немам зборови за овој филм би ви го препорачала на сите да го гледате филмов.Индиски е но баш и не е како другите индиски филмови овој е многу поразличен <3
A woman in black Не сум љубител на Бритиш филмови и затоа и ми беше досаден малце на почетокот,ама после...Одамна се немам волку извадено од памет.Во секој случај добар филм за оние кои се љубители на хоророт 09/10
Едвај чекам да го погледнете филмов па да слушнам реакција. Еве и торент ке ставам http://kat.ph/incendies-2010-limited-dvdrip-xvid-horrorspoke-t5832411.html
^^ Еве јас ќе го гледам па ќе се искажам Денес сакав да одморам и да се опуштам и насмема малку и гледав анимирано филмче ... ги обожавам
The help Одма иде на листа на омилени филмови. Одлична глума, одличен кастинг Иако трае 2ипол саата, вреди за секоја минута. И брзо иде време бре Кога почна, кога заврши? Ема Стоун пријатно ме изнанади со улогава Само не ми се свиѓа што Октавија Спенсер (Мини) зема Оскар, повеќе ми се свиѓаше улогата на другата црнкиња Абигејл Spoiler Оваа зема оскар само зашто и подметна гомно на газдарицата? Ми се свиѓа МНОГУ Препорачувам! Оценка 10/10
In the land of blood and honey Пих. Ете тоа само имам да кажам. Искрено преку таквото со вакви филмови. И после никој не иде на Балканот, па не иде кога ќе види само приказни за насилство. Глумата беше феноменална тоа не викам не, Јелена Јованов има дефинитивно препознатлив стил ама мене ми е пред се театарска актерка. Морам да признаам дека воопшто не ми се допадна што беше прикажана приказната само низ очите на Босна. И Џоли, што мајка бара во Балканска историја да се меша? Па ние сами не си ја сфаќаме, она сигурно нема да ни ја дообјасни. Ама ај. Не би го гледала пак. 4/10 The big year Барав нешто да ме опушти и насмее и филмов баш ми се погоди. Стив Мартин го обожавам и ептен ми го направи меракот со филмов. Џек Блек на почетокот на неговата кариера органски не можев да го поднесам. Ама во последно време ми се допаднаа сите филмови со него што ги гледам. Иначе филмот се работи за трката на тројца фанатаци да видат што е можно повеќе птици во една година и искрено ептен сакам да пробам некогаш. 6/10
The Ides Of March Рајан и овојпат пријатно ме изненади Интересна драма која ја прикажува реалната страна на политиката каде за да успееш, треба да заборавиш на своите морални принципи и вредности. Џорџ Клуни игра еден од кандидатите за претседател, а Рајан е во улога на дел од неговиот тим кој му помага во изборната кампања. Го препорачувам
I Don't Know How She Does It Иако не прочитав ни една добра критика за филмов, мене ми се свиѓа. http://www.imdb.com/title/tt1742650/
The Sitter Интересна идеја за филм-комедија, ама ептен го утнале филмот. Се е некако на сила, глумата не е убедлива, не го препорачувам
The Unborn Филмот седнав да го гледам само заради Odette Anable, поточно само заради да видам како стој со глумењето зато шо е потенцијален кандидат за да ја добие улогата на еден мој доста омилен лик (од книга) во филм кој шо ке излегва 2013. И вака: филмот е интересен и доста ме бендиса, али глумата на чупево слабо (не е нешто претерано лоша али сепак слабо) ама се трпи ! Најверојатно зато шо е претерано симпатична Накратко шо се дешава, за тие шо го немате гледано: Кејси е млада девојка кој е измачувана од дух, и бара помош од раби (еврејски свештеник- ај тинк). Духот сака да ја искористи нејзината смрт, како снабдување со физичка егзистенција на овдешниот свет. Оцена 6/10
When In Rome Типична предвидлива романтична комедија. Добра за потполнување слободно време. Највеќе ја гледав заради Џош
Филмов е прекрасен. А и не верувам дека некој го нема гледано,во филмот се разкажува за едно девојче кое оди во една куќа да работи за едно богато семејство.Таму кје научи да ские и кје се натпреварува...нема да ви биде интересен ако продолжам да раскажувам.Препорачувам да го гледате тинејџерски филм е и многу интересен
Love in time of Cholera. Не ми се допадна многу филмот. Очекував многу повеќе и искрено се разочарав. Повеќе од вас овде го пофаливте филмот и затоа решив да го гледам, но не е тоа што очекував. Не е лош, но може и подобро. 6/10
The Woman in Black Предобар. Единствен хорор после Insidous и Паранормал 3 што успеал да направи срцето да ми чука забрзано и да потскокнувам од место. Хорор филм со приказна, содржина, ептен језиви и крајно страшни сцени. Не го потценувајте филмот ради глумецот. Spoiler И дефинитивно најстрашната сцена: Spoiler Кој го гледал знае. http://www.imdb.com/title/tt1596365/
How to lose friends and alienate people (200 Сосем случајно го открив филмот а пред тоа немав слушнато за него, иако глумат Kirsten Dunst (што ја обожавам) и Mеgan Fox (најверојатно на почетокот од кариерата), се работи за новинар кој сака да се пробие во џет сетот и да ја добие работата што отсекогаш ја посакувал. Филмот е комедија. Мене ми се допадна, препорачувам. Имдб оценка 6.6 од мене 7/10 My Week with Marilyn (2011) Филмот е автобиографски е и сниман според дневникот што го водел еден од вработените на продуцентот кој снимал филм со Мерлин Монро. Како што кажува и самиот наслов, момчето има прилика да ја запознае Мерлин и да помине со неа една недела, во филмот се прикажуваат неговите доживувања со неа за тоа време. Филмот е номиниран за оскар и Michelle Williams не е лоша препорачувам. Оценка 7.5/10