Прекрасна комедија,за двајца колеги,таа е негова асистентка во неговата ординација,и помагајќи му во неговиот приватен(љубовен)живот, тие меѓусебно ќе се вљубат
88 минути Spoiler Ме привлече поради Ал Пачино и неговата улога во филмот, поради елементот на затвореник пред смртна казна.... воглавно поради тоа што имаше некаква си полициско-детективска тематика. Филмот е супер, не беше БАШ непредвидлив, ама успеа да ми го задржи вниманието до сам крај, а Ал Пачино не знам дали некогаш ќе направи утка кога глуми. Браво!
Vantage Point http://www.imdb.com/title/tt0443274/ За целосно уживање во филмот, само затемнете ја собата и купете си пуканки Пријатно гледање!
Like Crazy ! http://www.imdb.com/title/tt1758692/ Препорачувам! А за оние кои што имале врска на далечина и се емотивни и уште им фали старата љубов препорачувам не едно пакетче палома туку три четири ЧД Сепак како и да е... лајт филмче ,многу ми се допадна.
Денес ме фати некоја носталгија кон детството, и си се изненадив колку ги памтам филмовите. Прво го изгледав Снежната кралица го даваа на МТВ обично во Сабота и Недела, леле како ја мразев таа снежна кралица момчето што го украде и замрзна... А девојчето уште го памтев шишки дека имаше Ја гледав ова верзија од линкот. Ах детство! Преубаво филмче http://www.youtube.com/watch?v=eW5F3ZP1T6M Потоа го изгледав Blue Lagoon Мислам дека филмов скоро сите го имаме гледано за да пишувам реценција, но на кратко момче и девјче се спасени од бродска несреќа од еден старец, и живеат на пуст остров, каде што заедно пораснуваат и така натаму Филмиште!! Е она е убава глумица! И последен 101 Далматинец Следни ми се Casper - пријателскиот дух, Лесиии, Babe тој со прасето паметно и фармата можеби и ET, a Little Rascals Ми е пресно гледан.
Like Crazy Колку го испофалија филмот, колку очекувања имав и на крај се разочарав.. Мислам не е никаков, лош ама па ништо не се случува.. На почетокот само ме расплака а послем цело време само чекав да видам дали ке се случи нешто Моја оценка: 5/10
Mr.Popper's Penguins Баш ми требаше нешто вакво, да ме здроби од смеење и да ме разнежни. Иако Џим не можам органски да го поднесам, сепак го изгледав филмот до крај и за прв пат овде нема нападна улога, не е онака апла хистеричен како што знае да биде. Многу ми се допадна филмот, типично фамилијарно филмче.
http://www.traileraddict.com/content/un ... _to_be.jpg Meant to be Јас во секој случај го препорачувам. Ангел чувар се заљубува во својата штитеничка, оди на земјата како човек и има 7 дена да ја натера и таа да се заљуби во него. Малку поинаква приказна, ама вреди да се погледне.
Верувале или не... The Little Mermaid (1989) Ариел од секогаш ми бил еден од омилените цртани филмови, и сега не знам што ме спопадна да го гледам пак, си го симнав HD и си уживав навраќајки се во детството. http://www.imdb.com/title/tt0097757/ И најлошиот филм што сум го гледала на сите времиња: 2-Headed Shark Attack Насловов и оценчето се кажуваат. http://www.imdb.com/title/tt2043757/
Многу убав Шпански филм. Љубовен пар или сепак љубовен триаголник ?! Девојката која дознава дека во куќата каде што живеат со нејзиниот дечко има тајна соба од која се се гледа и се слуша сака да го стави на тест и се крие во собата, но заборава да го земе клучот за да излезе. Дечкото по некое време најдува нова девојка и започнува заеднички живот со неа, а оваа првава останува заклучена во тајната соба и ги гледа. На крај вторава девојка ја ослободува првава, но на крај таа ќе остане заклучена во тајната соба. П Р Е П О Р А Ч У В А М !!! 9/10 Само што филмот нема никаков крај, каков што би можеле да си претпоставите додека го гледате.
sweet karma За оние кои би направиле СЕ за нивниот брат или сестра... Во случајов на филмов е сестра - ПРЕПОРАЧЛИВО Spoiler
Искрено , имав многу надеж за филмов, зашто сценаристката е истата од Џуно, а мене Џуно ми се допадна многу, но овој филм е сосем просечен и малку глупушкав би рекла. Сепак, Шарлиз Терон го прави интересен за гледање. Освојува со нејзината убавина како и со квалитетната глума. Има поента, ама е малку смотано прикажана. 5/10, ништо посебно. Young adult Мејвис (Шарлиз Т.) е автор на познат серијал книги наменет за тинејџерската публика. Откако серијалот ќе биде укинат, и таа ќе се најде на дното, одеднаш и паѓа на памет - дека нејзината судбина е нејзиниот дечко од средно, во малото градче каде што порано живеела. Само има еден мал проблем - нејзината судбина има жена и дете.
Те послушав Spoiler ги преживеав повторно моментите кога имав врска на далечина и стресовите со виза Едноставно, лесно филмче со посебна приказна која некои ќе ги здоболе до срце на моменти. 7.5/10
Μια Φορά και Ένα Μωρό (Mia fora kai ena... moro) Цепки е филмов. http://www.imdb.com/title/tt1794870/