Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски

    Дефинитивно се согласувам за верзијата од 1996. Беше најблиску до моето искуство кога ја читав книгата. Како што јас ја разбрав, Џејн не треба да биде убава, ниту симпатична (ако веќе се држат до книгата)
    затоа што баш недостатокот на убавина (како и на финансиска моќ) е неколку пати јасно спомнат во самата книга од различни ликови, од самиот почеток кога живее кај тетка и` кога ја заклучуваат во „Црвената соба“ кога слугинките зборуваат со сожалување кон неа до делот пред Рочестер да ја побара за жена, кога и самата зборува за свесноста за нејзиниот недостаток на богатство, но и на убавина. Не треба да е убава, но и те како треба да е доминантна и да зрачи и покрај тоа што станува збор за скромен лик.
    Навистина е предизвик за една актерка да успее да го долови нејзиниот лик, а Charlotte Gainsbourg е одличен избор.
     
    На gwen и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    The Karate kid (2010)
    http://www.imdb.com/title/tt1155076/
    [​IMG]
    Филмот не ме воодушеви нешто посебно, т.е настаните се многу слични како на првиот филм, па просто знаев како ќе заврши.
    Мене премногу ми се свијаше Дре, срце какви фацки, ептен нига талк 8)
    Душа, ептен ми е мил.
    А тоа девојчето сите се согласивме дека е диња фаца :D
    Можеле подобро да најдат.
    Џеки многу остарен, не го познав со тоа брковите.
    Мајката превише напета, не ми беше нешто посебно.
    Се на се филмов вреди само заради прцулов.
    Like father, like son 8)
    6/10 и тоа само заради Дре 8)
     
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Гарфилд 1.Добро филмче за релаксација и опуштање а на моменти е и малку смешен :D на имдб му дале отценка 4,8 но од мене има 5,5.http://www.imdb.com/title/tt0356634/
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    We Bought a Zoo (2011)
    Comedy | Drama | Family

    [​IMG]

    Топла, топла, фамилијарна, позитивна и енергична авантура која не смеете да не ја гледате :)
    Уживав во секоја секунда.
    Мет, остарел бре, а Скарлет, прекрасна!

    [​IMG]
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    [​IMG]

    THE DESCENDАNTS
    Спора и бледа продукција на фамилијарна драма во која и актерски калибар на Џорџ Клуни излгледа шупливо и плитко.
    Имено, типот е невиден богаташ и земјопоседник кој наследил милиони, има многу зафатен живот, однесувањето на неговите деца јасно укажува на родителско отсуство , и неговата сопруга is getting some action на страна, или was getting some action пред несреќата после која паѓа во кома. Тој подоцна открива и се натегнува да го бара мачото кој е и што е, но целиот тој процес е пропратен со некоја смиреност и воздржаност од негова страна што повеќе иритира отколку што ја ствара потребната напнатост.
    Може да помине како тепање време во очајни околности, кога навистина нема што друго на лагер.[/quote][/quote]
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The Awakening

    [​IMG]


    Спoред времето и амбиентот потсеќа на The Woman In Black, добро позната приказна за духови.
    Сепак сите љубители на хорори мислам дека нема да се покајат ако го гледаат, има многу страшно-језиви сцени и дефинитивно си напнат добра половина од филмот.
    Глумицава е лепотица.


    http://www.imdb.com/title/tt1687901/
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Paul
    [​IMG]

    Многу убаво ми дојде ова филмче вчера. ^_^
    Лесно, интересно, забавно, на моменти имаше добар хумор, на моменти дебилен, комплетен пакет комедија. :D
    Двајца најдобри другари од Британија, страсни обожаватели на стрипови доаѓаат на Комик Кон во Америка, и некаде надвор од областа 51 се среќаваат со вонземјанецот Пол.
    Милион други чукнати дешавки, ама добро филмче за тепање време, едно од подобрите и повеселите.
    Би го препорачала и за дечиња, да немаше толку многу пцовки. :lol:
    8/10
     
    На teddybear и Shana им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    5/10

    [​IMG]

    6/10

    Непотребно извртување на приказните. Толку усилени, пародични и преиначени ... Вториов ајде малку хумор содржи ама не сум за вакви ново вековни преработки на нашите класични приказни од детството. Оригиналот си е вреден, копијата посебно извртена е лоша работа.
     
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Mirror Mirror e излезен????? Оти ја се мислам дека на 30-ти треба да излезе а така пишува и на википедија
    http://en.wikipedia.org/wiki/Mirror_Mirror_(film)
     
  10. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    значи филмот е скроз забеган :D онака спаѓа во хорор , ама не е ич значи повеќе е комедија.. Двајца другари ќе сакаат да одат некаде на одмор малку, пошто едниот ептен е разочаран пошто девојката го остава постојано и одат на една планина каде порано умрела нај јаката вампирка на светот и се среќаваат со вампирките и повеќе не ви откривам, гледајте го
     

    Прикачени фајлови:

  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Mirror mirror го гледав од камера снимка :)
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    The Ramen Girl
    Комедија | Драма | Романса
    5,5/10

    Една американка ќе отиде на посета на нејзинотот момче во Токио, но откако ќе раскине со него таа решава да остане таму и да научи да прави Рамен (јапонско јадење).

    После филмов искрено посакав да пробам рамен. Што се однесува до филмов како и секогаш Британи Марфи ми е ептен шармантна. Филмот е деклариран како романса, а од романса ни р. Има само неки три сцнеи таму со некое момче и тоа е се. Крајот на филмов беше ужаш, се одви брзо и некако го упропасти филмот. Како да се изгубиле сценаристите. Всушност и на целата приказна на филмот и фали динамика и романтика. Многу недовршено и уште многу што да се направи. Значи воопшто целиот филм заслужува подобро осмислено сценарио. А да уште нешто што не ми се допадна беше дека 90% од филмот се одвива на едно место.

    Се на се задоволително за да утепаш време.

    [​IMG]
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Hanging Up

    [​IMG]

    Убав, топол, фамилијарен филм.
    Повеќе е драма него комедија, иако и двете категории му одговараат.
    Мене штом е со Мег Рајан автоматски ми се свиѓа, ептен ми е фејворит, ама не верувам дека било кого може да остави рамнодушен.

    http://www.imdb.com/title/tt0162983/
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Colombiana
    [​IMG]
    Значи значиииии незнам зашто не сум го гледала порано филмов ми стоеше на цеде онака .
    ПРЕПОРАЧУВАМ.
    Кога ќе има 9 години на Каталеја ќе и ги убијат родителите, таа знае кој ги уби и кога ќе ја праша чичко и што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш таа ќе рече Убиец.После неколку години таа е професионален убиец и ги убива сите што се поврзани со убиството на родителите а дали ќе го убие главниот ?
    10/10

    Conviction
    [​IMG]
    Изгледа ми тргна со убави филмови. :lol: Препорачувам
    Братот на Бети Ен ќе биде затворен поради убиство но тој не е виновен, потоа Бети ќе студира правен факултет цели 18 години мислам дека беше за да докаже дека брат и не е крив. На крај секако пуштив солза а уште повеќе па кога ги видов вистинските брат и сестра на слика, незнам зошто ама така ми дојде. :)
    10/10

    Морам да кажам дека за раскажување филмови ама ич не ме бива ама ете колку да знаете за што се работи :$ :D
     
    На nela.oh, Trendafilka и A-j-a им се допаѓа ова.
  15. sarkazam

    sarkazam Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    The Vow
    http://www.imdb.com/title/tt1606389/

    фимов е толку добар, што ме остави без зборови,
    се што ќе кажам нема да биди доволно добро за да го опиши чуството ...

    [​IMG]
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^Истиот :) Филмов, особено почетокот ќе ве натера да го замразите вашиот неромантичен дечко, а што е најтрагично такви работи ретко ги има во реалноста :) И бидејќи јас не сакам до толку романтични и
    лигави
    филмови, не бев воодушевена :)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Bowfinger
    [​IMG]
    Го фатив баш на почеток сабајлево додека доручкував.
    Не знам по кој пат го даваат на Сител и пак го изгледав.

    Стив Мартин во комбинација со Еди Марфи - и веќе се е кажано.
    Интересна комедија во која Стив Мартин игра надежен продуцент што сака да сними филм со познат актер во чија улога се појавува Еди Марфи.
    Откако Еди ќе го одбие, Стив решава да сними филм со него без негово знаење.
    Добра комедија :)
     
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    The number 23-добар психолошки филм кој бара многу внимание за да се разбери(мене ми требаше :D ) од имдб има 6.2 а од мене има чиста 7 им го препорачувам на сите :) http://www.imdb.com/title/tt0481369/



    Wanted-пекрасна акција каде и овој пат главната женска улога ја игра Анџелина Џоли(овојпат е лоша), а машката главна улога ја игра Џејмс МекАвој.Супер филм уште подобра глума и едноставно ме освои.Го препорачувам на сите љубители на акционите филмови, пријатно ќе ве изненади. 9/10 http://www.imdb.com/title/tt0493464/
     

    Прикачени фајлови:

    • the number 23.jpg
      the number 23.jpg
      Големина на фајлот:
      168,3 KB
      Прегледи:
      356
    • wanted2008.jpg
      wanted2008.jpg
      Големина на фајлот:
      33 KB
      Прегледи:
      356
    На SimonLimon и Salfetka им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Релакс филмови, романтики и комедии.

    Bridesmaids
    [​IMG]
    Просечно филмче, интересни различни карактери на секоја деверуша, се изнасмеав за некои случки, одлична улога на Мелиса Мекарти ме изнасмеа најмногу, будалетинка. Додека за време на целиот филм ме нервираше хистеришувањето на кумата Ани и нејзината љубомора, психопат класичен што среќа на време се оправи. Најдобар дел дефинитивно во авионот, е тука се смеев ко луда :D 5/10


    Never Let Me Go
    [​IMG]
    Филмов одамна ми е симнат и мислам дека поубаво ќе беше никогаш да не го изгледав. Не дека е лош филм, напротив одлично сценарио одлично изработен филм и супер филмска екипа, НО темата е ранлива, се згрозив. Читав филмов е направен по истоимениот роман, а веројатно е по вистинита приказна. Деца израснати во училишта и домови, навидум одлични домови со супер услови, но тоа се деца идни донатори. Предодредени во младоста да донираат органи додека нивното тело издржи. Болно, одвратно, само тоа ќе кажам. Неможам да верувам дека постоело ова. Жално...
    Мислев романтичен филм, јес да љубовниот пар е прикажан добро, но другото во филмов ми остави кнедла во грлото.


    The Women
    [​IMG]
    Релаксирачко женско филмче, интересно ми беше што и покрај спомнувањето на полно мажи ниеден ама баш ниеден маж не се појави во филмов, заприметете :) Апсолутно женски филм, женски проблеми, 4тири другарки, да да малку наликува на сексот и градот како и секој женски филм, ама интересно за пополнување на една лежерна вечер. Одлична актерска женска екипа.


    Failure to Launch
    [​IMG]
    Релаксирачко филмче, се изнасмеав, убава актерска екипа супер секси момци и Сара одлична беше, каква и е косата ах ^_^. И она што ми остана во сеќавање за филмов е какви одлични состаноци од пејнтбол, едрење гггррр сакам и јас :) 8/10


    Life as We Know It
    [​IMG]
    Преубаво филмче. На моменти се смеев, на моменти плачев, да бе кога се испорасплакав на крај, а ова е еден така предвидлив филм знаеш како ќе завршиш ама пак цмиздриш :D Од сите филмчиња за оваа недела на ова давам највисока оценка. За релакс романтична комедија со супер актерска двојка 10/10
     
    На JuLleE, teddybear, Mayyya и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Wedding Daze
    [​IMG]

    The Accidental Husband
    [​IMG]

    Интересни и лесни филмчиња, тамански за релаксирање малку. Првиот во некои сцени делуваше ептен луд, но смешен, а вториот типична романтична американска комедија :)