штета што почина толку млад Последен филм што го изгледав цел е Пила последниот дел, ама не ми се бендиса, можно е заради што ми се здосади...
Од таму и го зедов, и ти благодарам за препораката и за филмот и за солзите кои ги леев вчера.... За да не сум офф да си го казхам НО НАМЕ филмот кој го засени тоталка овој Big Mamma's Boy (2011) Comedy - 28 July 2011 (Australia) оценка 4.4( многу му е едвај 2ка има од мене) 35годишен кој живее со мамичка и се труди да ја смени ситуацијата во која е со Кати( колешка од раб) која му дава услов да не е повеке со мама!!! е да но мама е италјанка и не се дава така лесно Доасаденнннннннннннн ама узаснооо досаденнн !!!!!
Хмм е ајде де, спуштен ми е почнав да го гледам и после 15ина мин откажав ... не ме заинтригира. Ама еве ветувам деновиве ќе седнам до крај да го изгледам и да кажам впечатоци.
Kiss the girls (1997) Иако насловот звучи ко за романтична комедија, филмиште е. Фримен дефинитивно нема утки. Умоболен, самопрогласен Казанова собира интелигентни девојки и ги чува заклучени ветувајќи дека тој ќе им ја пружи сета љубов ама само доколку ги следат неговите правила. Ако се обидат да викнат по помош или да побегнат, ги убива. За среќа една девојка успева да се ослободи од неговите канџи. Алекс (Морган) е детектив и форензичар кого случајот лично го засега бидејќи неговата внука е една од киднапираните. Тој ја зема со себе Кејт, единствената побегната жртва, со надеж дека ќе му помогне да ги ослободат останатите и да го фатат т.н. Казанова. Ако се внимава ептен на фацките и деталите, уште на почетокот ќе ви е сомнителен еден типац, ама како и да е, одличен пресврт. 9/10
Интересен цртан, тема веќе позната, ама има што да се види Топло ви го препорачувам ќе се посмеете малку 8/10
Арно ме потсети женцкава на филмов, одма го пуштив, со оглед на тоа што го имам гледнао и го знам, почеткот го скокнав, и дирекно отидов на киднапирањето бидејќи е скоро 2 саата. Од мене има 10/10 и јас го препорачувам . Актерката е лепотица
Gattaca (1997) Добар филм, научна фантастика, драма и троа љубов...Ми се допаѓаат актерите, темата на филмот-што ако со раѓање се знае сета ваша способност, сила, здравје и животен век, и ако сте генетски предодредени за мали достигнувања, просечен живот и рана смрт...ќе се помирите, или ќе се трудите да го докажете спротивното? 9/10
The last kiss - морам да признаам, филмов ми беше на моменти здодевен. Ми се приспа од него. Речиси нема никаква акција, освен неколкуте секс сцени Не го препорачувам
The Woman in Black Изгледа мене ми делуваше некако клише приказната, дух што се одмаздува, па не бев баш фрапирана, а очекував повеќе. Страшен е само во моментите кога сецнува наеднаш, а на моменти иритира таа храброст и ладнокрвност на главниот лик. Далеку од лош, ама и многу до одличен. 6/10
The Grey ме отупе филмов не ме бендиса ама ич, не обожавам вакви филмој, ме врте, врте, врте и на крај 5/10
Pulp Fiction (1994) Што да кажам, а да не се расплачам Филмот е класика, гледан ми е многу пати, претпоставувам многу од вас го имаат гледано, оние што го немаат-срам да ви е...Можеби звучам како стара баба која постојано си зборува и се потсеќа како добро било во нејзино време, и јас сакам да гледам нови филмови, да бидам во тек, ама ретко кој ми прави ќеиф, затоа често се навраќам на старите...10/10
Made for each other Не е лош Се работи за маж и жена кој се во брак 3 месеци, Spoiler а во рок од тие 3 месеци немале ниеднаш секс ( ), жената му вели дека има пирс доле и дека ја боли . Мажот работи во фирамата од сестрата на жена му. Една вечер шефицата (сестрата на жена му) го замолува да остане навечер да работат, после некое време му се јавува на телефон и му вели да и однесе нешто. Тој оди, а таа го турка на маса и имаат секс . Мажот сфаќа дека ја изневерил и за да не испадне дека само тој ја изневерил крои план како да и наметне дечко кој ќе има секс со нејзе. После некое време жена му му признава дека го изневерила за моминската вечер со стриптизерот бидејќи мислела дека е тој зошто била пијана..И за да не испадне дека само таа го изневерила му ја наметнала сестра и да има секс со него.
APART - одамна не сум гледала толку добар филм. Психолошки е. Само толку ќе откријам бидејќи ако кажам нешто плус нема да ја доживеете сопствената илуминација за загатката која ја носи филмот. Големо !
Jane Eyre 2011 Последната екранизација на познатиот роман од Шарлот Бронте, со Миа Васиковска во главната улога. Убаво, но сепак не толку присутно и доловено како старата верзија од 1996 година. Глумицата од старата верзија е малку погрда, ама има многу посилно присуство и сметам дека подобро го доловува ликот. 6/10 за оваа верзија.
A Monster In Paris Јас обожавам анимирани филмови! Сите надреални сцени и настани, само во таквите филмови ми имаат смисла. Па така, овојпат со сестра ми изгледавме филм за болва што знае да пее Интересен е, ви го препорачувам
Втор дел од драмите, оскаровски филмови кои не ме фасцинираа како претходната тура оскаровски филмови. Moneyball Kако љубител на спортот и на филмови со спортска содржина а посебно базирани на вистинска приказна очекував филм достоен за висока имбд оценка и за номинации оскаровски. А добив прилично досаден фин, многу долг некои моменти беа досадни и без дешавка никаква, Бред Пит мора да го пофалам задоволна од неговата улога. Имаше и некои интересни делови во филмов, целата сторија базирана на купувањето играчи врз основа на статистиката се покажа каква е во реалноста, некогаш имаш рекорд, некогаш имаш неповрзаност на реалноста со статистиките. Сепак има далеку подобри и поинтересни филмови со тема спорт. 5/10 Albert Nobbs Драма за суровата вистина, но дејствието некако бавно, без кулминација, очекував повозбудлива приказна. Ме фасцинираше глумата на Глен Клос јес да од неа секогаш очекувам добри улоги, иако јас сепак сметам дека Мерил Стрип заслужено го зема оскарот. Глен е одлична во улогата на батлер, малку страшничка но сепак Мерил ми е втора Тачер, тоа е совршена улога. Инаку во филмов приказната со лезбејките е одлична, женските тајни во едно сурово машко општество, но останатите споредни приказни се досаднички. 6/10 The Descendants Изненадена, филм каков што не очекував. Ах да, на негативно. Филм за оскар? Глумата на Џорџ за оскар? Да не се преценуваме. Филмов е просечно потпросечен, ама баш никаков впечаток, очекував далеку подобра сторија од оваа. А глумата на Џорџ типична за секој татко, воопшто не отскокнува од секоја класична улога. Во моментов размислува и можам 30 подобри филмски машки улоги за 2011та да кажам од оваа на Џорџ. Сеуште се чудам како Рајан не беше номиниран, барем за Drive, барем. Во филмов супер одглуми Shailene Woodley, ќерката, затоа доби и номинација Златен Глобус. А филмов ко филм, семеен, драматичен, тажен, проблеми, солзи, но во секој случај очекував подобро, многу подобро од обичен семеен филм. Го форсираат ради потомствoто, наследство, вредноста на семејството, воспитувањето, колку им значи живеалиштето на старите американци, бла бла клише приказна, а толку беше досаден само делот со продажба на тој залив на Хаваи 4/10
Mr. Popper's Penguins Се пресмеав, Џим Кери одличен како си секогаш. Топло ја препорачувам оваа семејна комедија на оние кои не ја гледале се уште