Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    5.085
    Jack and Jill

    На Имбд има оценка 3.2 и конечно да се согласам
    Да не биле напушени кога го мислеле сценариово?
    Па уште и Ал Пачино се согласил да игра :D
    Светла точка ми беше појавувањето на Џони Деп, ништо повеќе
     

    Прикачени фајлови:

    • Jack and Jill.jpg
      Jack and Jill.jpg
      Големина на фајлот:
      132,1 KB
      Прегледи:
      199
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    The Iron Lady

    Добар филм, прилично подобар од кој било изгледан во последно време. Искрено, го паузирав на неколку пати, не бев доволно концентрирана за да го изгледам во еден здив. :| Цело време имав некој впечаток дека нешто фали во филмов, како недоработен ми беше. Дали фалеше уште повеќе сцени од младоста, дали немала женава интересни настани во животот освен некои политички дешавки, не знам. Мерил Стрип го спаси, според мене. Ама сепак, пак ќе речам, далеку подобар од некои други филмчиња на денешницава.

    Не знам кај читав, го споредуваа со Говорот на кралот. Благе везе си нема, за мене тој филм е закон, овој не може ни на малото прсте да му се фати. :wasntme:

    Малечко седмиче, седмиче и пол... Атер за Мерил. :hai:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    И јас го делам истово мислење како тебе....... премногу очекував.......многу некако се набрзина..... интересни делови од приватниот живот на Маргарет многу малку. А со Говорот на Кралот нема врска никаква, него го гледав без да трепнам а овој одвај го догледав последните 15 мин ми се видоја ко два саати. Шестка од мене :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    [​IMG]
    Многу добар филм, одличен, да се види нешто поразлично од веќе видените содржини....... мислам дека откако ќе изгледам филм со Антонио Бандерас после другиве филмови некако не ми се интересни :)
     
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски

    А како се вика филмот?
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    [​IMG]
    Македонска крвава свадба на МТВ како контра на турските серии.Ама Цвета не кажа "Мајко,умрев ама Турчинка не станав" :^) Изгледа некоја друга верзија беше
     
  7. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Се извинувам шо не пишав мислев на сликата пишува, не видов убаво
    The skin I live in
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Moneyball

    first of all :!: очекував мнооооооооогу од филмов.. да се разбереме сценариото е солидно, убава приказна, слабо реализирана
    мислиш дека филмов е all about baseball ама нема ништо од тоа. во секој случај мислам дека секој би имал различно мислење за филмот, некој ке го сака некој не..
    Единствено што ми се допадна е Бред Пит :$
    :!: на моменти го паузирав филмот, и едвај чекав да дојде the climax од приказната, да се случи нешто БУМ !! Ама :( ништо од тоа..

    Оценката е 5/10 мојата..

    http://www.imdb.com/title/tt1210166/
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сlumdog Мillionaire
    [​IMG]

    Уф многу јак филм. Го имам гледано и порано али ептен ми е интересен. Не за џабе има земено филмов и оскар, а и добра оцена на IMDB. :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Mean Girls

    Случајно го фатив сабајле во 7 сато на Телма, и го изгледав по 3665 пат и пак се прснав од смеа xD
    Едноставно ФИЛМ КОЈ ШО НИКОГАШ НЕМА ДА МИ СЕ СМАЧИ !
    Си знајте сите (мислам) шо е целио муабет во филмо, и дека е еден од ретките филмој со Линдзи Лохан кога беше нормална :). За прв пат заприметив некој фаци од филмот, кој тогаш беа никој и ништо а сега се премногу познати...и заприметив дека, тие, и тогаш (во Mean Girls) даваја све од себе и глумеа на ниво :)

    [​IMG]
    [​IMG]

    Оцена 10/10
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Hugo (II) (2011)
    [​IMG]
    126 min - Adventure | Drama | Family
    Прво да си прашам :$ , ова (II) значи дека има и прв дел филмов? :?: Не сум сретнала досега, а ме мрзи да барам.. :wasntme:
    Иначе, одлично филмско остварување е. Заслужени оскари.
    Иако е предолг, воопшто не е досаден. Сценографијата е прекрасна, одлично осмислена.
    Приказната е многу емотивна и трогателна, пуштив некоја солза при крајот.. :$
    Глумата е феноменална. Ме изненади Саша Барон Коен, не очекував вака добра глума од негова страна. Децата се преслатки, посебно Хуго со плавите очиња - човек да се удави во нив гледајќи го.
    Препорачувам!
    9/10
     
  12. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум оф топик ама сите го изгледавте филмов Hugo, и јас сакам да го гледам дај те ми торент оти на замунда нема
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Young adult

    Веќе 37- годишната ех prom queen, се враќа во градчето во кое израснала, со цел да се спои повторно со љубовта од средно, кој е женет и има бебе. Патем ја пишува својата последна книга од серијата книги за young adults.
    Шарлиз е лепота од жена, бев скептик за улогава ама одлично си ја завршила работата. Филмот на моменти е развлечен и спор, се чека дејство, ама воглавно е интересен.
    7/10
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    The Girl with the Dragon Tattoo

    Многу добар филм, ако би го оценувала сигурно 9/10... Вреди да се гледа... :emo:
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Young Adult, кој е споменат погоре и се сложувам со оценката 7/10 :)

    The Insider
    [​IMG]
    Хемичар кој е штотуку отпуштен од една тутунска компанија се двоуми дали јавно да зборува за нелегалните активности што би се одразило на неговиот приватен живот. Базиран на вистинка случка.
     
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.138
    Допаѓања:
    8.232
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    на мала пауза од Озборувачките вцера изгледам цели 2 филма кои беа француска продукција..

    1виот му давам (како викаше мојот професор по физика) стаклена 0
    зошто ич не ме бендиса мислам дека беше правен од детска перспектива со делови на нудизам :fubar:
    La Fee ///The Fairy (2011)
    http://www.imdb.com/title/tt1922645/
    Dom works the night shift in a small hotel near the industrial sea port of Le Havre. One night, a woman arrives with no luggage and no shoes. Her name is Fiona and she tells Dom that she is a fairy that can grant him three wishes. Fiona makes two of his wishes come true then mysteriously disappears. Dom. who has fallen in love with her by then, searches for her everywhere.


    Nobody Else But You (2011) - Poupoupidou
    http://www.youtube.com/watch?v=ocjX8fXToYo
    причата е како еден познат Писател оди да го види она што му го оставиле како наследвство во едно село- град на француско-шВицарскаТа граница... но како што си оди загледува дека локалната полиција носи труп кој е најден смрзнат ...
    Како интро е добро !! и ДосТаточнО хехе ех ех еххе
    мене филмов ме остави без спанје до 2.30 ххихихи и ми се допадна ни на крај памет немаше да ми текне како умрела малата :geek: :?: :fubar:


    и од неделата го гледав филмот со Џоди и Кејт
    CARNAGE_2011
    [​IMG]
    демек се вбројува во црната комедија ... само на делот кога телефонот попи вода се насмеав ...
    која психа која ситуација.... колку перфекција во УСА општество кое нас ни е нешто како пример...
    ауууу неможев да останам инфериорна на тие нешта !!!
    Плус во тој стан има 2 деца кои се под 11 години ... па како живеат тие деца? во стаклено звоно??? мисламмм хеллооо
    моја оценка 2/10 не ми се допадна воопшто доста монотонија и едно те исто
    п.с. лелееееј Џоди колку е остарена !?
     
  18. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    The Skin I Live In (2011)
    [​IMG]
    117 min - Drama | Thriller
    Ако не се лажам ова е прв филм на Педро Алмодовар што го гледам. :tmi: Шејм он ми! Не знам зашто не ми паднале негови филмови во раце досега, ама со овој филм ме придоби и добив желба да погледнам повеќе од него.. :$
    Го гледав без превод. Мислев дека ќе е на англиски и не симнав, па кога веќе почна сфатив дека не ми ни треба.. Ми се најдоа во животов многубројните изгледани шпански серии.. :wasntme: :D
    Многу несекојдневна приказна, тотално непредвидлива и возбудлива цело време..
    На почетокот појма немав што и зошто се случува, после половината почнаа да ми се разјаснуваат работите ама и покрај тоа не ми стана досаден. Ми го задржа вниманието во целост.
    За кастингот немам коментар, сите се одлични посебно Антонио Бандерас. Совршено одглумено!
    8.3/10
     
    На MissDior, Mrs.Cuper и t.w.e.e.t.y им се допаѓа ова.
  19. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    The hangover 2 по стоти пат :) Мислам дека повеќето знаете што се случува
     
  20. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Вчера го гледав City Island. Интересно дејство, ама глупав крај.