Like Crazy После овој филм тешко кој друг ќе успее да ме расплаче. http://www.imdb.com/title/tt1758692/
Fool's Gold Се раскажува за една брачна двојка која што повторно ќе ја разгори страста, додека се во потрага по изгубеното богатство. 8/10
The boy in the striped pajamas - Не знам како до сега не сум го гледала филмов. Останав без зборови. Одличен е, му давам чиста 10ка! На крајот не можев а да не се расплачам. ТОлку реална приказна, толку тажна и жална. Навистина не ми се верува како така постапувале Германците со Евреите. Има една реплика во филмот која отприлика вели вака: Тие не се всушност луѓе и се однесува на заробените во логорот. Кој не го гледал, обавезно да го симне
The River Wild- 1994 година со Meryl Streep во главна улога. Синоќа го даваа на Сител и го изгледав. Добро филмче, го задржува вниманието. Гејл (Meryl Streep) ќе го води своете семејство на авантуристичко патување низ брзаците на реката, но тие немаат претстава дека планираната авантура ќе им се претвори во кошмар. На патувањето наидуваат на двајца криминалци, на кои ќе им го спасат животот незнаејќи дека се криминалци и од тука ќе започнат сите проблеми. Освен тоа што ќе станат заложници на криминалците, ќе се соочат и со опасноста од брзаците на дивата река. Ова е воведот, останатото погледнете го сами
Hugo Прекрасен, емотивен филм за сираче по име Хуго кое живее во железничката станица. Вообичаено одбегнувам филмови кои траат малку подолго, ама овој го изгледав без да трепнам! Музиката е прекрасна, а сцените се одлично доловени. Го препорачувам
Bereavement Класична хорор приказна, ништо спектакуларно, дури и премногу развлечено и на крај досадно. http://www.imdb.com/title/tt1100051/
Freedom writers Мислам оти филмов беше вистинска приказна ... Бар мислам Како и да е, приказната е тоа што учителка во средно училиште почнува да предава во училиште каде што учат Црнци, Латини, Кинези, а белите ученици се малцинство. Сите се во некои банди, сите се мразат меѓу себе, и задоволни се ако го преживеат денот без да бидат ранети или убиени. Меѓутоа Хилари Свонк ќе ги обедини. 10/10 21 Кевин Спејси го глуми професорот на факултет, кој ги регрутира тие најпаметните студенти, ги учи да ги бројат картите на блек џек и викендите ги носи во Лас Вегас, каде ги чистат казината. Спејси, иако отсекогаш ми бил малце морничав онака ко појава , одличен актер е. Кејт Босфорд е просек, а детево што го глуми Бен, не е нешто посебно, али сепак добро се покажа во филмов. Препорачливо за гледање. 9/10 John Tucker must die Не пишувам што се дешава во филмов, оти на повеќето ви е гледан. Али сепак, просечно тинејџерско филмче според мене, не е нешто смешен, сепак има добра поента ако ништо друго. Актериве ... Оваа плавава главна улога што беше, ко ептен лигла ми изгледаше, а во исто време со таа невината фаца, ко да појма нема што се случува во реалноста. Неварлива ко појава за мене. 7/10 Footloose 2 Пред да го гледам филмов, и кога ги читав вашиве критики за филмов, мислев дека само време ќе си утепам ако го гледам. И мислев оти Кевин Бејкон во оригиналот никој не може да го замени. За второво, си го задржав мислењето. Детево што го глуми некако мене ми нема шмек, не е некако за улогава. Али типката ... Аууу, ретко некоја да кажам дека е комплетна лепотица, али типкава е богами 8/10
Listen to your heart Момче се заљубува во глува девојка. Секако и таа во него. Љубов на прв поглед. Вистинска љубов, искри летаат. Момчето е сирак, а девојката има мајка која и го контролира секој дел од животот. Се разделуваат, па се смируваат ... Момчето добива рак ... Итн ... Ме нервираат вакви филмови, не дека не се реални, туку дека јас кога гледам филм сакам да си се утешам од реалноста, а не пак да ме тераат филмовиве да плачам . Се на се, добар филм. 8/10 The river wild Сношти од саботната треска на Сител. Конечно им текна на тикварите да дадат некој добар филм, а не само некои трилер-хорор-војна-крв филмчиња Интересно филмче, добар кастинг, повеќе ради Стрип и Бејкон го гледав, али имаше и добра приказна. 9/10 Fanfan - La tulipe Два-три пати сум го гледала филмов и секогаш ме смеел Винсент Перез, може има човекот сега скоро 50 години, може играл некои чудни ликови, али мене ми е прекрасен уште од филмот со Рејчел Вајс, каде се разболува на крај и умира. Дури и во Гавранот, каде е ишаркан и лицето не му се познава, уште го има тој шмекот бре! За смеење е наменет филмов, и бидејќи ја врши функцијата , 10/10
http://www.youtube.com/watch?v=V02lqEpbk2Y добар филм, малку е нејасен на почетокот, и малку е избеган од реалноста, али за девојки со бујна фантазија како мене одлучен е за гледање, (препорака не плачете пред време ) има дел во филмот што ќе сакате да го извртите, но само така изгледа се е битно да се гледа и заради крајот што го има би му дала 9/10... нели како мали не учеа дека љубовта сите граници може да ги помини, изгледајте го не е грешка
И јас го гледав вчера Одличен филм. Заслужено ѓи доби 5те оскари, можеби требаше уште некој Она што особено ми се допадна беше тоа што говори и за животот на Georges Méliès, еден од првите луѓе во филмската индустрија. Баш ме заинтересира дали приказната за него е вистинита и пријатно бев изненадена, настаните успеале да ги доловат сосема добро
P2 (2007) Crime | Horror | Thrillel Една девојка заглавува на Божиќ на паркингот од фирмата каде што работи и си има работа со типот од обезбедувањето. 5/10 One for the Money (2012) Action | Comedy | Crime Ја засакав многу Кетрин Хејгл, забегана е стварно Филмчево ми се допадна многу, поштено си се изнасмеав. 7/10
INCENDIES http://www.imdb.com/title/tt1255953/ Прекрасна канадска драма која нема да ве остави рамнодушни. Станува збор за близнаци кој откако ке почине мајка им, по нејзина желба ке отидат во Иран да го пронајдат татко си. Заслужена номинација за Оскар, 10/10. MACHINE GUN PREACHER http://www.imdb.com/title/tt1586752/ Вистинска приказна за Sam Childers, поранешен дилер на дрога кој откако ке се посвети на црквата, ке започне мисија за помош на деца без родители во Уганда. 7/10
Carnage Немам мислење за филмов. На моменти ми беше досаден, на моменти ме иритираше секој лик по малку, на моменти имаше сцени кај што не можеш да не се насмееш... Завршен збор: не ми се допадна. http://www.imdb.com/title/tt1692486/
Shooter Слободно може да кажам еден од најдобрите акциони фиомови што сум ги гледала воопшто. Цели 120 минути акција, неизвесност и борба за докажување на правдата. Содржински се работи за еден од најдобрите стрелци кој ќе биде неправедно обвинет за обид на убиство на претседателот. 10/10