Само што го догледав Дневниците на кошаркарот на тв1000.Прекрасен филм со Леонардо ДиКаприо кој во овој филм глуми младо момче кое игра кошарка заедно со неговите другари и еден ден сака да игра во НБА.Но заедно со друштвото се решава да проба хероин и од тој ден веќе ништо не е исто.Тие стануваат крадци, убијци и дрогираши.....Другото не ви го кажувам Оној кој го има гледано филмов знае колку е прекрасен а оној кој не го гледал веднаш нека го погледне.10/10 http://www.imdb.com/title/tt0112461/
All the Boys Love Mandy Lane Horror | Mystery | Thriller Во девојката се заљубив, а филмот e онака добро лесно во наводници хорорче, со добар непредвидлив крај кој ме остави Амбер љубов моја! А и тој маринецот мх мх мх!
^^ Девојката е фатална ... дефинитивно има нешто во неа што привлекува опасно Го гледав Очекував многу повеќе, не сум баш задоволна. 7/10 Аманда секако солидна, но во приказната фали интензивитет на настаните, повеќе пресврти, неизвесност ... Џил после нејзиното киднапирање е под терапија. Но откако нејзината сестра овој пат ќе исчезне решена е да го пронајде киднаперот и да се соочи со него, иако никој не и верува дека повторно се појавил. Ако ве интересира што е всушност содржината гледајте го.
The Vow, по препорака на некои феминки предходно дискутирале дека е добар, викам зашто да не.. ПРЕКРАСЕН ФИЛМ на почетокот мислев дека ќе биде еден од оние пететични љубовни ама не е така, стварно е добар.. дефинитивно го ставам на листата на мои омилени филмови до сега 10/10 вреди да се погледне :up:
Conviction (II) (2010) Biography | Drama Филмот ме удри по глава дефинитивно. До каде би оделе за најблискиот, за својот брат, сестра?! Добра драма, а со оглед дека е биографска, плус допре до мене, на крајот пуштив солза жими се, а тоа е многу многу ретко. http://www.imdb.com/title/tt1244754/
Kаква приказна, па и вистинита. Трпеливоста на дечково и љубовта ме оставија со подотворена уста, ретки се такви суштества на планетава. Прекрасна приказна. Ви ја препорачувам, ако сте чувствителни имате и гратис детоксикација преку солзи.
денеска ми е не репертар филмот, фала богу излезе културна снимка. Викаш за плачње е а ?? Ајде ја да си најдам пешкирче зашто знаејки се себе си ќе дехидрирам!!!
И јас го гледав овој. Интересен филм, трогателна приказна, ама не ми беше до толку за паѓање во несвест или леење солзи. Сепак, на романтичарите секако ќе им се допадне.
Easy A Комедија | Романса http://en.wikipedia.org/wiki/Easy_A Интересен филм со лесна содржина за тепање време. Не бара јака концентрација и мозгање на настаните, се изгледува брзо и држи заинтересираност. Spoiler Се работи за една мирна девојка Олив во средно која никој не ја сака и еден ден сосема непланирано ќе ја излаже другарка и дека веќе не е девица, а таа гласина ќе ја чуе нејзина сопарничка. Следниот ден гласината ќе се прошири и сите ќе почнат да ја гледаат со други очи - одеднаш таа ќе стане Секс бомба. Еден нејзин пријател - геј, ќе ја замоли да глумат дека имаат секс за другарите да престанат да го задеваат. Полека полека, таа ќе глуми исто така со други машки (бубалици, грди некои) за да станар прифатливи од соучениците. Меѓутоа ќе се случат многу пресврти и проблеми, Олив ќе биде соочена со многу тешки предизвици и опасности.
Во последно имам гледано многу филмчиња, ама најтазе од овие неколку дена што ми оставиле впечаток, ќе ги издвојам овие. We bought a zoo Филм сниман врз основа на вистински настан за самохраниот татко кој се труди да им овозможи нов почеток и подобар и пооптимистички живот на своите две деца по смртта на нивната мајка. Тој животот им го претвора во една мала авантура купувајќи огромен ранч кој би бил идеален за нивниот нов живот. Но, постои една интрига - на ранчот е сместена зоолошка градина. Таткото, роден авантурист во ранчот и ЗОО гледа оптимистичка шанса да го зближи повторно семејството и да им го врати оптимистичкиот дух, особено на синот. Сето тоа ќе вроди уште подобар резултат, со напорна работа заедно со тимот на ранчот ќе ја средат ЗОО, ќе се грижат за животните и по долги години пропаѓање ќе ја отворат повторно за забава на луѓето од околината... Прекрасно, лесно филмче во главни улоги на Matt Damon i Scarlet Johansson. За мене уште еден плус беше филмов што има животни, ги обожавам... My week with Marilyn Колин Кларк е млад студент кој сака да работи во филмската продукција и неговата желба се исполнува кога ќе го постават како асистент на сетот. Главната звезда на филмот е Мерлин Монро, извонредна актерка, харизматична личност и секс бомба по која лудува цел Лондон кога таа допатува за снимањето на филмот. Кларк има можност да помине една недела запознавајќи ја Мерлин, да и се воодушевува на нејзината убавина и харизма, да го спознае нејзиниот карактер и да ги гледа нејзините стравови, грижи, падови и плачење. Всушност филмот е правен според записи на Колин кога бил млад, во кои ја опишува младата Мерлин во цутот на кариерата, брзо и непосредно пред смртта, во време кога Мерлин неможе да најде психичка рамнотежа и баланс и тивко се срушува и пропаѓа растргната меѓу внатрешното незадоволство, болка и несреќа и тој холивудски свет на илузија во кој се труди да се прикаже во најдобро светло. За оние што ја сакале/сакаат Мерлин, добро филмче, да се види низ што поминувала. како се однесувала, како изгледала. Јас сум воодушевена од нејзината харизма, просто и на слики зрачи. Некако е специфична, единствена, интелигентна пред се. Фасцинирана сум од нејзината желба за напредок и учење, била фина, неверојатно сексапилна и обожавала книги,имала многу колекции. Жалосно што имала тешко детство, тежок живот кој полека но сигурно психички ја уништил, па нејзината депресија си го прави своето накрај, уништува едно извонредно битие... П.С. Мишел Вилијамс навистина се потрудила да ја долови Мерлин, пријатно ме изненади.
Gothika (2003) Horror | Thriller | Mystery Мислејќи дека ми е негледан, го изгледав по втор пат, на пола филм ми текна дека од средина некаде сум го фатила на тв. Добар филм. Хали Бери борец прав во филмот, обидувајќи се да ја состави сложувалката за смртта на нејзиниот маж, т.е како и зошто таа го убила. Пенелопе Круз ме изненади, и стојат вакви мрднати улоги! Не е хорор, само добар психолошки трилер. http://www.imdb.com/title/tt0348836/ Transporter 3 (200 Action | Adventure | Crime Е и овие жанрови ми се омилени освен психолошките а Џејсон беше добар добар тука. Јас да си кажам дека гласот негов ми го растреперува телото! :geek: Филмот е интересен доста. http://www.imdb.com/title/tt1129442/
The help Многу убав филм Spoiler Во филмов се работи за дискриминација на црната раса, како ги третирале тогаш и како тие прозбореле јавно за тоа. 9/10
The Vow Девојката играше во Notebook, дечкото во Dear John, така што - знаете што да очекувате. Интересна романтична приказна. Кратка рецензија е веќе дадена во темава, па тој дел ќе го прескокнам за да не се повторуваме. Рејчел ми е ептен слатка и го сакам секој нејзин филм. Па дури и Mean Girls
Еве ги филмовите што ги гледав последниве 2 недели HUGO (2011) За филмов читав многу коментари кои одеа од крајност во крајност. Некои велеа филмов бил многу глупав, досаден, и башка што трае повеќе од должината на просечниот филм (трае повеќе од 2 саати), бил да заспие човек итн. итн. Други пак беа воодушевени од него и даваа само пофални зборови. Епа јас припаѓам на оние вторите Ептен ми се допадна филмот, ама ептен, супер филмче. Мистерија која ме остави заинтересирана до самиот крај, иако беше подолг, не ни приметив кога помина времето.. На крајот се дознаа сите сплетки што се беа десиле во текот на филмот. А и детето Хуго е ептен слатко Препорачувам 10/10 GROWN UPS Многу очекував од филмов, ама ме разочара. Многумина велеа дека е ептен добра комедија, али ја ваква бев скоро во текот на целиот филм, само на 1-2 места ме насмеа.. Не препорачувам 5/10 EUROTRIP (2004) Филмов е една од најдобрите комедии што сум ги гледала.. Ме расположи и изнасмеа. Актерите се супер избрани, се е супер немам замерки. Пак би го гледала Препорачувам 10/10
Confessions of Shopaholic мноооооооогу ми се допадна, преубав филм, иако малку постар добив желба пак да го гледам!! Го препорачувам.. Оценка: 10/10 од мене
The Vow Драма | Романса Се работи за сообраќајна несреќа на еден пар, по која девојката ќе изгуби дел од меморијата...Приказната е инспирирана од вистински настан. После толку фалење тука решив и јас го изгледав филмов. Уште ена потврда зошто Рејчел ми е една од најомилените актерки. Како го опишавте бре мислев дека е некој филм од кој ќе направам поплава дома. Потресителна приказна, да, исполнета со многу чувства и разбирање, прифакање на такви какви што сме, останување заедно со партнерот и давање максимална подршка и љубов дури и тогаш кога се случуваат лоши и нескани моменти...и да ако некој не знае што е и каква треба да биде правата љубов нека го погледне филмов. Ми се допаѓа што сценаристите не направиле типична бајка туку реална приказна која може да му се случи на секој. Филмов потсетува на 50 First Dates.
Горе доле ми се бендиса Spoiler When two female strangers find common ground – their horrible relationships – they devise a plot to rid one another of their burdensome lovers. Blinded by revenge and racing against the clock, their joint missions prove seductive, bloody and shocking...with an ending they could never imagine.