Eternal Sunshine of the Spotless Mind Џоел, откако ќе дознае дека неговата сакана подлегнала на процедура за да го избрише од меморијата, решава и тој да го направи истото. Но како што спомените еден по еден ќе се бришат, така тој ќе сфаќа дека сеуште ја сака и не сака да ја изгуби. Дејствијата се одвиваат најмногу во главата на Џоел. Џим Кери е фантастичен, и добро ми дојде да го видам во една поозбилна улога. И Кејт е одлична, ептен е шармантна во улогава. Кој го нема гледано, обавезно да го гледа!
Take Shelter Овој филм е бавен, развлечен, чукнат и за мене лично - досаден и глупав. Млад човек, во брак со жена и едно детенце ќе започне да доживуваа апокалиптични визии и халуцинации. Ќе започне да презема различни чекори за спасување на семејството од апокалипсата, која според него доаѓа. Во меѓувреме се соочува со околината, која едноставно мисли дека - се мрднува. Слаб филм. Не знам искрено од каде собрал толку награди, толку висок рејтинг и прекрасни коментари. Критичариве ко сосила да се прават ненормални. Само заради глумата на двајцата главни актери - 3/10
Rise of the Planet of the Apes (2011) Action | Drama | Sci-Fi Филмот е добар. Има сцени кои нема да ве остават рамнодушни ^ Мене ме растажи страшно многу кога шимпанзото ќе го избрише нацртаниот прозорец во својата ќелија, што си го имаше во куќата додека живееше со идиотот од глумец Џејмс, сцени кога тагата и депресивноста беа одлично доловени! Џејмс Франко уште ми е антипатичен и патетичен, зар не можеле подобар глумец да најдат? Фреида Пинто е дефинитивно прекрасна! http://www.imdb.com/title/tt1318514/
A Lot Like Love Филмов ми е гледан, ама онака во магла, само детали помнев, а баш ме копкаше како ќе завршат, и морав да го изгледам. И што да кажам... Прекрасен филм, оригинална љубовна приказна, преубава глумица, а богами и глумецот не е лош. Меѓу поомилените филмови од овој жанр. :up: http://www.imdb.com/title/tt0391304/
Our idiot brother Hед се врака од затвор,и оди кај својата девојка која што веке нашла друга љубов,и така разочаран оди кај своите сестри и полека им ги менува животите Mи се допадна филмчево,фино е,релаксирачко,го препорачувам 7\10 21 Jump Street Двајца полицајци одат под тајна истрага во едно средно училиште,за да дознаат кој е дилерот на дрогата,па мораат да се вклопат како средношколци Hе знам од кога не сум се смеела толку на филм,морате да го гледате 8\10
The Hunger Games- одвај го дочекав да излези,и стварно ми остави многу убав впечаток, 2 саати и нешто мене ми се видоа како 20 минути..Bреди да се погледне,се надевам ке има и втор дел http://www.imdb.com/title/tt1392170/ и многу убава мисла: http://mockingjay.net/2012/03/15/new-cl ... than-fear/
Во филмов се работи за едно дете кое има 13 години.Се вика Херолд.Тој е ќељав.Тоа било наследно.Тој изгледа како старец.И се облекува како старец.А пак сестра му е популарна и е тинејџерка.Немаат татко.Ги одгледува нивната мајка.Таа работи во фирма.Добива унапредување.Поради тоа мора да се преселат во друг град.Херолд одбива и сака да остане во таа куќа каде и што се родил.Се плаши како ќе го прифатат сите во новиот град,ново школо...А пак сестра му радосна неможе да дочека.Тој несака да оди зошто си е популарен во градот кај што живее и сите го прифаќаат онаков каков што е... Со преселувањето во новиот град и одењето во новото школо пополека започнуваат исмејувањата,навредувањата,искористувањата,малтретирувањата инт. Ви препорачувам да го гледата.. Премногу е добар. Мене ме научи на некои работи,па ајде и на вас... Малку е тажен но суперско филмче
Final Destination 5.. филмчето е моногу гнасно но муогу убаво..Значи се во филмот се расправа за група на малди дечки кои немаат среќа да живеат долго и умираат .. Филмот е стварно многу убав..
La cara oculta (The hidden face) [2011] Значи нема филм од Шпанско говорно подрачје кој досега ме оставил рамнодушна. Секогаш го имаат она типично за нив, но оригинално, испревртено сценарио со неочекуван крај, што ретко се среќава по Американските филмови. Spoiler Адриан е реномиран диригент кој мора да се пресели во Колумбија на една година и притоа со себе ја зема девојка му Белен. По неколку дена таа исчезнува оставајќи му само една видео порака. Поради тоа што никаде нема трага од неа, таа се води за исчезната, а при истрагата Адриан наоѓа нова девојка која веднаш се вселува во нивната куќа, но притоа открива нешто многу чудно во врска со бањата и спалната. Низ филмот се проткаени и многу лаги, изневерувања, солзи, чудење... Повеќе и не би можела да откријам, бидејќи почнува in medias res, па кон средината се враќа на почетокот за да ни се разјасни. Ќе се начекате себеси кај што го сожалувате и мразите посебно секој лик од филмот, и секој лик ќе ви биде одвратен во одредени сцени, но тоа е убавината. Тоа е она некласичното, за разлика од волк-жртвено јагне релацијата што ја има речиси во секој филм. 9.5/10 поради крајот. Иако знаев дека нема да биде типичен.
Го гледав синоќа и не ми е јасно зошто има толку ниска оценка на ИМДБ. Демек имало многу историски грешки- па што? И онака акцентот е ставен на друго, или барем јас така го доживеав филмот, не знам... Spoiler Реј и Дени се неразделни другари уште од деца, а она што уште повеќе ги спојува е нивната љубов кон авионите и летањето со нив. Така тие стануваат пилоти во американската армија. Втората Светска војна е во полн ек, иако Америка се уште не се одлучува да влезе во неа. Пилотите имаат константни обуки и вежби, и детални систематски прегледи. На еден таков преглед, каде се одлучува дали пилотите се способни и понатаму да летаат, Реј е преплашен дали ќе го помине тестот, поради неговите проблеми при читањето. Тогаш ја замолува преубавата сестра да го сфати, и да не му ги земе крилјата, а таа- ќерка на поранешен пилот, гледајќи ја неговата огромна страст кон летањето става печат за одобрување во неговите документи. Тоа е љубов на прв поглед, барем за Реј и тој прави се за да ја освои преубавата Евелин. Во тоа и успева и тие поминуваат неколку преубави недели, се додека тој не треба да замине во Англија, за директно да учествува во војната. Заминувањето тешко и паѓа на Евелин, а еднакво тешко му е и на Дени, за кого Реј е многу повеќе од другар, повеќе од брат, за него Реј е идол, човек кој што секогаш му бил водич во животот и го учел како правилно да постапува. Минуваат недели, си праќаат писма, а во меѓувреме пилотите и медицинските сестри се селат на Хаваите, во Перл Харбор, пристаниште на Пацификот каде што е сместена Американската морнарица и воздухопловните летала. Деновите минуваат мирно и убаво на прекрасниот остров се додека еден ден Дени не ја извести Евелин дека авионот што го возел Реј е соборен, а неговото тело го нема. Шок за двајцата. Тешка болка која го распара срцето... Минуваат месеци, Дени и Евелин повторно се среќаваат и поминуваат вечер сеќавајќи се на нивната најсакана личност. Меѓутоа со тек на време кај двајцата се јавуваат чудни чувства, љубов или нешто друго е во прашање? Околината одобрува, а тие се уште се двоумат, се до една прекрасна ноќ кога Евелин му се предава на Дени. Продолжуваат да се гледаат, се додека една вечер не се појави Реј, очекувајќи се да биде по старо. За жал тоа не е возможно. А нема да биде по старо никогаш и за Перл Харбор, ни за Америка, бидејќи утредента ќе се случи еден страшен напад- целата добро опремена војска ќе биде фатена на спиење, изненадена од Јапонците кои долго време го планирале тој напад. Настаните кои што се случуваат се грозоморни- 350 авиони ги истураат нивните бомби на островот. 3000 жртви, и многу повредени. Но не и храбрите другари, кои доаѓаат до авиони и рушат 7 јапонски летала. Нивната храброст ќе ги одведе во уште поопасна мисија, во напад на Јапонија, од каде за жал нема да се вратат живи двајцата. Кој ќе се врати и ќе остане со жената која ги помати нивните умови и која носи дете од Дени? Тоа ќе го видите на крајот од филмот, се разбира ако не ви се заматени очите од трогателните сцени. Многу ми се допадна филмот, го препорачувам, без разлика што има оценка 5.6 на имдб мене ме воодушеви.
Романтично филмче за маж (Лео) и жена (Пејџ) кои на почетокот имаат сообраќајка по којашто жената ја губи меморијата. И по сите неуспешни обиди на Лео да и ја врати меморијата на Пејџ, а во исто време во нејзинот живот се враќа нејзиното семејство и поранешниот вереник што додатно ги комлицира односите меѓу Лео и Пејџ, Лео решава повторно да го освои срцето на Пејџ. Филмчето не е воопшто лошо, иако е прилично предвидливо.
The Joneses (2009) "Семејство“ се вселува во едно предградие, со цел да ја зголеми продажбата на одредени артикли по пат на лажење и манипулирање со соседите. Процентот на продажба расте, ама нестабилноста во лажното семејство почнува полека да ги уништува членовите. Интересна тема, глумата е ок, солиден за тепање време. Не сум нешто водушевена од Деми Мур во улогава.... 6/10
Дефинитивно влегува во мојата топ 5 листа на најдобри филмови. Atonement (2007) Жанр : Драма, Мистерија, Романса Главни улоги: Keira Knightley, James McAvoy & Brenda Blethyn Spoiler Младata писателka Briony Tallis на 13 години неповратно го менува текот на неколку животи, кога таа го обвинува љубовникот на нејзината постара сестра на кривично дело кое тој не го извршил.
Marley and Me Многу ме разнежи филмчево, на крајот и ме расплака. Прекрасна семејна драма иако е категоризиран како комедија. Кога кучето е многу повеќе од куче, кога домашниот миленик му дава на животот поинаква димензија.
Little Fockers (2010) 98 min - Comedy Судејќи според Meet the Parents и Meet the Fockers очекував многу од филмов. Ама се разочарав. Не може ни да се спореди со претходните два. 3/10 Jack and Jill (2011) 91 min - Comedy Ова не е комедија, ова е катастрофа. Дури ни појавувањето на Џони Деп и Ал Пачино не спасува ситуација. Го сакам Адам Сандлер, ама филмов му е голема утка. На IMDB има оценка 3.3 Од мене: 0/10. Source Code (2011) 93 min - Mystery | Sci-Fi | Thriller Многу сакам вакви филмови. Предобар е, ме воодушеви. Интересен до самиот крај. Иако се со различна тематика ми наликуваше на моменти на Inception. Поттикнува на размислување за животот и смртта. Препорачувам! 8/10 Spoiler Не знам зашто, додека не се реши кој е бомбашот мислев дека е професорот.. My Week with Marilyn (2011) 99 min - Biography | Drama На моменти ми беше многу досаден, посебно на почетокот. Одличен избор за улогата на Мерилин, прекрасно одглумено од страна на Мишел Вилијамс. Совршенство! Не ми се допадна изборот на главната машка улога. Можело подобро. 6/10
Трилер, драма, наводно и елементи на хорор скоро ги нема ... Не е лоша приказната меѓутоа филмот не е толку возбудлив ни интригантен, фали нешто. Но љубители на вакви филмичиња гледајте го 7/10 Љубители на анимирани филмови ќе се насмеете и ќе се релаксирате 9/10
Tower Heist (2011) 104 min - Action | Comedy | Crime Е богами и ова ми дојде доброоо! Стилер ми се свиѓа мене, и успеа пак да ме насмее, кој идиот Еди Марфи, јао човече, насмевка ( читај заби) која не се раѓа уште еден милениум! Лестер, старчето што отвара врата, Боже која фацка, мислам дека да не беше тој, филмот немаше да има ваков шмек, старче ју рок!!! Добра комедија, со криминалистички елементи. Моментот кога колата висеше, уф и мене ми се стемни пред очи, мразам висина! http://www.imdb.com/title/tt0471042/
По не знам кој пат, дефинитивно еден од моите најомилени филмови ever - LA HAINE француски филм во режија на маестро Mathieu Kassovitz со Vincent Cassel во главните улоги. Ремек - дело на француската па и европската кинематографија. Филм за промашени соништа, за невозможни а истовремено најсилни пријателства, за париското предградие, за реалноста во навидум најтолерантната земја во Европа. Лајт мотив и главна мисла на целиот филм, jucqu'ici - tout va bien. (засега се е во ред) Винц, евреин, Саид, арап, и Хуберт - црнец се неразделни пријатели. Звучи чудно и невозможно, но е пореално од сите чисти и навидум искрени пријателства кои можат да постојат во ветената земја, Франција. До каде ќе ги одвлече пријателството и до која граница ќе ги поместат своите сили, своите принципи и својата пожртвуваност овие пријатели? Матје е гение, одлично на многу едноставен начин ги прикажал сите актуелни проблеми на денешницата во Франција, животот во предградијата кои се по некое непишано правило резервирани за имигрантите. Интересно е што филмов датира од 1995 а чудно како сеуште истите проблеми и истиот начин на живот останува до ден денес, 17 години подоцна. Филмов е бесмртен, затоа го сакам. Филмов е пред се реален. А камерата на Матје е повеќе од одлична, плус е црно - бел, подобро не ни можело да биде. Винсент е неверојатен како и секогаш. Колку е оптимизам или лудило, да решиш да се фрлиш од зграда и да се убиеш, а додека паѓаш си велиш - jucqu'ici, tout va bien. Метафорично опишан начинот на живеење на оние кои се дома а сепак не се дома. Оние кои дошле од далеку, за подобро утре, а наоѓаат само ѓубре и смрдеа. 10/10 - им го препорачувам на љубителите на независните и европските филмови, и секако на љубителите на францускиот рап (ремикс на Едит Пјаф и NTM од Cut Killer, ouf!). Ремек дело, без здив ме остава секогаш. http://www.youtube.com/watch?v=js2_hBDi ... re=related