Лошата наставничка Spoiler Ништо, ама баш ништо, посебно. Онака да отепаш време, и за време на тоа ВРЕМЕ да измиеш садови, да пуштиш машина и да избришиш прашина. Дури на моменти малце и глупав ми беше + ич не ја сакам Камерон. Башка што се потсетив на времето кога беа пар овие двајца, па уште поглупо ми го направи тоа филмов. Дизни цртани Spoiler За разлика од претходноспоменатиот филм, овие далеку повеќе ми го задржаа вниманието. Никогаш нема да ми здосадат.
Forrest Gump Нема потреба да се зборува за филмов се знае дека е еден од најдобрите. Чиста класика Amelie И уште еден добар филм. Филмовиве ми се гледани може по 100 пати и никогаш не ми се здодевни.
Cruel Intentions- Стар филм од 1999 година ама добар е. Го препорачувам посебно на младата генерација за да види какви се луге навистина постојат. 9/10
Arabian Nights Го имам гледано неколку пати и секогаш е интересен, порано го даваа на Hallmark во два дела. Прекрасен филм доколку сакате да се опуштите и да запловите во чудесниот свет на приказните од детството. Екранизација на познатите приказни од 1001 ноќ раскажани од Шехерезада, која преку поентата на приказните успева да го спаси и да му го покаже вистинскиот пат на султанот Шахријар. http://www.imdb.com/title/tt0181199/
The skin I live in. Многу различен, морничав, забеган филм. Те тера да размислуваш. На imdb има 7.7/10, ама јас не би можела да го оценам.
John Tucker Must Die (2006) Интересно тинејџерско филмче, за опуштање. Го препорачувам. Мене ми се допадна. :up: Definitely, Maybe (200 Овој филм, искрено, највеќе го гледав заради актерот. Уште на зимски распуст го гледав, и не го догледав. Мене ми беше досаден. Ништо не сфаќав што како се дешава. Си го мучев некако мозокот за џабе. Но, доколку сакате гледајте го, што да ви кажам.
И мојот втор пат да пишувам во темава. Откако ја дадов мојата прва рецензија за првиот филм, гледам уште 4-5 души го гледале уште истата вечер што секако ми е мило Само што завршив со гледање на Mamma Mia! Убаво филмче, мене лично многу ми се допадна, битно е да се напомене дека е мјузикл бидејки не секој сака такви филмови, до душа и јас не сакам, но овој можеби е единствениот што ми се допадна толку..плус што се внатре ставени повеќето од песните на Abba кои ептен ги сакам. Му давам 9/10, чисто поради тоа што имаше премногу пеење за мој вкус, но сепак ми се допадна
Love in the Time of Cholera (2007) 139 min - Drama | Romance Ми стоеше во компјутер долго време и немајќи друго што да гледам се решив да го пуштам.. Епа многу долг е. Има приказна и се' тоа, ама едвај го изгледав. Не сум ја читала книгата, можеби се држеле премногу до неа па не сакале да пропуштаат многу работи, ама имаше непотребни сцени според мене. Предвидлив е ептен. Нема возбуда, иако е љубовна приказна не ми разбуди некои романтични чувства. Онака го догледав колку да не го оставам. 5/10 Premonition (I) (2007) 96 min - Drama | Fantasy | Mystery Добар почеток има, мислев дека ќе биде супер филм. Ама после пола саат ме разочара. Премногу настани има, цело време бев сконцентрирана и пак враќав некои сцени за да поврзам некои работи. Замара многу. Се израдував кога видов дека игра Џулијан Мек Мехон - го обожавам уште од Волшебнички, само слабо го имаше во филмов. Барем не толку колку што јас очекував. Сандра Булок беше прекрасна, немам зборови. Приказната е тоа што не ми се допадна. Spoiler После толку предвидувања мислев дека ќе има среќен крај, ама не. 5/10
Не ми се свиѓа ни малку! Многу ми беше досаден, последните 40 минути ги премотав. Нема никакво дејствие. Не го препорачувам ни за тепање време!! 2/10 Spoiler Се работи за двајца студенти, тој од Америка, таа од Англија, студираат во Америка, се засакуваат, ама на неа и истекува визата и треба да се врати во Англија, меѓутоа ќе остане повеќе денови. Секако ќе се врати во Англија, ама кога ќе сака пак да оди во Америка, влезот и е забранет. Па он ќе доаѓа во Англија, ќе се венчаат за да и дадат нова виза... И така натака...
^^ И јас го гледав вчера. И филмот е преубав. Дејството е развлечено, оди бавно, можеби монотоно, ама толку убаво и опфатно се прикажани емоциите што е невозможно да не се соживееш со филмот. И глумата е извонредна, поготово девојкава, ептен погодена во улогава. Нема толку дејство, зошто дејството се одива во нив самите, во ликовите, а може најубаво да се види во репликите и во изразите. Баш реален приказ на една модерна, слатко-кисела, врска на далечина. Препорачувам. 7/10
Cruel intations Филмот го симнав по ваша препорака, на почетокот на моменти досаден, но морам да пишам завршува со непредвидлив крај!Ќе ви постирам трејлер од филмот, http://www.youtube.com/watch?v=pQKlstAGqzU Моја оценаза филмот: 7/10
Петочна филмска треска со Transporter Trilogy Ги изгледав сите три дела во еден ден. Претходно ги имав фатено на телевизија, по неколку сцени од секој дел, ама ниту еднаш не седнав да ги изгледам од почеток до крај. Па си ги симнав во пакет и вчера ги гледав. Би го гледала секој филм на Jason Statham и по пет пати Секси е бре! Сите три дела се добри. Иако, третиот ми е малку нафуран, малку е во Чак Норис стил А ова е како Џејсон се опушта после секое снимање на филм 18+ Spoiler
One for the Money Филмче за релаксација. Мислев дека е комедија ама не е смешен, онака интересен, лесно филмче за уживкање. Оценка 6/10
Zookeeper http://www.imdb.com/title/tt1222817/ На момаков одлично му стојат улоги нешто како во Хич, кога се обидува да освои девојка и на некој начин му успева, само што овде кога ќе ја осови девојката повторно, ќе сфати дека со нејзе не се чувствува свој и не го прави тоа што всушност сака да го прави, да им помага на животните во зоолошката градина каде што е главен чувар. Тука ќе му помогнат и животните од зоолошката кои имаат една тајна: Да не говорат пред луѓе. Но, тоа не е случајот со Грифин - најдобриот чувар што тие некогаш го имале. Од ИМДБ има скромна оценка филмов - 4.8 Од мене: 6
Brothers Тежок филм. Само тоа можам да кажам Станува збор за двајца браќа откако едниот ќе исчезне во Авганистан, другиот се обидува да ја освои неговата сопруга. Потресна драма за љубов и војна и за тоа на што се еден човек е подготвен (или принуден) да направи за да се врати дома 8/10
Insidious За разлика од многу нестрашни хорор лимонатки, овој е супер во поглед на темата и заплетот. Не сум гледала претходно хорор со слична приказна и тоа е голем плус од мене. Језив е, многу интересен, само имам замерка во поглед на музиката, на сцени ми беше многу промашена и не се постигнува тој БУ! ефект. Инаку солидно, не знам зошто до сега го скокав од листата за гледање. 8/10
Прво малку Офф Топик, незнам дали знаете, ама филмов има уште два дела. А јас последно го гледав Fracture со Ентони Хопкинс и Рајан Гослинг. Филмот е стварно добар, мислам не може да не биде кога е со Ентони Х. Го препорачувам.