Puss in boots Цртан како цртан, ќе те разнежни многу.Додека го гледав ми доаѓаше да ја згмечам мојана мачка.Одличен е
The Change Up Комедија. Многу интересен и смешен филм, се изнасмеав. Иначе... Дејв е оженет човек со 3 деца од кои 2 се бебиња близначиња. Работи како адвокат и многу одговорен чоек. А Мич тотална спротивност. Слободен, неодговорен, секој ден со различна девојка покрај него. Еден ден, тие посакуваат да си ги сменат животите. Ќе се измочаат во една фонтана и филмот започнува... нивните животи се сменети.
Браво за филмов!! Го гледав вчера вечер и се разнежнив пред спиење, малку си плачев, ама тоа во име на љубовта! Го препорачувам на сите, незнам како до сега не стигнал во мои раце. Италија е сега моја следна желба
Spoiler Осуден за убиството на неговата сопруга и љубовникот, Енди оди да ја отслужи неговата доживотна робија во затворот Шошенк. Тој е извонредно интелигентен банкар кој како и сите затвореници таму, тврди дека е невин. Но дали навистина е невин? Сплет околности даваат одговор на ова прашање, меѓутоа претходно, додека да стигне одговорот поминуваат повеќе од 20 години- време во кое Енди стекнува пријателства со повеќе затвореници, посебно со Ред, човек кој долги години е таму и “знае како да набави работи“. Но Енди не станува само миленик на затворениците со низа активности кои ги прави за да го подобри нивниот живот, туку и на затворската управа која наоѓа бенефити од неговото банкарско знаење. Доаѓањето на еден нов затвореник после долги години од издржувањето на робијата на Енди, внесува нова светлина во неговиот случај, и судбината на тој затвореник го доведува Енди до одлука да го преземе неговиот финален чекор кон трајна промена во една дождлива ноќ, кога држи јаже во неговите раце. Јаже за самоубиство, или за нешто друго? Видете сами Прекрасен филм кој што мора да се погледне. Филм за надежта, пријателството, соништата. Филм што ќе ве остави без зборови Оценка 10, без размислување
John Q (2002) Drama | Thriller Прекрасен филм за тоа на што се може да биде спремен еден татко за своето дете.
A Curious Case Of Benjamin Button Многу добар филм, го имам гледано два пати, филм кој остава впечатоци. Интересна фантастична драма номинирана за оскар.
JUMPING THE BROOM Го гледав филмчево, онака е интересно. Двајца млади треба да прават свадба и на денов 300 глупости се направија Романтична комедија Оценка 6/10
One for the Money Женава после развод, станува bounty hunter и треба да го улови типот кој и го скршил срцето во младоста. Скоро подпросечно. Не препорачувам. 2/10
The Vow имаат голема љубов и тие се совршен пар,kако ново брачна двојка уживаат во своето заедништво Пејџ и Лео во потполност. Додека еден ден, Пејџ страда од сериозна сообраќајна несреќа и паѓа во кома. Кога ќе се разбуди, нејзиното сеќавање е толку многу оштетено што дури и не може да се сети на својот сопруг Лео. Но тој прави се што е можно за да ја врати неговата сопруга да се залуби пак во него. препорачувам. 8/10 п.с не заборавите да земете марамчиња покрај вас
Drama part 1 The Boy in the Striped Pajamas Eдна од подобрите драми што ги имам гледано, заедно со Тhe pianist и Changeling најдобрите филмови со тематика од втората светска војна. По завршување на филмот зјапав уште неколку минути во црниот екран и чуствував тага и пред се горчина. Одлично ја претставува филмов суровата вистина, за жал претставена преку најкревките, најискрените, најмилите, преку децата. Филмов вреди да се погледне, секоја секунда вреди. Не ни приметив кога завршија 90сетина минути и кога дојде крајот на филмов, во еден здив го изгледав. 10/10 Tinker Tailor Soldier Spy Гери Олдман фантастичен, филмов на него ќе ме потсетува, одлична глума, штета не доби Оскар иако доби други награди за улогава. Инаку ваква и драма очекував, нејасна, нормално шпиунска, ми остави прашалници кој што зашто. Но не ни очекував јасно ко ден да е. Иако мора да кажам дека малку предолго траеше филмов и имаше досадни моменти. Реално за филмот 6ка би дала но екипата актерска е фантастична. 7/10 The Iron Lady Meрил Стрип со потполно заслужен оскар, фантастична улога, предобро одглумено и фантастична сличност меѓу неа и вистинската Тачер, од изглед, став до говор. Повеќето коментари за филмов се позитивни реакции за Мерил Стрип, малку се збори за самиот филм, кој мене многу ми се допадна, сторијата е одлична и фино осмислено. Посебно ми се допадна како ја преставија Тачер, дознав и многу работи за неа, бидејки сепак за време на нејзиното владеење сум била многу мала, немав ни поима дека имало атентат врз неа, ни дека сеа страда од Алцхајмерова болест. А баш вака и ја замислував, железна цврста стабилна навидум нечуствителна жена. Многу сакам вакви драми, политички навидум документарни 9/10
Albert Nobbs По препорака на многу форумџики Кратка рецензија имаат многумина пишано во темава, па за да не се повторуваме, ќе си искажам само мој став и мислење на филмов. Glenn Close е апсолутно одлична во нејзината улога! Кога отворив да видам кој го игра Алберт, многу пријатно се изненадив. Фантастично ја одигра улогата на батлер. Филмовите кои прикажуваат дејствија и настани што се случуваат во 18тиот и 19тиот век ми се тешки за гледање, поради самиот живот што тогаш луѓето го имале, особено оние од пониската класа. Филмов е одличен, ама мене ми остави некое негативно чувство, особено заради крајот кој не беше онаков каков што го замислував. Мислев ќе има среќна завршница, и барем тоа ќе биде една светла точка во целото сивило, ама ете, испадна дека не е така. Како и да е, го препорачувам. Одлична драма која си ги оправда многуте награди и номинации.
И јас го гледав овој филм синоќа, токму по препорака на девојките од темава. Ама мене не ми се допадна воопшто. Единствено позитивно беше како Глен ја одигра главната улога, се воодушевив. Се останато ми беше премногу тажно и мрачно, па дури и крајот, кој воопшто не го очекував да биде таков. Не ми се допадна филмот, се на се. Ама се е прашање на вкус нели?
August Rush Колку само се изнаплакав на филмов... Една слика за тоа колку нашите родители од што мислат дека знаат што е најдобро за нас, може да ни го зафркнат цел живот. Прекрасна драма со уште попрекрасна музика. Како сум го пропуштила филмов се прашувам... Топло го препорачувам на сите оцена 9.5/10
Ништо посебно, сосема предвидлива приказна од почеток до крај. Ако ви се гледа нешто лесно, ова е филмот. 5/10, само поради животните.
The Expendables (2010) 103 min - Action | Adventure | Thriller За љубители на акција е сон филмов. Јас не сум многу по акцијата, па се тресев пола филм од страв од батките.. Сериозно, кога и да ги видам Сталоне и Шварценегер, независно од улогата која ја играат јас се скаменувам од страв. Недај Боже во живо да ги сретнам ќе добијам срцев удар.. Актерската екипа е феноменална. Сите акциони херои соберени на едно место.. Што да се каже повеќе за глимата? Од друга страна, приказната не е баш најдобра.. 6/10 One Day (2011) 107 min - Drama | Romance Многу добар филм. На почетокот максимално ме опушти. Мислев дека од старт го знам крајот. Spoiler Ама ме запрепасти. Во моментот кога ја удри камионот потскокнав од место и за малку ќе писнев.. Ептен неочекуван пресврт. Ми го негираше првичното мислење дека е уште една предвидлива роматична драма.. Се изнаплачав при крајот. Ми требаше олеснување, а филмов ми ги поттикна солзите.. Ја обожавам Ен Хатавеј. И Jim Sturgess беше многу сладок. 8/10
Прекрасен емотивен филм, книгата повеќе ми се допаѓа но мислам дека убаво е доловен животот на една Сомалијка и сите пресврти, ситуации и нејзиниот живот како модел. Плус вклучено е многу фотографија што за мене е тумбс уп. Квалитетна 8.
Колку моќен филм. Ех камо ваквите филмови да останеа уште малку низ времево.. Неможам да се соземам уште од плачење..На што е спремен еден татко да направи за своето дете. 10/10.