1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Чекав да ги изгледам трите дела па да пишам во темата.
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Што да се каже за оваа култна трилогија во која е опишан животот на сицилијанецот Вито Корлеоне, неговото пристигнување во Америка и станувањето Дон на една од најмоќните “фамилии“ Корлеоне? Гледате и на моменти ви е чуден ваквиот живот, ваквото крвопролевање, а во други моменти се восхитувате на значењето на семејството за нив. Една реченица ептен ме освои (парафразирам) - Никогаш не го напаѓај вербално вербално твоето семејство пред други луѓе. :!:

    Низа настани го прикажуваат животот на Вито и Корлеонови, а потоа филмот продолжува со новиот Дон- синот Мајкл кој што претхоно беше ветил дека никогаш нема да се занимава со семејниот бизнис, дека ќе стои настрана.
    Но, може ли да се стои настрана кога животот на татко ти е во опасност, а нема кој да го замени?
    Најпрво мирно ги води работите, за потоа настојувајќи да го развие “бизнисот“ и да се заштити од непријателите се повеќе се оддалечува од жената и децата, станува брутален, суров.
    Тогаш ми беше одвратен, си велев што стана со Мајкл, за во третиот дел од филмот видам дека се кае, едноставно кога си роден во такво семејство и гледаш дека по смртта на татко ти надвиснала опасност, некако природно е да ги преземеш работите во свои раце, макар претходно си се заколнал дека никогаш нема да се случи тоа.

    Третиот дел сепак ми беше некако некомплетен и не толку моќен како првите два, можеби затоа што како лик го немаше посвоениот брат Том Хеган, и поради внесувањето на ликови како Енди Гарсија како Винченцо Манчини (незаконско дете на братот на Мајкл, Сони) кој на крај постанува иден Дон и неговата љубов :^) со ќерката на Мајкл, Мери- негова прва братучетка.
    Не ми беше јасна оваа инцестна работа воопшто.
    И глумењето на Софија Купола, ќерката на Френсис Форд не беше добро, ама кога ќе се земе предвид дека се нафатила да глуми поради краткиот рок да се сними филмот, немањето на друга актерка и малиот буџет поради пропаѓањето на студиото Парамаунт и нејзините 19 години, тогаш сепак и се простува :lol:
    И Енди Гарсија не го сакам, леле каков љубовен тепих имаше, тоа е чудо :D
    Ова ми е мислам најлошиот филмски љубовен пар евр.

    Се распишав, ама кога ќе се земе предвид дека станува збор за трилогија која трае околу 10 часа, сепак е оправдано, нели? :)

    На крај, да резимирам- ми се допадна во целина филмот, ја видов мафијата од еден друг агол, не полициски, и видов дека не е се така црно и бело како што мислиме.
    Го препорачувам на оние што сакаат да видат како настанале италијански мафии во Америка, каков е нивниот начин на живот, а за тоа дали вреди така да се живее крајниот суд е на гледачот :)

    Впрочем, и крајот не е точно дефиниран, останува секој да си го замисли на негов начин и остава простор за уште делови, бидејќи фамилијата обично не се распаѓа со смртта на Кумот.
    За тоа време речиси секогаш има некој нов член спремен да биде Дон.
    И така се одново.
    Тоа им е во крвта.
    Сицилијанската.

    п.с. Реинбоу, не ми го ставај во спојлер, ништо конкретно не откривам :lol:
     
    На bittersweet, rossonerka, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Мене многу ми се допадна филмов. 8/10
    [​IMG]
     
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    This Means War
    [​IMG]
    Го гледав во кино,и ми се допадна добро филмче со доста хумор.Го препорачувам :)
    http://www.imdb.com/title/tt1596350/
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    In the land of blood and honey

    Пробала Џоли да склопи нешто ама не и оди од рака некако. Филмов е проткаен со наводна љубовна приказна ама повеќе преовладува насилството за време војната во Босна ... Србите се прикажани како тешки крвници. Се отишло во крајност иако факт е дека имаат правено се и сешто. Не ми се допадна што на англиски морало да зборат, се губи автентичноста на просториве и некако нема многу говорење. Повеќе е нем филм. Глумците не се проблем горе доле се солидни со исклучоци. Главниве не баш се восприемливи, можеле да одберат многу по впечатливи. Се на се филмов е просек и нешто под. Јас колку приметив е претставено насилството од страна на српските сили повеќе отколку врската меѓу србинот и босанката. По мене Џоли успеала малку нешто да склопи како филм. Подобро е да се врати на глума.
    Од мене 5-6/10
     
  5. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Letters to Juliet...го гледав еднаш ми остави добар в печаток и сакав повторно да го гледам
     
  6. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    http://2.bp.blogspot.com/_Kdup4VV80Nc/S ... n+rome.jpg

    When in Rome :)
    Филмчето беше чиста лимонатка, за тепање време. Ништо што би ме воодушевило. Некако филмот го спаси овој Џош другото просечно.

    Една девојка оди на венчавката на својата сестра во Италија и додека е пијана собира парички од фонтаната на љубовта. Легендата вели дека штом ги земе паричките оној што ги фрлил ке се вљуби во тој што ги собрал. И така по неа се попратуваат бизнисмен, уметник, манекен и магионичар. Натака погледнете сами...

    Ако ви се тепа време, погледнете го. Моја оцена 6/10
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    [​IMG]
    Не јас сеуште не сфаќам како во 2011 година се произведува црно-бел-нем филм а не па да добие Оскар ама ај...Тоа не е исто како во модата што некои парчиња се враќаат во мода како ретро стил.Тоа е како црно-белите мобилни што не се произведуваат веќе затоа што е ерата на ајфон.
    Инаку приказната е добра,моќна и тажна.Јас баш сакам такви приказни со трансформаци на ликови од богат-сиромав,добар-лош и обратно.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Џули јас пак го гледав во кино и на српски збореа :^)
    И јас ќе дадам рецензија за истиот, спротивна од онаа на Џули :)
    Мене филмот многу ми се допадна, потресен е, и кога помислуваш на тоа што вистински се случувало тогаш и како било филмот изгледа многу реален. Глумата на актерите е одлична, се соживеав со ликовите. На некои сцени ми се насолзија очите, а тоа е нешто што никогаш не ми се случило на филм.
    Џоли изјави дека филмот не е за војна туку за љубов, а воените злосторства преовладуваа многу повеќе одколку љубовта помеѓу босанската сликарка и српскиот командант.
    Воопшто не ми е битно дали Џоли или било кој го режирал филмот и го напишал сценариото настрана тоа, не ми игра никаква улога во мојот впечаток за филмов, ама сметам дека е одличен.
    Многумина се скаптични слушајќи како Џоли е режисер ама филмов вреди да се погледне.
    Не ме интересира кој бил во право или кој е оцрнет во филмов, дал босанците или србите, за тоа постојат факти и ме иритираат тие коментари, дека Џоли сакала да ги оцрни србите, нека се најде некој попаметен тогаш па нека направи филм каде што србите се напатените. Факт е дека и во секоја војна се случуваат истиве работи. Неисе, забегав малце, ама препорачувам да го погледнете го филмов ;)
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ок темата е таа ... но мене некако не ме ни потресе многу. Не ми имаше моќна нишка во себе за да останам :o или :x ... Секоја чест за глумците. Некако ми фали впечатливост во него. Она што дрма од стол. Има еден куп филмови на овие простори кои навистина те оставаат без збор на крај, воодушевувачки изненадени. Кажувам филмов е просек.
     
  11. glenn

    glenn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    43
    Јас па последно го гледав When Harry Met Sally...
    Обично сум фан на стари филмови, но подосадно нешто одамна не сум гледала.....
    Сега сум во план да го гледам Frida, па да видиме што ќе излезе од тоа
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    (The Parade) Парада

    Вчера го гледав во кино.
    Приказната е околу еден хомофобичен српски гангстер, бивши криминалец и неговата Биса која сака свадба од соништата. И токму поради неа, за да може да ја венча, прави трампа со група која се бори за правата на хомосекусалците, да биде чувар на геј парадата во Белград.

    Имаше толку моменти на кој урлав од смеење што дури незгодно ми стана. :D Глумата на Никола Којо, одлична, а не знам зошто Тони Михајловски не ми направи баш мерак.
    Во принцип се истите тие стереотипи и истите карактеристични црти на балканците, посебно србите. Само за нашиве простори е исклучително смешен, а за остантите не верувам.
    Kој има можност нека тркне до Рамстор да го погледне. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Fracture

    [​IMG]

    Ентони Хопкинс ми е на листата омилени актери уште од времето кога го гледав во Legends of the Fall. Едноставно, одличен е! Па, иако имаше улога на негативец, уживав додека го гледав.
    Убава комбинација направиле со тоа што го ставиле Рајан Гослинг да му парира, и морам да признаам дека не беше толку лош. Искрено, после Notebook, му залепив етикета на актер кој го бива само за романтични комедии.
    Ама ете, не било така. :)

    А јас дефинитивно повеќе не им верувам на оценките на IMDd.
    Не ми се верува дека му дале 8ца на Drive, а само 7.1 на ваков добар трилер.
    Го препорачувам. :)
     
  14. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Последно ги гледав двата дела Before sunrise и Before sunset. И ви ги препорачувам и тоа како. Долго време некако ги одбегнував ама мислам дека ги гледав во вистински момент. Гледајте ги ако имате време и нерви за да ги гледате еден после друг, така ке добиете совршена слика за се, зошто сами по себе некако немаат шмек како двата заедно. Првиот може да ви има бессмислен крај, а вториот воопшто да не го разбирате затоа што тука продолжува приказната од првиот. Да не забегам од темата, станува збор за двајца млади кои се среќаваат во воз за Виена, во текот на еден ден шетаат низ градот и зборуваат за љубовта, животот, иако се тотални странци совршено се разбираат (во многу од дијалозите се препознав, ме убиваа во поим :) ). Вториот дел е после девет години во Париз, повторно истиот принцип на разговор низ прошетка. Совршена приказна за тоа како може да те обработи животот, преку двата лика кои си ги смениле улогите во тие девет години. Преубава музика+ глетки од градовите+ open ending= чиста десетка од мене. :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да прашам, па тука ми се чинеше соодветно.

    Што се случи со thepiratebay за симнување ствари (филмови), или нешто до мене тоест до мојот компјутер е?
    Порано само кликнував download torrent и ке си се симне и готово, сега ми се отвара такво прозорче и ми вели избери програма.. :o Каква програма бре? Незнам во што е проблемот. Има некој идеја? :?:
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ Ја средив работата.. си работи како што треба сега :)

    Инаку само што го изгледав Letters to Juliet

    [​IMG]

    Еден од најубавите филмови што сум ги гледала.. најнајпрекрасен
    Романтичен, убави локации, дворови, зеленила уфф, сон, сега сакам да одам во Верона :lol:

    Го препорачувам 10/10 :)
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    [​IMG]
    3/10
    Воопшто не ми се допадна, многу блед, очекував повеќе.
    Единствено го гледав за да ја видам нашата Елена Јовановска која беше супер, глумциве сите беа добри.
    Филмов, приказнава некако... :x :Down:
     
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    In the Land of Blood and Honey


    [​IMG]


    На страна војната и политичките конфликти, во тоа нема да навлегувам, ама девојкава на крајот (главната женска улога) сама си го бараше, што е право право е. Дечкото ваков-таков, сепак премногу ја сакаше.
    Не дека е нешто најдобро што сум видела до сега, ама со оцена 3.7 дефинитино е потценет од IMDb. Какви не се аматерски хорорчиња сум гледала, па имале оценка барем 5, ова глупости.


    http://www.imdb.com/title/tt1714209/
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    фала многу, бидејќи си го пофалила јас го изгледав прегеска :) навистина добар филм 10/10 и од мене, а ако сакаш да одиш за верона, мораш да го реализираш тоа, јас бев пред 5 6 години и прекрасно беше и многу од сцените во филмот во живо сум ги видела прекрасно е, дури и јулија ја фатив за левата града, викаат дека така ке си имал срека во љубовта :P инаку секоја година една скопска туристичка агенција (не памтам точно која беше мислам дипломатик се викаше ама не ме факај за збор) кој крајот на мај почетокот на јуни организира патување во италија 3, 4 дена е во венеција, верона, и лидо ди осол, и кошташе неверојатни 90 евра, така да ако навистина сакаш распрашај се по ск и летај за италија :* :* и не заборавај за тоа што ти го реков за јулија, :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Desert flower! Неверојатна приказна! Вистински случај за девојка од Сомалија, која успева да дојде во Лондон и да стане познат топ модел, и притоа да се бори против еден дивјачки обичај. Снимен е според книгата Desert Flower на Waris Dirie, која всушност ја раскажува својата потресна животна приказна :( Има моменти кога станува монотон филмот, ама носи одлична порака. Мене ми се допадна.