зошто ни малку не би сакала да го расипам уживањето на некој што би го гледал, а верувам дека на љубители на вистински хорори ќе им се допадне. My rating 10/10 IMDb review PirateBay torrent ^Јас го гледав на одлична снимка од Замунда ама гледам го тргнале торентот. Оваа не ми е проверена.
Мислам дека сторијата сите ја знаете - станува збор за млада девојка, која поради немаштијата е принудена да работи како слугинка во фамилијата на еден уметник. Меѓутоа, мене воопшто не ми се допадна приказнава склопена во филм. Премногу испуштени кадри и недоловени моменти (како и обично), и глумата на Скарлет ми беше некако оскудна, не знам, немам коментар - ме разочара малку. 6/10
Многу сакам вакви филмови, кој на крај те остават со еден куп прашалници ...Иначе ќе може ли да постираш торет Да не бидам оффтопик...Последен филм што го гледав беше Аладин, некако ми трегна со вртаниве
Конечно цел до детал го гледав ... Пепорачувам. Конечно да го изгледам од толку премислување и не ми е нешто посебен ни ти заслужен Оскар. Плус антипатични цртани језиви ликови ... 5/10
Последно викендов ги изгледав првиот (the fellowship of the ring) и вториот дел (the two towers) од Lord Of The Rings... и едвај чекам да го изгледам и третиот дел! P.S. Јас бев една од оние кои мразат sci-fi, ама ете сега едвај чекам да го гледам последниот дел. Воопшто не ми е гајле што трае по 2 и пол часа секој дел. Жалам што писателот на ова ремек дело во тоа и ова време не успеал да си го види визуелно својот труд и имагинација.
Les femmes du 6ème étage Домашни помошнички од Шпанија доаѓаат во Париз на работа. Сместени се на најгорниот кат во комплексот каде работат и во филмов се прикажани нивните животи, проблемите со кои се соочуваат. Убаво француско филмче за трошење време, 6/10[/quote] од каде го симна може линк
Потполно се согласувам. И јас го изгледав и стварно разочарувачки, очекував некако повеќе. Ликовите се одвратни. Не мора да го гледате, ништо нема да пропуштите.
Пред малку ги изгледав Star Wars 4та и 5та епизода, дека до сега ги немав гледано, а ми кажаа дека пред да ја гледам првата епизода во кино сум требала тие две првин да ги изгледам... Јас обично не сакам такви филмови ама братучетка ми на глава ми се качи колку бил доообар и ете го гледав и според мене ништо посебно, дури и досаден ми беше, можеби дека е од 1977, можеби новите ќе ми се поинтересни, ќе видам.
од каде го симна може линк[/quote] Повели торент за филмот со вклучен англиски превод: http://thepiratebay.se/torrent/6915537
DATE NIGHT (2010) 88 min - Comedy | Crime | Romance Го имав во компјутер скоро година дена и не знам зошто никогаш не сум го гледала. Вчера ми текна на него и пријатно се изненадив. Слатко ме насмеа филмчево, баш е лајт. Го препорачувам на тие што не го гледале. 7.5/10
The Iron Lady Значи Мерил Стрип нема нешто шо не може, нема шанса утка да направи. од толку глупави филмови што имам изгледано изминатава година, од овој секоја секунда со внимание ја следев и неќев да заврши. 9/10
Pan's Labyrinth . Oдличен филм според мене. Многу ми се допадна. Го изгледав синоќа по препорака на еден другар и не зажалив. На некои сценички ептен се растажив, ама, како и да е уживав во секоја секунда додека гледав. Ме натера да подразмислам за тоа каква е магијата во која јас лично верувам. И дали таа магија постои само за мене и никој друг на светот.
На моменти бев изнанадена, потоа бев збунета, па одеднаш ми беше мило за Валери за по некое време да ја жалам, па да се шокирам и на крај да останам со збунети чувства што чувствувам за главниот лик, за оваа промискуитетна жена Поразличен филм, шпански, полн со експлицитни сцени со голотија. Го препорачувам за оние што сакаат да го видат животот на една нимфоманка од нејзин агол, преку случките кои ги опишува во дневникот што го води, а судот за тоа дали е добро да се живее така или не останува да го каже гледачот на крајот од филмот. Дали е среќна со ваков живот? Видете на крајот од филмот
The Iron lady. Доста добар филм, се токмев неколку дена да го гледам, и вчера беше денот. Единствено крајот не ми се допадна, ми изгледаше ко да треба уште да трае, ама го сецнале за да има материјал за другиот дел. Би дала 10/10, ама не 9/10 е тамански, -1 заради крајот.
100 години не сум гледала филмови, ама синоќа ме фати нешто и седнав пред телевизорот. На канал 5 го гледав филмот "Заводник". Пиказна за 40-годишен ерген. Оди на свадба кај својата бивша девојка и го ставаат на маса со деца. Исто така татко му и пријателот постојано му велат дека треба да се ожени. Тој случајно наоѓа една женска Лајла и кратко време одкако се запознаа се жени со неа. Прво се му изгледа совршено, но дури на медениот месец во Мексико тој ги открива сите нејзини мани. Зависник од кокаин, некој си секс-манијак и уште многу др. Одкако таа ќе изгори од сонце и цело време е во соба тој на плажата се забавува со друга девојка. Мислам дека навистина се вљуби во неа и го запозна целото нејзино семејство. Доаѓа до недоразбирање, тој мисли дека таа знае дека е оженет а таа всушност знае сосема друга приказна. На крајот се се дознава, и тоа баш кога тој разговара со жена си во врска со нивниот брак. Другата девојка му е лута и си оди дома. Тој прави се и сешто, секакви глупости за да отиде до Мисисипи бидејќи првата жена му го изгорела пасошот и се што има. Стигнува но дознава дека Миранда(другата девојка, мислам така се викаше) се омажила. И влегува во соба каде што таа спие со мажот, но се разочарува бидејќи нема шанси за нив. Немајќи што да прави во Калифорнија, типот се сели во Мексико и таму си започнува некој бизнис на плажа. После 18 месеци одкако се случуваше сето тоа повторно ја сретнува Миранда и таа му кажува дека се разделила од сопругот. Тој и закажува состанок во 7 и само што таа ќе си замине кај него доаѓа трета жена, го бакнува и кажува дека денес им е прва годишница од бракот. Фактички пак истот му се сврте како и пред 18 месеци. Не знам колку успеав да објаснам, бидејќи и не ме бива баш за тоа, ама филмот беше комедија. Многу се изнасмеав, посебно ми беше интересна Лајла. Кој гледал знае...
A Monster in Paris- Многу убав анимиран филм, чудовиштето е срцка. Се зборува за двајца пријатели кои по грешка ке направат чудовиште... и погледнете што друго ке се случи. 9/10
Midnight in Paris (2011) 94 min - Comedy | Fantasy | Romance Ич не ми се бендиса. Не знам од каде толку добри оценки, номинации, Оскари.. Глумата ми беше очајна, присилена и нереална. Со подобра глума ќе испаднел подобар филм, приказната и не е толку лоша само е лошо прикажана. Барем спрема мене. Музиката е монотона, истите ноти се повторуваат низ цел филм. Ќе заспиев од досада. Лошо, ме разочара ептен.. 2/10
Triangle Навидум клише хорор филмче, пријатели одат на пловење со брод, се случува бура, бродот се превртува и за да преживеат се качуваат на еден стар брод каде што почнуваат дејствијата. Меѓутоа бара убаво да се сконцентрирате во развојот на приказната и самата поента околку која се врти се. Читав многу лоши reviews за филмов, ама тоа е веројатно затоа што само малку луѓе ја сватиле поентата. Јас обожавам вакви филмови, со мементо принцип. Дефинитивно препорачувам 9/10
London Го гледав по препорака, а и добра оцена има на имдб и онака . http://www.imdb.com/title/tt0449061/